-
Патник 23
6450,00 денВо просек, 23 луѓе годишно исчезнуваат од бродови за време на крстосувања. Обично, таквите ги отпишуваат како жртви на несреќи или самоубиства со скокање од брод. Но, што ако не се?
Пред пет години, Мартин Шварц, полициски психолог, ги изгубил сопругата и синот. Биле на одмор на брод, на крстосување, кога тие двајца едноставно исчезнале. Слабата истрага не успеала да открие што се случило – судскиот вештак заклучил дека се работи за убиство и самоубиство. И тој заклучок го прогонува Мартин уште оттогаш, загорчувајќи му го животот. Но тогаш го контактира една постара жена, писателка, која тврди дека има информации за тоа што се случило и инсистира тој веднаш да се качи на бродот „Султанот на морињата“.
Таа му објаснува дека неговата сопруга и син не се единствениот таков пар кој исчезнал. Му кажува дека пред само неколку месеци исчезнале друга мајка и нејзината ќерка. Писателката е убедена дека има сериски убиец на бродот.
Но кога исчезнатата ќерка одеднаш се појавува – со мечето на исчезнатиот син на Мартин во рака – станува очигледно дека вистината може да е многу, многу пострашна…
-
Новиот сопруг
1450,00 денТоа што љубиш некого не мора да значи и дека вистински го познаваш…
Кога нејзиниот сопруг исчезнува , Нина дознава дека Глен водел двоен живот со друга жена. Но Глен веќе го нема – полицајците претпоставуваат дека се удавил за време на риболов на неговиот брод – па таа не може да се соочи со него за аферата и сите други лаги. Година и пол по несреќата, Нина се смета себеси за вдовица, иако полицијата сè уште нема пронајдено тело. Таа случајно се сретнува со Сајмон Фич, наставник од училиштето на нејзината ќерка, Меги, и полека почнува повторно да наоѓа љубов, со надеж дека некогаш ќе успее пак да дојде до нормален живот.
Сајмон од друга страна, вдовец кој сè уште жали за самоубиството на неговата прва сопруга, гледа совршена жена во Нина. Неговиот шарм и топлина го лекуваат нејзиното предадено срце. Синот на Нина набрзо го прифаќа Сајмон како татко, но Меги гледа некоја мрачна страна кај овој нов човек во нивните животи. Дури и пријателките на Нина се прашуваат дали Сајмон е екстремно заљубен или можеби опасно посесивен. Тој ги знае сите нејзини омилени јадења, филмови, песни, потреби… И никогаш не би ја изневерил како Глен. Прашањето е, зошто е Сајмон Фич толку совршен?
-
Патниците
6450,00 денЗамислете дека се возите во кола која управува самостојно, кога одеднаш вратите се заклучуваат, рутата автоматски се менува и ја губите целата контрола над возилото. И тогаш, преку звучниците, мистериозен глас ви вели: „Наскоро ќе умреш“.
Баш кога светот конечно почнува да добива сè поголема доверба во возилата кои управуваат сами, осум лица се наоѓаат во страшна ситуација кога нивните автономни возила се хакирани и добиваат програмски насоки да се судрат во една точка за одредено време. Кој од патниците ќе преживее, а кој ќе умре, одлучуваат гласачите од социјалните мрежи.
Патниците кои во моментот се возат во возилата се: телевизиска ѕвезда, трудна млада жена, онеспособен пензиониран воен херој, жртва на семејно насилство која бега од својот насилен маж, илегален имигрант, двајца сопружници кои се родители на две дечиња и патуваат во две различни возила и еден суицидален маж. Преку камери скриени во нивните возила, милиони ширум светот ја следат нивната паника. Јавноста треба да гласа и да пресуди кој од нив треба да преживее, но со секоја следна страница сфаќаме дека ниту еден од патниците не е она што се претставува на почетокот…
-
Триптих
1490,00 денМајкл Ормвуд е детектив кому бракот му виси на конец, а ароганцијата и експлозивниот карактер лошо му влијаат на кариерата. Кога го повикуваат на едно место на злосторство во озлогласеното Грејди, се соочува со најгрозоморното убиство во целата негова кариера: девојка е најдена во локва крв, а целото нејзино тело ужасно искасапено.
Истрагата ќе му наложи да побара помош од Енџи Поласки, полицајка која му била љубовница пред да му стане непријател. Набрзо ќе се покаже дека убиството кое е доволно шокантно и само по себе, не е изолиран случај, туку е едно во низа, па на тимот ќе мора да му се приклучи и специјалниот агент Вил Трент, човек кој детективот не може да го поднесе.
