-
Совршено несовршен пар
1390,00 денХит Шампион има поминато голем и мачен пат за да се издигне на врвот, почнувајќи од бедното детство во приколка со татко пијаница. Најдобриот и најуспешниот спортски агент во градот не се срами од своето минато, напротив, тој се гордее и сега го бара врвниот симбол на своите достигнувања – совршената сопруга. Но тој е богат, амбициозен и прекрасен – зошто има потреба од стројник? Затоа што Питонот нема време за губење и нема трпение за будали.
На Анабел ѝ е смачено да биде единствениот губитник во нејзиното семејство на банкари и хирурзи, па навистина се надева дека среќата конечно ќе ѝ се насмевне кога го презема стројничкиот бизнис на својата баба.
-
На една свадба
5390,00 денТАА Е ДОВОЛНО ПАМЕТНА ЗА ДА НЕ ГО КАЖЕ СУДБОНОСНОТО „ДА“.
После понижувачкото откажување на сопствената свадба, Сидни Синклер става крај на врските со мажи кои се плашат од врзување и посветување на една жена. Таа прави дури и цела листа која треба да ѝ помогне како подобро да ги препознава овие ѓубриња и женкари и да бега од нив. Но кога нејзината сестра ѝ соопштува дека ќе се мажи после кратка врска, Сидни заглавува со уште еден секси плејбој со фобија од сериозни врски – прекрасниот кум. Свадба или не, таа е решена да го игнорира Вон, бидејќи овој пат многу добро си ја има научено лекцијата.НО ТОЈ ПРАВИ ЖЕНА ДА НЕ МОЖЕ ДА МУ КАЖЕ „НЕ“.
Специјалниот агент Вон Робертс секогаш ги носи расипаните мажи зад решетки и згодните жени во својот кревет. Тој е млад, успешен, згоден, самоуверен и нема зошто да се врзува за една жена кога може да ги бира како колачиња во слаткарница. Но кога црвенокосата Сидни одбива да падне на неговиот шарм, Вон не може да продолжи понатаму додека не ја заврши оваа мисија. -
Една неодолива љубов
1390,00 денТОЈ Е НАВИКНАТ ДА ДОБИВА СĖ ШТО САКА...
Кејд Морган – поранешна рагби ѕвезда и еден од најпознатите јавни обвинители во Чикаго – е решен да го уапси најкорумпираниот државен сенатор, а тоа значи дека му треба помош од Брук Паркер. Како генерален советник и адвокат на ресторанска компанија, таа може да ја озвучи масата на сенаторот во еден од нивните луксузни ресторани за ФБИ да собере докази. Сè што треба да направи Кејд е да ја убеди Брук да соработува, а тој не се плаши да го употреби својот шарм – и својата моќ – за да го направи тоа.А СЕГА ЈА САКА НЕА.
И покрај тоа што е озлогласен јавен обвинител, Брук не се плаши од заканите на Кејд Морган, ниту пак планира да падне на неговиот шарм. По низа разочарувања со машкиот пол, таа нема намера да му придава големо значење на ниту еден маж, а особено не на овој. Но кога неколку изненадувачки и неочекувани настани ќе направат пресврт во животите на двајцата, она што се крчка меѓу нив почнува да станува прилично неодоливо. -
И одеднаш едно лето
1390,00 денТАА НЕ ВЕРУВА ВО ЉУБОВ И СРЕЌНИ КРАЕВИ…
По една страшна драма во нејзиниот дом, Викторија е принудена да ја напушти својата куќа и привремено да се всели во изнајмен стан до крајот на летото. Стан со кој доаѓа страшно иритантен и дрзок сосед.Викторија Слејд има видено толку многу лоши и несреќни краеви во својот личен и професионален живот, што воопшто не ѝ е проблем да се откаже од помислата за брак засекогаш.
Но тоа не значи дека има нешто против забавувањето без обврски – само не со безобразниот, арогантен сосед, кој е подеднакво згоден и прекрасен колку што е неподнослив.
