-
Проклета авлија
0250,00 денПриказната е сместена во XIX век, во дворот, „авлијата“, на еден затвор во Цариград, познат по своите тешки правила и услови.
Фра Петар е црковно лице од Босна кое е во затвор поради неправедна пресуда. Чекајќи да биде ослободен, тој се сретнува со најразлични затвореници, а секој носи инаква трагична судбина.
Фра Петар ги става случувањата од затворскиот живот како во рамка, навлегувајќи во низа поединечни судбини на луѓето што таму ги сретнува, а преку чии животни приказни се запознаваме со многу нијанси од општествениот живот, како во тековниот миг така и од поблиското и подалечното минато на Цариград и на Отоманското Царство воопшто. При тоа се осветлува апсурдноста што произлегува од бездушноста и неукоста на администрацијата на една империја во својот залез, чии жртви често се и невините.Начинот на структурирање е приказна во приказна, а делото претставува мајсторски урамнотежена целина. Андриќ умешно го користи затворот како метафора за опсесијата и животот на обичниот човек, кој има непредвидлив тек кога се наоѓа под авторитарна власт.
-
ЛЕСНИОТ НАЧИН ДА ПРЕСТАНЕШ СО ПУШЕЊЕ
0450,00 денСекој може да се фати во замката на зависноста. И секој може исто толку лесно да се ослободи од неа.
Зависноста е самотно место. Кога ја отстрануваш од своите навики, не се „откажуваш“ од ништо. Откажувањето подразбира некаква загуба. Во овој случај, ти имаш само придобивки.
Научи како да имаш целосна контрола врз својот живот. Потребен ти е само лесниот метод на откажување – не само од пушењето туку и од сите негативни навики што му штетат на твоето здравје. Алкохолот, долговите, коцкањето, рафинираниот шеќер… сè што создава зависност.
Ален Кар бил страстен пушач повеќе од 30 години. Во 1983 година, по многу неуспешни обиди, престанал да пуши без никаква мака, без употреба на цврста волја и без да се здебели. Така го открил лесниот начин за откажување од пушењето и почнал да го шири низ целиот свет претворајќи го во своја мисија. Тој го разоткрива митот дека пушачите уживаат во пушењето, дека тоа е личен избор, дека ослободува од стрес и опушта. Тој ни покажува што точно стои зад сето тоа – вистинските причини поради кои луѓето почнуваат да пушат и не престануваат, како и јасен метод за брзо и безболно откажување.
Објавена на 40 јазици и продадена во над 14 милиони примероци, оваа книга е светски бестселер токму заради нејзината моќ. Зошто да не ја примениш и ти?
„Поинаков пристап за загарантиран успех.“
„Сан“
„Оваа книга е просветлувањето што ме ослободи од зависностите.“
Ентони Хопкинс
-
Париската ќерка
0520,00 денПриказна за две мајки кои ќе мора да донесат незамисливи одлуки пред налетот на нацистичката окупација.
Париз, 1939: Елис и Џулиет се запознаваат во паркот Булоњската шума и стануваат неразделни пријателки. На нивната среќа и нема крај, бидејќи и двете набрзо ќе станат мајки. Но, ветриштата на војната навестуваат дека нивните животи набрзо ќе бидат неповратно променети.
Кога Елис станува мета на нацистите, таа ù го доверува на Џулиет најскапоценото нешто во нејзиниот живот – нејзината ќеркичка. Но, никаде не е безбедно во војна, дури ни во малата тивка книжарница на Џулиет која станува цел на неколку бомбардирања. Светот на Џулиет е уништен заедно со неа.
По завршувањето на војната, Елис се враќа назад очекувајќи дека конечно ќе ја види својата ќерка, но наоѓа само урнатини, а Џулиет заедно со нејзиното семејство се исчезнати.
Што се случи со ќерката на Елис во тие последни, ужасни моменти? Каде исчезна Џулиет без трага, носејќи ги со себе сите одговори? Очајната потрага ја води Елис во Њујорк и до Џулиет.
-
Тоа што го бараш, ќе го најдеш во библиотекатa
0380,00 денЧитателите сами си создаваат лични врски со зборовите, без разлика што сакал да каже авторот, и притоа добиваат нешто скапоцено.
