-
Нешто слично на љубов
5390,00 денФБИ ја сака нејзината соработка…
Како ќерка на милијардер и сопственичка на една од врвните продавници за вина во градот, Џордан Роудс секогаш добива покани за најексклузивните забави во Чикаго. Но има само една забава на која ФБИ сакаат тајно да пратат свој специјален агент: добротворната забава на познат сопственик на ресторани и клубови кој пере пари. Во замена за ослободување на брат ѝ од затвор, Џордан Роудс на забавата ќе понесе свој придружник – доделен од страна на ФБИ.Агентот МекКол ја сака само неа…
Како најдобар специјален агент за тајни задачи во Чикаго, Ник МекКол има само едно правило: работата и задоволството не се мешаат. Овој „состанок“ со Џордан за него е само задача – задача која двајцата се цврсто решени да ја изведат, иако не можат да бидат заедно ни пет минути пред да почнат да летаат искри од сарказам. Но кога неколку неочекувани пресврти ја ставаат истрагата на Ник во опасност, тој и Џордан немаат друг избор, освен да се преправаат дека се пар и она што почнува како едноставна задача се претвора во нешто многу слично на љубов. -
Првиот последен бакнеж
4390,00 денКако се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти?
Може ли човек да го заборави минатото кога знае што носи иднината? И каде се наоѓаат сили кога знаеш дека секој бакнеж е одбројување до збогување?Првиот пат кога Моли го бакнува Рајан, таа уште веднаш знае дека тие ќе бидат заедно засекогаш. Шест години и илјадници бакнежи подоцна, Моли е мажена за човекот кој го сака. Но денес, додека Рајан ја бакнува, Моли сфаќа колку многу бакнежи залудно потрошила и загубила, бидејќи иднината носи нешто што ниеден од нив двајца не можел да го замисли и предвиди…
Ова е приказната на Рајан и Моли, ова е приказната која ќе ви раскаже како се запознаваат, вљубуваат, изневеруваат, разочаруваат и разделуваат. Ова е приказна за љубовна афера. Ова е приказна која трае цел живот, а истовремено приказна која завршува прерано. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која ќе ви го скрши срцето со таква нежност што ќе молите за уште.
Ова е приказна за еден прв бакнеж, но и за еден последен бакнеж… -
Подарок за роденден
3390,00 денПриказна која ќе ве насмее до солзи…
Генијалната професорка по физика, доктор Џејн Дарлингтон, очајно сака бебе. Но наоѓањето татко за нејзиното бебе за неа не е така лесно. Супериорната интелигенција на Џејн е причината поради која таа израснала како чудак, вечно сама и изолирана поради страдањата предизвикани од злобните зборови на другите деца. Нејзиниот живот не е лесен дури ни сега како возрасна личност, па таа ужасно многу сака да го поштеди своето дете од слична судбина. Што значи дека мора да најде некој многу специјален за татко на своето дете. Некој многу… па, глупав... кој би надоместил и би го урамнотежил коефициентот на интелигенција на нивното бебе.
Кал Бонер, легендарниот бек на тимот Чикаго Старс, изгледа како совршен избор. Но неговите планински корени, добар изглед и лошо изразување лажат. Премногу доцна, доктор Џејн сфаќа дека овој „чоек“ е многу попаметен отколку што изгледа и тој нема намера да дозволи да биде искористен и изигран од страна на една луда, паметна планерка со скриени намери.
-
Ејми ја нема
9440,00 денБракот може да биде вистински убиец…
Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство…
Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба?Ејми ја нема е еден од најдобрите – и најзастрашувачките – портрети на психопатија кои постојат. Манипулативна, безмилосна, мрачна. Еден маж, една жена, еден брак и една љубов какви што досега не сте виделе…
Ѓаволски интелигентен и мрачен психолошки трилер кој ќе ве натера повторно да почнете да ја читате книгата уште еднаш, веднаш по завршувањето на последната страница.
-
Крадец на колачиња (101 инспиративна приказна)
6320,00 денОва е книга која вреди секој да ја има во својата домашна библиотека за да може да посегне по неа секогаш кога ќе почувствува дека губи дел од човечното во себе…
Може да ја чита буквално секој читател од најрана, па до најстара возраст. Приказните се прилично едноставни, како да ги слушате од дете, а сепак сложени и тешки, како да ги раскажува најголемиот мудрец на светот.
