-
Кралството
0600,00 денКога сѐ ќе изгубиш, веќе немаш од што да се плашиш.
Во едно мало норвешко село автомеханичарот Рој Опгард води осаменички живот сè додека не се случи она што никој не го очекува – враќањето на неговиот помлад брат. Карл доаѓа богат, со диплома во џебот, со мистериозната сопруга Шенон и со голем план за осиромашеното родно место – бизнис што сите го прифаќаат како можност за спас. И токму кога се чини дека минатото е заборавено, почнуваат да испливуваат мрачните тајни од нивното детство. Сѐ уште не се заборавени мистериозните несреќи во кои загинуваат нивните родители и селскиот полицаец, а сега нивниот број се зголемува…
Додека напнатоста расте и обрачот околу нив се стега, Рој се преиспитува до каде може да оди за да го заштити својот алчен брат. Дали по секоја цена да му остане верен на семејството или да им се препушти на страсните чувства кон Шенон?
„Кралството“ е моќен роман за мрачните семејни тајни каков што може да напише само врвниот криминалистички автор на норвешката и светската литература, Ју Несбе.
„Целата книжевна моќ на најпознатиот скандинавски писател на црниот роман е концентрирана во мрачната, насилна приказна за двајца браќа. Несбе со епски замав ја разурнува илузијата за едно семејство и за една мала, среќна планинска заедница.“
Киркус ривјус
-
Лилјакот
0500,00 денЧовечката душа е темна, непрегледна шума, а сите одлуки се носат во самотија.
Прва средба со нескротливиот Хари Хуле, прв роман на Несбе овенчан со најпрестижните скандинавски награди за криминалистички жанр.
За да помогне во истрагата на ѕверското убиство на една млада Норвежанка, Хари Хуле заминува службено во Сиднеј. Локалниот полициски шеф го советува да не се меша премногу, но Хари набрзо се спријателува со одговорниот детектив и со една девојка од сведоците. Со својот изострен инстинкт, тој согледува врски и траги што им се измолкнуваат на другите, а неговите сомнителни методи го претвораат во главен двигател на истрагата. Наскоро откриваат дека се работи за низа убиства на психопат што ја плете својата мрежа низ Австралија. Додека му се приближуваат, расте стравот дека никој не е безбеден, а најмалку истражителите на злосторствата.
Проникнувајќи во локалните митови и легенди, Хари Хуле успева да наѕре кој се крие зад лилјакот, абориџинскиот симбол на смртта…
„Чудесна средба со младиот, разговорлив Хари… Несбе е одличен автор кој со одмерено темпо го води дејството кон врвот, пред да ве струполи во сосем неочекуван расплет.“
Скотиш експрес
-
Сејди
0500,00 денАко си таму некаде, те молам, јави ми се…
Животот на Сејди не е лесен. Таа мора да се грижи за својата помлада сестра Мети и да ѝ обезбеди нормален живот. Во еден момент целиот нејзин свет ќе исчезне кога полицијата ќе го пронајде безживотното тело на Мети. По неправилната и неуспешна полициска истрага, таа ќе донесе одлука сама да го фати немилосрдниот убиец и ќе се впушти во потрага, следејќи некои ситни и на прв поглед незабележливи траги.
Бидејќи не би можел да поднесам, уште една девојка да исчезне…
Кога радио новинарот Вест Макреј ќе ја слушне животната приказна за двете сестри на локалната бензинска пумпа, станува опседнат со случајот на исчезнатите девојки. Започнува сопствена емисија низ која го следи нејзиното патување, обидувајќи се да открие што точно се случило, со надеж дека ќе ја пронајде пред да биде предоцна.
-
Зборови
0400,00 денШто сè би направиле за да можете да комуницирате со починатите кои многу ви недостасуваат?
Стефан се соочува со загубата на својата сопруга на сопствен начин, така што ја игнорира. За него, таа сè уште е присутна, во секој агол, во секој спомен, нејзината арома тлее насекаде…Животот му се одвива во рутина, сè додека неврохирургот Филип не му предложи посебна операција со која би можел да го разбуди шестото сетило.
