Филтер по цена
Автори
Жанр
Издавачка куќа
  • Твоите пет следни потези

    Твоите пет следни потези

    0

    Успешните претприемачи и шаховските велемајстори имаат визија да ги погледнат фигурите пред нив и да ги предвидат своите следни пет потези. Во оваа книга, Патрик Бет-Дејвид „им помага на претприемачите да разберат што точно треба да направат следно“ (Брајан Трејси, автор на „Изеди ја жабата!“) со преведување на оваа вештина во вредна методологија. Без разлика дали се чувствувате како да сте удриле во ѕид, сте го изгубиле жарот за работа или барате иновативни стратегии за да го подигнете вашиот бизнис на следното ниво, „Твоите пет следни потези“ ги има одговорите. Ќе добиете: ЈАСНОСТ за тоа што сакате и кој сакате да бидете. СТРАТЕГИЈА да ви помогне да размислувате во воената соба и просторијата за состаноци. ТАКТИКИ НА РАСТ за добри и лоши времиња. ВЕШТИНИ за градење на вистински тим заснован на силни вредности. УВИД во игрите на моќ и уметноста на создавање стратешка предност.

    490,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Малото чудовиште

    Малото чудовиште

    0

    Уште десет минути до спиење, а малoто чудовиште Кики ќе направи сè, само за да не заспие!

    Придружете им се на чудовиштата додека се забавуваат во последните мигови пред да си легнат во кревет.

    Од најпродаваната едиција на сликовници што на совршен начин им помагаат на децата да се подготват и да стекнат навика навреме да легнуваат во кревет и полесно да заспијат.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • СЛИКИЧКИ „СВЕТОТ НА БИБИ“

    СЛИКИЧКИ „СВЕТОТ НА БИБИ“

    0

    Една кесеичка „Светот на Биби“ содржи 5 сликички

    29,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Мала книга за Лике: Данската потрага по најсреќните луѓе на светот

    Мала книга за Лике: Данската потрага по најсреќните луѓе на светот

    0

    Lykke (Luu-kah) (n): среќа ОЧИГЛЕДНО Е ЗОШТО ДАНСКА ЧЕСТО ЈА НАРЕКУВААТ НАЈСРЕЌНА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ. ПОКРАЈ ТОА ШТО НА СВОИТЕ ЖИТЕЛИ ИМ НУДИ СОВРШЕНА РАМНОТЕЖА ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИОТ И ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ, БЕСПЛАТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ И БЕСПРЕКОРЕН РАСПОРЕД НА ВОЗОВИ, ТАА ГО НАДМИНУВА ОСТАТОКОТ ОД СВЕТОТ И ВО ОДНОС НА БРОЈОТ НА ЗАПАЛЕНИ СВЕЌИ ПО ДОМАЌИНСТВО. . Никој не знае повеќе за среќата – која Данците ја нарекуваат лике – од Мајк Викинг, директор на Институтот за истражување на среќата и автор на „Мала книга за хиге“. Иако може да се научи многу од Данците во поглед на уживањето во животот, клучните тајни на среќниот живот треба да се откријат насекаде низ светот. Во оваа фасцинантна книга, авторот нè води на лов на богатство за да ја отклучиме вратата за квалитетниот живот. Собирајќи податоци, искуства и совети од најсреќните краишта на светот, тој ни кажува како да го трошиме скапоценото време, како да се однесуваме со соседите или како да приготвиме вечера. Дозволете оваа книга да послужи како водич во вашата потрага по малку повеќе лике во животот!

    780,00 ден
    Додај во кошничка
  • Малата Сирена

    Малата Сирена

    0

    Во кралството на сирените,
    малите сиренчиња пливаа наоколу често!
    Но, имаше уште десет минути до спиење…
    А едно од нив не беше на своето место.
    Од најпродаваната едиција на сликовници што на совршен
    начин им помагаат на децата да се подготват и да стекнат навика
    навреме да легнуваат во кревет и полесно да заспијат.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Смртта на Иван Илич, Кројцерова соната, Отец Сергиј

    Смртта на Иван Илич, Кројцерова соната, Отец Сергиј

    0

    „Смртта на Иван Илич“ (1886)

    Од детството, па сè до крајот на неговиот живот, Иван Илич честопати се соочува со клучното прашање: „Како живеев?“ Токму ова прашање ја сублимира сржта на раскажувачкиот глас на Толстој кој мајсторски нè поттикнува да го ставиме прстот на чело и да размислиме за нашите постапки кон самите себе, кон нашите блиски, но и кон животот.

    „Кројцерова соната“ (1889)

    Преку разговорот на Позднишев со непознат странец во возот, читателот се запознава со причините кои го навеле во бран на љубомора и гадење да ја убие својата сопруга. Покрај острата општествена критика за нееднаквоста на половите, Толстој поставува негативен став и кон сексуалноста, сметајќи дека таа кај човека ги побудува животинските нагони и поттикнува на злосторства, нешто што може да се спречи единствено со апстиненција. Делото го носи името на истоимената соната за виолина и пијано на Лудвиг ван Бетовен.

