-
УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕТО
0250,00 денВашиот успех најмногу зависи од способноста што ја имате за управување со времето. Едноставно е: колку подобро го користите времето толку повеќе ќе постигнете!Овој концизен водич открива 21 докажани техники за управување со времето, кои можете да ги употребите веднаш за да добиете барем два продуктивни часа на ден.Проучувајќи ги стратегиите што експертот Брајан Трејси ги идентификува како најефикасни и самиот ги употребува, оваа корисна книга ќе ви открие како можете:
• Да ги контролирате состаноците, имејловите, телефонските повици и безбројните прекини во работата
• Да го распределите времето на врвни приоритети
• Да работите на слични задачи за да го задржите фокусот
• Да го надминете одложувањето
• Да одредите кои работи може да ги заврши некој друг
• Да работите наназад од иднината, со цел да се осигурате дека сте ги исполниле целите
Исполнета со мудроста на Брајан Трејси и лесна за примена, оваа книга ќе ви помогне да постигнете повеќеза помалку време и со многу помал стрес.
-
УНА И СЕЛИНЏЕР
0380,00 денПотпирајќи се на вистинити приказни и на историски факти, Фредерик Бегбеде во својот најнов роман Уна и Селинџер раскажува безвременска приказна за една љубов која, како и сите вистински љубовни приказни, во себе обединува моменти на највисока среќа и најдлабока тага, најскриена надеж и најтешки разочарувања. Бегбеде го води читателот низ ноќните клубови во Њујорк во четириесеттите години, во битките од Втората светска војна во Франција, среде интригите на филмската индустрија во Холивуд… Неговите главни ликови се историски личности: славниот и мистериозен писател Џ. Д. Селинџер и Уна О’Нил, ќерката на еден од најголемите американски драматурзи. Но Бегбеде навлегува под историските факти и слика интимен портрет на своите ликови, претворајќи ги во симбол на вечната љубов.
„Возбудлива приказна во која главните ликови најпрво сè ги поврзува, а потоа сè ги раздвојува, така што на крајот ни останува прашањето дали оваа голема љубовна приказна меѓу Уна и Селинџер некогаш воопшто и се одиграла. Можеби тоа е ироничниот начин на Бегбеде да ни покаже дека љубовта е слепа, бидејќи ние како читатели не ги гледаме историските факти, туку живееме во фикцијата за една (не)остварена љубов.“
Ле Фигаро
-
Приказната за зајaчето Питер
0118,00 ден„Приказната за зајaчето Питер“ напишана и илустрирана од Беатрикс Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи.
„Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвременски книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот.
-
Книга за секое девојче
0380,00 денОваа книга е наменета за девојчињата и девојките од 9 до 19 години. Во неа станува збор за промените кои се случуваат во пубертетот и за одржувањето на хигиената и негата на лицето и телото. Девојчињата и девојките ќе дознаат од оваа книга како да се шминкаат и дотеруваат, како да вежбаат и правилно да се хранат, што ќе им помогне да живеат здраво и да се чувствуваат добро.
-
До сите момци што ги сакав
0390,00 денРомантичен и симпатичен роман на еден од најпродаваните автори на „Њујорк тајмс“.
Лара Џин ги чува сите нејзини љубовни писма во една шапка-цилиндар, која ѝ ја дала мајка ѝ. Тоа не се љубовни писма што некој друг ги напишал за неа; туку се оние што таа ги има напишано.
Едно за секое момче што некогаш го сакала ‒ пет за сите.
Кога пишува, таа го отвора свое то срце и душа и ги кажува сите работи што никогаш нема да им ги каже во реалниот живот бидејќи нејзините писма се само за нејзините очи. Сè додека не дојде денот кога нејзините тајни писма ќе бидат испратени, и, одеднаш, љубовниот живот на Лара Џин се менува од имагинарен до реален и излегува надвор од контрола. -
ИКИГАИ
0380,00 денНајдобро чуваната тајна на јапонската долговечност се нарекува икигаи. Значењето на тој збор може да се опише на различни начини, но сите тие водат кон едно – причина за живот! Јапонците велат дека секој има свое икигаи. Кога ќе го пронајдете, имате сè што ви е неопходно за долг и среќен животен пат.
Идејата за оваа книга се раѓа од средбата меѓу Ектор Гарсија, кој 12 години живее во Јапонија и проникнал во јапонската култура и битот, и популарниот шпански романсиер и психолог Франсеск Миралјес. Тие нè водат во „селото на стогодишниците“ во северниот дел на јапонските острови Окинава. Нè запознаваат со некои од најстарите жители на планетата, кои ни ги предаваат своите поуки за вечна младост – начинот на исхрана, физичката активност, позитивниот светоглед и заемното помагање.
Икигаи ни ги открива тајните на прочуената јапонска долговечност кои понекогаш нам, на луѓето од Запад, ни изгледаат неразбирливо и недостижно. Овој водич за една нова култура на живеење е збогатен со најпознатите јапонски вежби за долга младост и ќе ви покаже дека секој човек може да ужива во долг живот полн со оптимизам и среќа.
Зошто не и вие?
