-
Список за читање
0490,00 денНезаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие.
-
Мои финансии
0780,00 денСте слушнале ли за инстаграм-профилот Мои финансии? На колкумина од вас лекциите што сте ги нашле на овој профил веќе ви помогнаа да се стекнете со потребното знаење за подобро управување со парите? Сите знаеме дека финансиите во голема мера господарат со нашиот живот. Доколку добро ги раководиме, ќе имаме и многу поголема контрола врз него.
Овој финансиски планер ќе ви помогне да ја остварите таа цел. Во него ќе најдете:
• 12 финансиски лекции
• финансиски цели и стратегии
• планирање на вашите намирници и оброци
• брзо и едноставно создавање на месечен буџет
• табели за следење на дневните и други трошоци
• планови за заштеда и побрза исплата на долгови -
Црниот мачор – раскази за мистеријата
0300,00 денЛуѓето кои мечтаат будни знаат многу нешта што им се измолкнуваат на оние кои сонуваат само ноќе.
Едгар Алан По е еден од првите американски раскажувачи кој се смета за творец на детективската и криминалистичката проза, а му се припишува и заслугата за појавата на научната фантастика. Меѓутоа најпознат е по неговите мрачни приказни што ги истражуваат мистериозните длабочини на човековата психа. Смртта, лудилото, натприродното, со сложени заплети и живописни слики на страв и ужас, заслужено му го носат епитетот „принц на темнината“.
Во оваа книга се вклучени некои од најпознатите раскази на По, почнувајќи од „Маската на црвената смрт“, „Елеонора“, „Падот на куќата Ашерови“…, сè до „Убиствата на улицата Морг“. Таа е безвременска класика задолжителна за сечија библиотека.
Без предрасуди, без сомнеж во своите светови, По успеал да ги издигне своите раскази на ниво на ремек-дела. Вистински бисери во светската книжевност.
-
Ноќи на чума
0890,00 ден„Ноќи на чума“ е долгоочекуваниот роман на Орхан Памук, пишуван пет години (2016-2021). Во него се вешто проткаени историјата и фикцијата, при што на читателот од една страна му се оневозможува да ја најде границата што е вистина, што – не; но од друга страна му носи чудесна возбуда за недобројните лица на многуте можни вистини, во минатото, во сегашноста и во иднината. Во пролетта 1901 година избива епидемија на чума на островот Мингерија, 29. провинција на Османлиското Царство и султанот Абдулхамид ги прака првин главниот здравствен инспектор Бонковски-паша, а потоа и младиот и успешен доктор Нури, за да ја запрат чумата. Вака почнува романот и продолжува со многу писма, љубови, интриги, страдања,.. со многу политика натопена во иронија и пародија. Раскошен, повеќеслоен роман со минуциозно претставување на историјата на еден незнаен остров…
-
Замок-Кафка
0500,00 ден„Замок“ е класика без која не може да се замисли книжевноста на XX век!
Приказната е навидум едноставна – К. на секаков начин се обидува до дојде до одговорните во замокот што управува со селото во кое е дојден да работи како геометар. Но никако не може да стигне дотаму – наместо тоа, наидува на луѓето од селото и ги доживува опскурноста и налудничавоста на нивниот туѓ свет. Сета содржина на ова книжевно ремек-дело може накратко да биде означена како залудни обиди на К. да го најде патот до замокот. Но едноставноста е само привидна. Уметничкиот космос на Кафка, кој се надоврзува на делата на Хофман, Гогољ, Достоевски, Е. А. По, е полн со параболи, сомнибулни ситуации и симболичка многузначност. Тој го маѓепсува читателот и го води во познати, но непрепознатливи предели, скриени во длабочините на нашето скриено „јас“. Со секое ново читање се исцртува нов пат низ лавиринтите на овој космос.
„Замок“ е роман за отуѓувањето, бирократијата и за бесцелните обиди на човекот да се бори против системот и уште едно од брилијантите дела на Кафка.
Оваа книга е прв интегрален превод на македонски јазик што ги содржи оригиналните поговори на Макс Брод и сите отфрлени фрагменти.
-
Војна и љубов
0520,00 ден1917 година, Првата светска војна е во својот зенит кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една забава во Лондон. Таа е срамежлива и талентирана пијанистка; тој е новопечен војник со соништа да стане архитект. Кога ќе се вљубат, тоа е на прв поглед и длабоко, но набргу Џејмс е испратен на полињата на смртта.
