-
Бебето на Бриџит Џонс
0300,00 денБриџит Џонс, нашиот омилен лик и светски феномен, е повторно со нас, но овој пат како трудница во романот „Бебето на Бриџит Џонс.“
Бриџит Џонс се наоѓа пред нејзината најважна животна улога. Во години е кога сите отстрана и велат дека биолошкиот часовник отчукува и мора да роди дете.
По низа смешни ситуации својствени само на неа, таа останува бремена – но не баш како што си замислувала цел живот. Во текот на бременоста се соочува со безброј сплетки, неверојатни моменти и хаос при прегледите на ултразвук и вежбите за подготовка за породување, но никогаш не ја напушта желбата за печени компири со ренданo сирење. А сепак, клучното и најнепријатно прашање што станува белег целата бременост е – кој е таткото?
Бриџит не би била Бриџит ако не нè насмее до солзи со сето она што и се случува, сета романтика, радост и очај, каде што секогаш на крајот нештата завршуваат на убав начин што предизвикува пријатни и позитивни чувства.
-
Совршената дадилка
0300,00 денКога Мирјам одлучува да почне да работи наместо да остане домаќинка, таа и нејзиниот сопруг бараат совршена дадилка за своите деца. Никогаш не сонувале дека ќе ја најдат Луиз: тивка, љубезна, посветена жена, која умее да пее приспивни песни, го чисти нивниот стан во Париз, останува доцна без приговор и приредува прекрасни забави за децата. Но, како што парот и дадилката стануваат сѐ позависни еден од друг, љубомората, незадоволството и сомнежите се зголемуваат. Потоа, еден ден, две деца се убиени од eдна „совршена дадилка“! Градејќи напнатост со секоја страница, овој роман е возбудливо и храбро набљудувано истражување на моќта, класата, расата, семејството, мајчинството и лудилото! Во 2016 година романот ја добива наградата „Гонкур“ и набргу станува бестселер со над 450 000 продадени примероци!
-
Со затворени очи
0350,00 денМакедонско издание на светскиот мегахит „Bird Box“! Во светот на иднината луѓето не смеат да гледаат за да преживеат! Има нешто, нешто страшно што не смее да се види! Со само еден директен поглед на дневната светлина, следува болна смрт! Никој не знае што е тоа или од каде доаѓа. Пет години откако сето ова започнува, остануваат само неколку преживеани, меѓу кои и Малори и двете деца со неа. Живеејќи во напуштена куќа близу реката, таа сонува да побегне на безбедно место. Кога момчето и девојчето ќе наполнат четири години, време е да заминат таму, но патувањето ќе биде застрашувачко: повеќе од триесет километри по течението на реката во чамец и со врзани очи! Еден погрешен потег и ќе ги проголта смртта. Човек, животно или чудовиште? Овој психолошки трилер ќе ве прогонува долго откако ќе го прочитате. Во 2018 година беше филмуван со Сандра Булок, Треванте Роудс и Џон Малкович во главните улоги!
-
Имприматур
0700,00 ден11 септември 1683 година
Градот Рим е во неизвесност. Граѓаните чекаат информации за исходот од битката кај Виена, во која Отоманската Империја е пред портите на католичка Европа.
Во меѓувреме една римска таверна е ставена под карантин поради сомнително ширење на чума. Меѓу заробениците е и мистериозниот Ато Мелани, шпион што му служи на францускиот крал. Со помош на едно момче, тој открива скришен премин што води до мрежа тунели под градот. Нивните ноќни талкања во римското подземје ќе ги одведат до изненадувачки откритија во однос на смртоносното непријателство меѓу папата Инокентиј XI и Луј XIV и до таен заговор за користење оружје за масовно уништување во битката меѓу исламот и Западот.
Со темелно истражување и со брилијантна замисла, „Имприматур“ содржи воодушевувачки откритија, кои биле криени со векови. Ова е вџашувачки трилер што фрла нова светлина на судирот на силите во Европа од XVII век, чии последици се чувствуваат до денес.Кога била првпат објавена во Италија во 2002 година, книгата предизвикала огромен број контроверзии, била бојкотирана од италијанските медиуми и од сите издавачки куќи. Сепак, романот станал европски бестселер, преведен на 20 јазици и објавен во 45 држави. Досега се продадени повеќе од милион примероци.