-
За кого бијат камбаните
0550,00 ден„Ако не си видел како почнува револуцијата во едно мало гратче каде што секој се познава со секого и каде што отсекогаш секој се познавал со секого, ништо не си видел.“
Високо во шпанските планини, скриени во боровите шуми, група герилци се подготвуваат да разнесат мост со важно стратешко значење. Младиот американски доброволец Роберт Џордан е бомбашот кој е испратен да ја изврши оваа задача. За само неколку дена – секој од нив, бескрајно долг – тој ќе искуси цел еден живот. Ќе открие дека дури и една мала, изолирана мисија, извршена од неколкумина, на своите плеќи ја носи судбината на целото човештво.
Романот „За кого бијат камбаните“, објавен во 1940 година, веднаш по завршувањето на Шпанската граѓанска војна, е едно од најкарактеристичните дела на Хемингвеј. Втемелен на личните искуства на авторот и неговото длабоко познавање на шпанската култура, „За кого бијат камбаните“ е можеби најпознатиот воен роман на XX век.
-
Сонцето повторно изгрева
0390,00 ден„Да уживаш во животот значи да научиш да добиваш онолку колку што си платил и да знаеш кога си го постигнал тоа… Ова ми се чинеше како добра филозофија. За пет години, си мислев, ќе ми изгледа исто толку смешна како и сите други добри филозофии што ги имав.
Џејк е силно вљубен во Брет Ешли, но во неа се вљубени и Роберт и Мајкл. Преку нивните доживувања, маки и пијанки, од кафулињата и булеварите на Париз, до борбите со бикови и фиестата во Памплона, Хемингвеј ни ја отсликува „изгубената генерација“ – генерацијата на млади и не толку млади луѓе, кои се обидувале да ја потиснат траумата од Првата светска војна преку забава, алкохол, љубов, секс и уметност.
„Сонцето повторно изгрева“ е можеби првиот вистински писателски триумф на Хемингвеј. Првпат објавен во 1926 година, овој роман останува едно од највпечатливите модерни книжевни дела, а воедно и незаборавна апологија на една генерација која била принудена да ги отфрли сите илузии на своето време и како што знае и умее да продолжи да живее.
-
Подвижна гозба
0300,00 ден„Ако сте имале среќа во младоста да живеете во Париз, подоцна каде и да ве однесе животот, тој ќе остане во вас, бидејќи Париз е подвижна гозба.“
Во овие мемоари – објавени постхумно, во 1964 година − Хемингвеј се навраќа кон своето помладо јас, во времето кога бил непознат писател кој секојдневно талкал низ париските ателјеа, музеи и кафулиња, обидувајќи се да се пронајде како писател. Главните ликови што се провлекуваат низ овие дваесет приказни се денес култните имиња на уметноста и културата на раниот XX век: Френсис Скот Фицџералд и неговата сопруга Зелда, Силвија Биџ и книжарницата „Шекспир енд компани“, незгодната Гертруда Стајн, благородниот Езра Паунд, вечно пијаниот Жил Паскин, Форд Медокс Форд, Џејмс Џојс и ред други. Книгата „Подвижна гозба“ е еден од најпознатите и најомилените прикази за Париз во дваесеттите години на минатиот век – темел за низа други дела, каков што е филмот „Полноќ во Париз“ од Вуди Ален.
-
Снеговите на Килиманџаро и други приказни
0300,00 ден„И токму во тој момент сфати дека ќе умре. Одеднаш го преплави мислата; не како наплив на вода или ветар, туку на ненадејна смрдлива празнина, а необично беше што хиената се прикрадуваше нечујно по работ.“
Во збирката „Снеговите на Килиманџаро и други приказни“ можете да ги прочитате едни од најпознатите и највлијателните раскази на Ернест Хемингвеј. Од „Убијците“, првиот зрел расказ на Хемингвеј, преку автобиографскиот „Татковци и синови“, минималистичкиот „Чисто, добро осветлено местo“, па сè до мајсторските долги раскази „Снеговите на Килиманџаро“ и „Краткиот среќен живот на Френсис Мекомбер“, авторот нè води низ Европа, Африка и Америка низ неговиот уникатен свет, полн со насилство, љубов и чест. Прекрасни во својата едноставност, оригиналност и писателско мајсторство, расказите во оваа збирка го претставуваат еден од најдобрите светски раскажувачи во неговото најдобро издание.
-
УМРЕН ЧОВЕК
0400,00 денПак јас…
Прости ми, пријателе мој, посилно е од мене… Ти ветив дека повеќе нема да пишувам за себе, ама што маж сум јас ако си го одржам ветувањето? Имаат ли крај овие мои климактерични его-трипови? И имало ли во моите мозочни „фајлови“ уште нераскажани приказни?
Е па… имало, пријателе.
Ќе умрам ако не ти ги раскажам. Или откако ќе ти ги раскажам. Ете така, просто морам да ти ги раскажам.
Како старецот во приказните кој претчувствува дека му доаѓа крајот, па ги собира околу смртната постела своите тројца синови, за да им каже нешто што дотогаш им го немал кажано. Нешто многу вредно. Некоја тајна што тие не ја знаеле. Или… едноставно да им подари некоја стара мудрост, онака за крај.