Тогаш сè што му останува се зборови, нивното значење и мирисот на душите.„Ликовите кои се групирани околу (главниот лик) Стефан помагаат во неговото градење и трансформација, но и тие се трансформираат, мал универзум во кој овој познат свет се преклопува со еден суптилен невидлив, а присутен свет . Не би сакала да го наречам паранормален, зашто тој е многу повеќе од тоа, книжевен свет и со тоа белег на времето, белег прикажан на автентичен начин.“
Мерсиха Исмајлоска
-
Грофот Магнус и други приказни за духови
0349,00 денМонтегју Роудс Џејмс (1862 – 1936) е еден од најпознатите автори на хорор-приказни во светот и „татко“ на модерната приказна за духови на англиски јазик. Медиевист по професија и долгогодишен професор на Кембриџ, тој е најмногу запаметен по неговите приказни за духови кои се читаат до ден-денес.
Стари цркви и палати; пронајдени стари ракописи, дневници и приказни; студените предели на Скандинавија и мирните пејзажи на Англија; духови и демони од непознато потекло и со мистериозни намери. Такви се морбидната атмосфера и тивкиот ужас што провејуваат низ овие приказни во кои вешто ни се обзнанува хоророт скриен зад обичното секојдневие.
Оваа збирка ги содржи неговите најпознати раскази, некои од нив веќе класици на жанрот: „Бројот 13“, „Грофот Магнус“, „Опседнатата куќичка за кукли“ итн. Таа претставува основно четиво за секој вистински љубител на хоророт и на духовите, но и на мајсторски напишаната кратка проза.
-
Дебитант
0350,00 ден„Дебитант“ е совршен, смртоносен отров, кој не остава траги.
Неговиот создател, хемичарот Калитин, работел во тајната советска лабораторија, но по распаѓањето на Советскиот Сојуз избегал на запад. Потполковниот Шершнев добива наредба да го отруе предавникот со истиот отров што тој го создал…
Трилерот „Дебитант“ е книжевна студија за отровите како алатка на советските и руските разузнавачки служби, а истовремено брилијантна проза за современиот Фауст, кој му ја продал душата на ѓаволот, како и за вечните теми: суштината на доброто и злото, врската меѓу творецот и неговата творба, науката и моралот.
-
Правило против убиство
0500,00 ден#4 АРМАНД ГАМАШ
Во екот на летото, брачниот пар Арманд и Рен-Мари Гамаш ја слават својата годишнина во „Маноар Белешас“, изолиран, луксузен хотел недалеку од селото Три Пајнс. Но, тие не се сами. Семејството Фини – богато, културно и угледно – исто така пристигна на своја прослава.
Прекрасниот „Маноар Белашас“ е можеби опкружен со природа, но има нешто неприродно што демне. Како што се вжештува атмосферата и се приближува дожд, на семејната средба се појавуваат некои изненадувачки гости, а страшната летна бура остава зад себе мртво тело.
Главниот инспектор Гамаш треба да открие долго закопани тајни и омраза скриена зад љубезни насмевки. Потерата го носи во Три Пајнс, во темните агли на сопствениот живот и, најпосле, до грозоморна кулминација.
-
Жртва 2117
0550,00 ден#8 СЕКТОРОТ Q
Застрашувачка меѓународна истрага ја открива сложената животна приказна на еден од членовите на одделот за нерешени случаи – загадочниот Асад.
Весниците го нарекуваат мртвото тело само „Жртва 2117“, две илјади сто и седумнаесеттиот мигрант што го загубил животот во Средоземното Море.
Но за тројца луѓе, жртвата е многу повеќе, а нејзината смрт поттикнува низа настани, кои Секторот Q, предводен од инспекторот Карл Морк, го фрлаат во длабоко опасен и прилично личен случај, кој не само што открива мрачни тајни за минатото туку и смртоносни последици за иднината.
За едно психички нестабилно момче од Данска, смртта на Жртвата 2117 станува симбол на сѐ што мрази и е совршен изговор да ги ослободи своите убиствени нагони. За Галиб, суров мачител од озлогласениот затвор Абу Граиб, смртта на Жртвата 2117 е првиот чекор во терористичка завера, планирана со години. А за Асад, Жртвата 2117 е врската до неговото закопано минато и до своите најблиски кои ги сметал за одамна мртви.
