-
СОВЕТИ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ
0500,00 денДента кога дознава дека нејзиниот маж, славниот уметник Хју Вокер забременил друга жена, Нора се заколнува: Има да се вратам во живот, колку време и да ми треба!…
Потребни ѝ се три години. Со помош на најверната пријателка бега од Њујорк во тивкиот Пикод, каде што ја води колумната Совети за преживување во локалниот весник и внимателно му ја подотвора вратата на нов маж во својот живот. Но кога Хју со своето совршено семејство се доселува во истиот град, цврстината ѝ се поткопува. Повторно љубомора, понижување, гнев… а потоа шокот дека брачната двојка е убиена во својот дом. Нора не може да даде цврсто алиби за ноќта на убиствата. Сеќавањата ѝ се мрачни колку и фантазиите за одмазда. Додека обрачот околу неа се стега, таа мора да се соочи со една своја темна страна и да докаже дека не е единствената со мотив за убиство…
Во своето книжевно деби Рене Шафрански ни нуди возбудлив психолошки трилер проткаен со хумор. Роман за личната потрага по вистината која понекогаш на сите ни се лизга низ прсти, но и за потрагата по втора шанса во животот.
„Мајсторски напишана крими-мистерија со остроумна и храбра хероиња која заслужува серијал.“ Буклист
-
НЕБЕСНИ ТЕЛА
0790,00 денРоманот Небесни тела е мистериозен трилер напишан во викторијански стил, со фасцинантна криминална приказна во кој се оживува светот од средината на деветнаесеттиот век.
Во 1866 година младиот Англичанец Волтер Муди заминува за Нов Зеланд во потрага по богатство. Првата ноќ по пристигнувањето влегува во друштво на дванаесет странци кои тајно се собрани за да разговараат за серија необјаснети настани: исчезнувањето на најбогатиот човек во градот, проститутката која се обидела да си го одземе животот, и пронаоѓањето на огромно богатство во куќата на еден несреќен пијаница. Муди е брзо вовлечен во мрежата на судбината која е сложена и извонредно раскошна, како и ноќното небо. И ништо не е како што се чини, сè е завиткано во светата тајна.
Со ова тензично и возбудливо книжевно достигнување, Елeнор Катон уште еднаш потврди дека е една од најсјајните ѕвезди на светското книжевно небо, за што и ја доби наградата Букер во 2013 година.
-
НА КРАЈОТ ОД ДЕНОТ
0380,00 денДОБИТНИК НА БУКЕРОВАТА НАГРАДА
По три децении служба во Дарлингтон хол, батлерот Стивенс тргнува на заслужено патување низ земјата, и наедно во службена посета на својата некогашна колешка, г-ца Кентон. Во текот на патувањето размислува за својата дотогашна кариера, за да си потврди дека преку службата на еден „голем џентлмен“ му служел на човештвото. А спроти средбата со госпоѓица Кентон, го преиспитува нивниот однос во кој се насетувало нешто повеќе од колегијалност… Но во неговите спомени демнат сомнежи за вистинската природа на „големиот“ лорд Дарлингтон кому му служел, и уште поголеми сомнежи во сопствените избори и пропуштени можности.
На крајот од денот е маестрален психолошки портрет на еден совршен англиски батлер од златната доба која бледнее на прагот на повоена Англија. Напишан на префинет стил од перото на Казуо Ишигуро, ова е трогателен и моќен роман за вистинските вредности и за суштината на човековата среќа.
-
АНГЛИСКИОТ ПАЦИЕНТ
0400,00 денАнглискиот пациент е несекојдневен роман испреплетен со судбините на неколку необични ликови – анонимниот пациент кој изгорел до непрепознатливост паѓајќи во пустината со својот авион, младата медицинска сестра Хана која се грижи за него, канадско-италијанскиот крадец Караваџо, младиот индиски инженерец Кип од Британската војска… Собрани во една стара италијанска вила, откривајќи ги постепено своите животни приказни, тие го чекаат крајот на Втората светска војна…
Редејќи ги делчињата од неповрзаното раскажување за пустинските истражувања и за страсната љубов што ја доживува со жената на својот млад пријател, нашите јунаци дознаваат дека Англискиот пациент, всушност, е унгарскиот гроф Ладислав де Алмаши, кој со екипа научници се нафатил да ги картографира неистражените пустински области во северна Африка, каде што сè уште живеат спомените за изгубената оаза Зерзура. Но војната, со својата неумолива жестокост, опустошува сè, вклучувајќи ги и нивните животи…
За овој свој роман Мајкл Ондачи ја доби наградата Букер во 1992 година. Во 1996 година Англискиот пациент доживеа филмска адаптација и освои девет Оскари од вкупно 12 номинации.