Ете, така и јас. Не оти ќе се умира набргу. Вакви говеда како мене живеат за инает. И не оти тврдам дека во моите приказни има некоја мудрост. А и да има, ќе мораш сам да ја откриеш, пријателе мој. Ако сакаш.
Или пак, едноставно, препушти им се на приказните…
-
УМЕШНОСТА НА ВОЈУВАЊЕТО
0250,00 денНапишана пред повеќе од 2000 години, оваа книга, што ја составил мистериозниот војник-филозоф, и ден-денес претставува една од најценетите и највлијателни книги за стратегиите на војувањето, што со еднакво внимание е проучувана и од современите политичари и лидери како што била и од војсководците од дамнешните времиња. Како студија за анатомијата на организациите кои се наоѓаат во војна, Умешноста на војувањето може да се примени на секаков вид натпреварувања и битки, низ целиот свет – од интерперсонални до интернационални. Целта на оваа книга е да се достигне непобедливост, да се издвојува победа без борба, да се стекне моќ што не може да биде совладана од противниците, а која ќе се темели врз сфаќањата за физиката, политиката и психологијата на конфликтите.
„’Најдобро е да се победи без борба‘, говорел Сун Цу. Според него, војната и животот се случуваат во исто време. Оваа книга не содржи ниту една застарена максима или нејасно упатство. Совладајте ги нејзините начела и можете слободно да заборавите на современите книги за менаџмент“. Њузвик
-
УЛИЦА ДИШИ ДЛАБОКО
0299,00 денПријателе мој,
Во оваа книга ќе најдеш стихови кои навистина успеале да опстанат во ова време во кое инвазијата од кичот и шундот достигна кулминација.
Ќе најдеш „хитови“ кои публиката и денес ги пее наизуст на моите концерти, но ќе најдеш и за тебе наполно непознати текстови кои се нашле тука само затоа што ми се мене посебно драги.
На крајот ќе најдеш и некои стихови кои јас нескромно ги сместувам во графата – „поезија“. Е па, пријателе мој, читај… и диши длабоко.
-
ТИВКАТА ЖЕНА
0450,00 денТој е непоправлив прељубник. Таа живее во заблуда. Тој води двоен живот. Таа сака да ги израмнува сметките. Тој решава да расчисти еднаш засекогаш. Таа веќе нема што да изгуби…Бракот на Џоди и Тод се соочува со криза. Многу нешта се ставени на коцка, вклучувајќи ги пријатниот живот што го водат и луксузниот дом во Чикаго со поглед кон океанот. Таа – убиецот, и тој – жртвата, неминовно се движат кон судбоносниот чин. Раскажан низ две психолошки перспективи, Тивката жена е приказна за една љубов во виорот на распаѓањето, за една двојка влетана кон пропаст, за жена што е подготвена на сè за да го задржи она што ѝ припаѓа; приказна за тајните што демнат закопани во несвесното и што можат да имаат кобни последици врз сегашноста.Мајсторски напишан од перото на А. С. А. Харисон, романот Тивката жена го намамува читателот од првата страница и не го пушта сè до последната.
„Изненадувањата се нижат на секоја страница… Иако Харисон пишува со вешта и лесна рака, нејзината проза е потресна.“ Гардијан
„Oстар и брз, како касапски нож.“ Њуздеј
-
ТАЈНИ НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕТО
0250,00 денТАЈНИТЕ НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕТО ШТО ГИ КОРИСТАТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Постигнете брзи резултати со овој едноставен водич низ основите на презентирањето Во оваа книга ќе откриете како: Да уживате во презентирањето и да му пријдете со самодоверба Да ја процените публиката и нејзините реакции Да подготвите максимално влијателни презентации Да ги користите гласот и телото за да ја објасните поентата Да користите визуелни помагала Да одговорите на секакви прашањата
-
СУДЕЊЕ
0450,00 денОд својата баба, Алекс Крос ја слуша приказната за дедо му и за неговата борба за преживување во времето на Кју-клукс-кланот. Сега тој им ја пренесува семејната приказна на своите деца ‒ со романот што го пишува.
Како адвокат во Вашингтон на почетокот на XX век, Бен Корбет ги застапува најтешките случаи во борбата против расизмот. Претседателот Рузвелт го замолува да се врати во родниот град за да го истражи реформирањето на Кју-клукс-кланот, па тој не може да го одбие. Кога пристигнува во Еудора, Мисисипи, го наоѓа мудриот Абрахам Крос и неговата прекрасна внука Муди, кои го запознаваат со скриената страна на идиличниот јужњачки град. Линчувањата се вообичаени, а жителите во црниот кварт на градот живеат во постојан страв. Бен има за цел да го прекине владеењето на ужасот ‒ но вистината што се крие зад сето тоа би можела скапо да го чини.
Раскажана со бестрашниот глас на детективот Алекс Крос, Судење е трогателна приказна за човечкото зло, за љубовта и, пред сè, за храброста. „Потресна приказна за едно мрачно време во американската историја.“ BookReporter.com