-
Ова мое срце
0390,00 денМоли Сомервил има репутација на бељаџика. Има нешто што внатрешно ја јаде и одвреме-навреме ѝ создава нагони за правење проблеми и бељи, а предзнак за тоа обично е менувањето на фризурата. Но добро, никој не е совршен. Инаку, може да се каже дека има скоро идеален живот. Ја обожава својата работа, својот тешко заработен стан, својата француска пудлица, па дури и сестра си во чија сенка живее цел живот, бидејќи не е толку убава, успешна и гламурозна како неа.
Единствениот проблем ѝ е тоа што е безнадежно вљубена во страшно згодниот и популарен рагбист, Кевин Такер, со кој едноставно нема никаква шанса. Тој не ѝ го знае дури ни името!
Една вечер, нејзината склоност кон правење глупости ја вплеткува во комплицирана ситуација со Кевин, па нејзиниот свет одеднаш се превртува наопаку. Една грешка, една непромислена глупост, целосно им ги менува животите на двајцата и прави човекот што го сака да ја замрази.
-
Пред улица Јамајка
0390,00 денИ покрај тоа што е многу комуникативна и дружељубива, Оливија е болно несигурна во поглед на спротивниот пол и никако не може да собере храброст да му пријде на тип за кој е заинтересирана. Но селењето во Единбург и дава шанса за нов почеток и откако развива силни симпатии за еден секси тип на работа, одлучува дека е време да ги закопа стравовите и да тргне по тоа што го сака.
Нејзиниот пријател Нејт Соер е згоден и секси женкар, кој никогаш не се врзува, но со неговите најблиски пријатели е лојален до коска. Па кога Оливија му се отвора за своите проблеми, тој се нуди да ? помогне да ја усоврши уметноста на флертувањето и да стане сексуално посамоуверена.
Нивната пријателска едукација по заведување наскоро се претвора во напната и врела романса. Но траумите од минатото на Нејт и понатаму не му дозволуваат да изгради нешто повеќе и Оливија завршува со скршено срце. Кога Нејт сфаќа дека ја направил најголемата грешка во животот, ќе мора да даде сe од себе да си ја врати најдобрата пријателка… или може да ја изгуби засекогаш…
-
Терапија
14380,00 денНема сведоци, нема траги, нема докази, нема тело. Дванаесетгодишната ќерка на познатиот психијатар Виктор Ларенц, која боледува од необјаснива болест, исчезнува под мистериозни околности за време на посетата на доктор и истрагата за нејзиното исчезнување не носи никакви резултати. Четири години подоцна, Виктор сe уште е уништен од трагедијата. Тој се повлекува во семејната викендичка на море, каде што се надева дека ќе успее да стави еден вид на крај и да продолжи понатаму со животот.
Но таму одеднаш го посетува прекрасна непозната жена по име Ана. Таа тврди дека е писателка која страда од необична форма на шизофренија и го замолува за терапија. Виктор повеќе не работи со пациенти и нема намера да почне ни сега, но кога открива дека нејзините халуцинации се вртат околу исчезнато девојче што страшно наликува на неговата ќерка Џози, одеднаш ја прифаќа како пациент, бидејќи се сомнева дека таа има некаква врска со исчезнувањето на ќерка му.
Терапија е интелигентен психолошки трилер, брза и луда приказна што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај и ќе остане со вас долго откако ќе ја откриете мистеријата.