Што барате? Тоа прашање секојдневно го поставува таинствената библиотекарка во Токио, Сајури Комачи. Како и повеќето библиотекари, таа ја има прочитано секоја книга што спокојно чека на полиците да промени нечиј живот. Но Комачи има и друга необична дарба – да ги чита душите на нејзините посетители и според тоа да им ја препорача вистинската книга.
Разговорите што ги водат читателите со библиотекарката, и книгата што таа ќе им ја даде, носи сериозни последици врз нивниот живот. Ние мислиме дека ги избираме книгите, но всушност, тие нè наоѓаат нас.
Секој што ќе влезе во библиотеката се труди да оствари некој сон, исто како секој од нас. Сега оваа книга те наоѓа тебе. Ти ги подава рацете и е вистинската што ти треба во овој миг. Таа знае дека она што го бараш ќе го најдеш на нејзините страници. Со благозвучен шарм и мудрост, оваа книга е доказ за магичната моќ на библиотеките, пријателството и живеењето во заедница. Таа е совршена за секој што заглавил во ќор-сокак во животот и му треба малку ѕвездеста прашина за инспирација.
„Восхитувачки, нежен спој на приказни кои носат надеж и радост за сите кои се наоѓаат во некој пресвртен момент во животот.“
Киркус ривју -
Остварете ги своите натприродни потенцијали
0580,00 денВо својата нова книга, д-р Џо Диспенца ги спојува квантната наука и древната мудрост за да ни покаже дека секој од нас може да доживее мистично искуство и да ги разбуди своите потенцијали до невидени нивоа. Врз основа на многубројни научни истражувања и сведоштва на обични луѓе што доживеале неверојатни искуства во својот живот, д-р Диспенца нѐ учи како да се споиме со фреквенцијата на единствената, универзална свест, како да ги поттикнеме и да ги урамнотежиме нашите осум енергетски центри, како да се ослободиме од минатото усогласувајќи го телото со новиот ум и како да креираме нова реалност менувајќи ја енергијата во сегашниот момент. Оваа книга е програма што ни овозможува да исчекориме од физичкиот свет и да влеземе во квантното поле на неограничени можности – во кое можеме да станеме кој било и да оствариме нешто чудесно.
-
ВО ПРЕЧКАТА Е ПАТОТ: Безвремената уметност на претворање тешкотии во триумфи
0450,00 денЛесна, практична и забавна збирка стоички идеи и нивна примена во современиот свет.
Препреките не треба да ги сфаќаме само како пречки на патот: тие така можат да бидат и извор на инспирација. Со едноставна промена на ставот, она што изгледа како непремостлива бариера може да стане можност што се добива еднаш во животот. Оваа книга ја открива формулата како да ги претвориме слабостите во предности, а тешкотиите во триумф.
Перикле, Стив Џобс, Томас Едисон, Амелија Ерхарт, Махатма Ганди, Барак Обама, Рокфелер и многумина други, не биле генијалци, исклучително среќни или надарени луѓе, туку нивниот успех потекнува од стоичката филозофија на римскиот император Марк Аврелиј. Она што стои на патот е патот, односно пречките во дејствувањето го стимулираат дејствувањето.
Ако се чувствувате демотивирано, фрустрирано, или разочарано, оваа книга ќе ви помогне да ги претворите проблемите во предности преку инспиративните вистини на луѓето кои се потпирале врз формулата за успех што првпат се открива во целост и што ви помага да му ја покажете на светот вашата храброст, извлекувајќи победа од секоја битка.
-
Незаробената душа: Патување отаде границите на сопственото битие
0450,00 денКако би изгледало кога би можеле да се ослободите од ограничувањата и да се извишите над своите граници? Што можете да сторите секој ден за да дојдете до внатрешен мир и спокој? „Незаробената душа“ нуди едноставни, а сепак длабоки одговори на овие прашања.
Сеедно дали сега за првпат го истражувате сопствениот внатрешен простор или целиот живот сте го посветиле на патувањето низ својата внатрешност, оваа книга ќе ви го преобрази односот со себеси и со светот околу вас. Ќе откриете што е она кое можете да го сторите за да им ставите крај на сите вообичаени мисли и емоции кои ви ја ограничуваат свеста.