-
ПРОРОКОТ
0150,00 денПо дванаесет години, доаѓа денот кога Пророкот мора да го напушти островот Орфалес. Пред да замине, народот се собира околу него на чело со свештеницата Алмитра, молејќи го да им ја пренесе својата мудрост за љубовта, за бракот и децата, за времето, за радоста и тагата, за законите и казните, за давањето, пријателството… Просветлувачките и човечни одговори на Пророкот му даваат на народот безвремена водилка за животот.
Пророкот станува бестселер уште со своето прво издание во 1923 г. Оттогаш делото е преведено на над 40 јазици, а неговата инспиративна лирична проза се смета за класика. Мистичните илустрации од надарената рака на самиот писател се совршено визуелно надополнување на ова моќно дело, целина што е вистински мевлем за душата и сетилата. Пророкот е непресушен извор на мудрости и поуки за сите сфери на човековото живеење, што им вдахнува духовност на световните прашања.
Како што пророковите мисли се дар за жителите на Орфалес, така оваа книга е Џибрановиот универзален дар на човештвото, аманет што се пренесува од колено на колено.
-
ПРИРАЧНИК ЗА АНТИ АНТИАЛКОХОЛИЧАРИ
0399,00 денСè што сте сакале да научите за алкохолот, ама не сте имале време од пиење
Кога ќе почнете со првата страница од оваа книга, се вклучувате во директен пренос од животот на Џамбазов. Уште од првата средба со неговото височество Алкохолот, сè се одвива пред ваши очи, како и вие да сте таму, на театарската сцена наречена живот. Низ призмата на алкохолот, најголемиот непријател маскиран во пријател, Џамбазов раскажува за него како за најголема животна школа, во која тој самиот завршува како најдобар дипломец во класата.
Брилијантно, искрено, интимно, духовито и заразно четиво кое го задржува вниманието од почеток до крај. Суров и безмислосен кон себеси, Игор Џамбазов ги нарекува нештата со нивните вистински имиња, со голема доза самоиронија, без цензура и автоцензура, без обид да се допадне некому или да се оправда себеси. Како што ќе рече Венко Андоновски, Игор е мајстор на леснотијата на тешкото, мајстор на елегантното во бруталното.
Зошто ја напишав оваа книга? За да ми олесни на душата. Сакав да раскажам за најевтино платениот убиец на планетава. Сакам да им помогнам на оние кои пробале, но и да им објаснам на оние кои не знаат.
-
ПРИКАЗНА ЗА НОВОТО ПРЕЗИМЕ
0600,00 денПриказна за новото презиме е втората книга од четиритомниот омаж на женското пријателство, еднакво возбудлив и сурово искрен како и претходниот, Мојата генијална другарка.
Двете неразделни другарки сега се шеснаесетгодишнички што тргнуваат по различни патишта, судирајќи се со семејството, политиката, љубовта, верноста и, пред сè, со пријателството. Новото презиме и корумпираноста го заробуваат немирниот дух на Лила, а Елена го напушта задушливиот провинциски живот за да го продолжи образованието. По заедничкото летување и неочекуваниот пресврт што им го искушува пријателството, Елена тивко страда поради нејзиното предавство. А кога Лила ја замолува да ѝ почува една скришна кутијка со своевидни дневници, Елена не може да не ги прочита – а потоа огорчено ги фрла во реката…
Со својот жесток набој и истанчен усет за нијанси и детали, Феранте мајсторски ја ткае приказната испреплетувајќи ги живите сеќавања на Елена и интимните записи на Лила. Овој колаж од две судбини е моќно сведоштво за суровоста на женското созревање во еден машки свет.
„Возбудлив и храбар современ еп за демонската моќ на човечката, и особено женската креативност, под будните очи на историјата и општеството.“ Лос Анџелес ривју оф букс
-
ПРЕЉУБА
0380,00 денПровокативен и фасцинантен, Прељуба е длабоко интроспективен роман за тоа како една жена се соочува со неспокојот на своите средни години – и последиците од нејзините одлуки врз личниот живот.
