-
БИДЕТЕ СВОЈ ПСИХОТЕРАПЕВТ
0340,00 денПотребна ви е промена? Подготвени сте за промена? Преземете ја одговорноста за себе и својот живот во свои раце. Промената ќе биде успешна доколку навистина сакате да се развиете и доколку сте подготвени да учите како да ја прифатите одговорноста за самите себе.
Бидете свој психотерапевт, преку вежби и теориски објаснувања, со зголемувањето на свеста за самиот себе, постепено нè приближува кон нас самите и нè подготвува за промена. Ни помага подобро да ги запознаеме луѓето запознавајќи се себеси, да станеме посвесни за односот со нив и да го менуваме тој однос, доколку чувствуваме потреба за тоа. Таа ќе ги поттикне оние што сакаат понатаму да се развиваат, да го променат однесувањето со кое не се задоволни, да ги решаваат своите тешкотии и проблеми, да живеат поисполнето, порадосно и посреќно.
Првиот чекор кон себетерапија започнува со читањето на оваа книга.
-
Ако не постои утре
0240,00 денТаа е неговото минато. Тој е нејзината иднина.
Ема живее во Њујорк. Со триесет и две години, се уште е во потрага по вистинскиот.Метју живее во Бостон. Тој ја загуби својата сопруга во страшна несреќа, и сам се грижи за четиригодишната ќерка.Судбоносна средба во виртуелниот свет ќе ги доведе до фактот да поверуваат дека дека конечно ја пронашле среќата. Нестрпливи да се запознат, ќе се договорат да вечераат во еден мал италијански ресторан во Менхетен.На истиот ден во исто време, ги отвораат вратите на овој ресторан и се упатуваат на истата маса. Сепак, нивните патишта никогаш нема да се вкрстат.Дали е тоа игра на лаги? Производ на имагинацијата? Манипулација? Фатени во форма на реалност што не може да се сфати, Метју и Ема брзо сфаќаат дека ова не е само една пропуштена можност … -
ШТО (НЕ) Е ЉУБОВ
0650,00 денЗа љубовта не треба дефиниција, љубовта е дефиниција.
Ана Бучевиќ
Кога се обидуваме да ја дефинираме љубовта, вибрациски се оддалечуваме од неа. Љубовта не се опишува, љубовта се чувствува. И љубовта се живее.
Ако веќе сакаме да ја дефинираме, таа дефиниција нека биде опишана со емоции – љубов е чувството кога ќе стигнеш дома…
За љубовта не треба дефиниција, но за сето она околу неа и за она што се однесува на неа треба. Токму поради недефинирањето на животните сегменти во кои се изразува љубовта, доаѓа до тоа луѓето сешто да нарекуваат љубов. Со оваа книга сакам да ви помогнам да дојдете до сопствените дефиниции поврзани со љубовта. Да се живее животот значи да се живее она што навистина сме. Љубовта…
-
-
-
САФАРИ НА ДУХОТ
0650,00 денКНИГА ЗА МУДРОСТА НА ВОСПИТУВАЊЕТО ДЕЦA ОД АНА БУЧЕВИЌ, НАЈЗНАЧАЈНАТА БАЛКАНСКА АВТОРКА НА МОДЕРНА ПСИХОЛОГИЈА И МОТИВАЦИСКИ ГОВОРНИК БРОЈ 1!
Постојат книги што можат да ни го променат животот на подобро; книги од кои црпиме мудри спознанија, кои нè менуваат засекогаш и ја подигнуваат нашата свест на ниво од кое нема враќање во незнаење, а будењето на свеста е најдобар двигател на промените.
„Сафари на духот“ е токму таква книга – нејзината замисла е, откако ќе ја прочитате, веќе ништо да не биде исто. Оваа книга зборува за мудроста на воспитувањето на сосема поинаков начин.
Грешките во одгледувањето на децата предизвикани од незнаење ќе станат минато.
Односот меѓу вас и вашето дете навистина ќе процвета. Можеби првпат ќе го видите своето дете онакво какво што навистина е. „Сафари на духот“ ќе ви даде одговори на многу прашања што си ги поставувате како родител или како некој што ќе стане родител.
-
ИГБАЛ, МОЈАТА ТАЈНА
0280,00 денИм се восхитувам на децата што имаат разбирање за возрасните, а ги почитувам возрасните што ги разбираат децата и умеат да ги (про)читаат книгите за деца. Оваа што ја држите в раце им е наменета и на едните и на другите. – Авторката
Кој е мистериозниот Игбал? Зошто животот на Бреза, откако ќе го сретне, станува двоен? Едниот вообичаен, како на врсниците на прагот од деца кон младинци. Другиот, што го минува насамо со Игбал, магично волшебен како возбудлива, чудесна авантура. Која е причината што Бреза него го чува во длабока тајност? Еден ден добива писмо од далечниот Кашмир. Загатката продолжува.
