-
Мајсторот и Маргарита
0500,00 денОдбиван, премолчуван, забрануван и напаѓан. Тоа е историјата на овој роман. Едно обично, жешко летно пладне, во Москва, започнуваат да се случуваат многу, многу необични работи. Никогаш не разговарајте со непознати. Зошто, така, ете така започнува хаосот. Хаосот кој го создава никој друг, туку Воланд. Воланд, Мефистофел, Ѓаволот лично. Но каков е овој ѓавол, чуден и гротесктен? И од каде во сета таа приказна за неговото лудување низ московските улици, театри, домови и најразлични највисоки институции, се појавуваат Понтиј Пилат и младиот Јешуа? Кој е нивниот удел и врска со московската приказна? А Мајсторот писател и неговата љубена Маргарита? Низ меланжот од приказни, проткаени со многу хумор и иронија, пародија и смеа, смешно и страшно, подбив и (само)критика, се издигнува, на крајот, една нова приказна. Можеби не сосем вистинита, но приказна која не се вклопува во калапите на бинарностите, која донесува една поинаква перспектива на набљудување, ново промислување на Вистината, Убавината, Уметноста. Една поинаква, Уметничка Вистина, која ги пресвртува добро познатите и вечни вистинини, која не дозволува нивно еднаш засекогаш и цврсто утврдување, која е надвор од востановените идеолошки и политички рамки и убедувања. Користејќи го хуморот како најсилно оружје против системите кое се обидуваат да нè задушат, да ја убијат во нас последната капка креативна фантазија, да ни го скројат животот во задушливите кабинети во име на напредокот, Булгаков ја исмева таа нехумана лакрдија, по цена на својот живот, а во име на слободата и правото на избор на сопствената (уметничка) вистина. Не постои историја, туку само Истории. Различни приказни, погледи на минатото и историјата, нивно калкулирање и искористување. Еве одлична прилика да се погледнат нештата од поинаков агол.
-
Зад нејзините очи
0490,00 денЛуис е самохрана мајка, секретарка, заглавена во секојдневјето. На едно од нејзините ретки излегувања, во еден бар се среќава со еден човек и помеѓу нив се раѓаат искри. Иако тој заминува откако ќе се бакнат, таа е воодушевена што конечно пронашла некого.
Кога Луис пристигнува на работа во понеделник, таа го запознава новиот шеф Дејвид. Човекот од барот. Кој е оженет… и кој ѝ вели дека бакнежот бил ужасна грешка, но сепак, не може да ги одвои очите од Луис.
И, тогаш Луис се запознава со Адел, која е нова во градот и има потреба од пријател, но која е омажена за Дејвид. Дејвид и Адел изгледаат совршено како сопружници, но зошто Дејвид сака толку да контролира, а зошто Адел толку се плаши од него?
Луис полека се вовлекува во животот на Дејвид и Адел. Таа открива многу збунувачки прашања што немаат одговор. Единствено што е кристално јасно е дека нешто во овој брак е многу, многу погрешно, но Луис не може да претпостави колку погрешно – и колку далеку може да оди еден човек за да ги заштити тајните на бракот. -
Ана и францускиот бакнеж
0270,00 денЌе успее ли Ана да пронајде љубов во градот на светлината? Ана е среќна во Атланта. Има лојална, најдобра другарка и е вљубена во колегата со кој работи во киното. Тој само што почна да ја забележува. Така што, не е многу одушевена кога татко ѝ решава да ја прати во интернат во Париз за таму да ја помине последната учебна година. Но, иако Ана воопшто не зборува француски, таа запознава неколку суперлуѓе, вклучувајќи го и згодниот Етјен Сент Клер, кој набрзо станува нејзин најдобар пријател. За жал, има девојка – а, можеби и Ана има момче. Дали годината преполна со романтични недоразбирања ќе заврши со францускиот бакнеж на кој Ана се надева?
-
АНА
0350,00 денАна, нејзиниот брат и други деца шетаат низ Сицилија, јадат слатки и конзервирана храна, борејќи се да преживеат. Храната и водата стануваат луксуз. Пожари беснеат низ целата земја. Дистопија. Пред четири години опасен вирус од Брисел ја зарази целата планета и го уби целото возрасно население! Останаа само деца.
Организирани како детски орди, изгубените и оставени мали жители изгледаат како да ја започнуваат цивилизацијата од нула.
