-
-
Потрага по Одри
0270,00 денПрв роман на Софи Кинсела напишан за тинејџери.
Одри не е во состојба да излезе на улица. Дури и дома не може да ги тргне темните очила. Таа страда од анкциозност. Тогаш во нејзиниот живот се појавува Линус, другарот на нејзиниот брат. Со својата пријателска насмевка налик на парче портокал и духовитите пораки, тој ја наведува Одри повторно да излезе од дома – за почеток, барем до Старбакс. Одри чувствува дека покрај Линус може да го прави сето она од кое претходно се плашеше. Одеднаш и се чини дека би можела повторно да се врати во светот од кој се отуѓи.
Подгответе се да се смеете, сонувате и да се надевате заедно со Одри, која сфаќа дека дури и кога ќе помислите дека сте се изгубиле себе, љубовта сепак може да ве пронајде вас… -
АСИСТОЛА
0300,00 денОд авторката на Белешките на Лајла Грејс и Карма
Никогаш не мислев дека враќањето е толку тешко. Секогаш мислев дека е тешко да направиш чекор напред, а не чекор назад.
Има моменти кога животот нѐ носи на крстопат, кога мораме да се одлучиме за правецот по кој ќе тргнеме. Има ли таков пат што би нѐ ослободил од товарот на минатото за да можеме со леснотија да ја прегрнеме иднината?
По доживеаната лична трагедија, младата докторка Лена решава да го напушти својот живот во Виена и да се врати во родниот град. Растргната е меѓу напорните болнички смени, редовните средби со психотерапевтот, задржување на пријателството… и забранетите чувства што ненадејно ја обземаат кон Гаврил, познат и шармантен хирург, кои можат да ѝ ја уништат целата кариера. Обидувајќи се да најде излез од емотивниот лавиринт, токму кога ќе реши да ги распакува големите куфери од Виена, животот ѝ носи нов пресврт.
Драматичен и полн со чувства, возбудлив од почеток до крај, романот Асистола нè носи таму каде што се води борбата за човековиот живот, но и за љубовта, борба за работите што ни даваат смисла и го тераат нашето срце да чука уште посилно.
-
Невидливиот чувар
0400,00 денПо многу години минати надвор од Елисондо, инспекторката Амаја Саласар се враќа во родниот град за да го најде убиецот што ги избира своите жртви меѓу младите девојки. Тој ги задушува и ги остава голи во шумата следејќи некој вид мрачен ритуал. Додека се обидува да го изгради профилот на убиецот и да ги реши убиствата, Амаја мора да се соочи со сеништата од сопственото минато. Тоа се мрачни епизоди за кои никогаш не зборувала и што ја принудиле да замине без желба да се врати, но измешани и со старите народни верувања од областа Навара. Фасцинантна приказна во која тајните и легендите се испреплетуваат со ужасни злосторства. Што кријат бастанските шуми?
„Невидливиот чувар“ е првата книга од „Бастанската трилогија“, преведена на повеќе од 20 јазици. Филмската верзија е изработена од страна на продуцентите на трилогијата „Милениум“ на Стиг Ларсон.
-
Кралица/Чудовиште
0250,00 денСимпатична шаренолика сликовница, којашто може да ја читате од два правци!
На едната страна од книгата, ќе ја најдете приказната за едно мало девојче, Варја, која одлучи да стане кралица. Од друга страна, можете да ја прочитате приказната за момчето по име Гал, кое одлучи да стане чудовиште.
Дали двете приказни ќе се сретнат на средина од сликовницата?
-
Како помалку да се мисли
0430,00 ден• Блиските ти велат дека поставуваш премногу прашања.
• Во твојата глава секогаш нешто се виори – понекогаш сонуваш за да притиснеш на тастатурата и да го исклучиш умот.
• Имаш впечаток дека си од друга планета.
• Не успеваш да го пронајдеш своето место.
• Се чувствуваш несфатено.Дали некоја од овие реченици те опишува токму тебе? Ако е така, сигурно ќе се препознаеш во профилот на исклучително размислувачка личност. Да се биде исклучително размислувачки е навистина заморно, ама твојот мозок – е токму тој што премногу размислува – тој е вистински скапоцен камен. Неговата суптилност, сложеност и брзината со која делува, навистина се восхитувачки, а по силата тој може да се спореди со моторот на формула.