И ОДЕДНАШ ЕДНО ЛЕТО…
-
Големи мали лаги
2400,00 денУчилиштето Пириви е мало, прекрасно основно школо во близина на плажа каде децата учат дека насилството е неубаво и недозволиво. Но и покрај тоа, еден вечерен, родителски училишен настан се претвора во хаос и завршува со смртен случај. Пиштат сирени. Врескаат луѓе. Еден родител е мртов. Дали станува збор за убиство, трагична несреќа или нешто сосема трето? Родителите во Пириви ќе откријат дека малите лаги понекогаш можат да бидат најсмртоносни…
Големи мали лаги е книга што не се остава, книга што ќе ве натажи и насмее, книга што ќе ве натера да размислувате. Ова е книга што не смеете да ја пропуштите.
-
Кога мене ќе ме нема
1400,00 денСрцепарателна приказна во стилот на Првиот последен бакнеж и П.С. Те сакам која ќе ви го крши срцето реченица по реченица.
Дејзи има дваесет и седум години и веќе еднаш има победено рак на дојка. Како е можно повторно да ѝ се случува ова?
Таа се подготвува да ја прослави третата годишнина од победувањето на ракот на дојка со својот сакан сопруг Џек. Но на само некој ден од важниот датум доживува страшен шок:
нејзиниот доктор ѝ кажува дека ракот е вратен, но овој пат со дијагноза во агресивна четврта фаза.
Докторот прогнозира од четири до шест месеци живот.
И смртта е парализирачки страшна помисла – но не затоа што Дејзи се плаши за себе. Таа не може да замисли што ќе се случува со нејзиниот генијален, но шармантно беспомошен сопруг кога таа повеќе нема да биде тука да се грижи за него. Џек заборава да јаде, Џек не знае да готви, Џек е срамежлив, Џек не може сам.
И овој страв не ѝ дава сон ноќе, сè додека Дејзи не добие идеја за решение: таа мора да му најде нова жена. -
Преживеј за да раскажуваш
6420,00 денKОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ…
Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и трите деца се мртви, а таткото – и потенцијален осомничен – се бори за живот на одделот за интензивна нега.
Случајот е навидум едноставен, тешката финансиска ситуација го натерала да си го поштеди семејството од беда пред да изврши самоубиство, но детективката Ди Ди Ворен знае дека ништо никогаш не е толку едноставно.
Медицинската сестра Даниела Бартин има доживеано слична трагедија. Таа има преживеано за да раскажува како нејзиниот татко ѝ го сотрел целото семејство пред очи пред дваесет и пет години. Сега вработена во детска психијатриска болница, Даниела е сигурна дека минатото е одамна закопано. Сè додека прашањата на Ди Ди Ворен не почнат да ѝ враќаат сè.
Викторија Оливер е посветена мајка, решена да го заштити својот син по секоја цена. Но, исто како и Даниела, таа наскоро ќе открие дека најужасните злосторства можат да бидат оние најблиските до домот.
…ЗА ДА ГО РАСКАЖУВАШ ОНА ШТО ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ?
-
Ние бевме лажговци
6380,00 денНаграда за книга на годината во 2014 од страна на GR, најголемата мрежа за љубители на книги во светот.
Прекрасно, богато и специфично семејство. Приватен остров…
Брилијантно, повредено девојче; страсно, посиромашно момче.
Група од четири пријатели – Лажговците – чие пријателство станува деструктивно.
Револуција. Несреќа. Тајна.
Лаги врз лаги врз лаги.
Вистинска љубов. Вистината.„Ние сме Лажговците. Ние сме прекрасни, привилегирани и водиме безгрижен, луксузен живот. Ние сме напукнати, оштетени и скршени. А ова е приказна за љубов и семејство. Ова е трагедија. Но што е вистина? А што лага?“
Каденс, Гет, Мирен и Џони. Лажговците. Деца од исклучително богато семејство кои фамилијарно ги минуваат летата на приватен остров во сопственост на нивниот дедо. Нивните мајки се сестри, наследнички на големо богатство. Бесценетите внуци се високи и витки, со светли кожи и руси коси, образовани деца со дарба за спорт. Но дали работите се навистина тооолку совршени како што изгледаат? Каденс не може да се сети на ништо по несреќата… На ништо…
-
Еленор и Парк
3380,00 денПрвата љубов не се заборава никогаш! Особено не кога ќе дојде вака…
Две необични личности кои никако не можат да се вклопат никаде… И една исклучителна љубов…Еленор… Црвена коса, чудна облека. Таа е новата девојка во градот, со хаотичен семеен живот, со диви, смешни локни – таа не би можела да стрчи повеќе дури ни кога намерно би се обидувала.
