-
Ејми ја нема
9440,00 денБракот може да биде вистински убиец…
Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство…
Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба?Ејми ја нема е еден од најдобрите – и најзастрашувачките – портрети на психопатија кои постојат. Манипулативна, безмилосна, мрачна. Еден маж, една жена, еден брак и една љубов какви што досега не сте виделе…
Ѓаволски интелигентен и мрачен психолошки трилер кој ќе ве натера повторно да почнете да ја читате книгата уште еднаш, веднаш по завршувањето на последната страница.
-
Дете 44
6420,00 денКога стравот го замолчува целиот народ, еден човек мора да ја каже вистината.
Во Советскиот Сојуз на Сталин не постои такво нешто како злосторство. А милиони луѓе сепак живеат во страв. Најмал сомнеж за нелојалност или погрешен збор кажан во погрешно време може да осуди невина личност на смрт. Лео Демидов, воен херој со прекрасна сопруга и идеалист, живее во луксуз во Москва и верува дека помага во создавањето на совршено општество. Негова цел е да ѝ служи на Државата. Меѓутоа, по погубувањето на еден невин човек, Лео почнува да се сомнева, а набрзо добива наредба под исто сомнение да спроведе истрага и за својата сопруга, Раиса. Тој е принуден да донесе одлука на чија страна е.
Тогаш се случува невозможното. Во земјата во која „не постои злосторство“ се појавува сериски убиец на деца кој остава крвава, перверзна трага низ целата држава. Но како да се фати ова чудовиште во држава која воопшто не сака да признае дека такво нешто е можно? Лео почнува своја истрага, а како завршува истата веројатно не би можеле да погодат ни најголемите љубители на трилери…
-
Големи мали лаги
2400,00 денУчилиштето Пириви е мало, прекрасно основно школо во близина на плажа каде децата учат дека насилството е неубаво и недозволиво. Но и покрај тоа, еден вечерен, родителски училишен настан се претвора во хаос и завршува со смртен случај. Пиштат сирени. Врескаат луѓе. Еден родител е мртов. Дали станува збор за убиство, трагична несреќа или нешто сосема трето? Родителите во Пириви ќе откријат дека малите лаги понекогаш можат да бидат најсмртоносни…
Големи мали лаги е книга што не се остава, книга што ќе ве натажи и насмее, книга што ќе ве натера да размислувате. Ова е книга што не смеете да ја пропуштите.
-
Преживеј за да раскажуваш
6420,00 денKОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ…
Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и трите деца се мртви, а таткото – и потенцијален осомничен – се бори за живот на одделот за интензивна нега.
Случајот е навидум едноставен, тешката финансиска ситуација го натерала да си го поштеди семејството од беда пред да изврши самоубиство, но детективката Ди Ди Ворен знае дека ништо никогаш не е толку едноставно.
Медицинската сестра Даниела Бартин има доживеано слична трагедија. Таа има преживеано за да раскажува како нејзиниот татко ѝ го сотрел целото семејство пред очи пред дваесет и пет години. Сега вработена во детска психијатриска болница, Даниела е сигурна дека минатото е одамна закопано. Сè додека прашањата на Ди Ди Ворен не почнат да ѝ враќаат сè.
Викторија Оливер е посветена мајка, решена да го заштити својот син по секоја цена. Но, исто како и Даниела, таа наскоро ќе открие дека најужасните злосторства можат да бидат оние најблиските до домот.
…ЗА ДА ГО РАСКАЖУВАШ ОНА ШТО ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ?
-
Вистината на Питија
4420,00 денИстрагата на бруталните убиства на момчињата имигранти сè уште тапка во место. Паралелно со неа има уште еден убиец кој со грозоморни убиства им се одмаздува на поранешни ученици на училиште каде што своевремено учела и таинствената Викторија Бергман. Жанет открива дека има нешто што ги поврзува двете различни истраги – скриена мотивација во која нема ни ронка човечност. Ништо не е онака како што изгледа. Кога маските паѓаат и сите си ги покажуваат вистинските лица, Жанет е оставена на милост и немилост на силите на злото.
Психијатарката Софија Зетерлунд се обидува да ѝ помогне на Жанет, но и таа е затрупана во доволни свои проблеми со комплицираната Викторија Бергман. Како ќе заврши лавиринтот од психоанализи, останува неизвесно до самиот крај.
