-
Нешто во водата
7420,00 денСте се запрашале ли некогаш колку време е потребно за да се ископа гроб?
Ерин го сака Марк и Марк ја сака Ерин. Нивната љубов е една од оние фанатичните, кои горат силно, љубов каде ништо друго не е важно. Тие имаат совршен живот; таа е режисер на документарци, а тој згоден, успешен банкар. Имаат прекрасна куќа во Лондон и ја планираат нивната свадба, како и луксузен меден месец на Бора Бора. Да, тие имаат сè, но Марк одеднаш ја губи работата и во нивниот совршен живот почнуваат да се појавуваат пукнатини.
Но тие се решени да се потрудат да им успее. Одат на свадбеното патување и веруваат дека сè ќе се среди – на крајот на краиштата, се имаат еден со друг. На Бора Бора, Марк инсистира да нуркаат. Ерин страшно се плаши, но тој е со неа – знае дека ќе биде безбедна. Но, неочекувано наоѓаат нешто во водата.
Колку далеку би отишле за да бидете вистински среќни?
Марк ја сака Ерин и Ерин го сака Марк. Но кога приказната почнува, тие двајца се во шума; едниот од нив е мртов, а другиот копа гроб. Што ли се случило? Има само еден начин да дознаете…
-
Понекогаш лажам
8420,00 ден„Се викам Амбер Рејнолдс. Има три работи што треба да ги знаете за мене:
1. Во кома сум.
2. Маж ми не ме сака веќе.
3. Понекогаш лажам.“Амбер Рејнолдс се буди во болница. Не може да се движи. Не може да зборува. Не може да ги отвори очите. Ги слуша сите околу неа, но тие не се свесни дека ги слуша. Амбер е во кома. Не се сеќава како дошло до тоа, но се сомнева дека маж ѝ е некако поврзан со „несреќата“.
Преплашена и заробена во сопственото тело, се обидува да ги состави спомените од минатата недела, но и од пред 20 години, преку дневници од детството. Со сопруг што не ја сака веќе, сестра што крие опасна тајна и бивши дечко што не сака да крене раце од неа, Амбер знае дека некој лаже и нејзиниот живот сè уште е во опасност. Но може ли да се принуди себеси да се разбуди пред да стане предоцна?
-
Фати ме
4420,00 денШТО АКО ГО ЗНАЕШ ТОЧНИОТ ДЕН КОГА ЌЕ УМРЕШ?
Шарлин Грант верува дека ќе умре наскоро. Во изминатите две години, некој ги убива нејзините пријателки од детството една по една. На истиот ден. Во исто време. И сега таа е последната што е останата жива и ги одбројува последните четири дена до 21-ви јануари.
КОЛКУ ДАЛЕКУ ЌЕ ОДИШ ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕШ?
Шарлин не планира да се предаде без борба. Таа цела година боксува, тренира пукање и трча. Таа исто така сака, ако сепак биде убиена, истрагата за нејзиното убиство да ја води детективката Ди Ди Ворен.
Но како што Ди Ди навлегува подлабоко во случајот, така почнува да ја преиспитува приказната на жената. Инстинктите ѝ велат дека има шанси Шарлин да не е во никаква опасност. Ако тоа е вистина, тогаш жената мора да има некоја тајна – некоја толку страшна тајна што таа самата по себе би можела да биде најголемата закана од сите.
-
Совршената замена
10440,00 денЖЕНАТА ПРЕТХОДНО…
Ванеса и Ричард биле во брак седум години – сè додека не ја оставил за друга жена, некоја помлада и попосакувана. И таа сега ги поминува деновите навраќајќи се на болни спомени и обидувајќи се да сфати кога работите меѓу нив тргнале во толку лош правец. Но се разбира дека ни таа не е апсолутно невина во сето тоа – таа никогаш не била жената за која ја сметал Ричард.ЖЕНАТА ОТПОСЛЕ…
Нели е свршена за човекот од нејзините соништа. Ричард е грижлив, харизматичен и успешен, но најважно од сè, ѝ ја дава безбедноста по која секогаш копнеела. Но како што нивната свадба наближува, таа сè повеќе има чувство дека некој ја следи и набљудува.СОВРШЕНАТА ЗАМЕНА…
Никој не ја знае вистината за тоа што точно се случува во еден брак, дури ни за оние кои од страна личат на среќни бракови. Но Ванеса е сигурна во едно: ќе направи сè што треба за да ја запре свадбата на Ричард пред да биде предоцна. Таа нема да дозволи нејзината совршена замена да му стане нова сопруга. -
Жената на прозорецот
10440,00 денАна Фокс живее сама – таа е како затвореник во нејзината куќа во Њујорк, од каде што не може да излезе. Ги поминува деновите пиејќи вино (можеби повеќе отколку што треба), гледајќи стари филмови, присетувајќи се на подобри времиња… и шпионирајќи ги соседите.