-
13 минути
0490,00 денПрогласена „најдобра книга“ за млади за 2016 година од ТЕЛЕГРАФ.
Не се сеќавам како завршив во студената вода, но ова со сигурност го знам: тоа не беше несреќен случај. Велат, чувајте ги пријателите блиску до Вас, а непријателите уште поблиску, но понекогаш е тешко да препознаете непријател меѓу пријателите. Моите пријатели ме сакаат. Сигурна сум дека е така. Но тоа не значи дека не се обидоа да ме убијат…
“13 минути” е роман за една возбудлива мистерија околу еден обид за убиство, за недовербата меѓу луѓето, за стравот, за манипулацијата и за моќта на вистината. Содржина која едноставно Ве тера да ги преиспитате сите Ваши врски – и дали навистина ги познавате луѓето што Ве опкружуваат…
-
Сето тоа ќе ти го дадам
0650,00 денМрачни семејни тајни, убиства, измами и вечната потрага по вистината сместени во прекрасно опишаниот лозарски крај на Галиција.
Познатиот писател Мануел Ортигоса добива известување дека неговиот сопруг Алваро Муњис де Давила загинал во сообраќајна несреќа во Галиција кога всушност требало да биде на службен пат во Барселона. Се упатува таму и открива дека истрагата за случајот е затворена, а човекот со кој бил во брак петнаесет години криел од него дека потекнува од богато благородничко семејство и дека тој му е единствениот наследник.
Растргнат помеѓу болката од загубата и од сознанието за двојниот живот, сака да избега веднаш по погребот. Но го задржува Ногеира, полицаец во пензија, кој се сомнева во околностите за смртта на Алваро исто како и за друг смртен случај во неговото семејство, за кој мисли дека бил прикажан како несреќен случај. Заедно со свештеникот Лукас, кој му бил најдобар пријател на загинатиот од детството, го наведуваат Мануел да започне истрага за ненадејното патување на Алваро во Галиција и за неговиот таен живот. Ја почнуваат потрагата по вистината во место во кое старите обичаи и верувања се длабоко вкоренети и место што крие многу тајни.
-
Најсвирепиот месец
0500,00 ден#3 АРМАНД ГАМАШ
Велигден во Три Пајнс е време на црковни служби, потрага по јајца и сеанси за воскреснување на мртвите.
Група пријатели одат во старата куќа на Хадли, ужасот на ридот, за конечно да се ослободат од злите духови што го измачуваат селото со децении. Но, наместо да се ослободат од духот, тие создаваат нов. Еден од пријателите умира од страв. Или сепак се работи за убиство? Тогаш се појавува главниот инспектор Арманд Гамаш со својот тим од полицијата во Квебек. Додека ги разоткриваат слоевите нечистотија што ја покриле опседнатата куќа, сфаќаат дека злото не е само таму. Еден од навидум љубезните селани е воден од исто такво зло.
Велигден во Три Пајнс е време на повторно раѓање, особено кога природата се буди. Но тогаш се буди и нешто друго, нешто неубаво. И веќе е јасно дека за да се случи повторно раѓање, прво мора да има смрт.
-
Хари Потер и Редот на фениксот
01.150,00 денХари Потер е исфрлен од Хогвортс! Бранејќи го својот братучед Дадли од дементорите, тој е принуден да употреби магија за време на летниот распуст, постапка што доведува до негово сослушување од министерот за магија лично. Во меѓувреме, лордот Волдеморт е сè помоќен, а голем дел од волшебничкиот свет – вклучувајќи го и Министерството за магија – е во одрекување: се води подмолна хајка против сведоштвата на Хари и Дамблдор. Но, за среќа, постојат луѓе кои ќе му се спротивстават на Мрачниот господар. Познатиот Ред на фениксот, основан од Дамблдор како противтежа на страшните смртојади, дејствува и се бори зад кулисите. На повидок е нова волшебничка војна и секој мора да ја одбере страната на која ќе се бори.
„Хари Потер и Редот на фениксот“ е петтиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.