-
Жената во кафезот
0450,00 денПрогонувана. Киднапирана. Но достоинствена. И борбена. Гребе со ноктите по голите ѕидови на просторијата во која е заробена додека прстите не почнат да ѝ крвават. Нема начин да одреди колку е часот или кој ден е, па неделите и месеците минуваат како на бескрајна лента. Прикриениот глас во темнината е груб и немилосрден. Вели дека сето тоа ќе престане кога ќе му одговори на едно едноставно прашање…
Детективот Карл Морк се враќа на работа по подолго отсуство поради престрелка во која едниот од неговите колеги останува парализиран, а другиот е убиен. Карл се обвинува себеси, а колегите почнуваат да го избегнуваат. Шефот го преместува во новоформираниот сектор за нерешени случаи надвор од Копенхаген, наречен секторот Q. Како единствен вработен во овој сектор му е назначен сирискиот имигрант Асад, кој всушност е чувар, но се покажува како талентиран и надарен детектив.
Карл одново ја започнува истрагата за случајот со исчезнатата млада политичарка Мерете Лингор. Таа исчезнала пред пет години и се претпоставува дека е удавена, но нејзиното тело никогаш не е пронајдено. Карл смета дека нешто е пропуштено во истрагата. Навистина, Мерете не е мртва. Сè уште не!
-
ДНК #1 Детската куќа
0450,00 денПрва книга од серијата „Детската куќа“! Мрачна и тажна приказна што започнува во 1987 година, кога три дечиња остануваат сираци и се разделени во три различни семејства. Како оваа приказна подоцна се поврзува со настаните што се случуваат во 2015 година, кога две момчиња бараат помош од соседите затоа што се будат заклучени во својата соба, а мајка им ја нема? Има причина за тоа – таа е мртва. Убиена е на грозоморен начин, а единствениот сведок на убиството е девојчето скриено под креветот, нејзината ќерка, која не можат да ја натераат да зборува. Каков ќе биде животот на тоа дете кога ќе биде во грижата на Фреја, психолог во „Детската куќа“, која работи со трауматизирани и злоупотребувани деца? Но убиецот не застанува тука! Атмосферата на неочекуваното е присутна од почетокот до крајот, меѓу несреќните животни судбини, страшните убиства, кодираните пораки, заплетканите животни приказни, кои постојано се откопуваат од минатото… Трилер во кој најморничавите настани се случуваат токму кога најмалку очекувате!
-
Мртва ладна
0350,00 денВо бајковитото село Три Пајнс во Квебек, додека селаните се подготвуваат за Божиќ, некој се подготвува за убиство. Главниот инспектор Арманд Гамаш е повикан да ја истражи причината за грозната и необична смрт на една жена. Не му треба многу време да сфати дека госпоѓата Сиси де Поатје не била омилена. Но, и покрај тоа што сите ја мразеле – меѓу кои и нејзиниот сопруг, љубовникот и ќерката – како е возможно никој да не види како се измачува од електричен удар среде подмрзнатото езеро? Инспекторот длабоко копа во случајот за да дознае каде лежи вистината. Набргу сфаќа дека и тој си создава непријатели. Со доаѓањето на страшните зимски ветришта, надоаѓа нешто уште пострашно. Во следните денови уште два смртни случаи ќе се најдат пред брилијантниот детектив Арманд Гамаш, легенда од рангот на Херкул Поаро и Шерлок Холмс!
-
Тетовирачот од Аушвиц
0450,00 денВо април 1942 година, Лале Соколов како словачки Евреин, е депортиран во комплексот на концентрациони логори Аушвиц-Биркенау. Откако неговите заробувачи ќе откријат дека Лале зборува неколку јазици, тој ќе биде ангажиран да работи како Тетовирач, а со тоа ќе остави доживотен белег во судбините на луѓето.
По две и пол години поминати во Аушвиц, Лале е сведок на ужасни злосторства, но исто така и на неверојатните акти на храброст и сочувство. Ризикувајќи го својот живот, тој ќе ја искористи својата привилегирана позиција за размена на накит и пари од убиените Евреи за да купи храна и да им помогне на затворениците да преживеат. Еден ден во јули 1942 година, затвореничката со број 32407 му ја менува судбината на Лале. Тој е цврсто решен дека некако ќе го преживее логорот и дека еден ден ќе се ожени со неа.
„Тетовирачот од Аушвиц“ е живописно и стравично сведоштво за издржливоста на љубовта и човештвото во најмрачните можни услови.
-
Царицата Романова
0550,00 денДури и зад престолот може да владее жена.
Приказна раскажана од мајката на Русија, последната Мајка Царица. Историски автентичен роман за животот на Марија Фјодоровна, еден од најзначајните женски ликови во царска Русија, која е сведок на трагичниот крај на царската лоза на Романови. На, речиси, деветнаесет години, ветриштата на судбината ќе ја однесат Мини во Русија, откако нејзината сестра Аликс станува дел од Англиското кралство, како снаа на Кралицата Викторија. Мини го добива своето православно име Марија Фјодоровна по склучувањето на царскиот брак со еден од Романови. Таа никогаш не заборава која е, но љубовта која ја чувствува кон Русија е, речиси, идентична со мајчинската љубов. По смртта на нејзиниот сопруг, нејзиниот син Николај го започнува своето владеење, под будното око на неговата сопруга Александра, заслепена од влијанието на Распутин.