-
Софи и Картер
2250,00 денКартер има тежок живот, тој е оптоварен со проблемите кои ги има дома и дава сè од себе за да ја издржува својата умоболна мајка. Неговиот насилен татко им ги има уништено животите на двајцата, па тој се обидува да ги врати во нормала, барем колку што е можно.Неговата сосетка Софи, од друга страна, е оставена сама да се грижи за своите помали браќа и сестри, бидејќи нивната мајка зависник никогаш не е дома.Единствената работа што им дава сила за да го пребродат секој тежок ден е сознанието дека се имаат еден со друг и утехата која ја наоѓаат во заедничкото седење на нишалката пред куќата на Софи – нешто што го прават секоја вечер и што за нив претставува привремено бегство од реалноста.Но и покрај тоа што тие се само пријатели, Софи е лудо вљубена во Картер, единствениот кој вистински ја познава, а и Картер не е рамнодушен на својата силна, добра и независна сосетка. Меѓутоа, нивните животи доаѓаат до пресвртни точки кои ќе сменат буквално сè.Топла и тажна, горка и слатка, Софи и Картер е емотивна и незаборавна приказна на која долго ќе се навраќате… -
Специјалист за љубомора и други раскази
0450,00 денМрачни и возбудливи приказни – патување низ изопачените, лажливи умови на одмаздољубивите срца
Вистинските бестрашни љубители на криминалот со оваа книга ќе го доживеат најпродаваниот детективски автор како никогаш досега. Насловниот расказ е само вовед во многу заплеткани животни истории. Инспектор, спецјалист за љубомора, кој на островот Калминос ќе се соочи со чудно исчезнување на еден германски турист. Таксист кој ја наоѓа обетката на сопругата во автомобилот на својот работодавач. Жена која дознала дека сопругот ја изневерува и на летот од Њујорк до Лондон му го раскажува својот морничав план на човекот кој седи до неа…
Приказни проникнати со најмоќните човечки чувства. Во својот добропознат манир, Несбе ги прикажува можните смртоносни последици од неискреноста, љубомората и неверството. Извонредната атмосфера, шокантните пресврти и неизвесноста – што мајсторски ги владее, одново го потврдуваат како најдобар крими – автор на денешницата.
„Несбе умее остро да ги преобрази баналните и безначајни случувања во судбоносни пресвртници и духовито, но застрашувачки ги отсликува современото општество и светот околу нас.“
Берлингске
-
Планот за среќен крај
3390,00 денРејчел Самерс обожава да крои планови и да прави листи и списоци. Еве што има на нејзината листа со планови и работи што треба да се завршат:
– Дечко
– Стан
– Добра работаЕве што не е на нејзината листа:
– Истиот тој навидум идеален дечко да ја откачи откако веќе имаат заеднички кредити за стан и кола.Нејзините најдобри пријатели Емили и Метју веднаш долетуваат да ја спасат со една тотално различна листа и план – Планот за среќен крај на слободните девојки. Рејчел не е ни свесна дека оваа листа ќе ја поведе во куп луди авантури, а и романтични збрки.
Планот за среќен крај ѝ дава на Рејчел совршен лек за нејзиното скршено срце – и докажува дека љубовта секогаш е тука ако си подготвен да ризикуваш малку.
-
Јас те сакам повеќе
7420,00 денКОГО САКАШ?
Едно прашање, минијатурно делче од секундата и Брајан Дарби паѓа мртов на кујнскиот под во својата куќа. Неговата сопруга, државната полицајка Теса Леони, тврди дека го застрелала во самоодбрана, а нејзиното модро лице и скршени коски ја поддржуваат таа приказна. За искусната детективка Ди Ди Ворен, случајот е прилично јасен. Само што… каде е нивната шестгодишна ќеркичка?
И КОЛКУ ДАЛЕКУ БИ ОДЕЛЕ ВИЕ…
Детективите ја започнуваат потрагата по девојчето додека истовремено се трудат да ги откријат сите семејни тајни. Дали една тренирана полицајка навистина би си го застрелала сопругот? Зошто? И дали една мајка е способна да го повреди сопственото дете?
-
Сè, баш сè
4380,00 денМојата болест е ретка колку што е позната. Во основа, јас сум алергична на светот. Не излегувам од дома, немам излезено од дома цело седумнаесет години. Единствените луѓе што ги гледам се мајка ми и мојата болничарка, Карла.
Но тогаш, еден ден, пред соседната куќа доаѓа камион за селење. Погледнувам низ прозорецот и го гледам него. Тој е висок, убаво мускулест и целиот облечен во црно – црна маица, црни фармерки, црни патики и црно плетено капче што целосно му ја покрива косата. Ме забележува дека го гледам и зјапа во мене. И јас зјапам во него. Се вика Оли.
Можеби не можеме да ја предвидиме иднината, но можеме да предвидиме некои работи. Пример, јас сум сигурна дека ќе се заљубам во Оли. И прилично сум сигурна дека ќе биде катастрофа.
-
Фатални желби
5380,00 денЖулиен и Ракел имаат прекрасен живот, но тој се претвора во кошмар после трагедијата ноќта на нивната деветта годишнина. Жулиен, ладен и резервиран поради трагично минато, но сепак лојален човек со златно срце, одлучува да почнат одново, да се преселат во мало мирно гратче и да му се вратат на нормалниот живот далеку од сите опасности. Но она што не го знае е дека во новата прекрасна планинска куќа ги чека нова опасност, кошмар пострашен од сите други.
