-
Големата магија
0400,00 денОд авторката на „Јади, моли се, уживај“! Без разлика дали сакате да откриете нови начини за решавање на предизвиците во тоа што го работите, или да напишете нешто, или да испробате да бидете креативни во некоја уметност, или едноставно сакате секојдневно да живеете со поголема СВЕСНОСТ и СТРАСТ, оваа книга ќе ви го отвори светот на чудата и среќата! Читатели од различни возрасти и сфери со години бараат инспирација во книгите на Елизабет Гилберт. Нејзината книга „Јади, моли се, уживај“ 199 недели била на првото место на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“. Според неа е снимен истоимениот филм со Џулија Робертс, Хавиер Бардмен и Џејмс Франко. Сега оваа авторка копа длабоко во себе и во минатото искуство за да ги сподели својата МУДРОСТ и единствена перспектива за КРЕАТИВНОСТА! Со длабока емпатија и великодушност, нуди моќен увид во мистериозната природа на ИНСПИРАЦИЈАТА. Со „Големата магија“ Елизабет ги анализира ставовите, пристапите и навиките што ни се потребни за да живееме покреативен живот.
-
МОЈАТА ГЕНИЈАЛНА ДРУГАРКА
0550,00 денМоќна и длабока приказна за доживотното женско пријателство и ривалство.
Приказната ja раскажува шеесетгодишната Елена која, соочена со мистериозното исчезнување на својата другарка Лила, решава да го овековечи секој детаљ од нивното заедничко минато. Растејќи во сиромашното неаполско маало во 50-тите, на суровите улици и во школските клупи, двете девојчиња учат да се потпираат една на друга пред сите детски стравови и предизвици. Иако патиштата непрестајно им се вкрстуваат и раскрстуваат, овие две дијаметрално спротивни жени сепак остануваат најверни другарки чии судбини се огледуваат една во друга и се прекршуваат.
Со првиот дел од тетралогијата Неаполски романи, Феранте се докажува како еден од најголемите италијански раскажувачи на сите времиња. Оригиналната и бескомпромисно искрена проза совршено ги портретира овие два женски лика обликувани во контекстот на повоена Италија. Мајсторски скроен и трепетно возбудлив наратив што го одзема здивот со секоја нова авантура на двете хероињи.
Елена Феранте е италијанска писателка што пишува под псевдоним и чиј вистински идентитет не е познат во јавноста. Живее во Неапол. Се смета за највлијателна на својата генерација. Авторка е на десетина романи, од кои се издвојуваат Вознемирувачка љубов (1992), Денови на заборав (2002), Загубената ќерка (2008), а со светска слава се стекнува токму со првиот од четирите Неаполски романи, Мојата генијална другарка (2011), серијал што ја донесе во најтесна конкуренција за неколку престижни книжевни награди.
-
ЛУЃЕ БЕЗ МИНАТО
0250,00 денЛуѓе без минато е роман за универзалната апсурдност на историските епизоди во кои е вклештен малиот, обичен човек. Зад лажната слика на редот се крие поинаква суштина. Таа отвора низа прашања за трагичната судбина на беспомошните единки затечени во настаните што водат во ќор-сокак.
Во безизлезот на пеколот, Роберт Новак и неговата генерација се втурнати во бесмислена војна од чиј хаос во сеќавањето им остануваат болни слики и судбински средби. Во мракот на немоќта и верноста кон идеолошките вредности, кога се распаѓа нивната држава, слепи се за границите на вистината со која немаат храброст да се соочат. Но сепак, на крајот од тунелот проблеснува светла точка која ја буди надежта за подобро утре.
Луѓе без минато е роман за човечките врски, за фаталните јазли на идеологијата во кои е заробен личниот живот, за ужасните лаги и предавства што го пресоздаваат злото. А единствениот противотров за него е едноставната и чиста човечка суштина.