Незапирливиот бран на Болшевичката револу ција конечно го става крајот на царското владеење со Русија. Така Марија ќе биде сведок на крајот на царска Русија и ќе се соочи со најопасниот предизвик и со најголе мата болка за една мајка, за Мајката Царица. Приказна за сите предизвици со кои се соочуваат само од Бога избраните да владеат.
-
Исповедите на Катерина Медичи
0550,00 денВистината е дека никој не e невин. Сите ние имаме гревови.
Исповедите на Катерина Медичи е брилијантна новела за животот на една од најмоќните жени во историјата. За некои таа е Кралицата која ја воведе Франција во ерата на дивјачкото насилство.
За други таа е посветен спасител на Француската монархија.
Избегнувајќи ја сигурната смрт во родната Фиренца, Катерина Медичи ја мажат на францускиот двор за Анри, синот на Франсоа I. Откако останува вдовица со 6 деца, советувана од Нострадамус, ја води неуморната битка против француското благородништво, кое ги влече конците на религиските конфликти, користејќи ја борбата меѓу католиците и хугенотите за да ја преземе француската круна.
К.В.Гортнер ликот на Катерина го претставува преку нејзина лична нарација, внесувајќи го читателот во интимниот свет на една жена која е подготвена на сè за да го заштити престолот за нејзиното
семејство.
Од бајковитите замоци, сè до религиските војни и колежите по улиците на Париз, Исповедите на Катерина Медичи претставува извонредно патување низ животот на најозлогласената или погрешно разбраната жена која некогаш била кралица. -
Девојката што ја остави зад себе
0450,00 денФранција во 1916 година….Софи мора да се грижи за безбедноста на својата фамилија додека нејзиниот љубен сопруг Едуард се бори на фронтот. Нејзе ѝ е наредено да ги служи германските офицери што го посетуваат нејзиниот хотел секоја вечер. Од нивното присуство нејзиниот дом е исполнет со жестока тензија.
Од моментот кога новодојдениот командант го здогледува портретот на Софи, насликан од Едуард, се раѓа страшна опсесија, која ќе ја натера Софи да донесе мрачна и тешка одлука.
Речиси еден век подоцна, портретот на Софи е закачен во домот на Лив Халстон, подарок од нејзиниот сопруг пред да почине. Ненадејна случка ги открива вистинската вредност на сликата и нејзината бурна историја. Историјата што ќе биде откриена уште еднаш ќе го преврти наопаку животот на Лив.Приказна за две млади жени што живеат во различно време, решени да се борат за она што го сакаат најмногу на светот по секоја цена.
Храброста и страста на двете главни хероини ќе ви го одземе здивот во оваа несекојдневна љубoвна приказна.„Прекрасно, вчудовидувачко, емотивно!“ Паблишерс Викли ќе речат за новата книга на Џоџо Мојес.
-
Жената од кабината бр. 10
0270,00 денВо оваа импресивна, фасцинантна приказна која потсетува на делата на Агата Кристи, Ло Блеклок, новинарка која пишува за списание специјализирано за патувања, ја добива задачата на својот живот: една недела на луксузно крстосување на брод со само неколку кабини. Небото е чисто, водата мирна, а префинетите, избрани гости се пријатни како и ексклузивниот брод Аурора, кој го започнува своето патување во живописното Северно Море. Во почетокот, престојот на Ло е сосема пријатен: кабините се луксузни, вечерните забави се блескави, а гостите елегантни. Но, како што изминува неделата, студените ветрови безмилосно удираат на палубата, небото станува сиво, а Ло сведочи на она што таа може да го опише само како мрачен и застрашувачки кошмар: една жена е фрлена во морето. Проблем? Сите патници стануваат осомничени и се земени предвид – и така, бродот плови како ништо да не се случило, и покрај очајните обиди на Ло да пренесе дека нешто (или некој) тргнало во ужасно, ужасно погрешна насока… Со изненадувачки заплети, вратоломни пресврти и со опкружување кое се покажува како непријатно клаустрофобично, како што е зловесно убаво, Рут Веар нуди уште едно напнато и интензивно четиво во „Жената во кабината бр.10“, кое дури и најсигурниот читател ќе го остави во непријатно неспокојство долго откако ќе ја прочита последната страница.
-
Изгубената девојка
0270,00 денПред осумнаесет години шестмесечната ќерка на Симона Портер, Хелена, е киднапирана.
