-
Што се случи со Исидора
0390,00 денПо смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера, нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отварање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и на Исидора не им преостанува ништо друго освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар.
-
Сонцето под земја, кралството над него
0450,00 денДлабоко под земја лежи второто сонце, елша. Елшата е магична материја која со векови ги хранела Сончевите кралеви, давајќи им натприродна сила. Но не повеќе. Некои не ни веруваат дека некогаш тоа било вистина.
Сега поважно е пророштвото – пророштвото кое вели дека Сончевото кралство ќе згасне засекогаш. Неизбежноста на судбината ја засенува кралската фамилија. Затоа, принц Марко, Токиј Токмакот – џинот кој не е џин, Неда – главата на Зраците, и Ѕвездан – oвчарот од Поток, мораат да го најдат Неродениот од жена, да го уништат пред тој да збрише сè.
Но, на Сончевото кралство му се закануваат и други опасности. Стариот крал е решен да ги сече врските со господарот од подземјето, а Копачите, на чело со командантот Драгор, сејат раздор и ерес по срцата на народот. Браќа и сестри ќе посегнат по зло од завист, кој со оружје, кој со магија – сите барајќи си го своето.
Херои не можат да постојат, не во оваа земја. Oваа земја плаче за крв, а сонцето под земја ќе го нахрани победникот – некој ќе го отруе, некој ќе го зацари.ф
-
Резерва
0590,00 денТоа беше една од највпечатливите фотографии на 20 век: две момчиња, двајца принцови, чекорат зад ковчегот на нивната мајка додека светот гледа со тага – и со ужас. Додека траеше погребот на принцезата Дијана, милијарди луѓе се прашуваа што мислат и што чувствуваат принцот Вилијам и принцот Хари – и како ќе се одвиваат нивните животи од тој момент понатаму.
За Хари, ова е конечно таа приказна.
Пред да ја изгуби мајка му, дванаесетгодишниот Хари беше познат како безгрижната и среќна Резерва на многу посериозниот Наследник. Тагата промени сè.
Се бореше на училиште, се бореше со гневот и осаменоста – и бидејќи го обвини печатот за смртта на неговата мајка, се бореше да го прифати животот во центарот на вниманието.
На 21 година се приклучи на британската армија. Дисциплината му даде структура, двете учества во борбени дејства го направија херој дома. Но, наскоро ќе се почувствува поизгубен од кога и да е, ќе страда од посттрауматски стрес и панични напади. Згора на тоа, не може да ја најде вистинската љубов.
Потоа ја запознава Меган. Светот беше обземен од филмската романса на двојката и се радуваше на нивната бајковита свадба. Но, уште на почетокот, Хари и Меган беа жртви на новинарите, подложни на бранови злоупотреби, расизам и лаги. Гледајќи го страдањето на сопругата, ризиците по нивната безбедност и ментално здравје, Хари не виде друг излез за спречување на трагедијата од историјата што се повторува освен да ја напушти родната земја. Низ вековите, напуштањето на кралското семејство било нешто на кое само неколкумина се осмелиле. Последната која се обиде е всушност неговата мајка…
По првпат, Хари ја раскажува неговата приказна со сурова и непоколеблива искреност. Оваа исклучителна книга ни дава увид во откровенијата, самоиспитувањето и тешко стекнатата мудрост за вечната моќ на љубовта над тагата.
-
Кога веруваме во сирени
0500,00 денСрцето може буквално да боли, не метафорично – од тежината на споменот, копнежот и бесот
Пред многу години, Џоузи е убиена во терористички напад во воз во Франција. Барем така мисли сестра ѝ Кит, докторка во Санта Круз, која со години се обидува да се помири со трагичната судбина на Џоузи. Но сета насобрана тага прераснува во збунетост и гнев во мигот кога ја здогледува на телевизија. Гледајќи вести од некој ноќен клуб во Нов Зеланд во кој се случил пожар, таа згогледува една жена која излегува од чадот и рушевините. Сличноста е неверојатна и непогрешлива.
Тајните што долго време биле закопани испливуваат на брегот, каде што ги чека нова бура. Можно ли е да е жива? Ако е така, зошто не се јавила? Зошто посакала да води друг живот додека сите ја сметаат за мртва?
