-
До кога само лоши вести?
0400,00 денЕден топол летен ден, малечката Џоана Мејсон со фамилијата полека се враќа дома по нивната патека. Еден момент подоцна, таа е сведок на ужасно злосторство и животот на Џоана е променет засекогаш…
Триесет години подоцна, во темната ноќ, поранешниот детектив Џексон Броди е во воз што доцни и е преполн. Задлабочен во своите мисли, одеднаш слуша шокантен звук….
На крајот на долгиот ден, шеснаесетгодишната Реџи гледа малку телевизија. Тогаш ужасна бучава ја расипува нејзината мирна ноќ. За среќа, Реџи е спремна за секаков итен случај…
Овие три и многу други ликови се среќаваат на неочекуван и на многу непредвидлив начин.
Во низа трагични настани е отсликано нашето време…„Книга што апсолутно морате да ја прочитате!“
Харлан Кобен -
Сенките на дрвото од калинка
0420,00 денТарик Али ни ја раскажува приказната за последиците од падот на Гранада, за една потресна семејна сага, за оние кои успеале да го преживеат распадот на нивниот свет. Али е особено вешт во евоцирањето, за тоа каков им бил животот на осудените жители, опколени од сите страни со нетолерантно христијанство.
„Ова е роман кој има нешто да каже, и тоа на одличен начин.“ – „The Guardian“
-
Ноќ на златната пеперутка
0420,00 денРоманот Ноќ на златната пеперутка го исфрла на површина целиот гнилеж на панџаби општеството. Тој ги обработува универзалните проблеми на љубовта и неверството, животот и смртта, религијата и општеството.
Со присеќавањето на добрите времиња читателот е доведен до кулминација со поврзувањето и откривањето на сите ликови од романот кои се распрснати на сите страни од светот. Али успешно го доловува растот и развивањето на односите меѓу ликовите во романот, кој се менува низ целата приказна, прикажувајќи го само времето кое е важно за нивните животи.
Првите љубови никогаш не исчезнуваат, првите пријателства остануваат цврсти до крајот на животот.
-
Катедралата на морето
0490,00 денАрнау Естањол, макотрпно се пробива кон патот кон слободата и успехот. Од амал кој на грб пренесува тешки камења за изградбата на величествената катедрала Санта Марија, Арнау достигнува непредвидливи висини и станува еден од најмоќните луѓе во Барселона. Но, тоа е тежок пат на кој ќе претрпи стравотни удари на судбината, загуба и предавство на оние кои му се најмили. Кога поради забранетото пријателство со Евреи ќе се најде во канџите на злогласната шпанска инквизиција, Арнау ќе се соочи со Жоан, најдобриот пријател и посвоен брат. Што ќе победи: верската жар или братската љубов? Шпанска инквизиција во XIV век, сплетки, предавство и одмазда, но и љубов, страст и безусловно пријателство, сето ова е испреплетено во оваа неверојатна приказна за човекот кој никогаш не ги заборавил своите корени.
-
Светот на рамена
1420,00 денСите мислат дека знаат сè за Либи Страут, но никој никогаш не се обидел да погледне подлабоко во неа и вистински да ја запознае. По ненадејната смрт на нејзината мајка, Либи се затвора дома, но сега таа е подготвена: за средното училиште, за новите пријатели, за љубовта и за СЕКОЈА МОЖНОСТ ШТО И ЈА НУДИ ЖИВОТОТ.
Сакам да бидам девојката која може да стори сè.
Исто така, сите мислат дека знаат сè за Џек Маселин. Да, тој е секси и фраер во секоја смисла на зборот. Но, зад неговата самодоверба, тој крие тајна што мора да ја чува во себе по секоја цена. Биди шармантен. Биди проклето пресмешен. Не зближувај се со никого.
Тогаш Џек ја запознава Либи. И нивните светови се менуваат.
Бидејќи понекогаш, кога ќе запознаете некого, целиот свет доаѓа во фокус.
Џенифер Нивен ни дава уште една потресна и возбудлива љубовна приказна за пронаоѓањето токму на онаа личност што ве гледа и ве сака такви какви што сте.
