• Сè што правиме во мракот

    Сè што правиме во мракот

    0

    Парис Пералта е осомничена дека го убила својот славен сопруг, а нејзиното минато што долго време го криела сега се заканува да ѝ ја уништи иднината.

    Парис е уапсена во нејзината бања. Покриена е со крв и држи жилет, додека сопругот лежи мртов во кадата зад неа. Таа знае дека ќе биде обвинета за убиство. Но, колку и да изгледа лошо сето ова, тоа не е она што најмногу ја загрижува. Поради непосакуваното медиумско внимание што сега ја опкружува, прашање на време е кога некој од нејзиното минато ќе ја препознае и ќе ѝ го уништи новиот живот кој толку напорно работеше да го изгради.

    Дваесет и пет години претходно, Руби Рејес, позната како Ледената кралица, беше осудена за слично убиство во судскиот процес што ја разбранува Канада во почетокот на 1990-тите. Рејес знае која е навистина Парис и кога неочекувано излегува од затвор, се заканува дека ќе ги открие сите нејзини тајни. Оставена без избор, Парис мора најпосле да се соочи со мрачното минато од кое мислела дека избегала еднаш засекогаш.

    Бидејќи единственото нешто полошо од обвинение за убиство се две обвиненија за убиство.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Крвава месечина

    Крвава месечина

    0

    Крвава месечина, 13 роман во серијалот за Хари Хуле

    Брилијантниот детектив се враќа – како приватен истражител со свој тим составен од одметници

    На почетокот од есента во Осло исчезнуваат две девојки кои биле на иста забава кај познатиот милијардер Ред. На пронајденото тело полицијата забележува необичен „потпис“, кој навестува дека тоа е само почеток на нечии чудовишни намери.

    Откривањето на необичниот убиец бара и необичен детектив. Но легендарниот Хари Хуле е преселен во Лос Анџелес и е на добар пат да си ја оствари намерата – да пие до смрт. Одбива да се врати во Осло сè додека некогашната глумица Лусил, која му го спасува животот, не запаѓа во голема опасност. А тој може да ја спаси само ако го прифати ангажманот што доаѓа од неговиот роден град.

    Се враќа во Осло и составува чуден тим – другар од детството кој сега е дилер на кокаин, корумпиран полицаец и психолог на смртна постела. Има десет дена да го најде убиецот и да ја спаси Лусил. Времето немилосрдно тече додека над градот се надвиснува крвавата месечина.

    „Умешноста на Несбе заслужува највисоки оценки. Ова е првокласна приказна – Хари Хуле се враќа и повторно нè фасцинира.“

    „ВГ“

    600,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Анжелик

    Анжелик

    0

    Дури и ангелите имаат свои демони…

    Париз, Божик 2021 година

    По срцев удар, Матијас Тајфер се буди во болничка соба. Непозната девојка стои покрај неговиот кревет. Тоа е Луиз Коланж, студентка што доаѓа доброволно да свири виолончело за пациентите.

    Штом дознава дека Матијас е полицаец, бара од него да преземе еден прилично посебен случај. Матијас на почетокот се противи, но, конечно, се согласува да ѝ помогне втурнувајќи ги двајцата во смртоносна спирала.

    Така почнува една извонредна истрага, чијашто тајна лежи во животот што би сакале да го водиме, љубовта што би можеле да ја имаме и местото што сè уште се надеваме дека ќе го најдеме…

    Трескавично, неочекувано, возбудливо, лавиринт од емоции каде што тоа што е сигурно на една страница никогаш не е и на следната.

    240,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вкусот на одмаздата

    Вкусот на одмаздата

    0

    Карл Морк се враќа со најсложениот случај досега!

    Во 1987 година Нет Хермансен планира да им се одмазди на оние што ја малтретирале во младоста. Имено, во Данска во средината на XX век постоело безмилосно движење за казнување на девојките што биле „непослушни“. Во него учествувал и Курт Вад, харизматичен, надалеку познат хирург, кој ги стерилизирал своеглавите девојки.

    Дваесетина години подоцна, детективот Карл Морк има полни раце работа со истрагата за исчезнувањето на Рита, сопственичка на бордел, случај што им го уништил животот на двајца негови колеги. Но тој не се откажува.