Игбал, мојата тајна од авторката на романот за деца Момчето Молња и на шест книги за возрасни, меѓу кои наградените романи Каменот од Твојот ден – хималајска приказна, Индиго Бомбај и Манастир Фуентерабија.
-
Животната приказна на Цилка
0450,00 денНЕЈЗИНАТА УБАВИНА Ѝ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ, НО Ѝ ЈА ОСУДИ.
Цилка имаше само шеснаесет години кога беше однесена во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау, во 1942 година. Командантот во Биркенау, Шварцхубер, ја забележува нејзината долга убава коса и ја принудува да се раздели од останатите жени затвореници. Цилка брзо учи дека моќта, дури и неволно дадена, е еднаква на преживување. По ослободувањето, Цилка е обвинета како соработник со непријателот и испратена во Сибир. Но, каков избор имала таа? Кој можеше да суди за моралот на Цилка, која беше испратена во Аушвиц уште како дете? Во затворскиот камп во Сибир, Цилка се соочува со нови предизвици, но ужасно познати, вклучувајќи го и несаканото внимание од страна на чуварите. Но, таа ѝ остава впечаток на една жена лекар, така ќе биде под нејзина заштита. Цилка започнува да се грижи за болните во кампот, борејќи се за нив во брутални услови. Цилка наоѓа бескрајни извори за преживување, бидејќи секојдневно се соочува со смрт и со терор. И кога ќе почне да се грижи за мажот по име Иван, открива дека и покрај сè, во нејзиното срце има простор за љубов.
„Таа беше најхрабрата личност што некогаш сум ја сретнал“
Лале Соколов, Тетовирачот од Аушвиц
-
Нормални луѓе
0450,00 денНОРМАЛНИ ЛУЃЕ е роман за моќта на привлекувањето, за пријателството и за љубовта помеѓу луѓето. Приказната започнува од првиот разговор до годините што следуваат преку животот на две лица, Конел и Мариан, кои се обидуваат да останат независни, но тоа никако не им успева.
БЕСТСЕЛЕР НА ЊУЈОРК ТАЈМС – „Феноменален роман за трансформативната моќ на врските“ (Пипл) од авторот на РАЗГОВОРИ СО ПРИЈАТЕЛИ, „виртуоз на пишувањето и приказна со одличен книжевен заплет“ (Џ. Кортни Саливан).
Конел и Мариан пораснаа во истиот мал град, но сличностите завршуваат тука. На училиште, Конел е популарeн и сакан, додека Мариан е осамена. Но, кога двајцата се запознаваат, ќе започнат врска што ќе им го смени животот.
Една година подоцна, двајцата студираат на колеџот Тринити во Даблин. Сега ситуацијата е обратна, Мариан е една од најпопуларните девојки на колеџот, додека Конел живее на маргините, срамежлив и несигурен. За време на студентските денови, Мариан и Конел постојано се среќаваат, тие се во врска со други луѓе, но постојано се привлечени еден кон друг како со магнет. И, додека таа се препушта на самоуништувањето, тој започнува да бара друго значење на животот, двајцата мора да се соочат со тоа колку се подготвени и до каде може да оди едниот за да го спаси другиот.
-
Заветот на кралицата
0550,00 денДојдов во оваа земја и немам намера да ја оставам
или таа да ја засени мојата работа;
ниту ќе им дадам таква слава на моите непријатели
или таква болка на моите поданици.
Младата инфанта Изабела е оставена на милост и не милост на суровоста на шпанскиот двор во време на владеењето на нејзиниот полубрат , кралот Енрике IV, подводлив на блудност и застранување . Но , нејзината судбина да биде кралица на Кастилија е неизбежна и покрај сите препреки . Периодот на владеeње на Изабела I од Кастилија го опфаќа обединувањето на шпанските кралства, примирјето со Португалија, Инквизицијата, падот на Гранада, прогонот на Сефардите и појавата на Кристофер Колумбо . Таа не е само кралица, таа е и мајка на пет деца од успешниот брак со кралот Фернандо од Арагон.
Кастилија е на прво место.
Тоа беше мојот завет на денот кога го зазедов престолот !
Изабела I од Кастилија
-
СТАКЛЕНИТЕ ДЕЦА
0350,00 денСтаклените деца е првиот роман за деца на Кристина Улсон, една од најистакнатите авторки на криминалистички романи во Шведска, која својата вештина за создавање на мистерии и трилер-атмосфера успешно ја адаптира и за помладата публика.
Возбудливата и интригантна приказна се одвива околу низа мистични работи што се случуваат во новиот дом на Били и нејзината мајка. Се чини како куќата да не сака тие да живеат таму. Заедно со своите пријатели Симона и Аладин, Били почнува да ја истражува темната историја на куќата. Сè додека една ноќ не ја разбуди тропање на нејзиниот прозорец…
Колку повеќе истражува, толку станува посигурна дека мора да ја напуштат куќата, и тоа колку што е можно побрзо, пред да се случи нешто страшно. Пред да биде предоцна…„Стаклените деца“ е добитник на шведската Награда за роман за деца во 2013 година, како и на наградата на Шведското радио за најдобра книга за читатели од 9 до 12-годишна возраст.
