-
Крадецот на луридиум
0350,00 денДванаесетгодишниот Вилијам Вентон, не е како неговите врсници. Toj има чудесна моќ за откривање на шифри. Се обидува да разбере зошто неговото семејство пред неколку години било принудено да го промени идентитетот и во драматични околности да побегне од својот дом во Лондон и да се пресели во Норвешка, каде што живеат таен живот исполнет со страв. Но неговиот генијален талент за разбивање на шифри е откриен и Вилијам Вентон се соочува со невидени опасности и суштества што со години чекале на него… Тој сепак е упорен во намерата да го пронајде својот мистериозно исчезнат дедо кој претходно основал и работел во уште помистериозен институт за постхумни истражувања.
Крадецот на луридиум е прва книга од серијата за возбудливите авантури на младиот Вилијам Вентон. Веднаш по објавувањето книгата стана книжевен феномен и досега е објавена во 37 земји, а наскоро се очекува и холивудски филм.
Боби Пирс (1974), норвешки сценарист и режисер, остави трага во историјата на норвешкиот филм кога во 2006 година ја освои Златната палма за сценарио и режија, а во 2015 година го објави романот за деца „Крадецот на луридиум“. Книгата во 2015 година ја освои угледната норвешка награда за детска книжевност Арк, а во 2016 година е прогласена за Книга на годината во Норвешка.
-
КАРАНТИНСКИ ПРИКАЗНИ
0199,00 денГодинава што ја живееме е година на предизвици, на застанати или одложени животни приказни. Карантинските приказни се омаж на времето поминато во карантин и наоѓањето утеха во исцелувачката моќ на зборот.
Да ја запаметиме оваа 2020 како миг од нашата историја кога посведочивме големи промени, а ги запишавме заедно!
„На крајот, сите стануваме приказни.“ Маргарет Атвуд
-
-
Теса од Д’урбервилови
0350,00 денТеса од Д’Урбервилови на Томас Харди е едно од најголемите трагични дела на викторијанската литература. Романот ја раскажува приказната за Теса, сиромашна жена чии претходни љубовни врски и неуспеси доведуваат до тоа да биде оставена од нејзиниот маж на нивната венчална ноќ. Бидејќи се занимава со прашања поврзани со класата, религијата, половите и сексуалноста, во времето на своето појавување романот бил исклучително контроверзен. Денес е популарен како кај обичните читатели, така и кај критичарите и историчарите на литературата. „За Харди романот е средство за создавање вистински, па дури и сурови и груби претстави за животите на мажите и жените… Во секоја негова книга три-четири ликови преовладуваат, и стојат како водачи што ја привлекуваат силата на другите елементи… Накусо, никој не може да ја негира силата на Харди – вистинската романсиерска сила – да нѐ убеди дека неговите ликови се живи суштества прогонувани од своите страсти и особености, додека истовремено поседуваат – а во тоа се состои талентот на писателот – нешто симболичко што е заедничко за сите нас.“
Вирџинија Вулф -
Бисерот што ја скрши школката
1499,00 денКабул 2007 година
Покрај таткото зависник од дрога, Рахима и нејзините сестри само повремено можат да одат на училиште, а од дома излегуваат многу ретко. Единствената нивна надеж се наоѓа во древниот обичај наречен бача-пош, што ќе ѝ овозможи на младата Рахима да се облекува како момче и да биде така третирана сè додека не стигне до годините за мажење. Како син, смее да се образува, да оди на пазар, да ги чува и да ги надгледува постарите сестри.
Но, Рахима не е првата во своето семејство што прибегнала кон тој несекојдневен обичај. Еден век претходно, нејзината прабаба Шекиба, останувајќи сираче, се спасила и изградила нов живот на истиот тој начин.
Пловејќи низ времето, Бисерот што ја скрши својата школка ги испреплетува приказните на овие две жени кои, иако разделени од еден цел век, имаат слични судбини. Но, што ќе се случи кога ќе дојде време Рахима да се омажи? Дали Шекиба целиот живот живеела како машко? Како Рахима ќе преживее ако не успее да се приспособи на животот како мажена жена?
Оваа моќна приказна за беспомошноста, судбината и слободата за управување со сопствениот живот ги спојува во себе културните бои и емоционалните одеци на Халед Хосеини и Лиса Си.
„Надија Хашими на читателите им подарува одлично напишана проза, полна со искреност проткаена со восхит и почит. Таа се служи со историска нарација и благодарение токму на семејните преданија, современата жена ја учи како и кога да ја скрши својата школка“. – Historical Novel Society -
ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН ВОЛШЕБНИК
0380,00 денДневникот на еден волшебник е восхитувачка приказна на Пауло Коелјо за неговиот аџилак по средновековниот чудесен Пат на свети Јаков до Сантјаго. Тоа е духовна потрага полна со авантури, но истовремено и фасцинантна алегорија за потребата од пронаоѓање на сопствениот животен пат. Борејќи се со многу искушенија, натчовечки напори за исполнување на задачите поставени од водачот-учител и неочекувани борби со внатрешните демони, патникот ќе ги научи најважните лекции за животот и за она што нè први луѓе. На крајот од патот, ќе ја открие и најголемата тајна – дека не е важно да ја имаш моќта, туку да знаеш како правилно да ја искористиш.