    Кога тој и неговите помошници дознаваат дека покрај Рита, исчезнале и многу други луѓе во приближно исто време, трагата води сè поблизу до познатиот хирург Курт Вад. Неговото брутално малтретирање на Нет е само делче од еден поголем и застрашувачки мозаик.

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Патасана

    Патасана

    0

    Археолошко ископување во антички хетитски град во близина на границата со Сирија ќе открие плочи напишани пред 3 000 години. Со нив почнува возбудливата приказна за животот на Патасана, главниот дворски писар, но почнуваат и – убиствата.

    Под раководства на Есра, екипата од археолози ги вадат плочите, кои се најстарите пишани извори на светот и раскажуваат епизоди од животот на Патасана. Наоѓалиштето е на само дваесетина метри од Црниот гроб, кој мештаните го сметаат за свето место. Мудриот старец од селото е убиен, а селаните го толкуваат тоа како проклетство бидејќи се нарушува мирот на Црниот гроб. Во следните денови се случуваат уште две убиства. Капетанот ја почнува својата истрага во која мора да се соочи и со богатата историја на Газиантеп. Точно пред 78 години во оваа област се извршени три слични убиства. Есра смета дека убиецот се одмаздува за тоа, но капетанот Ешреф дека убиствата се дело на терористи.

    Ода за крвавата судбина на овие простори, судбина што не се менува и е натопена во бруталност и љубов.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Слатко сонувај

    Слатко сонувај

    0

    Исчезнувањето на две четиригодишни девојчиња не може да биде заборавено, иако може да остане неразјаснето. Сепак, порано или подоцна, минатото ќе се разбуди.

    Исчезнаа во ист ден. А сега ги оплакуваат на истите гробишта, секоја во својот гроб. Но, нивните сандаци се празни. За да одгатнат како се поврзани овие два случаи, полицискиот инспектор Еверт Гренс и неговиот доушник Пит Хофман мораат да навлезат во најмрачниот од сите светови и да се изборат со најтешката и најужасната задача досега, задача што води до мрачниот свет на вистинските чудовишта – уживатели на детската болка. Се заработуваат милиони од болните страсти на анонимните онлајн клиенти. Детективите треба да ја тргнат маската зад една меѓународна криминална мрежа, но зад маската се кријат уште многу лица.

    А на беспомошните девојчиња итно им треба помош!

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Девојката Смрт

    Девојката Смрт

    0

    Додека се враќа со воз во родното место, на Марија, главниот лик и раскажувач во романот, ѝ се нижат слики од животот во минатото на нејзиното дисфункционално семејство, на младешките радости и таги, пороци, љубов… Почнува од нејзиното речиси идилично детство, но набргу стигнува до мрачните настани од поблиското минато, цело време промислувајќи ја смислата и потребата за постоење во сегашноста. Товарот на сеќавањето изгледа претежок, и таа го очекува крајот. Со возот, и Марија ќе стигне на својата крајна дестинација.

    „Девојката Смрт“ може да се чита како семеен роман, како роман-студија за самоубиствата, како психолошко-контемплативен роман, како роман за девојка која и покрај тешката реалност сака да живее.

    Може да го чита кој како милува, но ретко дека некого ќе го остави рамнодушен.

    Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, Фаулерова изјавила дека главната тема е слободата. Слободата во смисла на тоа човекот сам да го направи сопствениот избор – дали да живее или не.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Подоцна

    Подоцна

    0

    ПОНЕКОГАШ РАСТЕЊЕТО ЗНАЧИ СООЧУВАЊЕ СО ТВОИТЕ ДЕМОНИ

    Синот на една самохрана мајка, Џејми Конклин, сака обично детство. Но, тој не е обично дете. Роден со натприродна способност, за која мајка му му вели да ја чува во тајност, Џејми може да го види она што никој не може да го види и да го дознае она што никој друг не може да го дознае. Цената на користењето на оваа способност е повисока од она што тој може да си го замисли – и Џејми го открива тоа кога детективка од њујоршката полиција ќе го вовлече во потрага по убиец, кој се заканува да нападне од зад гробот.