-
ЛИДЕР БЕЗ ТИТУЛА
0380,00 денПовеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формулата на Робин Шарма – еден од најбараните гуруа на денешнината. Оваа формула сега ви е достапна и вам, преку вдахновените пораки за тајните на успехот и личната среќа.Книгата Лидер без титула ќе ве научи:
-Да бидете исклучителни во својата работа, без оглед на функцијата што ја имате
-Да ја искористите секоја шанса во тешките времиња
-Да изградите одличен тим и да станете продавач број 1
-Да ги совладате тактиките за ментална стабилност и физичка снага
-Да се изборите со стресот, да размислувате позитивно, да ослободите енергија и да постигнете хармоничен живот
Без оглед на позицијата што ја заземате во компанијата и на моменталните околности во својот приватен живот, не заборавајте дека поседувате моќ да станете лидер. Оваа книга ќе ве научи како да ја стекнете оваа моќ и да го измените не само својот живот туку и светот околу вас.Дајте го својот максимум!„Од калуѓерот што го продаде ферарито до лидер без титула, Робин Шарма нè води по вистинскиот пат. Врзете се и уживајте во возењето“.Кевин Робертс, Сачи & Сачи
„Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што вистински им го менуваат животот на луѓето“.Ричард Карлсон
„Лидер без титула е книга што ќе ви го
-
КОЈА ИГРА ЈА ИГРАШ?
0400,00 денБестселерот Која игра ја играш? на психијатарот Ерик Берн е книга што им помогна на милиони луѓе да ја сфатат динамиката на врските и да го подобрат својот живот.
Сите ние играме игри. Тоа го правиме при секоја средба со другите. Природата на овие игри зависи и од ситуацијата, но и од другиот учесник во играта. Оваа класика е најдостапната и најпроникливата книга напишана досега за игрите што ги играме: оние шаблони на однесување кои ги откриваат нашите вистински чувства и емоции. Со мудрост и досетливост ни ги покажува мотивите што се кријат зад нашите врски и ги истражува улогите што се обидуваме да ги играме – и сме принудени да ги играме. Која игра ја играш? ви го дава клучот за психологијата на другиот – и на самиот себеси. Ќе станете поискрени, поефикасни и вистински тимски играч.
„Генијална, забавна и јасна илустрација на психолошкиот театар што луѓето непрестајно го играат.“ Курт Вонегат
-
КИЛИБАР И СВИЛА
0320,00 денПо третпат Неџма ја зафаќа табу-темата во арапскиот свет: сексот. По Бадем, романот што ќе остане запаметен во историјата на литературата како прв еротски роман напишан од една Арапка, и Патеките на сетилата, кој го следи еротскиот пат на една млада муслиманка, овде ги откриваме авантурите на еден марокански студент.
Карим пораснал во Мароко не знаејќи ништо за љубовта. Како студент, а потоа и новинар во Париз, се нурнува во вител на еротски авантури, постепено откривајќи дека не успева вистински да љуби. Додека неговата култура не учи како да се љуби жена, уште помалку Европејка, имигрантот Карим одненадеж паѓа во сексуалниот вител карактеристичен за западното општество. Судбината на тој пат ќе му ја прати Бадра, хероињата на Бадем, која ќе го земе во свои раце. Арапинот Карим ќе ѝ го раскаже својот љубовен и сексуален живот и притоа ќе ги сфати своите неуспеси. За возврат, Бадра, со берберска крв во себе, не ќе се премислува да му каже сè отворено за Арапите.
„Овој решителен и храбар роман се вклопува во традицијата на приказните од Илјада и една ноќ, но во спротивна насока: овде маж раскажува на жена“. Sunday Times
-
БЕЛЕШКИТЕ НА ЛАЈЛА ГРЕЈС: КАРМА
0250,00 денКнигата која се распродаде во над 5.000 примероци, добива свое продолжение!
Авантурите на срцето на Лајла Грејс продолжуваат. Што ѝ се случува на вечно заљубената, во животот и во љубовта, хероиња?
Куси белешки пишувани онака како што чувствува срцето, емоции од најскришните катчиња на душата преточени во мастило на хартија, љубовни болки во кои се пронаоѓа секоја барем еднаш заљубена душа, урбани ситуации кои сите ги препознаваме и животни крстопати на кои барем еднаш сме застанале. Сите радости и болки на срцето се собрани во овие страници пред вас.
Кратки, луцидни и искрени размисли на кои секогаш ќе им се навраќате!
-
КАКО ВО ФИЛМ
0340,00 денМомчето Гашпер, вљубеник во Интернет и во хорор-филмовите, само уште малку не ќе смее да ги гледа филмовите за 12+. Тој живее со мајка си Мајда, која го напуштила сонот да стане сликарка, и таткото Јоже, кој сè почесто отсуствува од дома, што предизвикува бурни кавги… Него почнува да го копка чудното (не)расположение на мајка му, па почнува да пребарува на Интернет и доаѓа до сознанието дека ќе стане популарен во училиште ако дознаат дека мајка му се дрогира… Но дали не се работи за нешто друго?