Совет: имајте шамиче во близина кога ќе ја читате оваа книга. Да, длабоко вистинити, страшно тешки и сериозно блиски до секој од нас, овие приказни имаат голема моќ да изнудат солза и од најсилните…
-
Крадци и проститутки
9350,00 ден14ти Јуни, 1941 година
Тие ме зедоа облечена само во ноќница. Тоа не беше тропање. Тоа беше страшно трескање кое ме натера да потскокнам. Тупаници удираа по нашата влезна врата. Внатре во куќата никој не мрдаше, никој не пушташе глас. Станав и ѕирнав во ходникот. Мајка ми стоеше залепена за ѕидот, нејзините очи затворени, а лицето згрчено од вознемиреност. Таа се молеше.Советите нѐ натискаа во камион како стока: жени, деца, стари и изнемоштени, штотуку породени со бебиња. Воз полн со учени луѓе, професори, адвокати, уметници… рекоа сме биле криминалци обвинети за контрареволуционерни активности. Најпочитуваните и најдостоинствените луѓе од Литванија, Латвија и Естонија, а вагонот во кој се возевме беше обележан со табла „Крадци и проститутки“.
„Ќе те најдам“, ми рече Андриус. Најди ме, се молев секој ден. Најди ме побрзо.
Ужасна тајна на милион луѓе. Во некои војни се работи за бомбардирање. За овие луѓе и оваа војна, се работи за верување.
-
Сосед од пеколот
5380,00 денХејли е тивка, кротка девојка која нема многу луѓе и задоволства во својот живот, па ужива во малите работи кои ја исполнуваат: нејзината работа како професорка во средно училиште и нејзината прва самостојно купена куќа со прекрасна градина.
Меѓутоа, се случува една работа која ѝ ги уништува и тие мали задоволства и ѝ го протресува целиот живот од корен. Во соседната куќа се доселува вистински ѓавол! Гласна музика, нездрави забави, пијани друштва, кршење прозорци со палки и топчиња за голф… Џејсон Бредфорд е вистински сосед од пеколот. И како тоа да не е доволно, тој исто така е професор во средното школо каде што предава Хејли, па ѝ го уништува животот и додека се на работа…
Срамежливата Хејли е мирна и повлечена, но нема избор освен да му објави соседска војна… Но и Бредфорд има свои оружја, а тие се опасни во војна против која било жена. Неодоливиот сосед не се плаши да нападне со својот шарм и пеколно добриот изглед пред кои потклекнуваат и многу посилни жени од Хејли…
-
Во врска со онаа ноќ
3390,00 денТОЈ ИГРА ИГРИ… И покрај тоа што Рилан Пирс се обидува да им се спротивстави на магнетските сили кои ја привлекуваат кон богатиот наследник Кајл Роудс првата ноќ кога се запознаваат, неверојатната хемија помеѓу нив не може да се игнорира. Но кога таа завршува извисена за нивниот прв состанок, Рилан претпоставува дека нема да го види никогаш повеќе. Па така, девет години подоцна, кога ќе се најде лице в лице со Кајл во судница, таа е шокирана и изненадена. Најголемиот проблем на убавата обвинителка е тоа што тој сѐ уште нездраво ја привлекува…
НО ТАА ГИ ДИКТИРА ПРАВИЛАТА… Штотуку ослободен од затвор после неколкумесечна казна за голема глупост, Кајл Роудс воопшто не е возбуден што треба да биде главен сведок во важен криминален случај – но кога Рилан ќе тропне на неговата врата, тој сфаќа дека таа е единствената адвокатка на која не може да ѝ каже НЕ. Сѐ уште прекрасна и безобразна како и секогаш, таа ги диктира правилата: нема мешање на работа и задоволство. Но Кајл нема намера да се откаже од тоа што го сака – а тоа што го сака е единствената жена која никогаш не успеал да ја заборави.
Слатка, смешна, секси и жешка… Оваа книга би била идеална за филмските платна – Bookreviews Magazine.
-
Сонувај малку
4390,00 денЛошата среќа на Рејчел Стоун зема уште поголем замав. Со празен паричник, расипан автомобил и гладно петгодишно синче кое зависи само од неа, таа се враќа во градот каде што сите ја мразат. Но оваа решителна млада вдовица со скандалозно минато има поминато доволно во животот за да научи како да биде борец. Таа ќе направи сè за нејзиното дете да биде безбедно.
