-
Смрт на Нил
0380,00 денНа една вечера во Лондон, славниот детектив Херкул Поаро ја забележува убавата Жаклин де Болфор како танцува со својот свршеник Сајмон Дојл, а силен впечаток му остава нејзиниот вљубен поглед во него. Следниот ден Жаклин оди во посета кај блиската пријателка и богата наследничка Линет Риџвеј во надеж дека таа ќе му понуди работа на Сајмон. По само три месеци, Сајмон ја прекинува свршувачката со Жаклин и стапува во брак со Линет.
Нововенчаната двојка заминува на меден месец во Египет, каде што истовремено се наоѓа и Поаро. Во хотелот каде што се сите сместени, тој посведочува една немила средба помеѓу двојката Дојл и Жаклин, по што му приоѓа Линет и му се доверува дека откако се венчале со Сајмон, Жаклин де Болфор постојано ги следи во чекор, нешто што за нив станува неподносливо. Иако свесен дека нема да постигне многу, Поаро се обидува да ја вразуми Жаклин да престане да ги прогонува, велејќи ù да не си го отвора срцето пред злото. Таа не го слуша, туку напротив, му вели дека постојано фантазира за тоа како ја убива Линет. Случајот добива трагичен тек кога за време на крстосувањето по реката Нил се случува убиство, но тука е Херкул Поаро за да го реши.
Романот „Смрт на Нил“, објавен во 1937 година, во истиот миг станува бестселер. Се работи за роман што ја обработува темата на љубовниот триаголник, како и љубомората и предавството, па така станува и еден од најомилените на публиката. Ова дело на Агата Кристи било адаптирано за театарската сцена, а исто така има и неколку филмувани верзии, како и адаптација за радиодрама на каналот Би-би-си 4.
-
Убиство во Ориент Експрес
0380,00 денПланот на Херкул Поаро да престојува неколку дена во Истанбул е нарушен кога добива ненадеен повик итно да се врати во Англија. Со помош на г. Бук, негов сонародник и директор на „Меѓународната компанија за вагони за спиење“, Поаро некако успева во последен миг да добие место на возот „Ориент експрес“ и линијата Истанбул-Кале.
Еден од сопатниците, американскиот магнат Семјуел Едвард Рачет, му се обраќа на славниот детектив за помош со објаснување дека добивал анонимни закани по неговиот живот, но Поаро го одбива. Следното утро, додека возот стои завеан од снег на трасата помеѓу Белград и Винковци, Рачет го пронаоѓаат мртов во неговото купе, повеќекратно избоден до смрт. Херкул Поаро решава да го испита ова убиство и притоа открива дека се работи за сложено злосторство чиешто решение исто така бара сложени методи, пред сè, дедукција и употреба на малите сиви клетки.
Романот „Убиство во Ориент експрес“, објавен во 1934 година, Агата Кристи го посветила на својот втор сопруг, Макс Едгар Лусиен Малован. Многу е веројатно дека приказната, која е делумно инспирирана и од вистинити настани, ја има создадено додека престојувала на археолошките ископини во местото Арпачија, Ирак. „Убиство во Ориент експрес“ се смета за најпознатото дело на Кристи со повеќе филмувани и ТВ-верзии
-
Лорд Еџвер е мртов
0380,00 денСлучајот со смртта на ексцентричниот лорд Еџвер е еден од најнеобичните што прочуениот белгиски детектив Херкул Поаро мора да го реши. Се работи за случај што комплетно ги збунува и припадниците на полицијата Скотланд јард. Сопругата на лордот, убавата американска актерка Џејн Вилкинсон, со која тој е во период на разделба, е забележана како влегува во неговата работна соба непосредно пред тој да биде пронајден мртов. Но, дали е можно таа да го усмртила сопругот, кога истовремено била присутна и на вечера со пријателите?
Овој случај изобилува со низа необични елементи што треба успешно да се поврзат за да избие вистината на површина, затоа што, како што вели Поаро, „секој од нас е мрачна мистерија, лавиринт во кој меѓусебно се борат разни страсти, разни желби, разни склоности“.
Романот „Смртта на Лорд Еџвер“, објавен во 1933 година, е роман чијашто приказна претставува една од најгенијалните криминалистички сложувалки со уште погенијален расплет. Исто така, ова дело е едно од првите филмувани дела на Агата Кристи, уште во 1934 година.