Трагите кои ги следат водат до поранешен затвореник кој неодамна отслужил казна за силување и убиство на петнаесетгодишно девојче. Дали клучот за пронаоѓање на серискиот убиец е во рацете на бившиот затвореник?
Напнат трилер на експертот за сложени крими приказни со продадени над 35.000 милиони книги ширум светот.
-
Врати ме назад
6420,00 денФин и Лејла се млади, заљубени, и на одмор. Тие возат по автопат кога Фин одлучува да застане на одмориште покрај патот за да отиде до тоалет. Тој излегува од колата, ја заклучува и влегува во тоалетот. Но кога се враќа, Лејла ја нема – и никој никогаш веќе не ја гледа. Тоа е приказната што Фин им ја кажува на полицајците. Но тоа не е целата приказна…
Десет години подоцна, Фин е свршен со сестрата на Лејла – Елен. Заедничката болка и тага за она што се случило со Лејла ги зближила и тие планираат да останат заедно. Но, кај Елен има нешто што Фин никогаш не успева целосно да го разбере. Неговото срце сака да верува дека таа е вистинската за него… иако некое шесто сетило му вели да не ѝ верува.
И тогаш, непосредно пред неговата венчавка со Елен, Фин добива телефонски повик. Некој од неговото минато ја видел Лејла. А се случуваат и некои чудни работи: во куќата на Фин и Елен одеднаш почнуваат да се појавуваат одамна изгубени предмети од минатото на Лејла. Почнуваат да стигнуваат мејлови од непознати луѓе кои од некаде знаат премногу. Тајни пораки, траги, предупредувања. Ако Лејла е жива – и ако таа е онаа што го прогонува Фин – што сака таа? И колку знае?
„Врати ме назад“ ќе ве тера да се сомневате во сè и секого до последната страница.
-
Совршеното дете
5450,00 денКристофер и Хана се среќен брачен пар; тој е хирург, а таа медицинска сестра и имаат речиси совршен живот. Единственото нешто што им недостасува е дете. Кога едно напуштено шестгодишно девојченце, Џејни, се појавува во болницата каде што работат, Кристофер веднаш страшно се поврзува со неа и ја убедува Хана да ја земат дома.
Но Џејни не е баш обично дете и нејзината оштетена психа е покомплициран проблем од она што новите родители го очекуваат. Џејни е претерано поврзана со Кристофер и почнува со вознемирувачки испади, насочувајќи го целиот бес кон Хана. Хана никако не може да се зближи со Џејни, па почнува да попушта под притисокот, особено затоа што Кристофер одбива да ја гледа Џејни со објективни очи и да признае дека нешто не е во ред со нејзиното однесување.
Хана знае дека Џејни манипулира со Кристофер и дека намерно го оддалечува од неа, иако таа се обидува да го зближи целото семејство. Но вистината што се крие во минатото на Џејни веројатно е доволна да го распарчи целото семејство.
Морничав трилер за млад пар очаен за дете… и страшните последици од исполнувањето на нивната желба.
-
Трагајќи по неа
1490,00 денПред седум години, безгрижната студентка Флора Дејн ја киднапираат за време на пролетниот распуст. И цели 472 дена, Флора постепено открива колку всушност и што сè може да издржи една личност.
Жива со помош на некое чудо по сето тоа, Флора ги поминува последните пет години привикнувајќи се повторно на ритамот на нормалниот живот и работи со нејзиниот специјалист за жртви од ФБИ. Таа има мајка која никогаш не престанала да ја сака, брат кој се плаши од личноста во која таа е претворена и еден ѕид во нејзината спална соба кој е покриен со слики од други девојки кои за разлика од неа, никогаш не се вратиле дома.
Кога детективката Ди Ди ја повикуваат на место на злосторство, каде што има мртов маж и врзана гола жена која го убила, таа дознава дека Флора се плеткала и со други тројца осомничени откако се вратила во општеството. Па, дали Флора е жртва или одмаздничка? И дали е можно со нејзиното лично искуство со предатори, таа да може да помогне со спасување на исчезнатата студентка чие киднапирање го тресе Бостон? Но кога и Флора повторно исчезнува, Ди Ди сфаќа дека сè е уште покомплицирано отколку што изгледа и дека некој очигледно решил дека Флора Дејн овој пат нема да побегне жива.
-
Пациентот
8450,00 денПРЕД ЕДНА ГОДИНА: Тил Беркхоф го сака својот син Макс со цело срце. Но и покрај тоа што го чуваат како сопствените очи и постојано го предупредуваат никогаш да не оди со непознати, Макс еден ден оди да игра со другарче и не се враќа дома.