Гејб Бонер сака само да биде оставен на мир, особено од страна на прекрасната протерана жена која без дозвола го сместува своето привремено живеалиште – расипан автомобил – на неговиот имот. Таа има безобразна уста, талент за проблеми и дете кое му враќа многу болни спомени. Сепак, постои шанса жестокиот дух на Рејчел да е баш она што му треба на овој тврдоглав, силен маж за да се врати во живот.
Добредојдовте во Салвејшн, Северна Каролина – каде еден човек кој има заборавено што значи тоа нежност запознава жена која нема што повеќе да изгуби и заедно се впуштаат во смешно и трогателно патување на срцето… до место каде нивните соништа можеби и можат да се остварат.
-
Тајната на сопругот
6390,00 денВо срцето на Тајната на сопругот лежи писмо кое не смее да биде прочитано…
Драга моја Сесилија, ако го читаш ова, тоа значи дека јас сум мртов…Замислете дека сопругот ви напишал писмо, писмо кое треба да се отвори по неговата смрт. Исто така замислете дека писмото ја содржи неговата најдлабока, најмрачна тајна – нешто што има потенцијал да ги уништи животите на повеќе луѓе, не само вашиот совршен живот кој го имате изградено заедно. Потоа замислете дека сосема случајно го наоѓате заталканото писмо додека вашиот сопруг сè уште е многу… жив.Сесилија Фицпатрик има постигнато сè: таа е неверојатно успешна бизнисменка, страшно почитувана жена во заедницата, посветена сопруг на својот совршен сопруг и прекрасна мајка на три деца. Нејзиниот живот е совршен и беспрекорен како и нејзиниот дом. Но ова писмо ќе смени сè и тоа не само за неа. Рејчел и Тес едвај ја знаат Сесилија, но тие исто така ќе ги почувствуваат катастрофалните последици од тајната на нејзиниот сопруг.Прекрасна драма исполнета со мистерии во која особено ќе уживаат љубителите на хит серијата Очајни домаќинки. -
Дете 44
6420,00 денКога стравот го замолчува целиот народ, еден човек мора да ја каже вистината.
Во Советскиот Сојуз на Сталин не постои такво нешто како злосторство. А милиони луѓе сепак живеат во страв. Најмал сомнеж за нелојалност или погрешен збор кажан во погрешно време може да осуди невина личност на смрт. Лео Демидов, воен херој со прекрасна сопруга и идеалист, живее во луксуз во Москва и верува дека помага во создавањето на совршено општество. Негова цел е да ѝ служи на Државата. Меѓутоа, по погубувањето на еден невин човек, Лео почнува да се сомнева, а набрзо добива наредба под исто сомнение да спроведе истрага и за својата сопруга, Раиса. Тој е принуден да донесе одлука на чија страна е.
Тогаш се случува невозможното. Во земјата во која „не постои злосторство“ се појавува сериски убиец на деца кој остава крвава, перверзна трага низ целата држава. Но како да се фати ова чудовиште во држава која воопшто не сака да признае дека такво нешто е можно? Лео почнува своја истрага, а како завршува истата веројатно не би можеле да погодат ни најголемите љубители на трилери…
-
Само пријатели
8350,00 денДали е подобро никогаш да не се вљубиш или да се вљубиш во некој кој не можеш да го имаш?
Ова е приказна за една девојка која го губи својот татко толку ненадејно што ѝ се разнишува целиот свет. Приказна за една мајка која се обидува да ги заштити своите деца по секоја цена, макар и со лаги. Приказна за едно сираче од дом. Приказна за наоѓање на вистинска љубов и нова надеж, но и за претворање на таа љубов во забранета. Колкупати може светот да ти се сруши под нозе, а сепак да продолжиш да стоиш? Приказна која ќе ви покаже дека некогаш човек може да се смее на работи кои никој не ги смета за смешни. Која ќе ве научи дека акцентот треба да се става на животот. Приказна во која двајца кои се сакаат треба да научат да бидат само пријатели и приказна која ќе ви покаже дека семејството некогаш се и само пријателите…
„Уникатно, како ништо што сте прочитале досега. Што чекате, прочитајте ја веднаш!“ – Тамара Вебер
-
Без страв
3300,00 денКоја е најтешката работа што некој би можел да ја побара од некого?