Обри Едвардс е исто така упатен накај рововите. Талентираниот музичар кој свирел во Карнеги Хол е член на 15. њујоршка пешадија, афроамерикански полк испратен во Европа да помогне да се стави крај на големата војна. Љубовта е последното нешто што му е на ум. Но, тоа е пред да ја сретне Колет Фурние, белгиска пејачка која веќе преживеала ужасна трагедија од рацете на Германците.
Триесет години откако судбината ќе ги поврзе овие четворица љубовници, грчката божица Афродита им ја раскажува нивната приказна на нејзиниот сопруг Хефест и на нејзиниот љубовник Арес во луксузна хотелска соба на Менхетн во екот на Втората светска војна. Таа бара одговор на вечното прашање: Зошто Љубовта и Војната секогаш се привлекуваат една со друга? Но, нејзината потрага по заклучок што ќе го задоволи нејзиниот љубоморен сопруг, открива повеќеслојна приказна за предрасуди, трауми и музика и открива дека ниту Војната не може да ù застане на патот на вистинската Љубов.
-
Завршете со позитивна нула
0360,00 денЗамислете си како би било, пред да го напуштите светов, само да правите сé што некој друг ви кажал. Сте работеле напорно, сте штеделе и со нетрпение сте ја очекувале финансиската слобода што доаѓа со пензионирањето.
Единственото нешто што сте го потрошиле по пат бил..вашиот живот.
Завршете со позитивна нула претставува една изненадувачки нова и провокативна филозофија, како и практичен водич за тоа како да го извлечете максимумот од вашите пари – и од вашиот живот. Наменета е за оние што сакаат да доживеат незаборавни искуства многу пред, едноставно, само да заработуваат и да акумулираат пари за таканаречените Златни години.
Бил Перкинс сака да ве спаси од прекумерно штедење и од тоа само преживувањето да му го преземе местото на живеењето. Без оглед на вашата возраст, Завршете со позитивна нула ќе ви покаже, чекор по чекор, како да си го оптимизирате животот така за да уживате во она за што работите и штедите.
-
-
Совпаѓање
0490,00 денВајлди порасна не знаејќи ништо за неговата фамилија, уште помалку за неговиот сопствен идентитет. Сè што знае е дека, како малечко момче, бил пронајден како живее дивјачки живот во планините Рамапо во Њу Џерси. Тој стана познат како момчето од шумата. Сега истражува на генеалошка интернет-страница. Ја внесува неговата ДНК. 100% совпаѓање. Неговиот татко. Се среќаваат, и тој сфаќа дека татко му не знаел дека има син. Тоа не го обесхрабрува да продолжи да бара членови од неговата фамилија, но се вплеткува во заедница на онлајн-доксери, тајна група која разоткрива анонимни тролови. Кога доксерите еден по еден умираат, станува јасно дека се мета на сериски убиец – и дека следната жртва би можел да биде самиот Вајлди… „Совпаѓање“ е продолжение на хит-трилерот на Харлан Кобен, „Момчето од шумата“. Со фасцинантни портрети на ликовите и експлозивна акција, Кобен создава привлечен и непредвидлив трилер, кој е возбудливо „возење“ и во реалниот и во виртуелниот свет.
-
Знакот на четворицата
0300,00 денНАЈПОЗНАТИОТ ДЕТЕКТИВ НА СИТЕ ВРЕМИЊА
Холмс и неговиот придружник д-р Вотсон откриваат скриено богатство и убиство.
Госпоѓица Мери Морстан пристигнува на улица „Бејкер“ 221б, за да побара помош за мистеријата на нејзиниот исчезнат татко, накитот што го добива од анонимен испраќач, како и за едно писмо во кое од неа се бара да се сретне со непознато лице таа вечер. Шерлок го прифаќа случајот и авантурата почнува. Оригинално објавена во 1890 година, втората приказна за Шерлок Холмс е класичен детективски роман и предвесник на жанрот кој е толку сеприсутен во моментов.