Во потрага по одговори, Кит заминува за Нов Зеланд. Повторната средба на сестрите значи откривање на долго чуваните тајни и соочување со вистината што ги држела одвоени. „Кога верував во сирени“ е роман кој нè потсетува дека некои врски, особено семејните, колку и да се болни и тешки, сепак се нераскинливи.
„Емотивна приказна за поврзаноста на две сестри и неможноста да се соочат со болната вистина.“
Тудеј
-
Четири илјади седмици
0390,00 денПросечниот човечки животен век е апсурдно, навредливо кус. Под претпоставка дека ќе доживеете 80 години, имате само околу 4.000 седмици.
Никој не треба да каже дека нема доволно време. Опседнати сме со списоците на задачи што треба да ги завршиме, а кои постојано се зголемуваат, со преполните електронски сандачиња, рамнотежата работа-приватен живот и постојаната битка со дистракции; преплавени сме со совети како да станеме попродуктивни и поефикасни со разни „трикови“ со цел да ги оптимизираме нашите денови. Но, ваквите техники често само ги влошуваат работите. Чувството на анксиозност станува поинтензивно и најзначајните работи во животот изгледа дека се зад хоризонтот. И покрај тоа, ние ретко ја поврзуваме секојдневната борба со времето со крајниот проблем на управување со него: предизвикот како најдобро да ги искористиме нашите 4.000 седмици.
Потпирајќи се на увидите и на античките и на современите филозофи, психолози и духовни учители, Оливер Буркеман ни нуди забавен, хумористичен, практичен и длабок водич за времето и управувањето со времето. Отфрлајќи ја залудната модерна фиксација „да се заврши сè“, книгата „Четири илјади седмици“ ги запознава читателите со алатки за градење на значаен живот со прифаќање на конечноста, покажувајќи колку од бескорисните начини до кои сме дошле размислувајќи за времето не се неизбежни, непроменливи вистини, туку избори што сме ги направиле како поединци и како општество – и дека можеме да ги правиме работите поинаку.
-
Диво месо
0200,00 денДиво месо е ненадминато ремек-дело на нашата драмска книжевност која и по 44 години од создавањето не губи од својата актуелност. Зашто ние и денес говориме за глобалното, капиларно и невидливо продирање на корпоративниот и либерален капитализам, за бришење на малите култури, за уништување на традиционалните семејни вредности и на семејствата воопшто.
Стилски и занаетчиски совршена, пиесата се одликува со кратки реплики, остри како брич, кои се помнат и зариваат во свеста и потсвеста. „Ќе има војна“, вели Димитрија на почетокот. Марија одговара исто така лаконски: „Доста беше и ваков мир“. Во две кратки реченици е даден цел есеј за лажните вредности. Лажен мир е полош од вистинска војна, гласи поентата на тој есеј, која читателот/гледачот на претставата треба сам да си ја изведе во свеста.
Сè на сè, оваа пиеса е врвот на нашиот драмски пантеон, а нејзиниот автор Горан Стефановски (1952 – 2018) е еден од неговите темелници и столб на македонскиот современ театар. Кој не ја прочитал или не ја гледал на сцена – тој како да не живеел за книжевноста и театарот.
-
Остров на тишината
0400,00 денПредизвик за љубителите на авантуристични приказни – неизвесност зачинета со летна романса.
Четворица туристи од Франција и од Англија учествуваат во предизвик што го прочитале преку социјалните медиуми. Не ги слушаат предупредувањата на старицата од пансионот чиј покоен сопруг бил еден од стражарите на „забранетиот град“ во времето кога се случило нешто за кое се молчи. „Градот не смее да се вознемирува“, ги советува таа. Некој од туристите смета дека се работи само за суеверие, друг прифаќа да оди надгласан од групата, трет живее за авантура, иако не се познаваат добро меѓу себе.
Островот Сазан во близина на Валона е популарна туристичка дестинација, опкружен со тиркизни води и уникатна плажа и познат по сочуваниот напуштен град, целосно забранет за пристап до 2015 година, а сега достапен единствено за организирани краткотрајни посети.
Напуштениот град можеби и не е напуштен… која е тајната на „Островот на тишината“?
-
Клара и сонцето
0500,00 денСонцето секогаш наоѓа начин да допре до нас.