Еленор… Таа прави сите други да изгледаат премногу обично и бледо и секојдневно и… никогаш доволно добри.Парк е момчето кое седи во задниот дел на автобусот. Црни маици, големи слушалки за музика, главата забиена во книга – тој мисли дека успева да биде невидлив. Но не и за Еленор… никогаш за Еленор. Тој знае која песна таа ќе ја засака уште пред да ѝ ја пушти. Тој се смее на нејзините шеги уште пред таа да стаса до смешниот дел.
Има едно место во неговите гради, баш под грлото, кое го тера да сака да си ги исполнува ветувањата што ѝ ги дава.
-
Можеби никогаш
2250,00 денЗа сите кои веќе ја прочитаа Можеби некогаш…
Колин Хувер, авторката на Можеби некогаш, брилијантно ја оживува приказната на харизматичниот и смешен Ворен и специфичната, постојано лута Бриџит во нова новела, Можеби никогаш.
Кога Ворен добива шанса да живее со цимерка девојка, тој веднаш се согласува.
Можеби промената би можела да стане интересна некогаш.Или можеби никогаш.
Особено кога ќе се земе предвид дека цимерката е ладната и избувлива Бриџит. Уште не поминал ниту еден ден, а тие двајца веќе не можат да поднесат да бидат во иста просторија и тензијата почнува да расте, фрлајќи искри на сите страни.Но Ворен има теорија за Бриџит: секој кој е способен да мрази со толку голема страст мора воедно да е способен и да сака со подеднакво голема страст. И тој сака да ја испита оваа теорија.
Дали Бриџит некогаш ќе омекне и конечно ќе научи да сака?
Можеби, некогаш. Или можеби никогаш. -
Можеби некогаш
3380,00 денСидни живее во идилично меурче; таа има работа во која ужива, живее со својата најдобра пријателка, Тори, има прекрасно момче и бесплатно слуша неверојатна музика во живо од балконот спроти нејзиниот. Но кога Сидни дознава дека нејзиното момче ја изневерува и тоа со нејзината најдобра пријателка, идиличното меурче пука. Таа одеднаш останува без Хантер, без Тори, без кров над главата и без работа.
Тогаш во игра влегува мистериозниот и привлечен сосед, Риџ, кој стои зад музиката што доаѓа од спротивниот балкон. Иако реално не се познаваат, тој веќе ѝ е делумно познат, бидејќи Сидни е навлечена на неговата музика и не може да престане да го гледа и слуша како страсно свири на гитара на неговиот балкон. Тој ѝ нуди излез од навидум безизлезната ситуација, предлагајќи ѝ да пишуваат песни заедно, а со тоа истовремено ѝ дава и надеж дека таа може да продолжи понатаму. Но продолжувањето понатаму со животот се покажува потешко отколку што Сидни очекува, па ѝ останува само да се надева на… Можеби некогаш.
Страсна приказна за љубовта, предавството, лојалноста и музиката на која наизменично ќе се смеете и плачете.
-
Вистината на Питија
4420,00 денИстрагата на бруталните убиства на момчињата имигранти сè уште тапка во место. Паралелно со неа има уште еден убиец кој со грозоморни убиства им се одмаздува на поранешни ученици на училиште каде што своевремено учела и таинствената Викторија Бергман. Жанет открива дека има нешто што ги поврзува двете различни истраги – скриена мотивација во која нема ни ронка човечност. Ништо не е онака како што изгледа. Кога маските паѓаат и сите си ги покажуваат вистинските лица, Жанет е оставена на милост и немилост на силите на злото.
Психијатарката Софија Зетерлунд се обидува да ѝ помогне на Жанет, но и таа е затрупана во доволни свои проблеми со комплицираната Викторија Бергман. Како ќе заврши лавиринтот од психоанализи, останува неизвесно до самиот крај.
„Збогум, Ханибал Лектор. Тој стар канибал психолошки е интересен колку канаринец во споредба со Викторија Бергман“.