Ова е една од најважните книги на Коелјо, не само затоа што е негов прв голем роман, претходник на Алхемичарот, туку и поради целиот начин на кој во него е изразена хуманоста на филозофијата на Коелјо и длабочината на неговата духовна потрага.
-
Ваби-Саби
0320,00 денДоаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.
Самуел е во осумгодишна врска со Габриела, но сè уште живее сам во својот стан, занимавајќи се со часовите по германски и повремено помагајќи му на Титус, соседот кој работи како уредник на книги за мотивација.
Едно јунско утро добива разгледница од Јапонија на која е прикажано маче со подигната шепа и со една таинствена порака: Ваби-саби. По неколку дена добива и втора разгледница со фотографија од еден храм.
Еден неочекуван настан го поттикнува на далечен пат кон оваа азиска земја. Таму тој ќе ја научи убавината на несовршеноста, таму ќе му се отвори неочекуваниот прозорец на љубовта…
-
НЕМА, И НЕКА НЕ НИ ИМА
0250,00 денНема, и нека не ни има ја разоткрива секојдневната драма на сложените семејни и човечки врски во кои единката треба да се снајде и да преживее. Преку личните приказни, Едина Сворен со богата палета го портретира и современото унгарско општество, носејќи го читателот на прошетка низ секојдневниот живот на Будимпешта, градот кој ги обединува приказните во книгата. Малите ликови како да се изгубени во лавиринтите на големиот, безличен град. Нивните навидум незначајни приказни, создадени под товарот на апсурдот, ја носат во себе самоиронијата на преживеаните. Спонтано раскажани и полни со ноншалантен хумор, детално откривајќи ни ја мапата на меѓучовечките односи, тие истовремено умеат и да заболат.
Сите приказни во книгата се фокусираат на семејството – централната сцена која обезбедува модел за нашите животи, без разлика дали се бориме на таа сцена или само набљудуваме отстрана. Тоа им дава на приказните богата атмосфера во која секојдневниот реализам е успешно комбиниран со иронијата и апсурдноста, без да ги претвори ликовите и ситуациите во стереотипи, туку давајќи им сложеност и нудејќи длабока анализа на емоциите и размислувањата на современиот Европеец.
Нема, и нека не ни има ја доби Наградата за литература на Европската Унија во 2015 година.
-
Умешноста да ја креирате вашата реалност – Водич за свесни креатори
0450,00 ден„Драги свесни креатори!
Во вашите раце се наоѓа Водич за креирање на реалноста во 7 најважни сегменти во животот:
Љубов
Здравје
Пари
Успех
Работа
Семејни односи
Пријателство
Мојата намера беше да го креирам овој Водич со конкретни методи за креирање во горенаведените животни сегменти затоа што сум свесна дека сите можеме да бидеме брилијантни во сите овие сегменти од животот.
Уверувањето дека не можеме да имаме сè и да бидеме успешни во сите животни сегменти не е ништо друго освен – само уверување.
Сме дошле на овој свет за да се присетиме кои сме и да ја играме оваа прекрасна игра наречена живот.“
Ана Бучевиќ
-
ЗИМСКИ РАСПУСТ
0350,00 денПоследен училиштен ден, ден пред зимскиот распуст. Родителите планираат романтичен викенд. Берглјот се радува што ќе може да излезе со симпатијата, а потоа да преспие кај најдобрата другарка надолго да си разговара со неа, додека братчето Браги смислува како ќе го помине времето кај своето другарче… Но ненадејно мајка им добива голем правен случај што не може да го одбие и пропаѓаат сите убави планови. Лути и смуртени, Берглјот и Браги заминуваат со татко им на одмор во планинската куќичка, а мајка им останува дома…
Никој од нив не може ни да претпостави дека тоа ќе им биде најнеобичниот – и најкрвавиот зимски одмор во животот. Денови исполнети со страв, студ и бегање пред опасноста што се надвиснува над нив, заробени од една вонземна канибалистичка цивилизација што се заканува целосно да ги уништи…Брутално реалистична хорор приказна… Страшно возбудлива и одлично напишана книга која просто се голта…Хелга Биргисдотир, Хуграс
-
ЧОВЕКОТ ОД КРЕДА
0420,00 денВо 1986 г., во своето задремано англиско селце, Еди и неговите другари го минуваат безгрижно летниот распуст пекајќи по некаква авантура. Таа доаѓа во ликот на новиот наставник – висок и необично бел човек когошто го нарекуваат Човекот од креда. Од него ги добиваат првите креди во боја и идејата да си оставаат нацртани пораки разбирливи само за нив. Сè додека еден ден мистериозно појавеното човече од креда не ги одведе кон едно распарчено човечко тело запретано под лисјата во шумата…
