• Мали огнови насекаде

    Мали огнови насекаде

    0

    Од најпродаваниот автор на „Сè што никогаш не ти кажав“, возбудлив роман кој ги следи испреплетените судбини на совршеното семејството Ричардсон и загадочните мајка и ќерка, кои прават пресврт во своите животи. Во Шејкерс Хајтс, спокојно, прогресивно предградие на Кливленд, сè е планирано – од изгледот на кривулестите патишта, до боите на куќите и успешните животи на нивните жители. И никој не го отелотворува овој дух повеќе од Елена Ричардсон чиј принцип, според кој се води, е да игра според правилата. Се појавува Миа Ворен, енигматичен уметник и самохрана мајка, која ќе пристигне во овој идиличен меур со својата ќерка тинејџерка, Перл, и изнајмува куќа од Ричардсонови. Наскоро, Миа и Перл стануваат повеќе од станари: сите четири деца на Ричардсонови се привлечени од мајката и ќерката. Но, Миа со себе го носи и своето мистериозно минато и не се грижи за состојбата на статус кво што се заканува да ја шокира оваа внимателно уредена заедница. Кога старите семејни пријатели на Ричардсонови се обидуваат да посвојат бебе со кинеско-американско потекло, битката за старателството еруптира толку драматично што го поделува градот – и ги става Миа и Елена на спротивставени страни. Сомневајќи се во Миа и во нејзините мотиви, Елена решава да ги открие тајните од минатото на Миа. Но, нејзината опсесија ќе даде неочекувани и разорувачки резултати. „Мали огнови насекаде“ се занимава со тежината на тајните, природата на уметноста и на идентитетот, и со опасноста од верувањето дека ако се игра според правилата, може да се спречи катастрофа.

    270,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Девојката и ноќта

    Девојката и ноќта

    0

    Кампусот на едно престижно средно училиште е завеан во снег. Тројца пријатели ќе бидат поврзани со една трагична тајна. Една млада жена исчезнува во ноќта.

    Француската ривиера, зима 1992 година. Кога подготвителната школа е затворена поради снежната бура, Винка Роквел, 19-годишна, една од најсолидните ученички во нејзината генерација на програмата за пост-бакалауреат, бега со својот професор по филозофија со кого таа има тајна врска. За Винка, „Љубовта е сѐ, или ништо”. Никој нема да ја види повторно… Француската ривиера, пролет 2017. Некогаш неразделните Манон, Томас и Максим (најдобрите пријатели на Винка) немале никаков контакт меѓу себе по завршувањето на средното училиште. Тие се сретнуваат за првпат по 25 години, на собирањето по повод средношколскиот јубилеј. Кога тие беа ученици, под ужасни околности, тројцата пријатели извршија убиство и го сокрија телото во ѕидот од спортската сала во нивното училиште. Сега салата треба да биде срушена за да се направи место за новата училишна зграда. Одеднаш ништо не може да ја спречи вистината да излезе на виделина. Вознемирувачката, болна, ѓаволска вистина…

    270,00 ден
    Прочитај повеќе
  • До кога само лоши вести?

    До кога само лоши вести?

    0

    Еден топол летен ден, малечката Џоана Мејсон со фамилијата полека се враќа дома по нивната патека. Еден момент подоцна, таа е сведок на ужасно злосторство и животот на Џоана е променет засекогаш…

    Триесет години подоцна, во темната ноќ, поранешниот детектив Џексон Броди е во воз што доцни и е преполн. Задлабочен во своите мисли, одеднаш слуша шокантен звук….

    На крајот на долгиот ден, шеснаесетгодишната Реџи гледа малку телевизија. Тогаш ужасна бучава ја расипува нејзината мирна ноќ.  За среќа, Реџи е спремна за секаков итен случај…

    Овие три и многу други ликови се среќаваат на неочекуван и на многу непредвидлив начин.
    Во низа трагични настани е отсликано нашето време…

    „Книга што апсолутно морате да ја прочитате!“
    Харлан Кобен

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Поранешниот ти

    Поранешниот ти

    0

    Лин Нејсмит се откажа од работата што ја сакаше кога се омажи за Ед, љубовта на нејзиниот живот. Но, вредеше, заради среќните години што ги проживеаја заедно. Сега, десет години подоцна, на Ед му е дијагностицирана рана деменција и почнуваат да се случуваат чудни работи- почудни од загубени клучеви и проголтани зборови. Како што некои сеќавања се заборавени, така, други, долго заборавени, испливуваат на површината… и совршениот свет на Лин почнува да се урива.