Од авторот на „Никогаш не оставај ме“ и „На крајот од денот“ – прва книга на Казуо Ишигуро по добивањето на Нобеловата награда за литература, фасцинантно дело за чудесната и мистериозна природа на човековото срце.
Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишигуро се нарекува ВП, вештачки пријател – човеколик робот кој родителите им го купуваат на децата за да им овозможат друштво и поддршка. Хранејќи се со сончевите зраци во излогот на продавницата, набљудувајќи ги луѓето и сѐ повеќе разбирајќи ги нивните чувства, Клара надежно чека некој да ја вдоми.
Во мигот кога четиринаесетгодишната Џози решава токму Клара да биде нејзина пријателка, односот меѓу роботот и човекот добива друга димензија, а книгата станува преиспитување на емоциите. „Клара и сонцето“ е возбудлива книга со специфичен наратор, која ни овозможува од поинаков агол да проникнеме во едно од суштинските прашања на постоењето: што значи да се сака?
„Нежна, но вознемирувачка приказна натопена со тага и надеж.“
Вашингтон пост
„Богатиот внатрешен свет на протагонистите на Ишигуро е носител на една голема порака, исто како и тивките и остроумни преиспитувања за човечката природа приземјени со возвишената сила на Клара… Оваа книга е слоевита синтеза од жанрови што навистина маѓепсува.“
Паблишерс викли
-
Пеколен меден месец
0400,00 денВо науката го нарекуваат енергија. Во религијата – верба. Лаички е ‚‚вајб‘‘ или атмосфера. Шесто сетило. Гатачите го декларираат како претчувство. Уметниците – спиритуалност. Не знам како е правилно, знам дека постои. И дека треба да му се верува.
Бен, млад, луд, со апетит за авантура, сосема случајно и неочекувано ја запознава Кејти – нежна, емотивна, склона кон романтизирање на животот. Љубовта го наоѓа својот пат и ги спојува двајцата млади луѓе. Бен и Кејти се заљубуваат. Онака – вистински, исконски, неприкосновено. Набрзо стапуваат во брак. А што следува потоа? Секако дека меден месец. Одлучуваат да одат во Монтана, САД.
Но што може да тргне по зло?
Монтана е прекрасна. Воодушевувачки пејзажи, божествена природа, фини луѓе. Уникатни флора и фауна. Рај за очи, спокој за душа. Дабри кои ги градат своите брани, лосови кои пијат вода од бистрите реки, орли летаат високо во небото, раскошни шуми со секакви растенија, од црвен берберис до канадско гиломо…
И сеприсутно чувство на несигурност. Нешто необјасниво. Нешто што Бен и Кејти го чувствуваат, но не можат да си го објаснат. Мистериозна шума. Приказни за лудак кој избегал од лудница. Злокобен ресорт, фарма, имот…? Нешто непознато и одделено од тамошната цивилизација.
Бен и Кејти во Монтана се среќаваат со најстрашното нешто на кое некогаш се осудило човештвото.
-
Е, баш ме заболе : дневник
0360,00 денОд авторот на најпродаваните книги од популарната психологија кај нас, „Е, баш ме заболе: суптилна уметност на живеењето или како да не ти е гајле за неважните нешта“ и „Сè е за*бано – книга за надежта“, ни доаѓа интерактивен дневник замислен како дополнување на неговите книги. Со сета острина на изразите на Марк Менсон и неповторливиот глас што јасно ви дава на знаење што е „обесување“, а што искрен говор, овој дневник не е дополнителна обврска „еднаш дневно“ или „еднаш неделно“. Можете да го користите кога и да посакате, во ритам што ви одговара вам. А можете и да си кажете: Е, баш ме заболе, и да го оставите некое време, па да му се навратите кога ќе ви текне. Дневникот е поделен во пет поглавја што ги изразуваат главните теми на книгата „Е, баш ме заболе“ и ви дава практични насоки како да ги разрешите најдлабоките прашања за емоциите што ве опседнуваат, вредностите за кои се борите, но и целите поради кои го правите сето тоа.
-
Станот во Париз
0490,00 денЕден станар исчезнува. Клучот е кај друг станар… Добре дојдовте во Ру Дез Амон, бр. 12. Преубав станбен блок, длабоко во споредните улици на Монмартр. Место со извиени скали, заклучени соби, будни очи од секој прозорец. Место на кое никој не пропушта ништо и секој нешто крие. Место на убиство. Внимателна настојничка Презрена љубовница Љубопитен новинар Наивна студентка Добар тип Несакана гостинка Загатката е заклучена зад вратата од станот број 3. Кој го има клучот на решението?