На прв поглед, куќата во Кингс Холоу изгледа како остварување на сонот. Но таа има една уникатна карактеристика. Сите нејзини станари се вклучуваат во една фатална игра додека живеат таму. Игра која може да ти ги исполни сите желби… Игра која дефинитивно ќе нѐ научи да внимаваме што посакуваме… Нивните желби се исполнуваат. Нивните стравови се враќаат. Нивните кошмари стануваат реалност. Но… некои желби е најдобро никогаш воопшто да не се посакаат…
За љубителите на Стивен Кинг: хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи. Оваа книга ќе ве извози на шокантна луда железница.
-
Прошетка по облаците
2380,00 ден„Животот порано беше неописливо прекрасен. Полн со магија и можности. Полн со чуда и возбуда. Не постоеше ништо што не можев да направам. Не постоеше ништо што не можев да бидам. Не постоеше место каде што не можев да отидам.
Били Крофорд беше мојот свет. Мажот од моите соништа. Човекот што се заколнав дека ќе го сакам и почитувам и ценам сè додека „смртта не нè раздели“. Мислејќи и верувајќи, се разбира, дека никогаш нема да дојде до тоа. До смрт. Или ако дојде, тоа ќе биде многу, многу далеку во иднина. Премногу далеку за да се грижам за тоа денес. Или дури и утре.
Но… ах, колку брзо можат да се распарчат соништата. За една секунда. Со еден пиштол. Со еден куршум кој ја распарува тишината на една ноќ.
-
Го сакам Њујорк
4390,00 денДа претпоставиме дека сте на свадбата на вашата најдобра пријателка. Деверица, во преубав тесен фустан за кој сте се мачеле како грешен ѓавол да ослабнете и со преубав пар Кристијан Лубутон на нозете. Се радувате за вашата пријателка, погледнувате во својот свршенички прстен и се надевате дека на вашето момче во скоро време ќе му текне да го одреди вашиот датум, се надевате дека вие сте следни на списокот. И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли… А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!!
Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врескате на цел глас! ИЛИ… едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов – ЊУЈОРК!
Запознајте ја Анџела Кларк! Новата и помлада Кинсела!
-
Го сакам Париз
2380,00 денПа, авантурата продолжува. Ја следиме Анџела во сосема нова и тоа европска авантура. Алекс добива понуда да свири на фестивал во Париз, а Енџи да пишува за модното списание Belle и воедно да се искористи едно убаво романтично патување во еден од најромантичните градови во светот.
Но може ли сè да биде толку добро колку што звучи кога е во прашање Анџела? Се разбира дека не може. Најпрво, нејзиниот куфер преполн со скапа дизајнерска облека која Џени ѝ ја позајмува за да биде во чекор со високата мода во Париз е ѕверски разнесен во воздух од страна на обезбедувањето на францускиот аеродром. Oui madame, вистина е. И КАКО НИ ТОА ДА НЕ Е ДОВОЛНО, во Париз се појавува бившата девојка на Алекс. Долгоногата, русокоса Солен која прави моделите на Victoria’s Secret да изгледаат како куп дебели, набиени прасици. И Солен го сака Алекс назад, таа го сака СВОЈОТ Алекс назад.
Дали најромантичниот град во светот ќе ја украде љубовта на Анџела? Дали таа ќе зажали што не сакаше да се всели со Алекс додека тој ја молеше? Дали бегството повторно ќе се чини како најдобра опција сега кога Лондон е на само некој час возење со воз?
-
Од љубов до омраза
6390,00 денТопла и духовита приказна за богата девојка која открива дека можеби малку напорна работа е баш она што ѝ треба…
Откако нејзиниот татко го губи целото семејно богатство во нелегална зделка, самохраната мајка Паркер Велс е соочена со неколку многу тешки одлуки. Како прво: таа мора да се упати кон Заливот Гидеон, Мејн, за да го продаде единствениот имот кој сега го поседува – една мала полу распадната колиба на брегот која бара сериозно средување. Кога потрчкото на нејзиниот татко, неговиот личен адвокат Џејмс Кахил, се нуди да дојде со неа за да ѝ помогне, таа не е воодушевена, но нема други опции.