Гашпер си има и други проблеми. Соученичката Тина го избегнува во училиште и сака да разговараат само по Скајп. Го прогонуваат и го исмеваат тројцата школски насилници. А најдобриот другар Марко е готов да го предаде за да се спаси од нив… Текот на овие секојдневни настани е прекинат од жестоката караница на родителите, ненадејното исчезнување на мајка му и посетатата кај чудниот Макс… Одеднаш, животот на Гашпер почнува да добива друга димензија!
-
КАДЕ ИСЧЕЗНА, БЕРНАДЕТ?
0450,00 денЗапознајте ги сите лица на ноторната Бернадет Фокс! За нејзиниот маж и Мајкрософт-гуру, таа е ексцентрична и своеглава; за архитектонските кругови е пионер на зелената архитектура; за останатите мајки чии деца учат во истото приватно училиште, таа е дрска и асоцијална, а за петнаесетгодишната Би е едноставно мама и нејзина најверна другарка.
Еден ден, Бернадет исчезнува. Сè почнува кога Би се враќа со највисоки оценки и ја бара ветената награда – семејно патување на Антарктикот. Но сè посилната алергија на Бернадет од Сиетл – и од луѓето воопшто – ја прави толку голем агорафоб што најмува виртуелна асистентка од Индија за најосновни секојдневни работи. Патувањето на крајот од светот ѝ задава дополнителни главоболки…
Во обид да ја најде мајка си – но и да ја разбере – Би собира имејлови, официјални извештаи, тајни преписки, доверливи документи од ФБИ, создавајќи заразно читлив и трагикомичен епистоларен роман за потиснатиот гениј и за силниот однос меѓу една мајка и една ќерка во овој апсурден свет.
„Нетрадиционален роман за еден извртен гениј и силната врска меѓу мајка и ќерка, но можеби премногу ќе се смеете за да забележите.“ Опра магазин
-
МОСТ ПРЕКУ ВЕЧНОСТА
0199,00 денКога ќе ја пронајдеш својата вистинската љубов, зграпчи ја. Минатото никогаш не се враќа за да го промениме. Една одлука влијае на целиот живот. Понекогаш изгледа страшно, изгледа тешко, сомнежите нè јадат однатре, двоумењето ни ги затвора очите и нè прави слепи и затворени за светот. Ричард Бах се плаши. Се плаши од тоа дека нема никогаш да ја пронајде вистинска љубов. Се плаши кога ќе ја пронајде. Се плаши дека се излажал. Во тој страв, кој му го задушува и кочи целото битие, тој решава да побегне, да побегне од љубовта воопшто. Меѓутоа, љубовта ги наоѓа своите патишта. Бах решава да порасне и да ја преземе одговорноста за себе и сопствениот живот, да ја прими љубовта со сето своето битие, затоа што, иако понекогаш боли, само така вистински се живее.Мост преку вечноста – Ричард Бах Една од најубавите љубовни приказни од авторот на култната книга Галебот Џонатан Ливингстон. Пишувана врз основа на автобиографски настани, на некој начин раскажувајчи ја својата животна сторија, Ричард бах раскажува за патиштата на љубовта и вечните дилеми, на тој начин изнесувајчи ни ја неговата животна филозофија. Кога ќе ја пронајдеш својата вистинската љубов, зграпчи ја! Минатото никогаш не се враќа за да го промениме. Една одлука влијае на целиот живот! Понекогаш изгледа страшно, изгледа тешко, сомнежите нè јадат однатре, двоумењето ни ги затвора очите и нè прави слепи и затворени за светот. Ричард Бах се плаши. Се плаши од тоа дека нема никогаш да ја пронајде вистинска љубов. Се плаши кога ќе ја пронајде. Се плаши дека се излажал. Во тој страв, кој му го задушува и кочи целото битие, тој решава да побегне, да побегне од љубовта воопшто. Меѓутоа, љубовта ги наоѓа своите патишта. Бах решава да порасне и да ја преземе одговорноста за себе и сопствениот живот, да ја прими љубовта со сето своето, затоа што, иако понекогаш боли, само така вистински се живее. Ричард Бах (1936- ) е американски автор, најпознат по својот роман Галебот Џонатан Ливингстон. Најголем дел од неговите книги се полу- автобиографски, во кои употребува вистински или фикционализирани настани однеговиот живот за да ја илустрира неговата филозофија: влегуваме во овој свет на Привиди и Појави за забава, за да учиме, да ги споделуваме искуствата со оние кои ни значат, да истражуваме, и најмногу – да научиме како да сакаме повторно и повторно. Ова е приказна за витезот на смртна постела и за принцезата која му го спасува животот. Ова е приказна за убавицата и ѕверот, за магиите и тврдините, за привидните сили на смртта и вистинските сили на животот. Ова е приказна за најважната авантура на светот, без оглед на векот во кој се одвива.