СЕГА: Макс Беркхоф е исчезнат цела година. Само киднаперот знае што се случило со него. Дали е жив или мртов… Но киднаперот сега е во психијатриското крило на затвор со максимално обезбедување и одбива да каже нешто.
Па таткото на Макс нема друг избор, има само еден начин да се стигне до вистината: тој мора да влезе во психијатриското крило на затворот како пациент на тајна мисија. Планот е јасен: нема потреба од насилство, тој сака само признание, последна шанса да си го пронајде синот. Но како и во секоја книга на Фицек, ништо не е така како што изгледа…
-
Жив мртовец
3450,00 денБаш пред мугри, во близина на шкотската граница, тринаесет патници кои летаат во балон на топол воздух стануваат сведоци на брутално убиство долу на земјата. И во текот на следниот час, сите тие ќе бидат мртви, освен една жена.
Но таа му го има видено лицето на убиецот, а и убиецот го има видено нејзиното – тој нема да застане додека не го елиминира единствениот сведок на неговото злосторство.
Сама, исплашена и не можејќи да верува никому, таа бега за да спаси жива глава, бега кон единственото место каде што се чувствува безбедно. Но тоа може да се покаже како најопасното место од сите…
„Оваа книга те зграпчува од самиот почеток и не те пушта. Приказната вешто вози, со многу моќно пресврти по пат“.
The Times -
Шепкачот
6450,00 денПо ненадејната смрт на неговата млада жена, Том Кенеди смета дека она што може да им помогне нему и на неговото мало синче да си дојдат на себе е нов почеток. Нов град, нова куќа. Федербенк.
Но градот што го одбираат има мрачно минато. Пред дваесет години, во тој град, сериски убиец киднапирал и убил пет деца. Убиецот Френк Картер го добил прекарот „Шепкачот“ затоа што ги намамувал жртвите така што им шепотел под прозорците ноќе.
И баш кога Том и Џејк се сместуваат во нивната нова куќа, повторно исчезнува мало дете. Неговото исчезнување страшно потсетува на случаите на Френк Картер, па иако тој е во затвор, почнуваат да се шират гласини дека е можно да има соучесник. Детективите Аманда Бек и Пит Вилис мора да го најдат момчето, па макар и по цена Пит да влезе во затворот за да се соочи со својот стар непријател: Шепкачот.
И тогаш Џејк почнува да се однесува чудно. Слуша шепотење под својот прозорец ноќе…
-
Немата пациентка
11450,00 денАлисија Беренсон има навидум совршен живот. Таа е позната сликарка мажена за популарен и баран моден фотограф, живее во грандиозна куќа со огромни прозорци со поглед кон парк во една од најелитните населби во Лондон. Една вечер, нејзиниот сопруг Габриел се враќа дома доцна од фотосесија, и Алисија му пука петпати во лице, а потоа никогаш повеќе не прозборува ни збор.
Нејзиното одбивање да зборува или да даде какво било објаснување ја претвора оваа домашна трагедија во нешто многу поголемо, мистерија која ја потпалува имагинацијата на јавноста и ја прави Алисија уште поозлогласена. Цената на нејзините уметнички дела вртоглаво расте, а таа, немата пациентка, е скриена од таблоидите и рефлекторите во обезбеденo психијатриско одделение во Лондон.
Тео Фабер е психијатар за криминалци кој многу долго ја чека можноста да работи со Алисија. Неговата одлучност да ја натера да прозбори и да ја разоткрие мистеријата за тоа зошто го застрелала нејзиниот сопруг се испреплетува со неговите сопствени мотиви – потрага по вистината што не му дава мир. Зошто му е пак нему сево ова толку важно?
-
Верити
14420,00 денЛовен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш во животот. Џереми Крафорд, сопруг на легендарната авторка Верити Крафорд, ја ангажира Ловен да ги доврши останатите книги во успешен серијал кој неговата сериозно повредена сопруга не може да го заврши.
Ловен пристигнува во нивниот дом каде што треба да ги разгледа и истражи сите забелешки и осмислени концепти во канцеларијата на Верити, надевајќи се дека ќе најде доволно материјали за да почне со пишување. Но она што Ловен не го очекува е пронаоѓањето на недовршена автобиографија во хаотичната канцеларија, што Верити немала намера никој да ја прочита. Таа автобиографија е полна со грозоморни признанија, а едно од тие признанија е и приказната што навистина се случило дента кога умрела ќерка ѝ.
Ловен одлучува да не му ја покаже автобиографијата на Џереми затоа што знае дека сето она што го пишува внатре ќе го уништи веќе ужалениот татко. Но кога нејзините чувства за Џереми почнуваат да се засилуваат, таа сфаќа дека може да ѝ оди во прилог ако тој ги прочита зборовите на жена му. На крајот на краиштата, без разлика колку е посветен на повредената сопруга, ниеден маж не би можел да продолжи да сака жена по една толку ужасна вистина.