-
Воздух
0180,00 денАнселмо не само што го менува животот на Грета, туку може да создава и чуда. Всушност, може сè додека не си признае дека е вљубен во тоа необично девојче на велосипед. Кога љубовта ќе ги огрее двете млади срца, тој веќе не може во облакот да ги види знаците на судбината. Што ќе избере – љубовта или небото?
-
КНИГА ЗА ГРОБИШТАТА
0400,00 денМалиот Ник Овенс одеднаш ќе остане сам на светот по бруталното убиство на неговите родители. Напуштен од сите, ќе најде засолниште и љубов на најневообичаеното место – едни стари градски гробишта, каде што ќе го одгледаат духовите на луѓето кои се закопани тука. Стоејќи на границата меѓу животот и смртта, Ник ќе порасне во необичен младич кој конечно ќе ја открие вистината за себе дури откако ќе научи дека само љубовта ги надминува границите на смртта.
Нил Гејман е супер ѕвезда во светот на книжевноста токму поради храброста да допре необични теми, да си игра со жанровите и сето тоа да го пренесе до читателот на едноставен и разбирлив начин. Во „Книга за гробиштата“ Гејман прави необичен спој од хорор, трилер и семејна приказна за растењето и созревањето на еден млад човек, раскажана со многу топлина, љубов и хуманост.
„’Книга за гробиштата‘ е книга во која се собрани сите елементи во кои Гејман е најдобар: силна приказна, незаборавни ликови, мистерија, хорор, митови и само мала, но неизбежна, алузија на супер херои и вампири.“ Њујорк тајмс
-
СЕРОТОНИН
0450,00 ден„Моите верувања се лимитирани, ама жестоки. Верувам во можноста за ограничено царство. Верувам во љубовта“, напиша неодамна Мишел Уелбек.
Нараторот на Серотонин безрезервно би се согласил со тоа. Приказната што ни ја раскажува нè води низ една Франција што ги гази своите традиции, ги банализира своите градови, ги уништува своите села што се на работ на бунт. Тој ни го раскажува својот живот на инженер агроном, ни раскажува за своето пријателство со еден аристократ земјоделец (незаборавен лик – негов сосем спротивен двојник), за неисполнетите идеали од нивната младост, за надежта, можеби безумна, дека повторно ќе најде една жена што ја загубил… Овој роман за суровоста на светот во кој нема добрина, нема солидарност, каде што мутациите веќе никој не може да ги контролира, е исто така и роман за каењето и жалењето.
„Серотонин е огромно огледало поставено пред нашиот свет: она што го гледаме во одразот е застрашувачко.“ Ле соар
-
ШПИОНКА
0320,00 денВо својот нов роман, Пауло Коелјо оживува една од најмистериозните жени во историјата: Мата Хари.
Кога пристигнала во Париз, Мата Хари немала ни скршена пара. Сепак, наскоро почнале да ја величаат како најелегантната дама во градот. Танчaрка која ја шокирала и восхитувала публиката; љубовница и куртизана која ги маѓепсувала најбогатите и најмоќните мажи на тоа време.
Но како што се зголемувала паранојата во земјата заплеткана во војна, животниот стил на Мата Хари почнал да буди сомнежи. И така, во 1917 година, таа била уапсена во својата хотелска соба на Шанзелизе и била обвинета за шпионажа.
Раскажана преку последното писмо на Мата Хари, Шпионка ја разоткрива незаборавната приказна за една жена која се осмелила да ги прекрши правилата на однесување на своето време и која за тоа ја платила највисоката цена.
-
ЧУДОВИШТЕТО ДОАЃА
0299,00 денЧудовиштето доаѓа во времето на необичните суштества, неколку минути по полноќ. Но Конор воопшто не се плаши од она што се појавува пред неговата куќа. Тој го очекува чудовиштето од своите кошмари преполни со темнина и ветар, она кое го измачува речиси секоја ноќ. Чудовиштето што доаѓа кај него е древно, диво, чудесно, тоа знае да раскажува приказни и од Конор го бара најопасното – ја бара вистината… Истовремено мрачен и длабоко човечки роман за загубата, семејството, тагата и созревањето, роман за реалните и имагинарните чудовишта со кои се соочуваме сите ние – и децата и возрасните. Токму поради тоа, во овој роман наменет за младите читатели еднакво ќе уживаат и сите кои некогаш биле млади.
„Моќна модерна бајка за надежта и тагата, која ќе ги трогне читателите со својата емотивност и едноставност.“ Publishers Weekly
„Чудовиштето доаѓа е ремек-дело во современата литература. Роман кој ќе ги научи младите читатели дека умешноста на книжевноста се состои во тоа да се преплетуваат солзите и насмевките.“ The Guardian