И тогаш во куќата отспротива се вселуваат Раселови: татко, мајка и нивниот син тинејџер. Совршеното семејство. Но кога Ана една вечер набљудува низ прозорецот како и обично, и здогледува нешто што не треба да го види, нејзиниот свет почнува да се руши – и шокантни тајни излегуваат на виделина.
Што е реално? Што е замислено благодарение на тешките апчиња што ги пие за нејзината состојба? Кој е во опасност? Кој ја има контролата? Во овој нездраво неизвесен трилер, ништо и никој не е тоа што се чини дека е.
-
На раб на лудило
15400,00 денАко не можеш да си веруваш себеси, кому можеш да веруваш?
Ноќ, сред страшна бура, Кес се враќа дома сама и сопругот ја замолува да не крати преку патот во шумата, бидејќи тој пат е опасен кога дивее страшна бура. Но и покрај тоа што му ветува дека нема, таа не сака да патува 40 минути, па пресекува низ шумата. Таму, на напуштениот рурален и морничав пат, здогледува застаната кола, а во неа седи жена, сама. Кес претпоставува дека жената чека некого, па си продолжува. Но утредента дознава дека жената подоцна била убиена и никако не може да се помири со тоа.
Таа се обидува да го исфрли ужасното злосторство од нејзината глава; што можеше да направи, реално? Тоа е опасен пат за жена, и тоа сред бура. Нејзиниот сопруг ќе збеснеше ако дознаеше дека го прекршила ветувањето. А веројатно и таа ќе беше повредена ако застанеше да ѝ помогне на жената. Но оттогаш упорно заборава некои работи: каде ја паркирала колата, дали се напила апче, кој е кодот за алармот, зошто нарачала бебешка количка кога нема бебе? Единственото нешто што не може да го заборави е таа жена, жената што можеби можеше да ја спаси и ужасната, неподнослива грижа на совест. И не може да разбере зошто упорно има чувство дека некој да набљудува тајно…
-
Скриена во најмрачниот агол
9420,00 денПред четири години…
Прекрасниот, харизматичен и спонтан Ли изгледа премногу совршен за да биде реален. Пријателките на Кетрин очигледно се согласуваат, бидејќи секоја една од нив паѓа на неговиот шарм. Но она што почнува како силна привлечност и страсен секс се претвора во нездрава љубомора и Кетрин сфаќа дека Ли има и една друга, многу помрачна страна. Неговото агресивно и посесивно однесување почнува страшно да ја плаши, но никој не ѝ верува кога таа ќе ги сподели своите стравови. Контролирана во секоја секунда од денот и изолирана од сѐ, скриена во најмрачниот агол од нејзиниот свет, очајната Кетрин прави план за бегство.После четири години…
Ли е зад решетки, а Кетрин – сега Кети – опседнато ги проверува вратите и прозорите од нејзиниот стан, бидејќи не верува никому. Kога атрактивниот сосед, Стјуарт, влегува во нејзиниот живот, Кети конечно се осмелува да се надева дека љубовта и среќата можеби се можни и после сѐ… до денот кога добива телефонски повик со известување дека Ли наскоро излегува од затвор. -
Убави девојки
11440,00 денСестри. Претворени во странци. Борци.
