• Американски брак

    Американски брак

    0

    Рој направил сè како што треба. Израснат во работничко семејство од Луизијана, се изборил за школарина во колеџот Морхаус. Кога се оженил со Селестијал, таа веќе напредувала во својата уметничка кариера. И тогаш, Рој е уапсен за дело што не го извршил. Од затворот во Луизијана, со сопругата разменуваат писма. Во меѓувреме, Селестијал ја обновува врската со стариот пријател Андре…

    „Американски брак“ е приказна за афро-американски брачен пар чиј живот темелно се менува кога сопругот невин завршува во затвор. Приказна за неправичноста на општеството кон афро-американците и мноштвото познати и непознати импликации на таа неправичност. Книгата е препорачана од Опра Винфри и Барак Обама.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Авијатичарот

    Авијатичарот

    0

    Главниот лик на романот, Инокентиј Петрович Платонов, се буди во болнички кревет и сфаќа дека не се сеќава на ништо – ни на своето име, ни како завршил тука. По предлог на својот лекар, ќе започне да го запишува секој детаљ што ќе се врати од неговото сеќавање. Платонов создава калеидоскоп од слики, лица, зборови, мириси, звуци и случувања поврзани со животот на еден млад човек во екот на Руската револуција, болшевизмот, необолшевизмот и анархијата… Иако поголемиот дел од неговото минато се однесува на почетокот на XX век, Платонов насетува дека се разбудил во едно друго време… На апчињата покрај неговиот кревет пишува дека е 1999 година?!

    Во Русија нарекуван „Умберто Еко“, во Америка „рускиот Маркес“, Водолазкин со овој роман го оправдува и го потврдува епитетот гениј, создавајќи проза за сеќавањето и простувањето, за вината и невиноста, истовремено обликувајќи ја нежно и тажно, со силна духовна и литерарна димензија, претставувајќи го најмрачниот период на руската историја низ индивидуална судбина, зашто, како што и самиот вели, „политиката е на маргините во однос на она што се случува во душата на човекот“.

    Дали Платонов ќе успее да се приспособи на својата нова реалност?

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мирисот на листовите чај

    Мирисот на листовите чај

    0

    Сместена во дваесеттите години на минатиот век, приказната ја следи младата Англичанка Гвен, која има среќа да ја сретне љубовта на својот живот – русокосиот сопственик на плантажа од Цејлон (денес Шри Ланка). Таа доаѓа со пароброд на островот за да стапи во брак што ветува долг и мирен живот среде високите зелени ридови со чај. Но Лоренс е постојано на работа, а неговата млада сопруга мора сама да ја истражува плантажата.

    Талкајќи по забранетите места, Гвен наоѓа заклучена врата, премолчено минато. Гвен наскоро ќе остане бремена, а нејзиниот сопруг е пресреќен. По породувањето таа се соочува со страшната одлука што мора по секоја цена да ја скрие од Лоренс. Кога вистината ќе излезе на виделина, дали сопругот ќе може да ѝ го прости на Гвен тоа што го направила?

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Чернобилска молитва

    Чернобилска молитва

    0

    Чернобилска молитва е чудесна и потресна книга за личните соочувања на луѓето погодени од најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото. 26 април 1986 година, Чернобил. Сведоштво од кое се ежи кожата. Каталог на трауми на луѓе погодени од катаклизмични настани чии ефекти беа пренесени низ целата планета. Болка, страв, бес и несигурност, со кои сè уште живеат. Авторката дозволува оние што живееле и сè уште живеат во погодените области да ја раскажат сопствената приказна.

    Гласови на жени сведоци на грозоморното умирање и распаѓање на телата на нивните сопрузи погодени од радијацијата. Жена што добива рак од седењето покрај креветот на кој спиел нејзиниот сопруг. Гласот на таткото што ја закопал својата ќерка, почината од болест што не постои. Гласот на старата жена што не може да сфати зошто мора да ги напушти селото и својата градина кога во неа сè расте и сè цвета. Во овој свет сè изгледа сосема нормално затоа што злото се крие зад маска и никој не може да го препознае, да го види, да го слушне, да го допре или да го помириса. А сè може да убие – водата, почвата, јаболкото, дождот.

    Алексиевич нагласува дека ова не е книга за Чернобил, туку за последиците од Чернобил, за луѓето што живеат во нова реалност, која никако не можат да ја сфатат. Оние што го преживеале Чернобил се преживувачи на атомската Втора светска војна.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Војната нема женско лице

    Војната нема женско лице

    0

    Војната нема женско лице е една од најпознатите книги за војната. За време на Втората светска војна, околу еден милион жени се бореле на страната на Црвената армија, но за нив никогаш ништо не се пишува. Оваа книга ги собира на едно место спомените на стотици жени – снајперистки, тенкистки, болничарки. Ова е приказна за жените во текот на војната. Што ним им се случувало, како таа ги променила? Од што се плашеле? Како научиле да убиваат? Овие жени – повеќето првпат во својот живот – ја раскажуваат нехеројската страна на војната, која најчесто не е присутна во сеќавањата на ветераните. Тие говорат за валканоста и за студот, за гладот и за сексуалното насилство, за проблемите и за сенката на смртта. Алексиевич дозволува овие гласови да се слушнат во нејзината трогателна книга, првпат објавена во 1985 година. Авторката ја дополнила во 2002, преработувајќи ги деловите што биле цензурирани и додавајќи нови материјали што првично не било дозволено да се објават.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Девојките од песочниот замок