-
Убиството на Роџер Акројд
0380,00 денКога вдовицата госпоѓа Ферарс си го одзема животот, а богатиот индустријалец Роџер Акројд следниот ден го наоѓаат убиен во неговата работна соба, во малото англиско село Кингс Абот се јавуваат уште повеќе озборувања од вообичаеното. Се слуша дека госпоѓата Ферарс си го отрула сопругот годината претходно, па дека била во љубовна врска со Акројд, а се зборува и дека била уценувана затоа што некој дознал за делото што го сторила. Но, која е причината зад убиството на Акројд?
Овој случај е целосна мистерија за локалната полиција, но за среќа тука е прочуениот детектив Херкул Поаро, кој, од неодамна пензиониран, станал постојан жител на Кингс Абот со желба да одгледува тиквички во неговата градина. Тој се согласува да го преземе случајот, при што негов постојан придружник е докторот Шепард, воедно и наратор на приказната. Во текот на истрагата Поаро открива низа тајни, главно врзани за љубов и пари, а случајот ќе биде решен со еден мошне возбудлив пресврт на настаните.
Романот „Убиството на Роџер Акројд“, објавен во 1926 година, се смета за роман со кој Агата Кристи стекнува голема популарност и поширока читателска публика.
-
Мистериозниот случај во Стајлс
0380,00 денДејството на овој роман се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот Стајлс Корт, каде што живеат повеќе членови од семејството на Емили Инглторп. Таа го има наследено имотот од нејзиниот прв сопруг, покојниот господин Кавендиш.
Едно утро Емили ја наоѓаат мртва, со голема веројатност дека била отруена, што само по себе веднаш станува мистерија. Се работи за очигледно убиство, но со оглед на тоа што нејзината соба е заклучена однатре, не се знае кој успеал да го стори злосторството.
За Херкул Поаро мотивот за убиството на Емили Инглторп е нејзиното богатство, а осомничени се речиси сите од домаќинството: нејзиниот млад сопруг Алфред Инглторп, посиноците Џон и Лоренс Кавендиш, како и Мери, сопругата на Џон, Синтија, штитеничката на Емили, и Евелин, нејзината верна придружничка.
Романот „Мистериозниот случај во Стајлс“, објавен во 1920 година, е првиот роман на Агата Кристи во кој се среќава ликот на Херкул Поаро, каде што тој на брилијантен начин ќе успее да поведе истрага и да го реши ова убиство
-
Има ли сè уште секс во градот?
0350,00 денДваесет години по објавувањето на светски популарниот бестселер „Сексот и градот“, Бушнел малку го преобликуваше пејзажот – животот не се случува исклучиво на Менхетн. Сè совршено приспособила на приказната за луѓето кои ја поминале педесеттата година од животот, но кои и понатаму излегуваат, се забавуваат, лудуваат…
Авторката по малку сатирично ги коментира врските и односите помеѓу мажите и жените во средните години додека се движат во технолошки модернизираниот свет. Без разубавување и мошне духовито ги коментира различните феномени на 21 век. Љубовта и животот ги согледува низ различни перспективи – низ бракот и децата, разводот и загубата, а се осврнува и на мошне агресивните притисоци врз жените да останат млади и убави колку и да ги чини тоа.
Оваа книга е совршен приказ за состојбата на современото општество и логично продолжение на една од најреволуционерните книги на 20 век.
-
Без Мерит
0420,00 денСемејството Вос е сè освен нормално семејство. Живеат во пренаменета црква, што таткото ја нарекува Долар Вос. Кога мајката, која преживува рак, почнува да живее во подрумот, таткото се преженува за нејзината поранешна медицинска сестра. На малечкиот полубрат не му е дозволено да прави или јаде што и да е забавно, а најстариот брат е иритантно совршен. Потоа, тука е Мерит.
Мерит Вос собира трофеи што не ги освоила и тајните што семејството ја присилува да ги чува. Додека пребарува трофеи во локалната антикварница, го наоѓа Саган. Неговите духовитост и неапологетски идеализам ја разоружуваат и во неа повторно ја разгоруваат искрата живот – сè додека не открие дека тој е комплетно недостапен. Мерит уште повеќе се повлекува во себе, посматрајќи го семејството од страна, откривајќи тајна што ниту еден трофеј во светот не може да ја поправи.