Користејќи ги традициите на медитирање и на апсолутно концентрирање, авторот и духовен учител Мајкл А. Сингер ни покажува како развивањето на свеста може да ни овозможи да се задржуваме во сегашниов миг, а притоа да ги пуштиме од себе мислите и сеќавањата полни болка кои нè спречуваат да постигнеме среќа и да се реализираме себеси.
Издадена во соработка со Институтот за ноетички науки (ИОНС), „Незробената душа“ почнува така што чекор по чекор ви ја објаснува релацијата што ја имате со сопствените мисли и емоции и ви помага да ги откриете изворот и флуктуирањата на вашата внатрешна енергија. Понатаму, книгата се задлабочува во она кое можете самите да го сторите за да се ослободите од вообичаените мисли, емоции и модели на лична енергија што ви ја ограничуваат свеста. На крај, со совршена јасност, книгата ви ја отвора вратата кон живеењето со слобода за вашето најдлабоко битие.
-
Сè што правиме во мракот
0500,00 денПарис Пералта е осомничена дека го убила својот славен сопруг, а нејзиното минато што долго време го криела сега се заканува да ѝ ја уништи иднината.
Парис е уапсена во нејзината бања. Покриена е со крв и држи жилет, додека сопругот лежи мртов во кадата зад неа. Таа знае дека ќе биде обвинета за убиство. Но, колку и да изгледа лошо сето ова, тоа не е она што најмногу ја загрижува. Поради непосакуваното медиумско внимание што сега ја опкружува, прашање на време е кога некој од нејзиното минато ќе ја препознае и ќе ѝ го уништи новиот живот кој толку напорно работеше да го изгради.
Дваесет и пет години претходно, Руби Рејес, позната како Ледената кралица, беше осудена за слично убиство во судскиот процес што ја разбранува Канада во почетокот на 1990-тите. Рејес знае која е навистина Парис и кога неочекувано излегува од затвор, се заканува дека ќе ги открие сите нејзини тајни. Оставена без избор, Парис мора најпосле да се соочи со мрачното минато од кое мислела дека избегала еднаш засекогаш.
Бидејќи единственото нешто полошо од обвинение за убиство се две обвиненија за убиство.
-
Божиќ засекогаш
0500,00 денДодека го промовира својот нов божиќен роман писателката Рајли Рејнолдс останува без зборови.
За време на телевизиското интервју емитувано во живо низ целата земја ја прашуваат како може да пишува романси кога самата досега лично не доживеала нешто романтично. Рајли набрзина вели дека во минатото доживеала една голема љубов која подоцна станала инспирација за нејзините романи. Но, таа не е свесна дека нејзината патемна изјава ќе ѝ го преврти светот на глава. Интервјуто го гледаат тројца нејзини поранешни момчиња: секој од нив мисли дека зборувала токму за него и сите тројца доаѓаат на нејзиниот книжевен викенд-настан, Божиќниот камп. Секој од нив е решен да ја наговори заедно со него одново да го напише среќниот крај на личната љубовна приказна. Поранешните момчиња на Рајли се натпреваруваат кој ќе ѝ го освои срцето, при што не бираат начини за да го испланираат најромантичното рандеву на светот. Рајли почнува одново да чувствува наклоност кон секој од нив, но на различен начин. Додека се навраќа на трите поранешни врски и притоа дознава повеќе за себеси, Рајли ѝдозволува на празничната магија да ја обземе и конечно ја наоѓа онаа, вистинската љубов, оној свој среќен Божиќ засекогаш…
-
Култ
0650,00 ден#2 МИНА ДАБИРИ И ВИНСЕНТ ВОЛДЕР Петгодишно дете е киднапирано од градинка среде бел ден. Детективката Мина Дабири и нејзиниот тим се повторно во акција. Веднаш пронаоѓаат сличности со друго киднапирање – за жал, со трагичен крај. Сфаќаат дека се соочуваат со опасен убиец. За да ја реши загатката за првпат по драматичните настани пред две години, Мина бара помош од менталистот и нејзин стар пријател, Винсент Волдер. Нивниот однос е посебен. Ѕидот што ги делеше почнува да пука кога повторно ќе се сретнат. Винсент и полицијата пронаоѓаат паралела помеѓу последното киднапирање и други исчезнати деца. Прашање на време е кога ќе исчезне уште некој и затоа мораат брзо да дејствуваат. Во меѓувреме, отуѓената ќерка на Мина влегува во мистериозниот свет на Епикура, таинствена организација која тврди дека е центар за развој на лидерство. Може ли Мина да го заштити своето дете, кое воопшто не знае дека Мина постои? Надевајќи се на среќен крај, читателите се препуштаат на способноста на авторите да ја одржуваат тензијата до последните страници. И со нетрпение да го очекуваат последниот дел од трилогијата.