„Збогум, Ханибал Лектор. Тој стар канибал психолошки е интересен колку канаринец во споредба со Викторија Бергман“.
Bodil Juggas, Arbetarbladet -
Од минатото не се бега
4420,00 денЖанет Килберг сè уште не се откажува од случајот со убиените деца имигранти, но нејзината работа ја прекинува страшно морничаво убиство на бизнисмен во Стокхолм. На местото на злосторството има бизарни детали кои упатуваат на тоа дека станува збор за ритуално убиство или одмазда.
Сè се враќа, сè се плаќа. ОД МИНАТОТО НЕ СЕ БЕГА.
Психијатарката Софија Зетерлунд ѝ помага на Жанет во изработката на профил на сторителот, а нивното зближување дополнително ги комплицира сите работи, загрозувајќи го дури и животот на синот на инспекторката. Во меѓувреме, Жанет ѝ влегува во трага на мистериозната Викторија Бергман која очигледно е клучна за решавање на овој замрсен лавиринт од злосторства…
Специјална награда од Шведската академија за крими-романи, која ја оценува трилогијата како „Хипнотички занесна крими психоанализа“.
-
Девојката врана
4420,00 денНова шведска сензационална трилогија, преведена во 46 земји!
На метро станица во центарот на Стокхолм се појавува мртво момче во мумифицирана состојба. Освен што е ѕверски убиено, момчето е кастрирано и се чини дека никој никаде не го бара. Додека полицијата тапка во место, без речиси никакви траги, на разни места во Стокхолм се појавуваат низа убиени момчиња имигранти без документи кои официјално не постојат никаде и никој не ги бара. Инспекторката што ја води истрагата, Жанет Килберг, полека почнува да разоткрива цела мрежа на педофили и трговци со деца и бара помош од психијатар чија специјалност се токму децата и траумите од детството. Некој кој може да ѝ објасни како размислува еден педофил.
Софија Зетерлунд во моментот е фокусирана на двајца пациенти: Самуил Баи, дете-војник со тешки трауми и Викторија Бергман, жена со длабоки, неизлечени рани од детството. Особено ја фасцинира Викторија; таа никогаш во својата кариера нема работено со толку комплициран клиент. Зошто Бергман толку ја презира слабоста и која е нејзината слабост?
Софија Зетерлунд и Жанет Килберг почнуваат да соработуваат и се соочуваат со истото прашање: колку страдање може да поднесе и предизвика човек пред да престане да биде човек и да стане чудовиште?
„Подобро од Стиг Ларсон“.
Andres Wennberg, Gefle Dagblad -
Мали црни лаги
7420,00 денКетрин и Рејчел се пријателки од деца, сродни души, неразделни, не можат една без друга. Сè додека еден момент невнимание од страна на Рејчел не ја остави Кетрин без нејзините сакани синови. Таа веќе не е мајка, таа веќе не е нормална личност; таа е сенка од човек. И нема да се смири сè додека не ја натера Рејчел да плати за сè.
Фолкландските Острови се мирно место каде сите меѓусебно се познаваат и убаво си живеат, па кога одеднаш почнуваат да исчезнуваат деца кои сомнително многу личат на починатите синови на Кетрин, населението го фаќа хистерија. Можно ли е меѓу нив да постои монструм кој повредува деца или станува збор за несреќни трагедии?
Рејчел веќе е црна овца поради случајот со двете загинати деца. За Кетрин одамна се шпекулира дека го изгубила умот откако ги изгубила синовите. Но која од двете поранешни најдобри пријателки е поопасна? Или можеби станува збор за некој сосема друг… Нема да погодите сè до последната страница.
Болтон е нов мајстор за трилери!
-
Терапија
14380,00 денНема сведоци, нема траги, нема докази, нема тело. Дванаесетгодишната ќерка на познатиот психијатар Виктор Ларенц, која боледува од необјаснива болест, исчезнува под мистериозни околности за време на посетата на доктор и истрагата за нејзиното исчезнување не носи никакви резултати. Четири години подоцна, Виктор сe уште е уништен од трагедијата. Тој се повлекува во семејната викендичка на море, каде што се надева дека ќе успее да стави еден вид на крај и да продолжи понатаму со животот.