Симона и нејзиниот сопруг, Мет, едвај успеваат повторно да ги состават парчињата од својот живот, но болката од загубата на нивното дете никогаш не ги напушта. Тогаш се појавува една млада девојка по име Грејс и ѝ кажува на Симона дека има информации за нејзината исчезната ќерка.
Но, која е Грејс? И дали Симона може да и верува? Но, кога и Грејс исчезнува, Симона се вплеткува во очајна потрага по својата ќерка и по девојката што може да има клучни информации за случајот. Таа е само на чекор од вистината, но тој чекор се наоѓа на опасна и болна територија.
Симона ја загуби својата ќерка. Но дали ќе го загуби и животот обидувајќи се да ја најде?
-
Сè што никогаш не ти кажав
0270,00 денЛидија е мртва. Но тие сѐ уште не го знаат тоа. Со овие зборови почнува несекојдневниот роман на Селест Инг за семејството со кинеско потекло што живее во Америка во седумдесеттите години од минатиот век. Лидија е омиленото дете на Мерилин и на Џејмс Ли, кои се надеваат дека таа ќе ги исполни нивните големи очекувања и ќе го оствари сето тоа за што сонуваат, а што самите не биле во можност да го достигнат. Но кога во езерото недалеку од нивната куќа ќе биде пронајдено телото на Лидија, чувствителната рамнотежа во семејството Ли ќе биде уништена и во нивниот живот ќе завладее хаос.
Ова е роман полн со детали и одлично прикажани емоции што ги преживуваат ликовите: долго потиснување на неостварените желби на родителите со кои ги оптоваруваат своите деца, како и напорот и борбата на членовите на семејството за меѓусебно разбирање. -
Мали огнови насекаде
0270,00 денОд најпродаваниот автор на „Сè што никогаш не ти кажав“, возбудлив роман кој ги следи испреплетените судбини на совршеното семејството Ричардсон и загадочните мајка и ќерка, кои прават пресврт во своите животи. Во Шејкерс Хајтс, спокојно, прогресивно предградие на Кливленд, сè е планирано – од изгледот на кривулестите патишта, до боите на куќите и успешните животи на нивните жители. И никој не го отелотворува овој дух повеќе од Елена Ричардсон чиј принцип, според кој се води, е да игра според правилата. Се појавува Миа Ворен, енигматичен уметник и самохрана мајка, која ќе пристигне во овој идиличен меур со својата ќерка тинејџерка, Перл, и изнајмува куќа од Ричардсонови. Наскоро, Миа и Перл стануваат повеќе од станари: сите четири деца на Ричардсонови се привлечени од мајката и ќерката. Но, Миа со себе го носи и своето мистериозно минато и не се грижи за состојбата на статус кво што се заканува да ја шокира оваа внимателно уредена заедница. Кога старите семејни пријатели на Ричардсонови се обидуваат да посвојат бебе со кинеско-американско потекло, битката за старателството еруптира толку драматично што го поделува градот – и ги става Миа и Елена на спротивставени страни. Сомневајќи се во Миа и во нејзините мотиви, Елена решава да ги открие тајните од минатото на Миа. Но, нејзината опсесија ќе даде неочекувани и разорувачки резултати. „Мали огнови насекаде“ се занимава со тежината на тајните, природата на уметноста и на идентитетот, и со опасноста од верувањето дека ако се игра според правилата, може да се спречи катастрофа.
-
Девојката и ноќта
0270,00 денКампусот на едно престижно средно училиште е завеан во снег. Тројца пријатели ќе бидат поврзани со една трагична тајна. Една млада жена исчезнува во ноќта.
Француската ривиера, зима 1992 година. Кога подготвителната школа е затворена поради снежната бура, Винка Роквел, 19-годишна, една од најсолидните ученички во нејзината генерација на програмата за пост-бакалауреат, бега со својот професор по филозофија со кого таа има тајна врска. За Винка, „Љубовта е сѐ, или ништо”. Никој нема да ја види повторно… Француската ривиера, пролет 2017. Некогаш неразделните Манон, Томас и Максим (најдобрите пријатели на Винка) немале никаков контакт меѓу себе по завршувањето на средното училиште. Тие се сретнуваат за првпат по 25 години, на собирањето по повод средношколскиот јубилеј. Кога тие беа ученици, под ужасни околности, тројцата пријатели извршија убиство и го сокрија телото во ѕидот од спортската сала во нивното училиште. Сега салата треба да биде срушена за да се направи место за новата училишна зграда. Одеднаш ништо не може да ја спречи вистината да излезе на виделина. Вознемирувачката, болна, ѓаволска вистина…