-
МОНТЕСОРИ ЗА ДЕЦА: Родителски водич за воспитување љубопитно и одговорно дете
0800,00 ден„Монтесори за деца“ е една од најреномираните книги посветени на прочуениот педагошки и образовен пристап, започнат со делото и животот на доктор Марија Монтесори. Оваа книга е бастион на методот Монтесори, практично ги содржи сите начела и нè учи на безброј нешта, од тоа како да ги воспитуваме нашите деца за да станат љубезни, љубопитни и одговорни личности, па сè до тоа како да научиме да се грижиме за себеси, за нашето семејство, за другите луѓе и за средината околу нас. Напишана во форма на водич со голем број совети, предлози, како и со активности соодветни за малите деца, истовремено претставува и книга за личен развој на родителите. Неизбежно е да ја прочитате ако го применувате принципот Монтесори со вашите деца или ако сакате да дознаете нешто повеќе за него.
-
Силмарилион
0550,00 денФасцинантна сага за човештвото кое го изгубило земскиот рај
Силмарилион е еден од најраскошните светови во историјата на фантазијата, митолошки канон што Толкин го создавал целиот свој живот. Тоа е збирка од восхитувачки историски записи проткаени со приказни за создавањето, за љубовта и предавството, за пријателството и моќта.
Силмарилион дава поширока слика на Средна Земја, во која се сместени дејствата на Хобитот и Господарот на прстените. На романите што му претходеле им дава длабочина, ги пополнува празнините и нуди историски контекст на Толкиновиот свет и легендариум. Оваа книга ја раскажува приказната за старите дни, за првата доба, кога во Средна Земја живеел Моргот, првиот господар на темнината, а елфите од висок род војувале против него за да ги вратат Силмарилите, скапоцености кои ја содржеле чистата светлина на Валинор.
Потпирајќи се на своите длабоки познавања од Библијата и митологиите на многу народи, Толкин создал ремек-дело кое се смета за еден од најчитаните и најинтригантните романи во светската книжевност.
-
Зошто никој не ми го кажал ова порано?
0450,00 денСамодовербата е домот што го градите за себе.
Со своето повеќегодишно искуство во клиничката психологија, интернет-сензацијата д-р Џули Смит ни дава драгоцени совети со кои скапоплатените психолози им помагаат на своите пациенти за справување со најчестите животни предизвици.
Богата со тајни од кутијата со терапевтски алатки, „Зошто никој не ми го кажал ова порано“ изобилува со совети за зацврстување и одржување на менталното здравје. Од тоа како да се справиме со својата анксиозност или променливото расположение, да се соочиме со критика, да си ја поттикнеме мотивацијата, преку умешноста за развивање на самодовербата, прифаќање на загубата и тагата и учење како да си простиме – д-р Смит нагледно ни го објаснува функционирањето на човечкиот ум и ни дава насоки за секојдневно одржување на неговото здравје.
Ова не е книга која нè враќа во детството во потрага по основната причина за проблемите. Таа е современ и практичен водич за одржување на менталното здравје и за живот во хармонија со себе.
-
БРАЌАТА КАРАМАЗОВИ-Ф.М.Достоевски
0750,00 ден„Браќата Карамазови“, последното и најдоброто дело на Фјодор М. Достоевски, е едно од врвните достигнувања во светската литература. Според Фројд, најголемиот роман на сите времиња.
Раскошна филозофска расправа која покренува низа етички проблеми за природата на Бог, слободата на волјата, правдата и етичноста. Вистинска драма за моралните борби околу верата и сомнежот, разумот и емоциите, разбирањето и осудувањето. Проникнат со алчност и љубомора, љубов и страдање, тага и душевна благородност, овој роман е истовремено и теолошка и психолошка расправа. За Ниче, Достоевски е најдобриот психолог од кого научил многу за животот.