-
ЉУБОВ СО МАЛИ БУКВИ
0199,00 денПрвиот ден од новата година. Самуел де Хуан, триесет и седумгодишен професор по германска книжевност, своеволен осаменик во постојан страв од ненадејна смрт, се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓутоа, еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот, со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на Мишима, младиот уличен мачор, е почеток на чудесните промени во херметичкиот свет што си го создал главниот јунак, првиот мал чекор кон љубовта во мало… Чекор по чекор, Самуел де Хуан го напушта својот тивок свет на книги, музика и филмови, своите вкоренети навики и домашната ергенска педантерија, и се преселува во свет со „густо населена, бучна осаменост“.
Благодарејќи на лукавиот мачор, ги запознава необичниот Валдемар, поранешен физичар што е преокупиран со тајните на Месечината и на човечката душа, стариот сосед Титус, компилатор на разни водичи низ животот и магијата, убавата и осамена ветеринарка и светот на случајностите што ќе го вратат триесет години назад, во замокот на „бакнежот на пеперугата“, и кај Габриела, осамената жена на неговиот живот.
Забавна и нежна приказна за љубовта и пријателството, што ќе го трогне читателот со малите тајни на среќата.
„Франсеск Миралјес е длабок, бистар и оригинален писател. Им го препорачуваме овој роман, лекција по љубов и човечност, на сите што веруваат дека можностите на човечкото духовно зреење и менување немаат граници. “
-
399
0199,00 денЖивееме во култура copy paste. Културата што доживеа подем со развојот на информационата технологија. Таа е производ на општеството на изобилието чии плодови се користат на секој чекор. Таа е промотор на глобалното село. Таа е резултат на судирот на индивидуалната егзистенција и општествениот систем. Култура на конфликтот. Контрадикторна култура до срцевината. Оксиморон. Електрицизам. Хибрис. Глобална култура со која управуваат ‘бунтовници’. Бунтот како поза. Вмрежени битници!:))
Кои од придобивките на оваа култура copy paste ќе преживеат? Одговорот на ова прашање ќе го даде времето. Ние, во оваа библиотека, само ги пренесуваме. Ништо не проповедаме ниту симулираме. Само го пресликуваме она што се случува на полето на книжевноста, уметноста, бизнисот. Бизнисот? Да, зошто да не?! Впрочем, што останува кога ќе ја одвоиме уметноста од маркетингот? Празни галерии, сали и книги што никој не ги чита. Можеме да мрмориме и да негодуваме, но така е. Доколку тоа не ви се допаѓа имате друга опција: цут. јуст (дон’т) до ит!
Октав Паранго, ненадминат првак во креирањето на рекламни слогани, поминува низ лош период во животот. Неговиот талент страда од претерување во консумирање на кокаин, трошење на пари, лесни девојки и непроспиени ноќи. Помеѓу монденскиот кварт Сен-Жермен де-Пре, семинарот во Африка и снимањето на реклами во Мајами, овој млад рекламџија ќе се обиде да ги состави делчињата од својот растурен професионален и сентиментален живот. Ексцесивна критика или документарен пастиш; како и да ја доживеете оваа книга, нема да им одолеете на духовитите забелешки на сметка на светот во кој живееме, затрупан со рекламни спотови што ни ги диктираат животните идеали.