    Девојките од песочниот замок

    0

    1915 година. Елизабет Ендикот пристигнува како волонтер од Бостон во Алепо, Сирија. Стотици илјади ерменски жени и деца се прогонети од своите домови во Отоманската Империја! Ерменскиот геноцид го уништил семејството на младиот инженер Армен. Кога Армен заминува од Алепо и патува во Египет за да се приклучи на британските трупи, почнува да ѝ пишува писма на Елизабет. Полека сфаќа дека е вљубен и дека, ако не најде начин да се врати, ризикува да ја изгуби засекогаш!

    Години подоцна, ја запознаваме Лора Петросијан, романсиерка од Њујорк. Иако дневната соба во домот на нејзините баба и дедо била наречена „Отомански анекс“, таа никогаш не му придавала голема важност на своето ерменско потекло. Но, кога една стара пријателка ќе ѝ се јави, тврдејќи дека на изложба во Бостон видела фотографија од баба ѝ, Лора тргнува на патување низ историјата на своето семејство, кое ѝ открива љубов, загуба и вознемирувачка тајна закопана за идните генерации…

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Под црвеното небо

    Под црвеното небо

    0

    Под црвеното небо на Марк Саливен е базирана врз вистинска и нераскажана приказна од Втората светска војна. Приказната го следи животот на заборавениот херој Пино Лела, 17-годишно момче од Италија кое ги предводело Евреите во нивното бегство од нацистите преку Алпите. Назначен за возач на еден од најмоќните нацистички функционери во Италија, тој добива увид во најстрого чуваните тајни, истовремено сведочејќи за злосторствата на војната. Неговата храброст e поттикната од неговата љубов кон Ана, и сонот за заеднички живот.

    Ова е еден незаборавен и неодолив историски роман, триумфална, епска приказна за неверојатната храброст и издржливост за време на најмрачните часови во историјата. Јасно претставувајќи ги главните ликови и нивните емоции, Саливен ни ја прикажува војната каква што навистина е и како може да влијае врз луѓето на различен начин. Возбудлива сага за историјата, неизвесноста и љубовта која заслужува да биде раскажана.

    „Неверојатна приказна, прекрасно напишана, убава и благородна книга“ – Џејмс Патерсон

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Метален букмарк Париз

    Метален букмарк Париз

    0

    Метален букмарк Memory of Paris: Eiffel Tower. Сладок, тенок метален букмарк со врвка, симпатично спакуван за подарок.

    Во едицијата има четири различни букмаркери за четири градови: со нарачка на овој производ го нарачувате букмаркерот Париз.

    120,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Метален букмарк Њујорк

    Метален букмарк Њујорк

    0

    Метален букмарк Memory of New York: Statue of Liberty. Сладок, тенок метален букмарк со врвка, симпатично спакуван за подарок.

    Во едицијата има четири различни букмаркери за четири градови: со нарачка на овој производ го нарачувате букмаркерот Њујорк.

    120,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Метален букмарк Лондон

    Метален букмарк Лондон

    0

    Метален букмарк Memory of London: Big Ben. Сладок, тенок метален букмарк со врвка, симпатично спакуван за подарок.

    Во едицијата има четири различни букмаркери за четири градови: со нарачка на овој производ го нарачувате букмаркерот Лондон.

    120,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Магнет Ten reasons I love you

    Магнет Ten reasons I love you

    0

    Уникатни магнети, идеални за подарок за секого.

    Голем избор на различни дизајни, со различни кул натписи.

    130,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Магнет I keep losing weight

    Магнет I keep losing weight

    0

    Уникатни магнети, идеални за подарок за секого.

    Голем избор на различни дизајни, со различни кул натписи.

    130,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Магнет Friendship isn't one...

    Магнет Friendship isn’t one…

    0

    Уникатни магнети, идеални за подарок за секого.

    Голем избор на различни дизајни, со различни кул натписи.

    130,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Магнет Crazy Family

    Магнет Crazy Family

    0

    Уникатни магнети, идеални за подарок за секого.

    Голем избор на различни дизајни, со различни кул натписи.

    130,00 ден
    Додај во кошничка
  • Магнет Balanced diet...

    Магнет Balanced diet…

    0

    Уникатни магнети, идеални за подарок за секого.

    Голем избор на различни дизајни, со различни кул натписи.

    130,00 ден
    Додај во кошничка
  • Магнет Meal without wine

    Магнет Meal without wine

    0

    Уникатни магнети, идеални за подарок за секого.

    Голем избор на различни дизајни, со различни кул натписи.

    130,00 ден
    Прочитај повеќе