Во 2016 г. Еди е веќе возрасен човек и наставник во своето некогашно училиште. Монотоното секојдневје му го нарушува неочекуваното пристигнување на едно писмо – човече нацртано со креда. Излегува дека истото писмо го добиле и неговите другари од детството. Кога еден од нив ќе биде најден мртов во реката, ќе сфатат дека не се работи само за лоша шега. За да се спаси од кошмарот, Еди мора да сфати што точно се случило пред 30 години…
„Имав заборавено што значи непроспиена ноќ затоа што не можеш да се разделиш од некоја книга. Благодарение на Човекот од креда, повторно се потсетив на тоа чувство.“ Фиона Бартон, Њујорк тајмс
„Сакате да прочитате нешто добро?… Ако ги сакате моите дела, ова сигурно ќе ви се допадне.“ Стивен Кинг
-
ДЕВОЈКАТА ОД МОЧУРИШТЕТО
0500,00 денГласиштата за Девојката од мочуриштето со години кружат низ Баркли Коув, тивкото гратче на брегот од Северна Каролина. Кога кон крајот на 1969 година богатиот Чејс Ендруз ќе биде пронајден мртов, сомнежот на мештаните веднаш паѓа врз Каја Кларк, таканаречената Девојка од мочуриштето. Меѓутоа Каја не е онаква каква што ја опишуваат. Чувствителната и остроумна девојка со години живее сама во куќичката на брегот на мочуриштето што го нарекува дом, спријателувајќи се со галебите и откривајќи ги животните лекции во песокот. Но доаѓа време кога почнува да копнее по љубов и прегратка. Кога нејзината дива убавина ќе маѓепса двајца младичи од градот, Каја го отвора срцето за новиот живот ‒ но тогаш се случува незамисливото.
Девојката од мочуриштето е едновремено неверојатна ода на природата, приказна за растењето и влегувањето во светот на возрасните и мистериозен случај на можно убиство. Авторката нè потсетува дека ние сме обликувани од децата што сме биле порано и дека сите сме подложни на убавите и насилни тајни што ги крие природата.
„Болно убава!“ Њујорк тајмс
-
ДОСТОЕВСКИ И МЕКДОНАЛДС
0350,00 денДенешните источни и словенски книжевности се изложени на силен налет на глобализацијата, што од точката на гледање на нивните книжевни традиции се доживува како бришење на националниот и локалниот културен идентитет. Таа западна колонизација на словенските семиосфери се одвива и преку редефиниција на поимот „книжевност“ и наметнување на една нова естетика на бестселерот, сфатен како нормативна глобална поетика.
Тој „светски“ бестселер се сведува на тематски список на пожелни геополитички теми и стереотипи, а својата „естетика“ ја позајмува од геномот на мелодрамата, со нејзината традиционална морална црно-бела поделба на „добри“ и „зли“, спектакуларноста и патетичноста на изразот. Наспроти таа кич и ready made книжевност, словенските литератури имаат свои богати книжевни традиции во кои централните прашања се сврзани со Бога (теодицејата), смислата на животот и човекот, бесмртноста, историјата и митовите во кои се отсликуваат националните архетипови. Најмладите писатели од словенските и „децималните“ книжевности се пред сериозна дилема: дали да останат во „локалната традиција“ или да се свртат кон оваа „лесна“ ама нормативна „книжевност“ на „западниот соцреализам“, која им гарантира светска слава и милионски тиражи?
-
МОМЧЕТО МОЛЊА
0300,00 ден– Кој си ти?
– Јас?! Мене ме прашувате
– Да, тебе.
– Какво прашање! Па јас сум момчето Молња!
– Што бараш меѓу кориците на оваа книга?
– Овде сум за да ви раскажувам.
– Што ќе ни раскажуваш?
– За себе, за… Е, многу сте љубопитни!
– Кажи ни, кажи ни!
– Прочитајте ја книгава и сè ќе дознаете.
– Да не е здодевна?
– Мислам дека не е. Но почнете и сами уверете се.Има одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавнаи возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:
– Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме.
Момчето Молња, роман за деца и за родители, од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005), Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008), Дрско црвен кармин…
-
ТЕТРАТКА ЗА ПОЧЕТНО ПИШУВАЊЕ – „ПИШУВАЈ СО БИБИ!“
050,00 денТетратка за почетно пишување е со мотото „Пишувај со Биби!“. Во тетратката можат да се пишуваат печатни и ракописни букви.
-
ПИШУВАНКА „СВЕТОТ НА БИБИ“
0190,00 денСпецијално припремена пишуванка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“. Нашата сезнајка им дава можност на дечињата заедно да ги пишуваат зборовите во почетокот, но потоа ги осамостојува тоа да го прават и сами.