Не можејќи повеќе да живее во лага, Мерит решава да ја разниша илузијата за среќно семејство од кое никогаш не била дел и да ги напушти засекогаш. Кога планот за бегство не ù успева, принудена е да се справи со последиците од кажувањето на вистината и губењето на момчето кое го сака.
-
Неподносливата леснотија на постоењето
0390,00 денВо Неподносливата леснотија на постоењето, Милан Кундера ја раскажува приказната за една млада жена вљубена во маж кој е растргнат помеѓу неговата љубов кон неа и неговата невоздржлива желба и по други жени, преплетена со приказната за една од неговите љубовници и нејзиниот понизно верен љубовник.
Овој извонреден роман меѓусебно сопоставува географски оддалечени места, понудува брилијантни и неверојатно интересни огледи и увиди и се карактеризира со вистинско богатство и оригиналност во поглед на стилот на пишувањето, со што за многумина го заслужува и пиететот најдобро и најпретставително дело на Кундера како романописец.
-
Бесмртност
0420,00 ден„Смртта и бесмртноста создаваат неразделна двојка… поубава од Ромео и Јулија или од Лорел и Харди…“ „Бесмртноста подразбира вечно судење.“
Тоа го вели Кундера во Бесмртност, каде што и самиот се јавува како лик. Бесмртноста, или претставата за неа, е присутна низ целата приказна, почнувајќи од интерференцијата на Гете и Хемингвеј како ликови, преку односите на другите, фиктивните ликови, па сè до инспирацијата што произлегува од еден единствен специфичен гест.
Кундера и во ова дело го користи нему својствениот и мошне типичен психолошки реализам, а низ Бесмртност како стожерни провејуваат две главни теми: врската меѓу човекот и неговата слика и она што Кундера го именува како хомо сентименталис.
-
Животинска фарма
0199,00 денЕден ден животните на фармерот Џонс креваат бунт и го прогонуваат земајќи ја судбината во сопствени раце. Превратот е раководен од свињите, самопрогласени за најумни меѓу своите собраќа. По спроведената животинска револуција следува чекор кон она што е својствено за сите револуции – кон тоталитаризмот. Идеалите се претвораат во демагогија, соперниците на власта сурово се отстрануваат, се измислуваат внатрешни непријатели за оправдување на насилството, се спроведува систематска дезинформација и манипулација на мислењето, се фалсификува историјата… Оваа промена на вредностите е блескаво изразена во паролата „Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите“.
Напишана во 1944 година, сатиричната антиутопија Животинска фарма била директно вперена против сталинистичкиот режим, но е еднакво важечка за секој систем во кој се поткопува личната слобода. Преведен на над 60 јазици и објавен во милионски тиражи, ова е роман кој никогаш не ја губи својата актуелност.
„Животинска фарма е мудра, емпатична, беспоштедна и просветлувачка басна за нашето време.“ Њујорк тајмс
-
Соништата на татко ми
0290,00 денНеобичните тинејџерски денови на Адам стануваат уште понеобични кога ќе ја запознае Ева и ќе се вљуби во неа. Она што почнува како младешка љубовна приказна одеднаш се преобразува во мистерија кога Адам почнува да сонува чудни соништа, толку силни и живи што не може да ја повлече границата меѓу нив и реалноста. Растргнат меѓу сонот и јавето, Адам сè повеќе се сомнева во својот здрав разум..
„Соништата на татко ми“ е хибриден роман кој постојано се трансформира – од метафизички трилер до психоаналитичка пародија, и од надреалистички кошмар до семејна сага. Преполн со симболика и алузии, ова е еден од најдобрите романи на еминентниот словенечки писател Евалд Флисар.
-
Ирмина
0525,00 денИрмина, млада и амбициозна Германка, доаѓа во Лондон кон средината на 30-тите години на минатиот век. Таму го запознава Хауард, студент на Оксфорд кој потекнува од Карипските Острови. Бидејќи и двајцата се туѓинци во Англија, тие се зближуваат, но нивната врска е ненадејно прекината поради политичката ситуација во Германија под власта на Хитлер. Ирмина мора да се врати дома, политичките тензии ескалираат, Втората светска војна наближува…
Во наградуваниот графички роман „Ирмина“, Барбара Јелин ја прикажува драмата што се создава кога човек мора да избере меѓу личниот интегритет и општествениот статус. Заснован на вистинска приказна, овој роман е еден од ретките прикази на нацизмот преку светогледот и искуствата на Германките од втората половина на XX век.