Однадвор, се чини дека Линда има сè: кариера на почитуван новинар, приврзан сопруг, сакани деца и прекрасен дом во Женева. Но без оглед на овие погодности, нејзе ѝ здодева рутината на стабилниот живот и се чувствува бескрајно осамена. Кога еден пријател од минатото се враќа во нејзиниот живот, таа е преплавена од импулси и пориви кои со години лежеле скриени во неа. Заробена од копнежот по страсна љубовна врска, Линда тргнува по патека што никогаш не ни сонувала дека ќе ја минува, и се соочува со своите демони ризикувајќи да го уништи удобниот живот што го создала за себе и своето семејство.
Со мајсторски водено раскажување и изнијансирани карактери, Пауло Коелјо ги поведува читателите на уште едно возбудливо патување низ лавиринтот на човечките односи и емоции.
Кликнете тука за да го прочитате првото поглавје и да се уверите зошто не смеете да го пропуштите ова вистинско ремек-дело!
-
ПО ДОЖДОТ
0500,00 денРаде Шербеџија пишува така како што прави и сè друго – страсно, искрено, со срце и без лицемерство. Пишува за луѓе, градови, светови, уметности, идеали и спомени што ги надживеале сите наши невремиња. Најмногу од сè, пишува за љубовта. За љубовта кон семејството, пријателите, родниот крај, виното, фудбалот, татковината, музиката, театарот и побратимството што го поврзува сето тоа.
Под изгаснатите рефлектори, онаму каде што мижурка само уште светлината на компјутерскиот екран и таму каде што човекот е сам без оглед на сите множества во кои е сместен, Раде Шербеџија проговорува со глас кој знае како најмудро се игра главната улога во сопствениот живот.
-
ЈАС ИМАМ ПЛАНУМ
0499,00 денПланУМ Про – ексклузивен планер за професионален развој во 12 месеци
ПланУМ Про е моќен интерактивен планер за унапредување на личните потенцијали. Низ уникатен и структуиран процес помага во кристализирање на посакуваните цели и во дефинирање на детална мапа за нивна реализација. Дејствува како личен тренер кој го стимулира вашиот континуиран професионален развој. Поттикнува систематизираност и организација, иницира одговорност и акција и ја зголемува продуктивностa.
ПланУМ Про е индивидуално решение за сите кои имаат амбиција да ги претворат своите соништа во лесно остварливи цели. Содржи месечни и неделни прегледи, зона за состаноци, матрица на приоритети, 180 совети за продуктивност и 60 мисли кои ќе ве мотивираат секојдневно да го постигнете својот максимум!
Наменет е за:
– ентузијастични претприемачи кои се докажуваат на пазарот
– амбициозни корпоративци кои сигурно се искачуваат во кариерата
– храбри иноватори со големи идеи на кои им е потребна структура за реализација
– професионалци со потреба од зголемена продуктивност. -
ПЛАНУМ
0499,00 денИнспирацијата за твојот личен развој во твои раце
ПланУМ е креативен и интерактивен планер кој го стимулира вашиот континуиран личен развој. ПланУм е револуционарна платформа базирана врз техники од коучинг методологијата со фокус кон решенија, која ќе ви помогне да ги кристализирате посакуваните цели и да дефинирате детална мапа и план за нивна реализација. Ќе биде ваш верен асистент во динамичното секојдневје помагајќи ви да стигнете од точка А до точка Б.
Во ова ново издание збогатено со инспиративни приказни и мудри мисли од светот, ПланУМ ќе го рзбуди вашиот креативен УМ, ќе ги канализира вашите идеи и ќе ве охрабри да сонувате, непрастајно да работите на себе и да остварувате.
Приказната за личниот успех никогаш не била повозбудлива!
-
ПЛАНУМ ПРИКАЗНА
0499,00 денПланУМ приказна е креативен интерактивен планер за ученици од основно и средно училиште, збогатен со внимателно избрани и дизајнирани вежби и техники кои се базираат врз методологијата за личен развој и техники од позитивната детска психологија. Низ конципиран процес на планирање и освестување на личните афинитети и квалитети, младиот ПланУМец се развива во одговорна, свесна и отворена личност.
ПланУМ приказна обработува различни теми од интерес за најмладите и ги поттикнува и родителите и децата да зборуваат отворено за детските желби, потреби, планови, стравови и дилеми. Преку забавни игри, задачи и предизвици, ПланУМ приказна овозможува децата да си ги развиваат интелигенцијата и талентите, да ги продлабочат своите размислувања, да работат на остварување на своите интереси, желби и соништа, како и да усвојат многу нови теми и прашања со кои ќе се среќаваат во текот на својот развој.