Bodil Juggas, Arbetarbladet -
Од минатото не се бега
4420,00 денЖанет Килберг сè уште не се откажува од случајот со убиените деца имигранти, но нејзината работа ја прекинува страшно морничаво убиство на бизнисмен во Стокхолм. На местото на злосторството има бизарни детали кои упатуваат на тоа дека станува збор за ритуално убиство или одмазда.
Сè се враќа, сè се плаќа. ОД МИНАТОТО НЕ СЕ БЕГА.
Психијатарката Софија Зетерлунд ѝ помага на Жанет во изработката на профил на сторителот, а нивното зближување дополнително ги комплицира сите работи, загрозувајќи го дури и животот на синот на инспекторката. Во меѓувреме, Жанет ѝ влегува во трага на мистериозната Викторија Бергман која очигледно е клучна за решавање на овој замрсен лавиринт од злосторства…
Специјална награда од Шведската академија за крими-романи, која ја оценува трилогијата како „Хипнотички занесна крими психоанализа“.
-
Девојката врана
4420,00 денНова шведска сензационална трилогија, преведена во 46 земји!
На метро станица во центарот на Стокхолм се појавува мртво момче во мумифицирана состојба. Освен што е ѕверски убиено, момчето е кастрирано и се чини дека никој никаде не го бара. Додека полицијата тапка во место, без речиси никакви траги, на разни места во Стокхолм се појавуваат низа убиени момчиња имигранти без документи кои официјално не постојат никаде и никој не ги бара. Инспекторката што ја води истрагата, Жанет Килберг, полека почнува да разоткрива цела мрежа на педофили и трговци со деца и бара помош од психијатар чија специјалност се токму децата и траумите од детството. Некој кој може да ѝ објасни како размислува еден педофил.
Софија Зетерлунд во моментот е фокусирана на двајца пациенти: Самуил Баи, дете-војник со тешки трауми и Викторија Бергман, жена со длабоки, неизлечени рани од детството. Особено ја фасцинира Викторија; таа никогаш во својата кариера нема работено со толку комплициран клиент. Зошто Бергман толку ја презира слабоста и која е нејзината слабост?
Софија Зетерлунд и Жанет Килберг почнуваат да соработуваат и се соочуваат со истото прашање: колку страдање може да поднесе и предизвика човек пред да престане да биде човек и да стане чудовиште?
„Подобро од Стиг Ларсон“.
Andres Wennberg, Gefle Dagblad -
Старомодниот водич за љубов и романса
4390,00 денЏесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во последно време заборава да се појави на работа навреме. Или во чисти алишта. Кога на нејзината најдобра пријателка и шефица конечно ѝ доаѓа преку глава, Џесика одеднаш останува без работа и без дом, па нема друг избор, освен да ја побара својата баба, која никогаш ја нема запознаено. Но ни на Матилда Бим не ѝ оди којзнае колку добро. Нејзините бестселери од времето кои ги учеле жените како да освојат маж на старомоден начин се потполно непрактични во ова модерно време и никој не сака да ги издаде за да ја извлече од тешките финансиски проблеми.
Кога една издавачка куќа од Лондон им дава идеја, внуката и бабата добиваа шанса да си обезбедат покрив над главите со тоа што ќе ја трансформираат модерната и бунтовна Џес во вистинска старомодна дама со помош на првокласните совети и искуство на Матилда.
-
Мали црни лаги
7420,00 денКетрин и Рејчел се пријателки од деца, сродни души, неразделни, не можат една без друга. Сè додека еден момент невнимание од страна на Рејчел не ја остави Кетрин без нејзините сакани синови. Таа веќе не е мајка, таа веќе не е нормална личност; таа е сенка од човек. И нема да се смири сè додека не ја натера Рејчел да плати за сè.
Фолкландските Острови се мирно место каде сите меѓусебно се познаваат и убаво си живеат, па кога одеднаш почнуваат да исчезнуваат деца кои сомнително многу личат на починатите синови на Кетрин, населението го фаќа хистерија. Можно ли е меѓу нив да постои монструм кој повредува деца или станува збор за несреќни трагедии?
Рејчел веќе е црна овца поради случајот со двете загинати деца. За Кетрин одамна се шпекулира дека го изгубила умот откако ги изгубила синовите. Но која од двете поранешни најдобри пријателки е поопасна? Или можеби станува збор за некој сосема друг… Нема да погодите сè до последната страница.
Болтон е нов мајстор за трилери!