    „Отец Сергиј“ (1911)

    Младичот Степан Касацки доживува морална навреда, по што закрила бара во руското православие и се замонашува. Во наредните години неговиот живот станува потежок, проследен со искушенија, по што тој почнува живот на пустиник. Една вечер го посетува жена чија појава го поткопува самотниот живот на јеромонахот. Соочен со соблазна, отец Сергиј го напушта манастирот и ја бара Пашенка, по што се среќава со потешки подвизи, кои стануваат мерило на неговата вера во Бога.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Собрани раскази

    Собрани раскази

    0

    „Преобразба“, „Пресудата“, „Селски лекар“, „Уметник во гладување“ и сите останати раскази на Франц Кафка!

    Расказите, од кои некои се во форма на басни, алегории или параболи, заземаат централно место во неговото творештво. Во текот на својот живот објавил само дел од нив. Повеќето од нив се објавени постхумно и против неговата волја. Книгата е поделена во три дела: раскази што Кафка ги објавил во своите книги во текот на животот, раскази кои не ги вклучил во книгите, но се објавени одделно на различни места, и раскази од неговата оставнина. Меѓу нив се наоѓаат и скици за романи. Делата на Франц Кафка се сметаат за клучни текстови на Модерната, а оваа книга за првпат на македонски јазик ги пренесува сите сочувани куси прозни творби на еден од најголемите автори на едно место.

    700,00 ден
    Додај во кошничка
  • Анжелик

    Анжелик

    0

    Дури и ангелите имаат свои демони…

    Париз, Божик 2021 година

    По срцев удар, Матијас Тајфер се буди во болничка соба. Непозната девојка стои покрај неговиот кревет. Тоа е Луиз Коланж, студентка што доаѓа доброволно да свири виолончело за пациентите.

    Штом дознава дека Матијас е полицаец, бара од него да преземе еден прилично посебен случај. Матијас на почетокот се противи, но, конечно, се согласува да ѝ помогне втурнувајќи ги двајцата во смртоносна спирала.

    Така почнува една извонредна истрага, чијашто тајна лежи во животот што би сакале да го водиме, љубовта што би можеле да ја имаме и местото што сè уште се надеваме дека ќе го најдеме…

    Трескавично, неочекувано, возбудливо, лавиринт од емоции каде што тоа што е сигурно на една страница никогаш не е и на следната.

    240,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вкусот на одмаздата

    Вкусот на одмаздата

    0

    Карл Морк се враќа со најсложениот случај досега!

    Во 1987 година Нет Хермансен планира да им се одмазди на оние што ја малтретирале во младоста. Имено, во Данска во средината на XX век постоело безмилосно движење за казнување на девојките што биле „непослушни“. Во него учествувал и Курт Вад, харизматичен, надалеку познат хирург, кој ги стерилизирал своеглавите девојки.

    Дваесетина години подоцна, детективот Карл Морк има полни раце работа со истрагата за исчезнувањето на Рита, сопственичка на бордел, случај што им го уништил животот на двајца негови колеги. Но тој не се откажува.

    Кога тој и неговите помошници дознаваат дека покрај Рита, исчезнале и многу други луѓе во приближно исто време, трагата води сè поблизу до познатиот хирург Курт Вад. Неговото брутално малтретирање на Нет е само делче од еден поголем и застрашувачки мозаик.

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Патасана

    Патасана

    0

    Археолошко ископување во антички хетитски град во близина на границата со Сирија ќе открие плочи напишани пред 3 000 години. Со нив почнува возбудливата приказна за животот на Патасана, главниот дворски писар, но почнуваат и – убиствата.

    Под раководства на Есра, екипата од археолози ги вадат плочите, кои се најстарите пишани извори на светот и раскажуваат епизоди од животот на Патасана. Наоѓалиштето е на само дваесетина метри од Црниот гроб, кој мештаните го сметаат за свето место. Мудриот старец од селото е убиен, а селаните го толкуваат тоа како проклетство бидејќи се нарушува мирот на Црниот гроб. Во следните денови се случуваат уште две убиства. Капетанот ја почнува својата истрага во која мора да се соочи и со богатата историја на Газиантеп. Точно пред 78 години во оваа област се извршени три слични убиства. Есра смета дека убиецот се одмаздува за тоа, но капетанот Ешреф дека убиствата се дело на терористи.

    Ода за крвавата судбина на овие простори, судбина што не се менува и е натопена во бруталност и љубов.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Слатко сонувај

    Слатко сонувај

    0

    Исчезнувањето на две четиригодишни девојчиња не може да биде заборавено, иако може да остане неразјаснето. Сепак, порано или подоцна, минатото ќе се разбуди.

    Исчезнаа во ист ден. А сега ги оплакуваат на истите гробишта, секоја во својот гроб. Но, нивните сандаци се празни. За да одгатнат како се поврзани овие два случаи, полицискиот инспектор Еверт Гренс и неговиот доушник Пит Хофман мораат да навлезат во најмрачниот од сите светови и да се изборат со најтешката и најужасната задача досега, задача што води до мрачниот свет на вистинските чудовишта – уживатели на детската болка. Се заработуваат милиони од болните страсти на анонимните онлајн клиенти. Детективите треба да ја тргнат маската зад една меѓународна криминална мрежа, но зад маската се кријат уште многу лица.