За Фредерик Бегбеде едни велат дека е лицемер, елитист и париски сноб. Други го сметаат за идеолошко дете на Мишел Уелбек и најдобар писател на новата книжевна сцена во Франција. Тој самиот, пак, тврди дека не е Бубо (буржуј боем) туку Бобу (богаташ бунтовник). За него пишувањето не значи да се објаснува животот, туку да се прикаже без шминка. Вели дека книгите мора да одат подалеку од телевизијата ако сакаат да поттикнат интерес. Тие мора да го покажат невидливото. Овој талентиран млад писател смета дека денес „непотчинувањето станало облик на потчинетост“ и дека „револтот претставува составен дел на играта“. Биди и ти дел од забавата. -
Лола и момчето од соседството
0270,00 денНадежната дизајнерка Лола Нолан не верува во мода… таа верува во костим. Колку поизразита облека – посјајна, позабавна, полуда – тоа подобро. И животот, во тој свет на Лола, особено со нејзиниот дечко, сексипилниот рокер, е скоро совршен. Така и е, се додека во нејзиното соседство не се вратат ужасните близнаци Бел, Калиопи и Крикет и не го откопаат болното и навредливо минато за кое Лола мислеше дека е одамна закопано…
-
Бруклин
0199,00 денЕлис Лејси не може да најде добра работа во Ирска. Свештеникот Флуд ѝ нуди одлични можности за работа преку Атлантикот, во Големото јаболко. Во Бруклин. Елис не може без семејството и пријателите, ама сепак тргнува во потрага по подобар живот. Се качува на прекуокенаскиот брод за да заплови во водите на животот.
Таа вредно работи и учи во Америка, во ветената земја, ама носталгијата постојано расте. Еден ден го запознава Италијанецот Тони и тие се вљубуваат. Елис е пред ново искушение и мора да избере меѓу љубовта и родното место.
Незаборавен роман, натопен со човечка длабочина, забавен и вешто скроен… Чувствителен и неодолив портрет на една девојка чиј што мирен семеен живот се претвора во интересна љубовна романса. Ова е најпознатиот роман на ирскиот писател Колм Тојбин, со кој тој ја доби престижната награда Costa Book Award и беше во потесен избор за ексклузивната европска награда Booker. Според сценариото од оваа новела во 2015 година беше снимен и светски познатиот филм, кој што под истоимениот наслов „Бруклин“, доби три номинации за Оскар
-
Снеговите на љубовта – книга втора
0199,00 денОд време на време Сеит повторно води боемски живот. Се забавува со убави жени, пие вотка. Отвора луксузни ресторани со музика и танчарки во Пера – срцето на Истанбул, како и во летувалишта на островите и бреговите на Мраморно Море. Читателот ќе дознае за што разговарал таму со турскиот претседател и војсководец Ататурк, додека на подиумот деца, врвни танчари, изведуваат казашки танци…
Таму ги доживуваат најубавите љубовни мигови со Мурка.
Деновите на удобниот живот и раскошните забави се далеку. Со Мурка и со ќерките се борат со немаштија, болести… Во родната Алушта на Крим, болшевиците го убиваат татко му Мирза Еминов и ја искоренуваат целата негова фамилија.
Светот влезе во Втората светска војна…
Со Мурка доживуваат и други семејни трагедии, кога умира нејзината најмлада сестра, а ќерката Леман, миленичка на Сеит, (мајка на авторката Нермин Безмен) има несреќен брак. Нејзиниот маж ја изневерува на најподмолен начин…
Сеит е разочаран, предвреме остарен и му се враќаат спомените за првата љубов Шура…
-
Снеговите на љубовта – книга прва
0199,00 денНа бродот за Париз, заедно со Шура замина и минатото на Курт Сеит, сите соништа што никогаш нема да се остварат и татковината во која веќе не ќе може да се врати, фамилијата и пријателите што веќе никогаш нема да ги види. Иако и натаму го следат спомените на бурната љубов, Сеит запловува во брачните води со младата Мурка и сега за таа детинеста, срамежлива, ама и љубоморна жена го поврзуваат длабоки чувства. Сепак, нивниот однос е преполн со издигања и падови, затоа што погледите на животот доста им се разликуваат. Сеит копнееше за Америка, а Мурка пак не сака да се оддели од семејството, а тука се и ноќите што Сеит поради природата на својата работа ги поминува надвор од куќата и сенката на Шура што од време на време се појавува над нив.
Читателот во вториот дел од „Снеговите на љубовта“, документарна сага од брилијантната авторка Нермин Безмен, емотивно ќе ги доживее новите драматични доживувања на главниот јунак…
Романот во делови „Снеговите на љубовта“ е плод на долготрајното истражување на авторката и веднаш по објавувањето ја освои пошироката публика.