Со оглед на тоа што сега мора да заработува за себе и за своето синче, Паркер почнува да работи во цвеќарница и полека да се наоѓа себеси по пат. Можеби животот без богатство и не е толку лош. И можеби Џејмс не е толку плиток и расипан како што мисли таа.
Ова се ликови кои ќе ги обожавате, ова е приказна во која просто ќе се вљубите додека се смеете со насолзени очи!
-
Опасен онлајн разговор
5380,00 денЖивееме во информатичко општество каде интернетот е неопходен дел од животот на луѓето. Но како што се користи за добри цели, тој така и се злоупотребува од страна на одредени индивидуи. Оваа книга е реалистичен и моќен поглед во животот на тинејџерите и онлајн искушението за запознавање нови луѓе.
Еден ваков аларм кој го нуди оваа книга е потребен и дури неопходен во ова време во кое живееме кога сајтовите за социјално вмрежување се преполни со секаков вид на луѓе од најрана до најстара возраст, каде профили имаат деца кои сè уште не тргнале на училиште, а тинејџерите, заборавајќи го нормалното општење со своите пријатели, ги окупираат своите лаптопи и телефони и „висат“ на интернет од утро до вечер.
Аби и Лук разговараат онлајн. Тие никогаш не се сретнале лично. Но ќе се сретнат. Наскоро.
Аби тргнува во средно училиште, треба да е возбудена, но не е. Напротив, таа е исплашена затоа што никогаш не била меѓу популарните деца. Таа е убава и паметна, но воопшто не верува во себе. Сите ѝ велат да се потруди околу својот изглед, но таа се прашува зошто не ја оставаат да биде своја, зошто ја тераат да се преправа дека е нешто што не е? Аби се чувствува како претходно среќниот живот да ѝ се лизга низ прсти. Единствената работа во која ужива се разговорите со Лук, момче кое го запознава на интернет, единствениот кој ја разбира. Онлајн разговорите со Лук делуваат некако опасно, но сепак добро – тој е нејзината тајна, а таа неговата. Тогаш Лук ја замолува да се сретнат и таа прифаќа. Но Лук не е оној кој Аби мисли дека е.
-
Мрачни места
2420,00 денВо мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозоморен масакр. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор. Либи Деј тогаш имала само седум години и била клучен сведок за затворањето на нејзиниот брат.
Сега, после дваесет и пет години, Либи живурка и си ги исполнува деновите со постојано размислување за самоубиство. Таа сè уште го нема надминато масакрот, а и кој би можел? Но, баш кога мисли дека не може да биде полошо, се појавува група на луѓе кои се убедени дека таа го сместила погрешниот човек во затвор со нејзиното збунето, детско сведочење. Таа сепак не го видела убиецот, само го слушнала неговиот глас. Дали е можно Бен да е невин? Дали постои некоја семејна тајна што Либи би можела да ја открие или таа само се залажува затоа што сака братот да ѝ се врати?
Либи почнува да истражува и сфаќа дека сите во семејството имале по некоја тајна тој ден… а особено Бен.
Кој го извршил масакрот? -
Крадачка на книги
2420,00 денГодината е 1939. Нацистичка Германија. Државата не дише, го држи својот здив. Смртта никогаш не била позафатена, а од ден во ден ѝ се отвора сè повеќе работа.
Покрај гробот на нејзиното братче, животот на едно девојче се менува засекогаш кога наоѓа еден предмет во снегот на земјата. Тоа е прирачник за гробари, паднат случајно, но доволно интересен за неа за да ја наведе на првата кражба на книга. Така почнува една љубовна афера со книгите и зборовите додека малата крадачка на книги учи да чита со помош на нејзиниот татко. Таа набрзо почнува да краде книги од огновите на нацистите кои ги палат, од домашната библиотека на сопругата на градоначалникот, од секаде каде што успева да најде. Но ова се опасни времиња. И стануваат уште поопасни кога нејзиното семејство почнува да крие Евреин во подрумот.
Дали некогаш во животот ви се случило да прочитате книга и да сфатите дека никогаш повеќе нема да бидете исти? Дали некогаш сте прочитале книга која ве натерала да посакате да одите од човек на човек и да не престанете да ја препорачувате додека не бидете сигурни дека ја прочитал целиот свет? Ова е ТАА книга.