Но таму одеднаш го посетува прекрасна непозната жена по име Ана. Таа тврди дека е писателка која страда од необична форма на шизофренија и го замолува за терапија. Виктор повеќе не работи со пациенти и нема намера да почне ни сега, но кога открива дека нејзините халуцинации се вртат околу исчезнато девојче што страшно наликува на неговата ќерка Џози, одеднаш ја прифаќа како пациент, бидејќи се сомнева дека таа има некаква врска со исчезнувањето на ќерка му.
Терапија е интелигентен психолошки трилер, брза и луда приказна што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај и ќе остане со вас долго откако ќе ја откриете мистеријата.
-
Специјалист за љубомора и други раскази
0450,00 денМрачни и возбудливи приказни – патување низ изопачените, лажливи умови на одмаздољубивите срца
Вистинските бестрашни љубители на криминалот со оваа книга ќе го доживеат најпродаваниот детективски автор како никогаш досега. Насловниот расказ е само вовед во многу заплеткани животни истории. Инспектор, спецјалист за љубомора, кој на островот Калминос ќе се соочи со чудно исчезнување на еден германски турист. Таксист кој ја наоѓа обетката на сопругата во автомобилот на својот работодавач. Жена која дознала дека сопругот ја изневерува и на летот од Њујорк до Лондон му го раскажува својот морничав план на човекот кој седи до неа…
Приказни проникнати со најмоќните човечки чувства. Во својот добропознат манир, Несбе ги прикажува можните смртоносни последици од неискреноста, љубомората и неверството. Извонредната атмосфера, шокантните пресврти и неизвесноста – што мајсторски ги владее, одново го потврдуваат како најдобар крими – автор на денешницата.
„Несбе умее остро да ги преобрази баналните и безначајни случувања во судбоносни пресвртници и духовито, но застрашувачки ги отсликува современото општество и светот околу нас.“
Берлингске
-
Јас те сакам повеќе
7420,00 денКОГО САКАШ?
Едно прашање, минијатурно делче од секундата и Брајан Дарби паѓа мртов на кујнскиот под во својата куќа. Неговата сопруга, државната полицајка Теса Леони, тврди дека го застрелала во самоодбрана, а нејзиното модро лице и скршени коски ја поддржуваат таа приказна. За искусната детективка Ди Ди Ворен, случајот е прилично јасен. Само што… каде е нивната шестгодишна ќеркичка?
И КОЛКУ ДАЛЕКУ БИ ОДЕЛЕ ВИЕ…
Детективите ја започнуваат потрагата по девојчето додека истовремено се трудат да ги откријат сите семејни тајни. Дали една тренирана полицајка навистина би си го застрелала сопругот? Зошто? И дали една мајка е способна да го повреди сопственото дете?
-
Фатални желби
5380,00 денЖулиен и Ракел имаат прекрасен живот, но тој се претвора во кошмар после трагедијата ноќта на нивната деветта годишнина. Жулиен, ладен и резервиран поради трагично минато, но сепак лојален човек со златно срце, одлучува да почнат одново, да се преселат во мало мирно гратче и да му се вратат на нормалниот живот далеку од сите опасности. Но она што не го знае е дека во новата прекрасна планинска куќа ги чека нова опасност, кошмар пострашен од сите други.
На прв поглед, куќата во Кингс Холоу изгледа како остварување на сонот. Но таа има една уникатна карактеристика. Сите нејзини станари се вклучуваат во една фатална игра додека живеат таму. Игра која може да ти ги исполни сите желби… Игра која дефинитивно ќе нѐ научи да внимаваме што посакуваме… Нивните желби се исполнуваат. Нивните стравови се враќаат. Нивните кошмари стануваат реалност. Но… некои желби е најдобро никогаш воопшто да не се посакаат…
За љубителите на Стивен Кинг: хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи. Оваа книга ќе ве извози на шокантна луда железница.
-
Мрачни места
2420,00 денВо мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозоморен масакр. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор. Либи Деј тогаш имала само седум години и била клучен сведок за затворањето на нејзиниот брат.