-
Поранешниот ти
0480,00 денЛин Нејсмит се откажа од работата што ја сакаше кога се омажи за Ед, љубовта на нејзиниот живот. Но, вредеше, заради среќните години што ги проживеаја заедно. Сега, десет години подоцна, на Ед му е дијагностицирана рана деменција и почнуваат да се случуваат чудни работи- почудни од загубени клучеви и проголтани зборови. Како што некои сеќавања се заборавени, така, други, долго заборавени, испливуваат на површината… и совршениот свет на Лин почнува да се урива.
Но, кој тука си замислува нешта, Ед или Лин?…
-
Транскрипција
0430,00 денВо 1940 година, осумнаесетгодишната Џулиет е регрутирана во светот на шпионажата, ангажирана во таен оддел на МИ5 со задача да ги надгледува активностите на британските фашистички симпатизери. Брзо сфаќа дека таа работа е истовремено здодевна и застрашувачка. Но, со крајот на војната, смета дека сето тоа е засекогаш позади неа.
Десет годицни подоцна, сега како продуцент во „Би-би-си“, Џулиет ненадејно се соочува со некои ликови од шпионското минато. Сега е во тек една поинаква војна, војна што се води на поинакво бојно поле, а Џулиет сфаќа дека повтороно живее живот исполнет со закани и ризици.
„Транскрипција“ е не само возбудлива книга. Таа поседува длабочина и текстура што многу ретко се наоѓа во овој жанр. Ова е бравурозен современ роман кој е полн како со остроумност, така и со емпатија – врвно авторско остварување на една од најдобрите пистелики на денешнината.
-
Морам да знам
0420,00 денОвој психолошки трилер од „ЦИА инсајдер“ навистина ќе ве заледи. Во потрагата по руски шпионски круг во Америка, една аналитичарка од ЦИА открива смртоносна тајна што ќе ја преиспита нејзината лојалност кон Агенцијата, но и кон нејзиното семејство.
Што би направиле кога сè во што имате доверба излегува дека е лага?
Вивијан Милер. Врвна аналитичарка во ЦИА, среќно омажена со сопруг што го обожава, мајка на четири прекрасни деца. Но, во еден момент, таа открива нешто толку страшно, што почнува да се сомнева во сè околу себе.
Вивијан е решена да ја одбрани својата земја од сите непријатели, странски и домашни. Но, сега, соочена е со невозможен избор. Растргната меѓу лојалност и предавство, соработка или проневера, љубов или сомнеж. Кому да верува?
Не пропуштајте го „Морам да знам“, роман преведен на повеќе од дваесет јазици ширум светот, од кој се подготвува и филм со Шарлиз Терон во главната улога.
-
Безнадежно
0450,00 денЛажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на
седумнаесетгодишната Скај. Приказна навидум безнадежна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе Ве врати во времето на Вашата прва љубов.
-
Исповеди
1390,00 денНа дваесет и една година, Обурн Рид веќе изгубила сè што ù е важно. Во својата борба одново да си го изгради урнатиот свет, таа си ги зацртува целите и нема простор за грешки. Но, кога влегува во едно уметничко ателје во Далас, барајќи работа, таа не очекува да се појави длабока привлечност кон таинствениот уметник кој работи таму, Овен Гентри.
Обурн ризикува првпат и си го препушта срцето да ја води, само за да открие дека Овен чува голема тајна да не излезе на виделина. Обемот на неговото минато се заканува да го уништи сето она што ù е важно на Обурн и единствениот начин таа да си го врати животот е да го отфрли Овен од себе.
За да ја спаси нивната врска, сè што треба да направи Овен е да се исповеда. Но, во овој случај, исповедта може да биде многу подеструктивна од самиот грев.