Поминувајќи низ низа авантури и опасности, спознавајќи ги љубовта и пријателството, Ана расте и созрева. Пред да умре мајка им, ги предупредува дека, кога ќе достигнат одредена зрелост, вирусот ќе ги убие и нив. Но им кажува и дека некој, некаде, ќе има лек!
Во овој извонреден дистописки роман, Аманити фрла остра критика на корпоративниот глобализам што владее со светот и го потсетува човештвото дека наскоро ќе исчезне ако се остави на ова и не се спротивстави.
-
Чарли и фабриката за чоколадо
0350,00 ден„Јас, Вили Вонка, донесов одлука на пет деца − внимавајте добро, само на пет и на ниедно повеќе − да им дозволам годинава да ја посетат мојата фабрика. На овие пет среќници водич низ фабриката ќе им бидам лично јас и ќе им биде дозволено да ги видат сите тајни и одблиску да ја запознаат магијата на мојата фабрика.“
-
АБВ – од ананас до шапка
0148,00 денНаучи ја азбуката заедно со малечката Софија.
Научи да ги читаш и да ги пишуваш буквите и лесно да ги препознаваш зборовите со помош на забавните цртежи.
-
Минхен
0390,00 денХју Легат, британски дипломат во подем на служба во улицата „Даунинг“ бр. 10, е личен секретар на претседателот на владата Невил Чембрлен. Паул фон Хартман работи во Министерството за надворешни работи на Германија – а тајно е припадник на антихитлеровското движење на отпорот. Тие двајца биле пријатели на Оксфорд во дваесеттите години, но оттогаш немаат никаков контакт. Сега, затоа што Хју стигнува со авион како придружба на Чембрлен, а Хартман патува во Хитлеровиот воз од Берлин, нивните животи повторно ќе се вкрстат во Минхен, со навидум катастрофални последици. Роберт Херис прикажува настани со голема историска важност. На сцена ги извадил Хитлер, Чембрлен, Мусолини и Даладје и ги поставил во срцето на напнат, динамичен шпионски трилер за предавството и совеста, лојалноста и измамата, што се случува во периодот на судбоносната минхенска конференција во септември 1938 година.
-
Суперхерои 3Д
095,00 денСерија боенки со изненадување! Погледни ги илустрациите со 3Д очилата, па обиди се да создадеш своја верзија со помош на боички. Оваа книга им овозможува на децата да уживаат во интересни активности покрај фантастичните визуелни 3Д ефекти!
-
Quo Vadis
0500,00 денQuo Vadis? e роман на полскиот Нобеловец Хенрик Сјенкевич, еден од класиците на историската проза. Ситуиран за време на декадентниот Рин на Нерон, Quo Vadis во раскошен стил раскажува за почетокот на смртта на една голема империја и зачнувањето и првите чекори на една тогаш мала секта – христијанството.
-
Името на розата
0400,00 денДебитантското остварување на Умберто Еко, „Името на розата“, е историско- детективски роман сместен во средновековен италијански манастир, исклучително популарна и умешна комбинација на семиотика и медиевалистика, книжевна теорија и врвен раскажувачки талент.
Приказната почнува при крајот на ноември 1327 година, кога во еден бенедиктински манастир пристигнува англискиот францисканец Вилјем од Баскервил во придружба на својот ученик и искушеник Адсон од Мелк. Манастирот е потресен од необјаснивата смрт на младиот собрат Адолфо, чие мртво тело е само првото од неколкуте што во околината создаваат атмосфера дека се ближи апокалипсата и дека набрзо ќе дојде антихристот. Доволно световни за да смеат да си дозволат да бидат логични, надминувајќи низа пречки – од строг библиотечен надзор па до посета на Инквизицијата – Вилјем и Адсон тргнуваат во потрага по вистинскиот причинител за смртта на калуѓерите.
Продадена во повеќе од педесет милиони примероци ширум светот и преведена на над четириесет јазици, „Името на розата“ е добитник на највисокото книжевно признание во Италија, наградата „Стрега“, и е прогласена за една од стоте најдобри книги на дваесеттиот век според реномираниот француски весник „Ле Монд“.