Сега, после дваесет и пет години, Либи живурка и си ги исполнува деновите со постојано размислување за самоубиство. Таа сè уште го нема надминато масакрот, а и кој би можел? Но, баш кога мисли дека не може да биде полошо, се појавува група на луѓе кои се убедени дека таа го сместила погрешниот човек во затвор со нејзиното збунето, детско сведочење. Таа сепак не го видела убиецот, само го слушнала неговиот глас. Дали е можно Бен да е невин? Дали постои некоја семејна тајна што Либи би можела да ја открие или таа само се залажува затоа што сака братот да ѝ се врати?
Либи почнува да истражува и сфаќа дека сите во семејството имале по некоја тајна тој ден… а особено Бен.
Кој го извршил масакрот? -
Алекс
11400,00 денВо случаи со киднапирање, првите неколку часа се клучни. После тоа, малите шанси жртвата да се пронајде жива се претвораат во речиси непостоечки.
Но оваа девојка не е обична жртва.
И покрај тоа што прекрасната, силна и паметна Алекс Прево не е обична девојка, нејзиното време истекува. Таа е затворена, заробена во кафез кој виси на два метри од земја, изгладнета, претепана, оставена на милост и немилост на човекот кој сака да ја гледа како умира.
Детективот Верховен нема ништо важно за да ја води истрагата: нема осомничен, нема трага, а и неговата надеж полека исчезнува. Сè што знаат е дека крупен човек киднапирал девојка на улица во Париз и ја пикнал во бело комбе. Никој не знае кој е киднаперот, никој не знае која е девојката, никој не ја пријавува за исчезната со денови… Енигмата за судбината на Алекс ќе го прогонува Верховен сè до горкиот, ужасен крај.
А нема да помине долго време пред спасувањето на нејзиниот живот да стане негов најмал проблем. -
Во одбрана на Џејкоб
8420,00 денЕнди Барбер е страшно почитуван јавен обвинител во нивниот мал град, непобедлив во судницата и среќен во својот дом со својата сакана сопруга и нивниот син, Џејкоб. Но кога грозоморно злосторство го потресува нивниот град, Енди е затечен неподготвен од она што се случува следно: неговиот четиринаесетгодишен син е обвинет за убиство на друго дете, соученик од неговото училиште.
Секој родителски инстинкт кој Енди го има му вели да си го заштити детето. Џејкоб ги уверува своите родители дека е невин и Енди му верува. Енди мора да му верува. Тој му е татко. Но како што на површина почнуваат да излегуваат осудувачки факти и шокантни откритија, така бракот на Енди почнува да се распаѓа, а судењето да станува сè пожестоко и Енди сфаќа колку малку знае еден татко за својот син. Наспроти онаа во судот, во Енди се води уште една битка: помеѓу лојалноста и правдата, помеѓу минатото кое се обидува да го скрие и иднината која не може да му ја обезбеди на својот син единец.
Правен трилер кој ќе ве остави без сон, ќе ве натера да седите на работ од столчето и да ги гризете ноктите. Ако не ја прочитате оваа книга, само вие губите… Господине Гришам, повлечете се.
-
Никогаш не се знае
5420,00 денНа триесет и три години, Сара Галагер конечно е среќна. Нејзиниот бизнис за реставрација на мебел цвета и верена е со прекрасен човек. Но има едно големо прашање што сe уште ја прогонува – кои се нејзините биолошки родители? Сара конечно е подготвена да дознае, бидејќи одамна знае дека е посвоена и копнее да дознае нешто повеќе за вистинските родители.
Но некои прашања е подобро да останат неодговорени.
Кога конечно ја наоѓа, нејзината биолошка мајка ја одбива – повторно. А има и голема причина за тоа. Сара дознава дека нејзиниот татко е сериски убиец кој убива жени секое лето скоро четириесет години наназад. Таа се обидува да се помири со своите ужасни корени, но почнува да се плаши дека има наследено нешто повеќе од физички изглед од него.
И набрзо сфаќа дека има нешто полошо од тоа да дознаеш дека татко ти е сериски убиец, а тоа е тој да дознае за тебе.
Никогаш не се знае е трилер што не се остава; приказна на жена која се обидува да дознае од каде потекнува. Но тоа е, се разбира, ако воопшто успее да преживее…
– Од авторката на бестселерот Исчезната без трага –