    Но, кој тука си замислува нешта, Ед или Лин?…

    480,00 ден
    Додај во кошничка
  • Транскрипција

    Транскрипција

    0

    Во 1940 година, осумнаесетгодишната Џулиет е регрутирана во светот на шпионажата, ангажирана во таен оддел на МИ5 со задача да ги надгледува активностите на британските фашистички симпатизери. Брзо сфаќа дека таа работа е истовремено здодевна и застрашувачка. Но, со крајот на војната, смета дека сето тоа е засекогаш позади неа.

    Десет годицни подоцна, сега како продуцент во „Би-би-си“, Џулиет ненадејно се соочува со некои ликови од шпионското минато. Сега е во тек една поинаква војна, војна што се води на поинакво бојно поле, а Џулиет сфаќа дека повтороно живее живот исполнет со закани и ризици.

    „Транскрипција“ е не само возбудлива книга. Таа поседува длабочина и текстура што многу ретко се наоѓа во овој жанр. Ова е бравурозен современ роман кој е полн како со остроумност, така и со емпатија – врвно авторско остварување на една од најдобрите пистелики на денешнината.

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Морам да знам

    Морам да знам

    0

    Овој психолошки трилер од „ЦИА инсајдер“ навистина ќе ве заледи. Во потрагата по руски шпионски круг во Америка, една аналитичарка од ЦИА открива смртоносна тајна што ќе ја преиспита нејзината лојалност кон Агенцијата, но и кон нејзиното семејство.

    Што би направиле кога сè во што имате доверба излегува дека е лага?

    Вивијан Милер. Врвна аналитичарка во ЦИА, среќно омажена со сопруг што го обожава, мајка на четири прекрасни деца. Но, во еден момент, таа открива нешто толку страшно, што почнува да се сомнева во сè околу себе.

    Вивијан е решена да ја одбрани својата земја од сите непријатели, странски и домашни. Но, сега, соочена е со невозможен избор. Растргната меѓу лојалност и предавство, соработка или проневера, љубов или сомнеж. Кому да верува?

    Не пропуштајте го „Морам да знам“, роман преведен на повеќе од дваесет јазици ширум светот, од кој се подготвува и филм со Шарлиз Терон во главната улога.

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Варшавскиот протокол

    Варшавскиот протокол

    0

    Од мирните канали на Бриж, до елегантните простории на „Кралскиот замок Вавел“, и длабоко под земјата во античкиот полски рудник за сол, Малоун е фатен среде смртоносна војна – чиј исход се претвора во тајна позната како „Варшавскиот протокол“. Откако поранешниот агент на Министерството за правда Котон Малоун беше сведок на кражба на една реликвија, тој од својата бивша шефица Стефани Нил дознава дека наскоро ќе се одржи приватна аукција каде што на највисокиот понудувач ќе му бидат дадени информации за претседателот на Полска, уцена што ја сакаат и САД и Русија, но од многу различни причини. Цената за присуство на аукцијата е една од реликвиите, па Малоун е испратен во замок во Полска за да го украде илјада години старото Свето копје, значајно не само за христијаните, туку и за полскиот народ. Но, ништо не оди според планираното и Малоун е втурнат во крвава битка меѓу три нации околу информациите што, доколку бидат откриени, може да го променат балансот на силите во Европа. Во најновиот бестселер на Њујорк тајмс „Варшавскиот протокол“, авторот ве води во една незамислива авантура каде што сте сведоци на исчезнувањето на седумте скапоцени реликвии „Арма Кристи“ од светилиштата низ целиот свет, кои се дел од распнувањето на Исус Христос.

    550,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Натерај ме

    Натерај ме

    0

    Одењето подалеку би било полесно. Но, како и секогаш, Џек Ричер има едно правило – Ако сакаш да застанам…, натерај ме.

    Експлозивниот најнов трилер во серијалот романи за Џек Ричер.