Крајната цел на ПланУМ приказна е:
– откривање на нови таленти и вештини кај децата
– развој на креативноста низ забава
– организирање на обврските
– поставување цели за идни врвни достигнувања
– создавање здрави навики
– градење на цврсти односи со врсниците и со родителите
– откривање и активна работа на силните и слабите страни на детето.Бидејќи секој корисник создава свој уникатен план и одговор на зададените предизвици, варира и комплексноста на резултатите. Вклученоста на родител или старател е неопходна при пополнување на ПланУМ приказна кај помладите, додека кај повозрасните деца асистенцијата би била делумна или во зависност од барањата на самата вежба.
-
ПЕТТЕ ЈАЗИЦИ НА ЉУБОВТА
0380,00 денЧовек лесно се вљубува. Но да се одржи љубовта – тоа е вистинскиот предизвик. Која е формулата за среќна врска откако ќе помине љубовниот занес?
Во Петте јазици на љубовта, бестселер број 1 според Њујорк тајмс, брачниот советник д-р Чепмен ви ја открива тајната за заемно разбирање што преобрази милиони двојки во светот. Во својот практичен и прониклив водич за долговечна љубов, тој нè тера да се прашаме што бараме еден од друг, ни покажува како да го научиме јазикот на љубовта на партнерот и ни ја открива моќта на вистинските зборови и дела.
Без оглед на тоа дали врската ни цути или ни се распаѓа, проверениот пристап на д-р Чепмен ќе ни помогне да доживееме подлабока и побогата интимност со партнерот. А за тоа треба само да го научиме јазикот на љубовта.
-
ПАПОКОТ НА СВЕТОТ
0360,00 денЧЕТИРИНАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ НА КУЛТНИОТ РОМАН НА ВЕНКО АНДОНОВСКИ
Романот се состои од вовед, наводно напишан од братот на извесен В., на кој се
надоврзуваат книгата „Папокот на светот“ (манускриптот на романот), книгата
„Исход“ и книгата „Светлина“ (Записите од дневникот), по кои следува поговор
од книжевниот теоретичар Венко Андоновски. Првата книга напишана на
псевдоархаичен јазик се одигрува во IX век и би можел да се означи како некој
вид филозофски крими роман во ековски манир; додека во вториот дел, во
„Дневникот“, една љубовна сторија во Југославија во втората половина на ХХ век ги
пресликува случувањата од првиот дел. -
ОБЛЕЧЕН ЧОВЕК
0400,00 денОвие приказни се обични приказни. Вистински, човечки и возможни. Иако во животов сè е одамна невозможно.
Што добивате кога Игор Џамбазов ќе реши да раскажува за својот живот?
250 страници фасцинантно, забавно четиво полно со хумор, куп комични пресврти и неверојатни ситуации, пикантерии, интриги и најмногу од сè – искреност. И сето тоа зачинето со неповторливиот, за Игор толку препознатлив, стил на раскажување.Десет раскази, десет приказни кои мора да се раскажат. И уште десет пати по толку причини да се (пре)прочитаат. Толку добро Џамбазов нè води низ случките од детството и младоста што ќе сакате уште. Ликови чии вистински имиња ќе сакате да ги дознаете, случки кои ќе ве заскокоткаат, урнебесни ситуации на кои од срце ќе се смеете – секоја страница е мини ремек-дело!
Зошто ја читате сè уште оваа корица? Завртете ја книгата и почнете! Верувајте, многу брзо пак ќе стигнете до овие редови. И потоа, ќе почнете од почеток…Книгата која се распродаде во над 5.000 примероци, добива свое продолжение!
-
НАЈДОБРОТО ДОПРВА ДОАЃА
0250,00 денНе е тајна дека зад успехот стои добрата организација на времето ‒ таа е и решение за стресот во ова брзо секојдневје.
Меѓутоа ова е еден малку поинаков дневник. Ќе ви биде верен бележник и потсетник за секојдневните активности и размисли. Но ќе ви биде и непресушен извор на мотивација и инспирација со своите мисли и пораки за боење, веќе добро позната медитативна техника за релаксација и смиреност. Совршен спој на практичното и инспиративното, неделна доза оптимизам, и бои што ќе му дадат ваш личен печат. Вам ви останува да планирате, пишувате, боите и размислувате ‒ и најдоброто несомнено ќе дојде!