    „Подоцна“ е најдоброто од Стивен Кинг, застрашувачка и емотивна приказна за изгубената невиност и предизвиците што го тестираат нашето чувство за добро и погрешно. Со ехо од неговиот класик „Тоа“, овој роман е моќно и незаборавно истражување на она што е потребно за спротивставување на злото со сите негови лица.

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Те знам

    Те знам

    0

    Во овој напнат трилер од авторката на бестселерот „Што направи?“, една жена наоѓа мртво тело. Дали ќе ја направи истата грешка како минатиот пат?

    Кога Рејчел ќе наиде на тело во шумата, знае што треба да направи: да трча. Да избега. Да не биде пронајдена на местото на злосторството. Минатиот пат, таа не знаеше, и заврши обвинета за убиство. Но, кога оваа жртва е идентификувана како отуѓената сопруга на нејзиното момче, Рејчел сфаќа дека веќе е главната осомничена.

    Со сè повеќе докази против неа, единствената надеж на Рејчел е добро да ја прикрие вистината за себе. Затоа што, дваесет години претходно, таа беше некоја друга – Кејси, млада дадијарка со амбиција да стане актерка во Лос Анџелес. Кога семејството за кое работеше се брутално убиени, сите докази упатуваа на неа и таа заврши во затвор. За влакно избегна смртна казна и успеа со жалба да излезе од затвор. Сега се бори да го спаси животот што со години внимателно го градеше.

    Но, како што нејзиното однесување е сè посомнително, а полицијата сè поблиску, таа се прашува: дали наоѓањето тело во шумата е ужасна коинциденција или, пак, некој ја мести за убиство? Некој што знае која е и сака одмазда…

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • На лов

    На лов

    0

    „На лов“ е дебитантски криминалистички роман на авторката на интернационалниот бестселер „Списокот со гости“ – Луси Фоли. Инспирацијата за оваа книга е едно зафрлено место во Шкотска, кое ја разгорува нејзината фантазија.

    Атмосферата на дочекот на Новата година се загрева. Девет добри пријатели ја поминуваат вечерта разменувајќи приказни и сеќавајќи се на заборавените спомени. А сепак, дружината е потајно свесна дека веќе не ги поврзува ништо освен заедничкото минато, длабоките стари рани и тајни, доволно непријатни што со леснотија би можеле да го разорат нивното пријателство.

    Кога часовникот отчукува полноќ, а поседот ја фаќа силна снежна бура, во снегот осамнува изобличено тело. Дружината е заробена на поседот, а сè упатува на убиство.

    Никој не може да дојде. Но, никој не може ни да замине. Дури ни убиецот.

    460,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Станот во Париз

    Станот во Париз

    0

    Еден станар исчезнува. Клучот е кај друг станар… Добре дојдовте во Ру Дез Амон, бр. 12. Преубав станбен блок, длабоко во споредните улици на Монмартр. Место со извиени скали, заклучени соби, будни очи од секој прозорец. Место на кое никој не пропушта ништо и секој нешто крие. Место на убиство. Внимателна настојничка Презрена љубовница Љубопитен новинар Наивна студентка Добар тип Несакана гостинка Загатката е заклучена зад вратата од станот број 3. Кој го има клучот на решението?

    490,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Совпаѓање

    Совпаѓање

    0

    Вајлди порасна не знаејќи ништо за неговата фамилија, уште помалку за неговиот сопствен идентитет. Сè што знае е дека, како малечко момче, бил пронајден како живее дивјачки живот во планините Рамапо во Њу Џерси. Тој стана познат како момчето од шумата. Сега истражува на генеалошка интернет-страница. Ја внесува неговата ДНК. 100% совпаѓање. Неговиот татко. Се среќаваат, и тој сфаќа дека татко му не знаел дека има син. Тоа не го обесхрабрува да продолжи да бара членови од неговата фамилија, но се вплеткува во заедница на онлајн-доксери, тајна група која разоткрива анонимни тролови. Кога доксерите еден по еден умираат, станува јасно дека се мета на сериски убиец – и дека следната жртва би можел да биде самиот Вајлди… „Совпаѓање“ е продолжение на хит-трилерот на Харлан Кобен, „Момчето од шумата“. Со фасцинантни портрети на ликовите и експлозивна акција, Кобен создава привлечен и непредвидлив трилер, кој е возбудливо „возење“ и во реалниот и во виртуелниот свет.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Карпа на бесилките #4 Детската куќа

    Карпа на бесилките #4 Детската куќа

    0

    Уште една воодушевувачка приказна за морбидното насилство и одмаздата.