Тревис Морисон е нуркач шампион и едно од најпопуларните деца во неговото училиште. На првиот ден од летниот распуст, додека се вози со чамец на езерото со неговите пријатели, Тревис одлучува да скокне од една од највисоките и најопасните карпи. Додека паѓа кон водата, нешто што успешно го има направено илјадници пати во животот, нешто тргнува во лош правец. Тревис се плаши дека ја скршил ногата, но тестовите во болницата откриваат ретка форма на рак на коски и со цел да му го спасат животот, докторите им кажуваат на неговите родители дека ќе мора да му ја ампутираат ногата.
Животот на Тревис и на сите останати околу него се менува преку ноќ… Тревис е убеден дека тој и само тој треба да одлучува за својот живот. Тој има план, но не може да го реализира сам. Дали ќе успее да го убеди неговиот најдобар пријател, неговата девојка или неговата сестра… кој било, да му го исполни најважното барање што постои?
-
На улица Даблин
4420,00 денСè што сака таа е сегашноста… но утрешниот ден чека.
Џоселин Батлер се крие и бега од своето минато со години. Но сега на сите нејзини тајни им се заканува разоткривање…
Пред четири години, Џоселин го има оставено своето трагично минато во Америка со започнување на нов живот во Шкотска, закопувајќи ја својата болка, игнорирајќи ги сопствените демони и терајќи напред без емоционални заглавувања. Нејзиниот самотнички живот функционира прилично добро – сè додека не се пресели во нов стан на улицата Даблин каде што запознава девојка која очигледно сака да ѝ стане пријателка и маж кој сака да ѝ стане нешто повеќе. Но она што тие не го знаат е дека Џоселин не сака да се врзува за пријатели и особено не сака маж кој би можел да ѝ го пробие штитот и да ги сруши до темел сите тврдини кои таа ги има изградено околу себе.Брејден Кармајкл е навикнат да го добива тоа што го сака, а она што го сака сега е Џоселин во кревет. Баш безобразната, ладна и мистериозна девојка е онаа која го копка неговиот интерес, иако може да ја има речиси секоја жена што ќе ја посака. Но тврдоглавиот Шкот нема да се задоволи дури ни кога ќе ја постигне првобитната цел затоа што со секој изминат ден, тој сака сè повеќе од неа. И нема да се откаже сè додека не ја запознае… до сржта на нејзината душа. -
Нешто сино
2390,00 денДарси е слатка триесетгодишна девојка, згодна до болка од моментот на нејзиното раѓање, па дури и во нејзините триесетти години. Таа отсекогаш можела да се потпира на неколку работи. Нејзината исклучителна убавина и шарм. Нејзиниот свршеник, Декс. Нејзината најдобра пријателка од детството, Рејчел. Никогаш не ѝ требало ништо друго, никогаш не било важно ништо друго. Ма какви правила, каква карма.
Но, затоа нејзината пријателка од раното детство, Рејчел, е сè она што Дарси не е. Таа е интелигентна, повеќе загрижена за светот во кој живее отколку за нејзиниот изглед… и таа е онаа на која Дарси секогаш ѝ се обраќа кога ѝ е потребен совет. Тие две, иако карактерно спротивни, функционираат заедно цели 25 години…
И сè е идеално во нивниот однос… сè додека… сè додека Дарси не дознае дека нејзиниот вереник ја изневерува. И она што е шокантно е дека, прво, сето тоа го дознава на само неколку недели пред големата фенси свадба која ја планираше; и второ (мислам пошокантно) дознава дека нејзиниот вереник ја изневерува со нејзината најдобра другарка – Рејчел?
-
Го сакам Лондон
2380,00 денАнџела Кларк е апсолутно вљубена во Америка, а се чини дека и Америка конечно почнува да ја засакува неа. И покрај тоа што нејзиниот вистински дом е Лондон, и покрај тоа што во Њујорк таа помина низ куп бурни авантури со нејзиното момче, со неуспешното наоѓање работа и со истекувањето на нејзината виза, работите конечно тргнуваат на добро за неа во најубавиот град на светот. Работата од соништата ѝ е речиси во рака, свршеничкиот прстен од момчето од нејзините соништа ѝ е на рака и сѐ е одлично.
Само што… таа сега нема избор, освен да се врати во Лондон. А таа идеја ја вади од памет и покрај тоа што се работи само за неколку дена. Зошто? Па таму е нејзиниот поранешен свршеник Марк, типот од кој побегна кога замина во Њујорк.
Крајот на серијалот „Го сакам…“ – книгата Го сакам Лондон е вистинска цреша на шлагот.