„Хувер длабоко ќе ве трогне во оваа љубовна приказна за втора шанса… напнато, секси.“ (Буклист, Онлајн осврт)
„Исповеди е уште една емотивно наполнета и извонредно срочена книга. Колин Хувер продолжува да им носи на читателите уште една автентична приказна што се разликува од сите други и е прекрасно пренесена.“ (Бук краш)
-
Варшавскиот протокол
0550,00 денОд мирните канали на Бриж, до елегантните простории на „Кралскиот замок Вавел“, и длабоко под земјата во античкиот полски рудник за сол, Малоун е фатен среде смртоносна војна – чиј исход се претвора во тајна позната како „Варшавскиот протокол“. Откако поранешниот агент на Министерството за правда Котон Малоун беше сведок на кражба на една реликвија, тој од својата бивша шефица Стефани Нил дознава дека наскоро ќе се одржи приватна аукција каде што на највисокиот понудувач ќе му бидат дадени информации за претседателот на Полска, уцена што ја сакаат и САД и Русија, но од многу различни причини. Цената за присуство на аукцијата е една од реликвиите, па Малоун е испратен во замок во Полска за да го украде илјада години старото Свето копје, значајно не само за христијаните, туку и за полскиот народ. Но, ништо не оди според планираното и Малоун е втурнат во крвава битка меѓу три нации околу информациите што, доколку бидат откриени, може да го променат балансот на силите во Европа. Во најновиот бестселер на Њујорк тајмс „Варшавскиот протокол“, авторот ве води во една незамислива авантура каде што сте сведоци на исчезнувањето на седумте скапоцени реликвии „Арма Кристи“ од светилиштата низ целиот свет, кои се дел од распнувањето на Исус Христос.
-
Јас пред тебе
0450,00 денЉубовна приказна за новата генерација. Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што сè би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?
Тие немаa ништо заедничко додека љубовта не им овозможи да изгубат сè… -
После тебе
0450,00 денПродолжение на бестселерот на Њујорк тајмс ЈАС ПРЕД ТЕБЕ, роман кој е сакан од целиот свет
Лу Кларк има многу прашања. Како заврши да работи во еден бар на аеродромот, гледајќи како луѓето со авион заминуваат на нови места. Или зошто станот кој е во нејзина сопственост сè уште не го чувствува за свој дом. Дали нејзиното семејство може да ѝ прости за она што таа го направи пред осумнаесет месеци. И дали некогаш ќе ја запознае љубовта на неј зиниот живот.
Она што Лу знае за сигурно е дека нешто мора да промени.
„Оваа прекрасна приказна не е совршена. Таа е полна со солзи и смеа во еднаква мерка.“
L-O-V-E’ Closer -
Париз за еден и други приказни
0450,00 денБрој 1 според Њујорк тајмс, од Џоџо Мојес, авторот на „Јас пред тебе“, „После тебе“ и „Сè уште јас”.
„Париз за еден и други приказни“ е неодолива романтична колекција на раскази исполнета со хумор и напишана од срце.
Нел има дваесет и шест години и никогаш не била во Париз. Таа никогаш не била на романтичен викенд некаде далеку. Таа, всушност, и не сака многу да патува. Но, кога момчето на Нел нема да дојде на нивниот мини-одмор, таа ќе има можност да им докаже на сите, дури и на сама себе, дека не се во право.
Сама во Париз, Нел ќе открие дел од себе за кој никогаш не знаела дека постои – таа е независна и смела.
Дали ова ќе биде највозбудливиот викенд во нејзиниот живот?
Смешно, шармантно и неодоливо…
-
Еден плус еден
0450,00 денДа претпоставиме дека вашиот живот не е во ред. И тоа многу. Вашиот сопруг е исчезнат, тинејџерот посинок тврди дека е малтретиран, а вашата ќерка која е фрик за математика ѝ се пружа животна шанса која вие не можете да си ја дозволите. Тоа е судбината на Џес. Но, неочекуваниот витез во сјаен оклоп ќе ѝ понуди спас. Само што витезот на Џес е чудниот Ед, неподнослив милионер, чиј дом таа го чисти. Тој ќе понуди да го одвезе ова дисфункционално семејство на математичката олимпијада. Тоа е првиот, а можеби и последниот, несебичен чин во неговиот живот. ЕДЕН ПЛУС ЕДЕН на авторката Џоџо Мојес е еден од нејзините најдобри романи, тој е феноменален. Ќе се смееш, ќе плачеш, одвај ќе ја дочекаш последната страница.Кога ќе го завршиш ќе посакаш повторно да го прочиташ.