-
Силвервју
0360,00 ден„Силвервју“ е роман од британскиот автор Џон ле Каре кој постигна светска слава со романот „Наследство на шпионите“. Џулијан Лондсли се откажува од неговата високоплатена работа во Лондон и отвора книжарница во мало англиско приморско гратче. Една вечер, само неколку месеци по почетокот на неговата нова кариера, Џулијан е посетен од непознат човек. Едвард, полски имигрант кој живее во Силвервју, голема куќа на крајот од градот, изгледа дека знае многу за семејството на Џулијан и е премногу заинтересиран за внатрешните работи на неговиот нов бизнис. Кога на вратата на шефот на шпионите ќе се појави писмо со предупредување за опасно истекување информации, истрагата го води во ова тивко место покрај морето… „Силвервју“ е фасцинантна приказна за средбата меѓу невиноста и искуството и јавната должност и личниот морал. Во ова последно ремек-дело на најголемиот хроничар на нашето време, Џон ле Каре прашува што ѝ должиме на државата што веќе не ја препознаваме.
-
Ефектот на Марко
0550,00 ден#5 СЕКТОРОТ Q
Функционер на висока позиција во финансиски нестабилна банка врши проневера со средства наменети за развој на африкански села. Во меѓувреме, петнаесетгодишниот Марко сака да стане дански државјанин и оди на училиште како секој обичен тинејџер. Но неговото минато не е како на секој обичен тинејџер. Тој целото свое детство го минал во ромска банда со која автократски владее неговиот вујко Зола и во која сите деца се принудени да питаат и да крадат.
Кога Марко ќе дознае дека вујко му планира да го осакати за му носи поголем приход, конечно се обидува да побегне. Но тогаш открива закопано тело што го води до фрапантни тајни за кланот. Плашејќи се дека ова откритие може да стигне до полицијата, Зола и неговите луѓе почнуваат да го бркаат Марко.
Неговите патишта сега се вкрстуваат со оние на детективот Карл Морк. Кога Карл ќе сфати што сè знае Марко, ќе одлучи да ја реши мистеријата и да го спаси момчето. Мистеријата се протега од Данска до Африка и води до високата политика и бизнис, каде што не постојат правила на игра, а човечкиот живот се множи со нула.
-
Манипулант
0550,00 ден#6 СЕКТОРОТ Q
Телефонот го буди Карл Морк од утринската дремка во подрумот од полицискиот штаб. Повикот е од колега од Борнхолм, најисточниот дански остров. „На прва топка“ Карл го одбива случајот што му е понуден, но неколку часа подоцна слуша фрапантни вести и чувствува дека нема друг избор освен да го предводи одделението за нерешени случаи на островот и да ја открие вистината за смртта на преубавата средношколка Алберта. Таа пред седумнаесет години исчезнала од училиштето, а потоа била пронајдена како виси на дрво крај патот. Истрагата ќе ги донесе до чуден култ и до неговиот харизматичен водач, човек што е необично привлечен за жените. Во лавиринтот од мистерии и лажни траги, Карл – со своето топло срце, неодоливиот хумор, лудото возење и со детективската интуиција – заедно со своите помошници Асад, Роуз и нововработениот Гордон, тргнува во потрага по убиецот, вешт манипулатор што одбива кој било и што било да му застанат на патот…
Бестселер-авторот, чии книги се продадени во милионски тиражи низ светот, добитник на многубројни престижни награди, Јуси Адлер-Олсен, е клучната фигура на скандинавскиот трилер.
-
Детето што сакаше елени
0450,00 ден#3 Миа Кригер и Холгер Мунк
Зима е, 1996 година. Еден пензионер вози низ планините со својот автомобил. Одеднаш забележува нешто пред себе и нагло закочува. Фаровите фрлаат светлина врз снегот на патот каде што стои преплашено дете со помодрени усни и со еленски рогови на главата.
Четиринаесет години подоцна, во планинското езеро недалеку оттука, пронајдена е мртва девојка. Во балетски костим, а близу до неа стои и фотоапарат на статив. За една недела ќе се случат уште две убиства. Убиецот остава насоки за полицијата што ги водат во игра во која не може да победат.