„Вториот роман во серијата за Шерлок Холмс е можност да откриете повеќе за познатиот детектив од улицата „Бејкер“ и за неговите придружници, а и да го следите развојот на уште една мистерија. Во неа има заплети и пресврти и, како што е вообичаено за мистерија во која е вклучен Холмс, дел од нив навистина ќе ве изненадат.“ – Гардијан
„За оние кои сакаат загадочна приказна која завршува со тоа што виновникот ги објаснува своите постапки, начинот на извршување и мотивацијата, книгата навистина ќе ви се допадне.“ – Ен Логан, книжевен рецензент
„Забавна и мелодраматична, оваа кратка мистерија кулминира со епската ноќна брканица со бродови по Темза. Не смее да се пропушти!“ – Семи Кокс, автор и блогер
-
Ќерката на трговецот со свила
0500,00 денНезаборавна приказна за една жена растргната помеѓу два света…
Француска Индокина, 1952 година. Кога Никол, полу-Французинка, полу-Виетнамка, ќе наполни осумнаесет години, нејзината мајка умира и татко ѝ ѝ препушта да се грижи за одамна затворената продавница за свила во Ханој. Но нејзината сестра Силви е таа што ќе го преземе управувањето со големиот семеен бизнис. Погодена од оваа неправда, почнува да ги чувствува и неправдите на колонијалната власт кон Виетнамците.
Додека бунтовниците со сите расположливи средства се обидуваат да стават крај на владеењето на Французите, Никол е на крстопат помеѓу Тран, озлогласен виетнамски бунтовник што ѝ нуди совршено бегство од неволите, и Марк, шармантниот американски трговец и маж за каков што отсекогаш сонувала. Исправена пред големите одлуки, животот ќе ѝ тргне во неочекуван правец…
Магична повест за мрачните тајни, сестринското ривалство и страсната љубов, сместена во колонијалната ера на Далечниот Исток.
Од бестселер-авторката на МИРИСОТ НА ЛИСТОВИТЕ ЧАЈ
-
Кери Сото се врати
0490,00 денКери Сото е бестрашна и нејзината посветеност да победи по секоја цена не ја прави ниту малку популарна. Во моментот кога ќе се повлече од тенисот, таа е најдобрата тенисерка што ја видел светот. Таа го постави секој можен рекорд и освои дваесет грен-слем титули. Жртвуваше речиси сè за да стане најдобра, со помош на нејзиниот татко, Хавиер, како нејзин тренер. И самиот поранешен шампион, Хавиер ја тренирал уште од двегодишна возраст. Но, шест години по повлекувањето, во 1994 година, Кери седи на трибините на Отвореното првенство на САД и гледа како нејзиниот рекорд го соборува извонредната тенисерка Ники Чен. На 37 години, Кери решава да се врати и со помош на нејзиниот татко да го собори рекордот на Чен. И покрај тоа што на медиумите никогаш не им се допаѓала „Борбената секира“. И покрај тоа што нејзиното тело не се движи како порано. Па, дури и ако тоа значи да си ја проголта гордоста и да тренира со човекот кому еднаш му го отвори срцето: Боу Хантли.
-
48 закони на моќта
0450,00 денТој што сака секогаш и во сите ситуации да биде добар, ќе пропадне меѓу другите што не се добри.
Провокативна и контроверзна, „48 закони на моќта“ отворено зборува за мрачните страни на човековото однесување и неговата желба за моќ, што ја прави актуелна особено во денешно време.
Некои нејзини закони нѐ учат за скромноста, други за таинственоста, а некои нѐ упатуваат на бескомпромисно извлекување лична полза. Независно од моралните забелешки до кои може да се дојде, тие закони се сосем реални и видливи во нашето секојдневие. Целта на оваа книга не е да се прикаже начинот на стекнување моќ туку, напротив, да се научиме да ги препознаваме туѓите обиди за завладување на нашиот живот.
Возбудлива и богата со вистински историски настани и ликови, првпат објавена во 1998 година, ова е книга за принципите и стратегиите што луѓето отсекогаш ги користеле за стекнување и одржување на власта во различни контексти, од политика и бизнис до личните односи. Водич со непроценливи увиди за меѓучовечките односи, за манипулацијата и општественото влијание, кои можат да се применат за лично и за професионално растење и напредување.
-
Бризбејн
0400,00 денЕвгениј Водолазкин во својот нов роман ја продолжува приказната за јунаците (исто како и во „Лавр“ или во „Авијатичарот“) чија судбина – како во античките трагедии – наеднаш и веднаш се менува.