-
Еден од нас е следен
0450,00 денЕден од нас е следен, продолжението на Еден од нас лаже, нѐ враќа во средното училиште Бејвју. По смртта на Сајмон се појавуваат низа апликации за озборување, но овој пат не станува збор за апликација туку за игра.
Учениците добиваат групна порака за играта „Вистина или предизвик“. Тој што ќе избере „вистина“ ризикува да биде откриена неговата најдлабока тајна, а тој што ќе избере „предизвик“ ќе добие задача. Фиби е прва. Ако одлучи да не игра, ќе биде откриена тајна. А нејзината е мрачна. Потоа следува Мејв – но таа знае што да направи и одлучува паметно да постапи. А кога на ред ќе дојде Нокс, ситуацијата е веќе опасна. Предизвиците стануваат смртоносни.
Иако се откриваат пикантни тајни, учениците уживаат во играта и злокобното предупредување секогаш избирајте предизвик, сѐ додека не се појави нова жртва во Бејвју. Сајмон е мртов, но некој е одлучен да продолжи таму каде што тој застана.
Нова година, нови тајни, нови правила. Кој ќе биде следниот?
-
Мали тајни
0400,00 денСè што е потребно да се разоткрие нечиј живот е само една мала тајна…
Марин има совршен живот. Омажена за својата љубов од факултетските денови, таа е сопственичка на синџир елитни фризерски салони, додека сопругот Дерек управува со сопствена компанија. Тие се почитувани членови во својата заедница и семејство полно со љубов. Сè додека не им се распадне светот дента кога е киднапиран нивниот син Себастијан.
Една година подоцна, Марин е претворена во сениште. ФБИ изгубило секаква трага. Таа и нејзиниот сопруг одвај зборуваат еден со друг. Марин најмува приватен детектив да продолжи со истрагата, но, наместо да го најде Себастијан, открива дека Дерек има афера со помлада жена. Ова откритие ја враќа Марин во живот. Го изгуби својот син, но нема да дозволи да го изгуби и сопругот. Кензи е непријател со име и презиме, што значи дека ова е проблем што Марин може да го реши.
-
Срца од цимет
0400,00 денКолку далеку можеш да ги закопаш своите тајни? И да ја скриеш тагата? Колку долго може да се извлечеш со лагите? И колку долго можеш да живееш со тоа?
Ова е приказна за тројца најдобри пријатели: онаа што беше убиена, онаа што отиде во затвор и оној што ја бара вистината сите овие години…
Кога имаше шеснаесет години, Анџела Вонг – една од најпопуларните девојки во своето училиште – исчезна без трага. Никогаш никој не се посомнева дека нејзината најдобра пријателка е вклучена на кој било начин во убиството. Но не и Кајзер Броди.
Четиринаесет години подоцна, посмртните останки на Анџела Вонг се откриени. Заклучокот е дека и таа е жртва на серискиот убиец што подоцна убил уште најмалку три жени. И кога сите помислија дека мистеријата конечно е разрешена, започнуваат да излегуваат на површина длабоко закопани мрачни тајни. Она што се случило таа судбинска ноќ е покомплексно и пострашно отколку што некој би можел да претпостави. Опсесивното минато се враќа во смртоносната сегашност.
-
Да ги оживееме срцата за Бога
0300,00 денАрхимандрит Јован Крестјанкин
Во народот се вели:
„Ако гром не удри, човек нема да се прекрсти“.
Така е и со тебе. Ти во своите писма зборот „Бог“ го пишуваш со мала буква, а во своето срце и во својот живот Му оставаш сосема малку место. Да, денес парите свршуваат многу работи, но нема сила која е посилна од Божјата сила. Зарем не можеш да се покаеш за твојот минат непромислен живот, зарем не можеш да ја измолиш Божјата милост за себе и за своите деца? Дали тоа бил од Бога благословен брак?
Моли се, научи да се молиш. Јас не можам тоа да го направам за тебе. Бог ги слуша само оние кои Му се обраќаат со сето срце, а токму тоа и тебе ти го посакувам.
Извадок од новата книга „Писма за духовно раководење на современиот човек“