-
Вселена: мојата џиновска книга со основни факти за нашиот универзум
01.090,00 денШто се содржи вселената?Универзумот е многу повеќе од ѕвезди,планети и сателити.Некој од тие нешта имаат многу важно влијание врз вселената и на животот на нашата планета!Други,пак,се фасцинантни сами по себе. Доколку сакаш да си го збогатиш знаењето за вселената и да дознаеш некои факти што не се толку познати,а се клучни,тогаш оваа книга е за тебе!
-
Балерини
0350,00 денРоман за контроверзите на образованието и практиката на класичната балетска уметност.
Базирана врз лично искуство, приказната се развива околу школувањето на млада девојка на балетски конзерваториум во Прага во 1990-тите години. Осамостојувањето на рана возраст, предизвиците на големиот град, жртвите за посакуваниот идеал, постојаниот физички и ментален напор, строгата и непотполна едукација, секојдневните прегладнувања, дрогите и алкохолот… Се покажува дека возвишената балетска игра има потресна позадина.
Раскрвавени стапала, вкалапување на телото во точно пропишани размери, губење на индивидуалноста, честопати и изневерување на идеалите, куси и недоволно успешни кариери, многу разочарувања, па и самоубиства… Приказната е раскажана непретенциозно, со иронија и горка смеа, со еден воздржан, но продорен револт: дали навистина мора да биде така?
Појавата на оваа книга предизвикала сериозни дебати во балетскиот свет во Чешка и побудила контрадикторни реакции кај читателската публика: некои ја осудуваат за оцрнување на класичниот балет, а други ја доживуваат како поттик за сериозно преосмислување на практикувањето на оваа уметност.
-
Малото змејче
0350,00 денУште десет минути до спиење, а малите змејчиња Оги и Искра
сè уште не се подготвени да заспијат!
Придружете им се додека летаат низ небото во потрага по авантура и
истовремено ги бројат минутите до времето за заспивање.
Од најпродаваната едиција на сликовници што на совршен
начин им помагаат на децата да се подготват и да стекнат навика
навреме да легнуваат во кревет и полесно да заспијат. -
Возбудливи времиња
0450,00 денКамо да знаев како е да се биде слободен.
Роман за неверојатната слобода и големата несигурност што таа ја носи со себе. Сурово искрената приказна на една повлечена девојка ни ги доловува личните, професионални и љубовни недоумици на младите во потрага по своето место во светот.
Не можејќи да се помири со ситуацијата што владее во нејзината родна Ирска, Ејва одлучува да си ја најде среќата во Хонгконг. Тука деновите ги минува предавајќи им англиски на богати дечиња, а ноќите избегнувајќи ги зајадливите цимерки во малото станче. Низ најразлични размисли, таа постепено ни ги открива својот карактер, борбата со ниската самодоверба и храбрите политички ставови.
Набрзо во нејзиниот живот ќе се појават две значајни личности. Благодарение на искуствата од двете сосем различни љубовни приказни, таа го открива патот за закрепнување од самоомразата. Пријателството со Џулијан и Идит ќе ја стави на значаен животен крстопат. Кој пат ќе го избере нејзиниот ум, а кој срцето?
-
Америка-Кафка
0400,00 денПрвиот и веројатно најведар роман на Кафка ја раскажува приказната за седумнаесетгодишниот Карл Росман, кој по една засрамувачка сексуална авантура со слугинката е „спакуван за Америка“ од страна на родителите. Очекувајќи да се искупи себеси во оваа „магична земја на можности“, младиот Карл е занесен од изобличени настани и вртоглави авантури.
Кафка никогаш ја немал посетено Америка и уште од првите страници на книгата очигледно е дека не му било целта да даде некаква реална претстава за неа. Слики од имагинарни пејзажи, злокобни опасности, безизлезни ситуации, постојани неправди и гротескни тензии меѓу ликовите го карактеризираат овој генијален роман.
„Америка“ е зачудувачки модерна и визионерска пародија за континентот што буди најразлични асоцијации и чувства, но и многу повеќе од тоа.