Пред повеќе од дваесет години, сестрата на Клер и Лидија, тогаш тинејџерка, исчезнува без трага. Двете жени си немаат прозборено оттогаш и сега нивните животи не може да се поразлични. Клер е сакана жена на милионер. Лидија е самохрана мајка која едвај крпи крај со крај. Но ни едната ни другата си немаат дојдено на себе од трагедијата што им ги има уништено животите. И горката рана повторно се отвора кога сопругот на Клер трагично загинува.
Исчезнување на тинејџерка пред дваесет години и убиство на средовечен маж сега по четврт век – што би можело да ги поврзува? Обединувајќи се претпазливо, двете преживеани сестри почнуваат да копаат низ минатото со цел да ја откријат вистината и откопуваат тајни што го имаат уништено нивното семејство, но воедно и неочекувана шанса за ладна одмазда.
-
Точка на кулминација
7390,00 денНатали Беноа оди на службено патување како новинарка, но патувањето се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник.
Пеколот на командирот Зак Мек Брајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд.
За Натали – тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа… и нејзина последна надеж за да остане жива. Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина. Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел…
-
Девојката пред мене
8440,00 денНаправи список со сите работи што ги поседуваш и ги сметаш за клучни за твојот живот.
Барањето делува чудно, дури и нападно – и за двете жени кои ќе одговорат на него, последиците ќе бидат фатални.
Истрауматизирана од провала во нивниот дом, Ема сака ново место за живеење. Но ниту еден од становите што ги гледа не е безбеден или финансиски пристапен за неа. Сè до куќата на улица Фолгејт. Куќата е архитектурно ремек-дело: минима-листички дизајн од светол камен, затемнети стакла и страшно високи тавани. Но има правила. Мистериозниот архитект што ја дизајнирал куќата ја задржува целата контрола над неа и тој не дозволува книги дома, не дозволува украсни перници, не дозволува рамки за слики или неред или какви било приватни дрангулии. Целта на куќата е да го трансформира станарот и таа навистина го прави тоа.
По една трагедија, на Џејн ѝ треба нов почеток. Кога ја наоѓа куќата на улица Фолгејт, местото веднаш ја привлекува, а заедно со неа и нејзиниот мистериозен архитект. Кога се вселува, Џејн брзо дознава за несреќната смрт на претходната станарка; жена што била многу слична на неа по возраст и изглед. Додека Џејн се обидува да ја одвои вистината од лагите, таа несвесно ја следи истата шема, ги прави истите избори, ги запознава истите луќе и го искусува истиот терор како девојката пред неа.
-
Сушата
5420,00 денМал град. Страшна суша. Неподнослив очај. Големи тајни.
Во најлошата суша што ја видела Австралија во изминатиот век, еден фармер ја крева својата пушка на своето семејство, а потоа и на себе. Руралната заедница на Киевара секојдневно се соочува со очајни избори и одлуки. Ако еден од нив пукнал од стресот, очајот и притисокот, на останатите им останува само да Му се молат на Бога за сила и издржливост. Да се надеваат на Божја милост за дожд.
Но кога почнуваат да отскокнуваат прашања и да се фрлаат сенки на сомнеж врз целиот опустошен град, специјалниот агент Арон Фалк е принуден да се соочи со заедницата што го отфрлила пред дваесет години. Затоа што Фалк и неговиот пријател од детството, починатиот Лук Хадлер, имале тајна – тајна што смртта на Лук се заканува да ја разоткрие.
И кога Фалк навлегува подлабоко во приказната за убиствата, од старите рани почнуваат да се отвораат нови.
-
Криј се
5420,00 денИМАШ ДОБРА ПРИЧИНА ДА СЕ ПЛАШИШ…
Постои еден случај кој го прогонува детективот Боби Доџ до ден денес, случај кој за малку ќе го убиел, случај кој му го променил животот засекогаш. Сега, во подземна одаја на тлото на напуштена психијатриска болница во Масачусетс, полицијата открива ужасно скривалиште на шест трупови, мумифицирани, кои го оживуваат неговиот најлош кошмар: враќањето на убиецот кој Боби го смета за одамна мртов и закопан.НЕМА МНОГУ МЕСТА ЗА БЕГАЊЕ И КРИЕЊЕ…
Анабел се крие и бега откако знае за себе. Нејзиното детство е измешана матна бркотница од нови градови и лажни идентитети. Но од што – или поточно од кого – бега нејзиното семејство, таа не знае и никогаш не знаела. Сега од масовната гробница се вади тело, а околу неговиот врат виси синџирче со името на Анабел и опасноста е премногу блиску за човек да може да побегне од неа. Па овој пат, таа нема намера да бега. Затоа што знае дека тој секако ќе ја најде.Што се случува кога веќе нема никој кому можеме да му веруваме? Што правиме кога веќе не останува место за криење?