Глеб Јановски е музичар, виртуоз што на врвот од својата слава ја губи можноста да настапува поради болест и се обидува да најде нова смисла на својот живот, нова потпорна точка. Во тоа му помага минатото: се обидува да ги собере заедно сеќавањата од детството во Киев, од младоста во Ленинград, од сегашноста во Минхен. Само Бризбејн го нема меѓу тие животни патешествија. Дали воопшто постои таков град? Или тоа е само илузија, мечта, утописки идеал?
Романот е прогласен за Книга на годината во Русија за 2019 година.
-
Неточка Незванова
0350,00 денСо мајсторски стил и длабоко чувство за човековата душа, Достоевски го внесува читателот во најскришните мисли на девојчето кое неусетно се претвора во девојка.
Во форма на лична исповед, приказната ни ги открива премрежјата на Неточка Незванова. Од најмала возраст таа е принудена да ја запознае сиромаштијата, да ја поднесе смртта на мајка си и да биде напуштена од татко си. Нејзиното детство го минува во сенката на очувот Ефимов, пропаднат музичар кој смета дека е занемарен гениј и кој на чуден начин ја привлекува. Но од овој пијаница не може да се очекува друго освен да ја искористи и да ја доведе до пропаст. Кога ќе биде спасена од страна на една аристократска фамилија, Неточка се одлучува од остане аутсајдер – осамен набљудувач на блескавото општество. Почетокот на единствениот незавршен роман на Достоевски е објавен пред да биде уапсен и депортиран во Сибир под сомнеж за револуционерни активности. По десет години минати таму, и по враќањето во Санкт Петербург, не продолжува со работата над овој важен текст во кој ги прикажува страдањето, осаменоста, лудилото и гревовите кои не одминуваат никого. Романот ги содржи темите кои доминираат и во подоцнежните дела на рускиот класик.Раскажувајќи ни ја приказната за една фамилија и настаните поврзани околу истата преку ликот на малата Неточка: преселбата од Санкт Петербург во Москва во куќата на Александра Михајловна, едно неочекувано убиство, необичното пријателство со кнегинката Катја, смртта на нејзиниот очув, како и откривањето на тајно писмо, Достоевски во својот недовршен роман Неточка Незванова ја акцентира темата на страдањето на децата, интересите и предизвиците при нивното соочување со општеството во кое живеат. Неточка Незванова раскажува за своето детство во сенката на очувот, Ефимов, пропаднат музичар кој смета дека е занемарен гениј. Младата девојка на чуден начин ја привлекува овој пропаднат пијаница, кој ја искористува и го доведува семејството во крајна сиромаштија. Но кога ќе биде спасена од страна на една аристократска фамилија, деликатната психа на злоставената Неточка се одлучува од остане аутсајдер – осамен набљудувач на блексавото општество. Со приказот на страдањето, самотијата, лудилото и гревовите што ги погодуваат и богатите и сиромашните, ги содржи темите кои доминираат и во неговите подоцнежни романи.
-
Белегот на сите нешта
0650,00 денВеличествен, опсежен роман за желбата, амбицијата и жедта за знаење.
Вметнувајќи го својот уникатен глас во волшебна приказна за љубов, авантури и откритија, Елизабет Гилберт го опфаќа периодот од XVIII и XIX век. Романот ја следи судбината на необичното семејство Витакер, на чело со бизнисменот Хенри, Англичанец од сиромашно потекло, кој стекнува огромно богатство во Јужна Америка благодарение на трговијата со кинин и на крајот станува најбогатиот човек во Филаделфија. Неговата ќерка Алма, родена во 1800 година, покрај парите, ја наследува и татковата интелигенција, па станува надарена ботаничарка. Како што истражувањата ја водат кон длабоките мистерии на еволуцијата, таа се вљубува во Амброуз Пајк, човек што слика неповторливи орхидеи и ја одвлекува во свет поразличен од нејзиниот – свет на духовното, божественото и магичното. Алма е трезвен научник, Амброуз уметник на утопија – но тоа што го обединува овој необичен пар е очајната желба да сфатат како функционира светот.
Извонредно истражен и раскажан со галопирачко темпо, романот нè води низ целиот свет – од Лондон до Перу, Филаделфија, Тахити, Амстердам… Напишана со смел, предизвикувачки дух на тоа време, мудрата, промислена и волшебна приказна на Гилберт со сигурност ќе ги освои срцата и умовите на читателите.