-
Пакетот
5420,00 денМладата психијатарка Ема Штајн воопшто не излегува од дома од вечерта кога ја силуваат во хотелска соба. Таа е третата жртва на психопат кој новинарите го нарекуваат „фризерот“ затоа што им ги бричи главите на жените пред да ги убие. Ема, единствената која успева да му побегне, се плаши дека фризерот ќе се врати по неа за да ја доврши грозоморната мисија.
Во нејзината параноја, таа е убедена дека секој маж што го гледа е фризерот, иако реално воопшто не успеала да го види во хотелот. Ема се чувствува безбедно само во нејзината мала куќа во Берлин – или барем се чувствува до дента кога поштарот ја замолува да прими еден пакет во име на нејзиниот сосед кој не одговара на ѕвончето.
Маж чие име не ѝ е познато и кој таа никогаш не го сретнала, иако живее на истата улица со години… Кога пакетот влегува во нејзиниот дом, Ема станува попараноична од кога било претходно.
„Германскиот мајстор за трилери со уште едно ремек дело кое ви ветува нова непрoспиена ноќ“.
-
Другата жена
3440,00 денПодготви се да ја запознаеш другата жена: нема нешто што не е подготвена да направи за да те тргне од нејзиниот син…
Емили е убедена дека Адам е совршениот; човекот што мислела дека никогаш нема да го запознае. Но во сенките демне ривалка, жена која има длабока врска со човекот кој таа го сака.
Емили го одбира Адам, но не ја одбира неговата мајка Пами. Сите знаат дека секоја мајка би направила буквално сè за својот син и Емили сега ќе дознае колку далеку е подготвена да оди Пами за да го добие тоа што го сака, а тоа е: Емили засекогаш да исчезне од животот на Адам.
Другата жена е заразен, брз психолошки трилер за деструктивната врска меѓу една жена, човекот што го сака и неговата страшно манипулативна мајка.
-
Совршената мајка
4420,00 денЗаразен психолошки трилер за група жени кои заедно се дружат во нивната група на мајки и неочекувано се поврзуваат кога доаѓа до трагедија. Се нарекуваат Мајските Мајки, бидејќи сите се имаат породено во истиот месец и се сретнуваат во паркот со количките, барајќи прибежиште од стресовите што доаѓаат со мајчинството; ги делат стравовите, радостите и советите што ги имаат како тазе мајки.
Една вечер по договор излегуваат без бебињата за да се опуштат малку, но токму таа вечер, нешто тргнува во ужасно лош правец: едно од бебињата го снемува од неговото креветче дома. Вини е самохрана мајка, која секако не сака да го остави бебето со дадилка, но другите жени инсистираат дека сè ќе биде добро и таа неволно попушта. Сега нејзиното бебе го нема, џандарите поставуваат вознемирувачки прашања и животот на затворената Вини се наоѓа под рефлектори. Кој е таткото на бебето? Каде всушност била мајката вечерта? Иако никој од групата мајки не е близок со резервираната Вини, три од нив преземаат големи ризици за да ѝ помогнат да си го најде синот. И кога новинарите почнуваат да им вадат душа на сите жени од групата, почнуваат да се разоткриваат штетни тајни, а браковите и пријателствата се ставени на голем тест.
-
Душокршачот
8420,00 денТој не ги убива, не ги силува, не ги измачува… Неговото злосторство е многу, многу полошо.
Три жени – млади, прекрасни, полни со живот – исчезнуваат без трага. На психопатот, кој медиумите го нарекуваат „Душокршачот“, му е потребна само една недела да ги уништи. До седмиот ден, жените се ментално мртви, како тела без душа. Никој не знае што им прави, но тие се како живи мртовци.
Кратко пред Божиќ, Душокршачот повторно напаѓа, но овој пат во една ексклузивна психијатриска клиника. Докторите и пациентите се испаничуваат кога сфаќаат дека во клиниката е примен тежок, насилен психопат, особено затоа што никој не знае кој е тој. Од друга страна, страшна снежна бура тотално ја отсекува изолираната клиника, па сите остануваат заробени внатре – со нефункционални телефони – заедно со Душокршачот. Заробени во клиниката, вработените и пациентите се здружуваат за да се заштитат, но во една ноќ полна со незамислив терор, Душокршачот им покажува дека никој не е безбеден и дека ништо не е така како што изгледа.
Уште едно ремек дело на Фицек, чиј крај никој нема да може да го предвиди.