-
Злосторство и казна, том 2
0250,00 денПрвиот голем роман од зрелата фаза на Достоевски, „Злосторство и казна“, е едно од оние книжевни ремек-дела што се длабоко врежани во колективната човечка меморија – од насловот до последната страница. Пишуван во најбурниот период од животот на авторот (враќање од Сибир, смрт на неговата сопруга и на неговиот брат, затворање на „Епоха“, коцкарски долгови), „Злосторство и казна“ сè уште е ненадмината психолошка студија на престапот. Родион Романович Раскољников – лик базиран на францускиот поет-убиец Пјер-Франсоа Ласенер – е поранешен студент по право кој живее во малечка изнајмена соба во Санкт Петербург и кој е убеден дека неговата морална супериорност му дава право, во име на повисоко добро, да ги заобиколи или да ги пречекори овоземските човечки закони. Својата прото-ничеанска природа Раскољников ја испитува уште на почетокот на романот: ја убива лихварката Аљона Ивановна – и, непланирано, нејзината сестра Лисавета – со намера нејзиното неправедно стекнато богатство да го искористи во добри цели. И оттука Достоевски го преселува експериментот во лавиринтите на умот од Раскољников, каде што спомените на смртта и алтруистичките пориви се соочуваат со сета непредвидена реалност на стравот и нечистата совест. Сметан од Томас Ман за „најголемиот криминалистички роман на сите времиња“ и позитивно спореден со опусот на Пруст, и еден и пол век по своето создавање, „Злосторство и казна“ не престанува да возбудува и да поставува прашања чиишто одговори, во отсуство на религиозната вдахновеност на Достоевски, изгледаат сè помрачни и подалечни.
-
Девојчето со две имиња
0200,00 денКнига за едно семејство што се распаѓа и за две сестрички кои мораат да бидат разделени. Нене (или Даде), постарата сестричка, заминува да живее со тато, а помалечката Снеже, останува со мама. На солзите им нема крај! Едно недоразбирање, едни неискажани зборови и еден недовршен разговор ставаат крај на хармонијата во семејството…
Нене не може да се справи со напливот на емоции во своето малечко детско срце. Сакаат да ја разделат од нејзината сестричка Снеже, од нејзиното сонценце што го сака цела една вечност од четири години. Страшно! Не може да им прости на родителите: сега им текнало дека веќе не се сакаат, си решиле господата дека децата можат така, како бонбончиња, или како некоја чоколада да се поделат! Цааап! На ти тебе едно половинче, а ова другото е за мене! Ееее! Не може тоа така, нека извинат, ама не може!…
Нене има само една единствена и најголема желба: сето ова да заличи на некаков сладникав филм со среќен крај. Нејзиното сонценце Снеже повторно ќе ги извикува нејзините две имиња: Да-да!!! Не-не!!!
-
Грдото пајче
0150,00 ден„Грдото пајче“ е една од најпопуларните и најубави Андерсенови бајки, која со генерации им се раскажува на децата ширум светот.
Трогателна приказна за пајчето кое е отфрлено од другите пајчиња и птици затоа што е грдо, па заминува во светот за да најде некој што ќе го сака…
-
Авантурите на Хаклбери Фин
0290,00 ден„Авантурите на Хаклбери Фин“ е еден од првите романи во американската книжевност напишан на народен, говорен јазик. Нарекуван е и првиот вистински голем американски роман.
Романот ги следи патешествијата на Хак Фин низ Југот на земјата, предводени од желбата за независност и слобода.
Хак го сретнува избеганиот црнец Џим, роб по кој е пуштена потера, и заедно патуваат на сплав по Мисисипи, при што им се случуваат многу авантури и сретнуваат многу интересни личности – меѓу кои и Том Соер!
Разработувајќи ги безвремените и универзални теми поврзани со предрасудите, храброста и надежта, „Авантурите на Хаклбери Фин“ до денешен ден се смета за камен-темелник на американската романескна традиција.
-
Мери Попинс
0250,00 денМери Попинс е необична англиска гувернанта која секое дете би посакало да ја има! Долетува во Лондон со помош на ветерот од исток право во домот на семејството Бенкс, на Црешовата уличка број 17 за да се грижи за нивните четири деца.
Мери Попинс има волшебна торба и чадор од кој не се дели. Се појавува од никаде, внесува радост и авантура во животите на децата, а нејзините магични моќи можат и неможното да го направат можно!
-
Силјан штркот
0150,00 денВо село Мало Коњари имаше еден чоек многу чесен и кроток, на име Божин.
Тој имаше само еден син на име Силјан; имаше Божин и една ќерка.
Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синои Божиноj само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.