Романот бил објавуван во текот на 1879–1880 година во списанието „Руски весник“. Според него се снимени многу филмови и серии, поставени се многу театарски пиеси и сè уште доживува многу изданија низ целиот свет. Неговото дејство се случува во Русија, во XIX век, и сведочи за распаѓањето на едно имотно семејство составено од тројца браќа, толку различни меѓу себе што немаат речиси ништо заедничко освен нивниот неморален татко.
Полн со симболи, желба за правда и сострадание – за на крајот животот да се сведе на само еден сончев зрак. Ако го гледаш, жив си. А ако си жив, сè уште имаш можност да го откупиш животот.
„По Библијата, „Браќата Карамазови“ е веројатно највредниот трансисториски бестселер за природата на доброто и злото. Фројд, Ајнштајн, Хајдегер, папата Бенедикт Шеснаесетти мислеле пред мене – исто. Какво мајсторство е да го покажеш Божјото зрно во различна изртеност кај тројца браќа – Дмитриј, Иван и Аљоша, како и семето на злото кај нив и нивниот татко Фјодор, во различни големини? И зошто кај некого едното го надраснува другото, а кај некои второто го задушува првото? Вечни прашања и страшни филозофски стрмнини пред читателот од можеби најголемиот гениј во уметноста воопшто, книжевниот Моцарт. Бестселер што не пламнува како слама, туку топли со тивка и трајна, вечна жар.“
Венко Андоновски
-
Како да зборувате за децата да слушаат и како да слушате за децата да зборуваат
0650,00 денОвој бестселер, кој веќе се смета за своевидно класично дело во полето на модерната детска психологија, напишан од меѓународно признати експерти за комуникација меѓу родители и деца, содржи голем број важни сознанија и предлози, но и методи (за коишто се покажува дека успешно го издржуваат тестот на времето) за решавање на честите проблеми коишто се среќаваат во рамките на оваа комуникација и за градење основи за трајни врски, вклучувајќи бројни иновативни начини за: · Справување со негативните чувства на вашето дете, како што се фрустрираноста, лутината и разочарувањето.
• Изразување на вашите силни чувства без притоа никого да повредите.
• Остварување ефективна соработка со вашето дете.
• Поставување цврсти граници и одржување на добрата волја.
• Користење алтернативи за казнување кои поттикнуваат самодисциплина.
• Разбирање на разликата помеѓу корисните и некорисните пофалби за одделни поведенија.
• Мирно разрешување на семејните конфликти.
Ентузијастички фален и од родителите и од бројни експертиnод оваа област низ светот, пристапот на Фејбер и Мазлиш ги прави односите со децата од сите возрасти помалку стресни и, општо земено, повредни и позадоволувачки.
-
Група
0490,00 денСурово искрено четиво кое прво ве крши на многу парчиња, а потоа одново ве составува, така што ниту еден дел не е излишен.
Кристи Тејт е штотуку прогласена за најдобра студентка на Правниот факултет и успешно се справува со нарушувањата во исхраната. Но зошто вози низ Чикаго посакувајќи да исчезне? Зошто си замислува дека ѝ става крај на тагата што ја притиска?
Кога влегува во шестчлената група на психотерапевтот д-р Розен, сѐ почнува да се менува. Но пресвртницата во нејзиниот живот не се случува прекуноќ. Влезот во тој чуден и застрашувачки свет, во кој пред непознати луѓе треба да ги исповеда дури и најмрачните тајни, воопшто не е лесен. Но во секој случај е исплатлив.
Кристи Тејт е наш водич во тешкиот, но возбудлив процес на поврзување со себеси и со другите – врска за која не сме знаеле дека ни е толку потребна сѐ додека не се најдеме разголени пред оваа книга согледувајќи колку нѐ чинат чувствата што ги потиснуваме во себе. Време е да ги пуштиме надвор, кон новиот среќен живот.
„Потребни се храброст и доверба за да се разголи душата пред психотерапевт и плус пред шестмина странци. Одлуката на Тејт да ја раскаже оваа приказна е вистински подвиг, и среќни сме што се одлучи на тој чекор.“
Лори Готлиб, авторка на „Можеби треба да разговараш со некого“