    На едно мрачно вулканско поле во околината на Рејкјавик се наоѓа Карпата на бесилките. Тоа порано било место на кое се вршеле погубувања, а сега е туристичка атракција. Сè додека едно утро полицијата не најде човек обесен таму…

    Клинецот закован во неговите гради докажува дека не се работи за самоубиство. Но, кога полицијата ќе влезе во станот на жртвата, наоѓа уште една загатка: таму е оставено едно четиригодишно дете. Се чини дека тоа нема никаква врска со жртвата. Од неговите родители нема ни трага ни глас, а цртежите што ги црта покажуваат дека било сведок на нешто ужасно.

    Додека детективот Хулдар се обидува да го најде убиецот, а детската психологинка Фреја ги бара родителите на момчето, мистеријата добива мал зрак светлина.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Азбучната куќа

    Азбучната куќа

    0

    Втора светска војна – двајца англиски пилоти, eдна психијатриска болница за офицери на СС и една многу опасна игра на преправање.

    Во 1944 година, двајца англиски пилоти, Џејмс и Брајан, пријатели од детството, се соборени над Германија. Свесни дека ќе бидат стрелани како шпиони ако ги фатат нацистите, успеваат да влезат во санитетски воз наменет за високорангирани припадници на СС-единиците што го загубиле разумот поради суровите доживувања на источниот фронт. Џејмс и Брајан исфрлуваат од возот двајца пациенти на умирање и ги заземаат нивните постели со надеж дека подоцна ќе избегаат. Така, двајцата завршуваат во Азбучната куќа, психијатриска болница што се наоѓа во самото срце на Германија, во Фрајбург. И единствен спас им е да глумат дека се луди…

    „Најдобар филм што сум го прочитал во животот.“ – Јуст Бетцер, филмски продуцент

    „Возбудлива комбинација на воен роман и психолошки трилер, ни малку поневозбудлив од неговиот меѓународно познат серијал за секторот Q.“ – The Times

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Фифти-фифти

    Фифти-фифти

    0

    Ќе победи оној кој ќе раскаже најдобра приказна.

    На две сестри им се суди за убиство. Доказите се заплеткани, а тие се обвинуваат една со друга. На која ќе ѝ верувате?

    „Татко ми е мртов. Сестра ми Софија го уби! Уште е во куќата, ве молам помогнете ми!“

    „Татко ми е мртов. Сестра ми Александра го уби! Уште е во куќата, ве молам помогнете ми!“

    Едната од нив лаже, едната од нив е убиец. Но која?

    Дали проникливиот адвокат Еди Флин ќе избере да ја застапува невината сестра? За првпат во својата кариера, тој ќе почне да се сомнева во својот избор.

    „Брилијантно! Ѓаволски добри заплети и пресврти.“
    К. Л. Тејлор

    „Генијално исткаен заплет, од перото на еден велемајстор на криминалниот жанр.“
    Ерин Кели

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Прозорецот

    Прозорецот

    0

    Наследство (Книга 1): Прозорецот

     

    Што ако обвинетиот ви каже дека зад убиството на неговата сакана стои „човекот од прозорецот“ на петти кат, без да објасни на кој начин тој се нашол таму? Би му поверувале ли?

    Што ако се работи за некаков паранормален феномен? Би се соочиле ли со него?

    Ако дознаете дека зад тоа се крие голем заговор и тајна организација која ќе ве прогонува? Ќе имате ли храброст да продолжите?

    Новинарот Мите е решен по секоја цена да ја открие мистеријата зад „човекот од прозорецот“, иако не е свесен што сè ќе треба да жртвува за да го направи тоа.

    Додека тој е посветен на истрагата на феноменот, неговата пријателка Катерина и неговиот татко Лазар бараат начин да му помогнат и да ја разоткријат тајната организација која се обидува да го спречи Мите, пред членовите од организацијата да успеат во тоа.

    400,00 ден
    Додај во кошничка