Ама болидот не е обичен автомобил за трки. Кога го вози некој невешт, може да се покаже кревок и погубен. За да ги искористи своите потенцијали, формулата треба да ја управува многу вешт возач и да има соодветна писта.
Досега твојот палав мозок те водеше по слепи патеки. Ама време е да го преземеш управувачот и тоа веќе уште денес. Благодарение на оваа книга ќе научиш да ги користиш извонредните можности на својот мозок кои што порано ти изгледаа недофатливи! А покрај тоа ќе почувствуваш и олеснување, па ќе се прифатиш себе си и својот фантастичен ум. Најпосле ќе здивнеш. -
БЕГЕМОТ ФИЛОЗОФСКИ РАСКАЗИ
0200,00 денСобрани во оваа книга се неколку од многуте раскази од обемниот опус на фиктивна проза од Фернандо Песоа, карактеристични по својата фрагментираност и недовршеност. Филозофски или интелектуални раскази, како што ги нарекува Песоа, статични и без дејствие, каде што ликовите, Просјакот, Ѓаволот, Баронот од Тејве и Професорот Серзедаш се заплеткани во иницијациски дијалози кои му пркосат на здравиот разум. Песоа е мистичар што не може да се вклопи во ниту една вистина и постојано трага и се движи по работ на крајностите на разумот и духот. Недопишани во мигови на инспиративен изблик, расказите претставуваат совршен одраз на невозможноста да се создаде целосно и совршено дело. Совршено искушение за читателот да ги донамисли, доизрече. И како што ќе ѝ предложи Ѓаволот на Марија: „Тие се дамки светлина во мракот…“, а Песоа нè води низ нив „како аџии на патот кон тајната и спознанието“.
-
Мојот звук
0250,00 денНа Панче одеднаш ништо не му оди од рака.
Не, не се тоа некои си панчеванции. Со Лиле, во која е вљубен, постојано се како на клацкалка. Со татко му воопшто не се разбира. Со сестра му Лена веќе не може
ни да разговара. Се скара дури и со другар му Ване.
На училиште се искара со наставничката по хемија (инаку и мајка на Лиле).
Родителите го праќаат кај тетка му во Скопје на „превоспитување“. А таму, со скршена нога, од прозорецот на станот, се обидува да реши една мистерија и да им докаже на сите колку тој всушност вреди…
Панче, по потешкиот пат, го открива својот звук, звукот на Лиле, звукот на татко му, на Ване, на сите околу него… Затоа што секој има свој звук.
Романот „Мојот звук“ на Оливера Николова е прекрасна приказна за едно растење и едно созревање.
-
Дваесет илјади милји под морето
0159,00 денНепознато суштество ги напаѓа европските и американските бродови! Светот е во паника! Американците веднаш дејствуваат и ја испраќаат брзата фрегата „Абрахам Линколн“ да го пронајде и да го уништи мистериозниот непријател. Ангажиран е угледниот професор од Парискиот музеј, Пјер Аронакс, кој испловува на бродот заедно со својот верен помошник, Советко.
По еден жесток судир со чудовиштето, професорот Аронакс, Советко и китоловецот Нед Ланд паѓаат во океанот, навидум без никаква шанса за преживување. Но, во тој момент, ги спасува некој! Кој е нивниот спасител? Какви сè авантури ги чекаат нашите јунаци?
-
Во една мрачна, мрачна шума
0270,00 денНЕКОИ МОМИНСКИ ЗАБАВИ СЕ ЛОШИ, НО ОВАА Е УБИСТВЕНА! Леонора, некому позната како Ли, на другите како Нора, е изолиран писател на крими романи кој одбива да го напушти своето „гнездо“, освен ако не е апсолутно неопходно. Кога пријателката со која не зборувала, ниту ја видела со години ќе ја покани Нора (Ли) на викенд во морничава, стаклена куќа, скриена длабоко во темната шума, таа неволно се согласува да замине. Четириесет и осум часа подоцна се буди во болнички кревет, повредена, но жива, со сознанието дека некој е мртов.Наместо мислата „Што се случило?“ ѝ се јавува мислата „Што направив?“ Затоа Нора мора да се сети на настаните од изминатиот викенд. Шокантни тајни, неочекувани мотиви и многу прашања, чии одговори се кријат во минатото што Нора со задоволство би го оставила закопано.