    А на беспомошните девојчиња итно им треба помош!

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Големата фабрика за зборови

    Големата фабрика за зборови

    0

    Постои земја во која луѓето речиси и не зборуваат. Во таа чудна земја, зборовите мора да се купат и да се проголтаат, за да може да се изговорат. На Филеас итно му се потребни зборови за да може, на убавата Сибел да ѝ го честита роденденот. Но, за сето она што би сакал да ѝ го каже, потребно е цело богатство, а тој нема пари.

    Не се прашуваат само возрасните како да ги изразат своите мисли и чувства. Малиот Филеас е сигурен во својата љубов, но дали неговиот труд ќе му овозможи тоа и да го искаже? Со само неколку збора, бидејќи зборовите се скапи во земјата на „Големата фабрика за зборови“… Ова е книга што говори за љубовта, за желбата, за потрошувачкото општество во кое сѐсе мери низ призмата на парите, за насилството, за нежноста и, што можеби е најважно – во животот едноставно треба да собереме храброст и да се обидеме да го постигнеме она што многу ни значи.

    Сликовницата „Големата фабрика за зборови“ е преведена на повеќе од триесет јазици.

    Книгата е објавена во рамки на проектот Made in Europe: The power of diversity / Создадено во Европа: Моќта на различноста.

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Мутации

    Мутации

    0

    Домашната мува Леон Зумса се буди едно утро и се наоѓа себеси преобразена во „монструозен ‘рбетник“, односно човечко суштество. Лавот од сатирата на Курт Тухолски „Лавот избега!“ мутира во поларна мечка која го истражува хипстерскиот Берлин. Моделот на статуата на Венера од приказната на Проспер Мериме „La Venus d’Ille“ работи како млад роб во „фирма“ која покажува неверојатни паралели со денешниот работен свет. „Анегдотата од последната пруска војна“ (Клајст) е поместена во иднината, каде што последните четири луѓе се борат едни против други. „Повикувањето на големата мечка“ на Ингеборг Бахман е вкрстено со митот за Чулу на Лавкрафт и резултатот е песна што потсетува чудно на Готфрид Бен.

    „Мутации“ се 7 приказни и 1 песна, секоја базирана на класичен текст, од Црвенкапа до Вирџинија Вулф!

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • W

    W

    0

    Игор Штикс е левичарски интелектуалец кој по повеќе од дваесет и пет години се враќа на Јадранот за читањето на тестаментот на Валтер Штиклер, конзервативен француски филозоф кој под неразјаснети околности е убиен во Далмација. Таму ја среќава згодната активистка Теса Симон. Двајцата се запознаваат еден со друг во куќата на Валтер, но ги запознаваат и мистериозната историја за Валтер, кој од левичар од 1968 година станал водечки десничарски мислител, како и неговиот пријател Владимир, највлијателниот лев милитант, зад чиј терористички ракопис секогаш се крие доза иронија и кој продолжува да ги инспирира сите млади бунтовници на денешнината.

    Приказната за Валтер и Владимир се отвора пред Игор и Теса како напнат политички трилер на современата историја на Европа кој нѐ води во сите делови на континентот. За да ги осознаат сите поединости и за да ги откријат тајните, тие двајцата мора да отидат во родниот град на Игор и Валтер, Сараево.

    Најновиот роман на Игор Штикс е книга што буквално не се испушта од раце. Напишана во манирот на најдобрите скандинавски трилери, преполн интриги и пресврти, „W“ ни дава пресек на последните половина век на европската и светска левица, на нејзините борба, падови и застранувања. Овој роман кој во атмосферата потсетува на Пол Остер или Хавиер Серкас никого нема да остави рамнодушен.

    *Книгата е достапна со потпис од авторот. Во коментар за нарачката нагласете доколку сакате да добиете потпишан примерок.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Криво рало

    Криво рало

    0

    Поглед кон животот на потомците на ослободените робови во хациендите од руралниот Бразил.

    Книгата сликовито ги прикажува културата, обичаите, верувањата, како и тесната поврзаност со земјата и природата, но и нееднаквоста и неправдите на кои биле изложени овие луѓе. Нивното освестување за барање на своите права е претставено многу нежно и едноставно, преку приказната за две сестри во хациендата „Црна вода“, Бибијана и една година помалата Белонисија.

    Сè започнува со детска игра во која се случува несреќа со ножот скриен во бабиниот куфер, поради која едната сестра останува нема, а другата се претвора во нејзиниот глас, поврзувајќи се на необичен начин. Со текот на времето, сестрите се оддалечуваат. Белонисија останува, а Бибијана го напушта родителскиот дом, се мажи и станува мајка. Но судбината повторно ќе ги спои во хациендата…

    „Криво рало“ е прекрасна приказна во која мајсторски се спојуваат лириката, магијата и реалноста.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Извор на радост

    Извор на радост

    0

    Афирмации за успех
    (македонски)

    1.250,00 ден
    Прочитај повеќе