    Зошто овој град е наречен Мајчина почивка? Тоа Ричер сака да го дознае но никој не сака да му каже. По кратко време Ричер се вплеткува во една нерешена истрага која започнала тивко а потоа завршила смртоносно. Наскоро, Ричер се наоѓа себеси во очајна трка низ Лос Анџелес, Чикаго и Сан Франциско, за на крај да се врати на тоа мало место, за да се соочи со најголемиот кошмар кој може да го замисли.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Стапица

    Стапица

    0

    Број 1 бестселер на „Њујорк Тајмс“ на една од најдобрите американски авторки, Сандра Браун. 

    Уште од првата страница го изненадува читателот на оваа приказна со корупција, предавство и непрекината измама… каде што ништо не е онака како што се чини и секоја вистина изнесена на виделина покажува темна лага.

    Кога Џорди Бенет и Шо Кинард ќе се погледнат очи во очи во еден чуден бар, нешто дефинитивно ќе заискри помеѓу нив. Шо заклучува дека опасната атмосфера ги прави мажите претпазливи, а ги инспирира жените да забележуваат.

    Никој не може да претпостави дека животот на бизнисменката е во опасност.

    Но, Џорди е тука…а Шо Конард е пратен да ја убие.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Главен удар

    Главен удар

    0

    Д-р Емори Шарбоно, педијатар и жена која трча маратони, ќе исчезне на една планинска патека во Северна Каролина.
    Откако магла и мраз ќе ја покријат планината и сиот див свет во неа, ја снемува нејзината трага.
    Потрагата станува невозможна.
    Додека полицијата се сомнева во Џеф, поради нивниот „инстант развод“, Емори, која има необјаснива повреда на главата, ќе се освести и ќе се најде заробена со човек чие насилно минато е многу мрачно. Таа е одлучна да му избега и сака да направи сè што е потребно за да преживее.
    Сандра Браун е една од најбараните авторки во светот, токму заради тензичната неизвесност и возбудливиот начин на кој ги раскажува своите приказни.

    ГЛАВЕН УДАР е книга полна со љубов, измама и одлуки што мораме да ги донесеме за да преживееме!

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Патриотска закана

    Патриотска закана

    0

    Историјата на Законот за данок на доход стои во 16-тиот амандман во Уставот на САД. Но, една тајна го доведува во прашање овој закон. Сега е ред на Котон Малоун да ја дознае вистината. . .
    Малоун, поранешен член на Елитниот разузнавачки оддел, своите пензионерски денови ги поминува како сопственик на книжарница во Данска. Но, се појавува Стефани Нел, која од него бара да ги следи непријателски настроените Севернокорејци, кои имаат тајни досиеја од Министерството за финансии – досиеја што САД можат да ги фрлат на колена.

    Мелоун е вовлечен во 24-часовна потера која започнува во каналите на Венеција и завршува во далечните висорамнини на Хрватска.

    Со појавата на Френклин Рузвелт, Ендру Мелон, сликата која сѐ уште виси во Националната галерија на уметност и некои сознанија за доларот, истрагата на Малоун, на крајот, ќе го постави прашањето:
    Што ако федералниот данок на доход е нелегален?

    Сега тој треба да го најде одговорот по секоја цена!

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Митот за Линколн

    Митот за Линколн

    1

    Соединетите Американски Држави и поредокот каков што го познаваме се на пат да бидат срушени. Јунакот Котон Малоун е повторно тој што ќе го спаси денот. Бирајќи меѓу личната среќа и сигурноста и безбедноста на светскиот поредок тој се одлучува за второто. По цена да изгуби сѐ што има, по цена на љубовта и единственото вредно за кое живее тој одлучува да ги спаси САД.

    Дали митот е мит или вистина? Каков договор има направено Линколн со Мрмоните, а никој не знае? Граѓанска војна, Тајна заедница, Милијарди во злато, тајни карти и договори. Некој ги собира делчињата за да направи бомба која ќе ја уништи Америка како што ја знаеме во мо- ментов. Една тајна криена со векови ќе излезе како закана да сруши сѐ што знаеме како трајно спознание.