-
Џентлмен во Москва
0550,00 ден„Романот е исполнет со енергија од бројни авантури, љубовни афери и пресврти на судбината“. – Волстрит џурнал
Од најпродаваниот автор според Њујорк тајмс – роман кој ќе ве однесе во еден друг свет, роман за човек на кој му е наредено да го помине остатокот од својот живот во луксузен хотел.
Ако барате квалитетен роман, ова е тоа. Прекрасно напишана приказна за еден руски аристократ заробен во Москва за време на немирите во триесеттите години од минатиот век.
„Џентлмен во Москва“ е неверојатна приказна затоа што во неа има од сè по малку. Има фантастична романса, политика, шпионажа, родителство и поезија. Книгата е историска фикција, но би било исто толку точно ако се нарече трилер или љубовна приказна. – Бил Гејтс
-
-
ЉУБОВТА ТРАЕ ТРИ ГОДИНИ
0300,00 денЉубовта е однапред загубена битка.
На почетокот сè е убаво, дури и вие самите. Не паметите дека некогаш сте биле толку вљубени. И сосем лесно го носите својот товар со чуда. Никој на планетата Земја не осознал такво задоволство. Среќата е тука и едноставна е – таа има лице. Вселената се насмевнува. Цела година вашиот живот ќе биде низа од сончеви утра. За тоа пишувате книги. А потоа се соземате – зошто човек да мисли кога е среќен? Од премногу размислување станувате тажни; а треба да му се препуштите на животот.
Втората година нештата почнуваат да се менуваат. Сте станале нежни. Се гордеете со заедништвото што се вкоренило во вашето секојдневие на двојка. Луѓето на улица мислат дека вашата жена ви е сестра: тоа ви ласка, ама и влијае врз вас. Сè поретко водите љубов и сметате дека тоа не е причина за загриженост. Убедени сте дека со секој изминат ден вашата љубов е сè поцврста, иако неумоливо се приближува крајот на вашиот свет. Пред своите другари ергени, кои не можат повеќе да ве препознаат, ја браните институцијата брак. А дали самите сте сигурни дека се препознавате себеси додека ја рецитирате лекцијата што сте ја научиле напамет, воздржувајќи се притоа да не се загледувате во девојките по кои сите се вртат?
Тече веќе третата година и вие повеќе не се воздржувате да гледате по девојките. Со сопругата речиси и не разговарате. Со часови седите во ресторан слушајќи што разговараат на соседната маса. Сè почесто излегувате заедно: тоа ви доаѓа како оправдување повеќе да не се дупите. Наскоро доаѓа и оној момент кога не можете повеќе да ја поднесувате сопствената жена, ниту една единствена секунда, затоа што сте се вљубиле во друга. Не сте се измамиле само во едно: животот го има последниот збор.
Љубовта е величествено паѓање во бездна: кога знаеш дека ќе удриш со главата во ѕид, а сепак трчаш сè побрзо; кога јуриш во пропаст, а на усните имаш насмевка; кога љубопитно го исчекуваш моментот кога сè ќе отиде по ѓаволите. Љубовта е единствената програмирана измама, единствената предвидлива несреќа на која ѝ се враќаме, која повторно и повторно ја бараме.
-
Дневникот на едно смотано девојче 1
0280,00 денНово училиште. Нова главна девојка. Нова симпатија. Нов денвник, кому НИКИ целосно му се доверува..
-
Приказна за бојата
0250,00 денСонување во облаци. Одење по месечина. Летање. Слободно зачекорете во светот на фантазијата преточена во цртежи што ќе ве релаксираат и мотивираат. „Приказна за бојата“ е оригинална македонска боенка за возрасни и содржи 106 страници, кои ја поттикнуваат креативноста и се одлична можност за будење на уметничкиот дух и за пополнување на слободното време.
-
Отчукувања
0300,00 денДобрата страна?! Добра е и има нов мобилен, па конечно може да зборува со сите преку HeartBits.
17:05
Лошата страна?! Не се сеќава на трите дена што и претходат на несреќата. Што ли се случило за време на тие денови? Кој ли е тој Феникс кој не престанува да и пишува пораки? И зошто секогаш кога Елија ќе помисли на она што можела да го заборави… чувствува дека и недостига воздух.
17:06