-
Приказната за Бенџамин Зајчевски
0118,00 ден„Приказната за Бенџамин Зајчевски“ е приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин.
Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка!
-
Шарени страници
0250,00 денОвој комплет се состои од повеќе разновидни содржини, кои на вашето дете ќе му овозможат да ја зголеми својата концентрација, да ги подобри своите логички вештини и да ја развие својата креативност.
Замислени како активности кои се прават во тишина, овие шарени страници се практични при патување, на одмор, или во кој било миг од денот кога детето сака мирна и индивидуална игра.
-
Три шарени јајца и една лоша маца
0180,00 денНајново за најмалите! Картонска сликовница „Три шарени јајца и една лоша маца“. -
Волшебна ноќ во шумата
0180,00 денНајново за најмалите! Картонска сликовница „Волшебна ноќ во шумата“. -
Дружината на борот и други приказни
0290,00 денПет прекрасни, топли, весели и необични приказни за деца:
,,Приказна за Големиот бор, мачката Тигра и другите животни”,
,,Бротчето кое не сакаше море”,
,,Принцеза-приказна со три краја”,
,,Приказна за кралот Мрчало” и
,,Куса принцеза-приказна со дијалог и кула”.
-
ВАФЛИ ВО ФОРМА НА СРЦЕ
0200,00 денЗапознајте ја Лена Лид, Пипи Долгиот Чорап од Норвешка: борбено, забавно девојче чии денови се исполнети со невообичаени авантури. А Триле е нејзин сосед. Освен што се соседи, Триле мисли дека се и најдобри другари, и покрај незгодите во кои Лена редовно го вовлекува. Триле мисли и дека живее во најубавото место што може да постои. Не кажуваме што ќе се случи понатаму, но едно нешто е сигурно: бабата на Триле ги прави најубавите вафли во светот. И во нив, како и во оваа книга, може да се ужива цел ден и цела ноќ!
-
Игра со именки
0180,00 денСо оваа шарена сликовница во рима, ќе влезете во игривиот свет на именките.
Преку прекрасните слики и зборовите во боја, ќе научите како да ги препознаете и како да ги употребите.
Именките навистина лесно се учат и лесно се помнат!
Со среќа!
-
-
-
Боенка: Смешни чудовишта
068,00 денза развој на моторичките вештини кај децатаза јакнење на концетрацијатаза поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност
-
Боенка: Необични принцези
068,00 денза развој на моторичките вештини кај децатаза јакнење на концетрацијатаза поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност -
Боенка: Зимска бајка
068,00 денза развој на моторичките вештини кај децатаза јакнење на концетрацијатаза поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност
-
Аги и Ема: нежна приказна за едно вистинско пријателство
0250,00 денРоманот „Аги и Ема“ на Игор Коларов е нежна приказна за пријателството помеѓу осаменото деветгодишно момче Аги и необичната старица Ема, и нивниот заеднички бунт против суровиот и отуѓен свет.
Романот „Аги и Ема“ е добитник на наградата на „Политикин забавник“ за најдобра детска книга.
-
Мојот брат од тринаесеттиот кат
0250,00 денАко едната страна од гајтанот божемски ја вклучам во мојот кревет (всушност ќе ја пикнам под јоги-душекот!), а втората ја вклучам во креветот на Мирна (ќе ја ставам под нејзината перница), двата кревета ќе бидат поврзани и најверојатно и таа и јас следната ноќ ќе сонуваме ист сон.
-
ГДЏ – Големиот добар џин
0290,00 денГДЏ не е таму некаковси обичен џин што дроби и џвака коски. Не – тој е премногу добар и смотан. И среќа за Софи што е тоа така. Ако, на пример, онаа ноќ ја земеше Крвошишарот, или кој било од другите џинови – а не ГДЏ – сигурно ќе завршеше како појадок. Кога Софи разбира дека џиновите јурнуваат кон Англија за да лапкаат слатки мали детенца, одлучува дека треба еднаш за секогаш да му стави крај на тоа. А ГДЏ ќе ѝ помогне!
Светски детски бестселер на Роалд Дал, со илустрации на Квентин Блејк
Сега и како филм на Стивен Спилберг: http://www.cineplexx.mk/movie/the_bfg/
-
Сечи-лепи 2
0250,00 денВо овој комплет ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми.
Со усовршување на вештината за користење ножички, се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.
Забавувајте се и креирајте заедно!