    Магионичарот – писателот Стив Бери и во овој роман ја задржува динамичноста и неизвесноста од почеток до крај. Овој роман сам ги врти страниците. Исполнет е со брканица од емоции на страст и страв, на љубов и срам, на чест и обесчестување. Ликовите се исправени пред невозможни одлуки, одлуки кои значат живот или смрт.

    550,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Аферата Колумбо

    Аферата Колумбо

    0

    Што ако се што знаете за откривањето на Америка од страна на Колумбо е лага? Што ако таа лага е искористена за да сокрие вистината која доколку се дознае може да има сериозно последици за политичкиот свет?

    Експлозивен нов stand-alone трилер од страна на Стив Бери, кој ќе Ве остави без здив до последната страница.

    550,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Изгубениот ред

    Изгубениот ред

    0

    Витезите на Златниот круг, основан на 4 јули 1854, бил најголемата и најопасната тајна организација во американската историја. Имале големи планови: да се прошири САД, да се смени уставниот состав и да се создаде Јужна империја, поробувајќи „златен круг” на двата континенти.
    Редот, за да ги финансира своите цели, собрал неверојатно богатство од украдено злато и сребро, кое го закопале низ цел САД. Ловците на богатството пребарувале со децении, но никогаш не нашле ниту една од главните залихи на Редот. Сега, 160 години подоцна, витезите сè уште постојат. Две групи во рамките на Редот сакаат богатство – едните да го потрошат, а другите да го зачуваат. Во таа граѓанска војна влегува поранешниот агент за правда, Котон Малоун. Започнувајќи со потрагата во институцијата Смитсонијан, Малоун открива дека предците во неговото семејство може да го имаат клучот за сè: името на шпионот Овен „Котон” Пејн. Работата уште повеќе се комплицира со политичките амбиции на безмилосниот Претседател на Домот и вдовицата на сенаторот од САД, кои имаат различни планови од плановите на Редот.
    Од тивките задни простории на Смитсонијан, до опасностите во Арканзас и, конечно, во најтешките планини во северниот дел на Новo Мексико, Изгубениот ред е опасна авантура од темното минато на САД.

    550,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Потекло

    Потекло

    2

    Од мајсторската рака на Браун читателите ќе можат да доживеат нова авантура во светот на кодираните пораки. Овој пат една кодираната порака ќе ги одговори двете фундаментални прашања на човековото постоење – Од каде доаѓаме? Каде одиме?

    Роберт Лангдон, професор по симбологија и религиска иконологија на „Харвард“ пристигнува во ултрамодерниот музеј „Гугенхајм“ во Билбао за да присуствува на едно многу важно соопштение – објавувањето на едно откритие кое „засекогаш ќе ја промени науката“. Домаќин на вечерта е Едмонд Кирш, четириесетгодишен милијардер и футурист чии зашеметувачки, високотехнолошки пронајдоци и смели предвидувања го направиле светски почитувана личност. Кирш, кој пред две децении бил еден од првите студенти на Лангдон на „Харвард“, само што не објавил едно неверојатно откритие…
    Но, детално испланираната вечер одеднаш се претвора во хаос, а на скапоценото откритие на Кирш му се заканува опасност да биде загубено засекогаш.

    999,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Кодот на Да Винчи

    Кодот на Да Винчи

    1

    Најголемата конспирација, во последните две илјади години, почнува да се открива.

    Роберт Ленгдон, професор за верските симболи на Харвард, е во Париз за да одржи предавање. На приемот што следи, тој треба да се сретне со почитуваниот куратор од светски познатиот музеј Лувр. Но, кураторот нема да се појави, а подоцна таа вечер Ленгдон дознава, од страна на валстите, дека кураторот е пронајден мртов. Ленгдон оди во Лувр на местото на злосторството, каде што открива чудни докази кои убиецот ги оставил зад себе.

    Тука почнува трка со времето, бидејќи Роберт Ленгдон станува осомничен и со помош на францускиот криптолог Софи Неве, мора да дешифрираат безброј таинствени симболи кои биле оставени специјално за нив. Ако Роберт и Софи не можат да ја решат загатката, древната вистина може да биде загубена засекогаш, а тие самите да завршат како колатерална штета.

    600,00 ден
    Прочитај повеќе