-
Вистинскиот
9420,00 денКОЛКУ ДАЛЕКУ БИ ОТИШЛЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ВИСТИНСКИОТ?
Малку плунка на чепкалка за уво, тоа е сè што треба. Еден брз тест на ДНК за да се најде совршениот партнер – оној за кого сте генетски создадени. Декада откако научниците откриваат дека секој има еден ген што му е заеднички само со една друга личност на светот, милиони веќе го имаат направено тестот, очајни да пронајдат вистинска љубов. Сега, уште пет души го наоѓаат својот Спој. Но дури и сродните души имаат тајни. А некои од нив се пошокантни – и посмртоносни – од други…
Што ако дознаеш дека Вистинскиот за тебе всушност е сериски убиец? Или што ако дознаеш дека Вистинскиот за тебе веќе е женет и има деца? До каде се оди за вистинска љубов и колку може да биде силна таа вистинска љубов кога делиш ген со некого?
Ова е еден различен психолошки трилер, уникатна книга што загарантирано ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.
-
Колекционер на очи
10420,00 денПодготвени или не, тој доаѓа… Тој ја игра најстарата детска игра што постои, криенка. Само што Колекционерот на очи ја игра до смрт.
Секојпат е исто. Колекционерот почнува со тоа што ја убива мајката, а потоа го киднапира детето и му дава на таткото четириесет и пет часа часа да го најде. Тоа е неговиот метод. Наоѓаат женско тело со пуштена стоперка во стегнатата рака на мртвата мајка. Избезумен, преплашен татко мора да го најде своето дете пред момчето да се задуши – и пред убиецот да му го извади левото око.
Александер Зорбах, бивши полицаец, сега новинар, ги има пријавено сите три убиства на Колекционерот на очи. Но овој пат е различно. Неговиот паричник е најден до трупот и тој сега одеднаш е осомничен. Колекционерот на очи сака Зорбах да ја игра неговата игра. Зорбах има точно четириесет и пет часа и седум минути да му го спаси животот на едно мало дете. И одбројувањето е започнато…
-
Зад затворени врати
16390,00 денСите познаваат по некој пар како Џек и Грејс. Тој е згоден и богат, таа е убава, шармантна и елегантна. Можеби не сакаш да ти се допаѓаат, но ти се допаѓаат. Можеби сакаш да ги запознаеш подобро и како индивидуални личности, но тешко е затоа што Џек и Грејс никогаш не се двојат.
Некој можеби ќе го нарече тоа вистинска љубов. Друг можеби ќе праша зошто Грејс никогаш не крева на телефон. Или зошто никогаш не може да излезе на кафе или на ручек, иако не работи. Како може да готви толку прекрасни јадења, а сепак да е толку слаба. И зошто има решетки на прозорецот во една од спалните соби?
Понекогаш, совршениот брак е совршена лага.
-
Исчезната без трага
6420,00 денПоловина горчлива драма, половина неизвесен трилер, Ени ја раскажува својата приказна низ сесии со нејзиниот психијатар.
Една година помината во напуштена планинска колиба, една година киднапирана, тепана, изолирана, силувана, малтретирана и брутализирана.
И потоа, по нејзиното конечно ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Но некои прашања е подобро да останат неодговорени…
Исчезната без трага е реткост помеѓу трилерите: искрена, директна, шокантна, брутална книга преведена на 25 јазици…
„Често гледаме лица на убави, насмеани исчезнати жени на насловните страници. Си велиме: Кутрата жена… Но никогаш не ни паѓа на ум дека следната насловна би можела да ја носи нашата слика…“
