Филтер по цена
Автори
Жанр
Издавачка куќа
  • ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН ВОЛШЕБНИК

    ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН ВОЛШЕБНИК

    0

    Дневникот на еден волшебник е восхитувачка приказна на Пауло Коелјо за неговиот аџилак по средновековниот чудесен Пат на свети Јаков до Сантјаго. Тоа е духовна потрага полна со авантури, но истовремено и фасцинантна алегорија за потребата од пронаоѓање на сопствениот животен пат. Борејќи се со многу искушенија, натчовечки напори за исполнување на задачите поставени од водачот-учител и неочекувани борби со внатрешните демони, патникот ќе ги научи најважните лекции за животот и за она што нè први луѓе. На крајот од патот, ќе ја открие и најголемата тајна – дека не е важно да ја имаш моќта, туку да знаеш како правилно да ја искористиш.

    Ова е една од најважните книги на Коелјо, не само затоа што е негов прв голем роман, претходник на Алхемичарот, туку и поради целиот начин на кој во него е изразена хуманоста на филозофијата на Коелјо и длабочината на неговата духовна потрага.

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ваби-Саби

    Ваби-Саби

    0

    Доаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.

    Самуел е во осумгодишна врска со Габриела, но сè уште живее сам во својот стан, занимавајќи се со часовите по германски и повремено помагајќи му на Титус, соседот кој работи како уредник на книги за мотивација.

    Едно јунско утро добива разгледница од Јапонија на која е прикажано маче со подигната шепа и со една таинствена порака: Ваби-саби. По неколку дена добива и втора разгледница со фотографија од еден храм.

    Еден неочекуван настан го поттикнува на далечен пат кон оваа азиска земја. Таму тој ќе ја научи убавината на несовршеноста, таму ќе му се отвори неочекуваниот прозорец на љубовта…

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • НЕМА, И НЕКА НЕ НИ ИМА

    НЕМА, И НЕКА НЕ НИ ИМА

    0

    Нема, и нека не ни има ја разоткрива секојдневната драма на сложените семејни и човечки врски во кои единката треба да се снајде и да преживее. Преку личните приказни, Едина Сворен со богата палета го портретира и современото унгарско општество, носејќи го читателот на прошетка низ секојдневниот живот на Будимпешта, градот кој ги обединува приказните во книгата. Малите ликови како да се изгубени во лавиринтите на големиот, безличен град. Нивните навидум незначајни приказни, создадени под товарот на апсурдот, ја носат во себе самоиронијата на преживеаните. Спонтано раскажани и полни со ноншалантен хумор, детално откривајќи ни ја мапата на меѓучовечките односи, тие истовремено умеат и да заболат.

    Сите приказни во книгата се фокусираат на семејството – централната сцена која обезбедува модел за нашите животи, без разлика дали се бориме на таа сцена или само набљудуваме отстрана. Тоа им дава на приказните богата атмосфера во која секојдневниот реализам е успешно комбиниран со иронијата и апсурдноста, без да ги претвори ликовите и ситуациите во стереотипи, туку давајќи им сложеност и нудејќи длабока анализа на емоциите и размислувањата на современиот Европеец.

    Нема, и нека не ни има ја доби Наградата за литература на Европската Унија во 2015 година.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Умешноста да ја креирате вашата реалност – Водич за свесни креатори

    Умешноста да ја креирате вашата реалност – Водич за свесни креатори

    0

    „Драги свесни креатори!

    Во вашите раце се наоѓа Водич за креирање на реалноста во 7 најважни сегменти во животот:

    Љубов

    Здравје

    Пари

    Успех

    Работа

    Семејни односи

    Пријателство

    Мојата намера беше да го креирам овој Водич со конкретни методи за креирање во горенаведените животни сегменти затоа што сум свесна дека сите можеме да бидеме брилијантни во сите овие сегменти од животот.

    Уверувањето дека не можеме да имаме сè и да бидеме успешни во сите животни сегменти не е ништо друго освен – само уверување.

    Сме дошле на овој свет за да се присетиме кои сме и да ја играме оваа прекрасна игра наречена живот.“

    Ана Бучевиќ

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ЗИМСКИ РАСПУСТ

    ЗИМСКИ РАСПУСТ

    0

    Последен училиштен ден, ден пред зимскиот распуст. Родителите планираат романтичен викенд. Берглјот се радува што ќе може да излезе со симпатијата, а потоа да преспие кај најдобрата другарка надолго да си разговара со неа, додека братчето Браги смислува како ќе го помине времето кај своето другарче… Но ненадејно мајка им добива голем правен случај што не може да го одбие и пропаѓаат сите убави планови. Лути и смуртени, Берглјот и Браги заминуваат со татко им на одмор во планинската куќичка, а мајка им останува дома…
    Никој од нив не може ни да претпостави дека тоа ќе им биде најнеобичниот – и најкрвавиот зимски одмор во животот. Денови исполнети со страв, студ и бегање пред опасноста што се надвиснува над нив, заробени од една вонземна канибалистичка цивилизација што се заканува целосно да ги уништи…

    Брутално реалистична хорор приказна… Страшно возбудлива и одлично напишана книга која просто се голта…Хелга Биргисдотир, Хуграс

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ЧОВЕКОТ ОД КРЕДА

    ЧОВЕКОТ ОД КРЕДА

    0

    Во 1986 г., во своето задремано англиско селце, Еди и неговите другари го минуваат безгрижно летниот распуст пекајќи по некаква авантура. Таа доаѓа во ликот на новиот наставник – висок и необично бел човек когошто го нарекуваат Човекот од креда. Од него ги добиваат првите креди во боја и идејата да си оставаат нацртани пораки разбирливи само за нив. Сè додека еден ден мистериозно појавеното човече од креда не ги одведе кон едно распарчено човечко тело запретано под лисјата во шумата…

    Во 2016 г. Еди е веќе возрасен човек и наставник во своето некогашно училиште. Монотоното секојдневје му го нарушува неочекуваното пристигнување на едно писмо – човече нацртано со креда. Излегува дека истото писмо го добиле и неговите другари од детството. Кога еден од нив ќе биде најден мртов во реката, ќе сфатат дека не се работи само за лоша шега. За да се спаси од кошмарот, Еди мора да сфати што точно се случило пред 30 години…

    „Имав заборавено што значи непроспиена ноќ затоа што не можеш да се разделиш од некоја книга. Благодарение на Човекот од креда, повторно се потсетив на тоа чувство.“ Фиона Бартон, Њујорк тајмс

    „Сакате да прочитате нешто добро?… Ако ги сакате моите дела, ова сигурно ќе ви се допадне.“ Стивен Кинг

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ДЕВОЈКАТА ОД МОЧУРИШТЕТО

    ДЕВОЈКАТА ОД МОЧУРИШТЕТО

    0

    Гласиштата за Девојката од мочуриштето со години кружат низ Баркли Коув, тивкото гратче на брегот од Северна Каролина. Кога кон крајот на 1969 година богатиот Чејс Ендруз ќе биде пронајден мртов, сомнежот на мештаните веднаш паѓа врз Каја Кларк, таканаречената Девојка од мочуриштето. Меѓутоа Каја не е онаква каква што ја опишуваат. Чувствителната и остроумна девојка со години живее сама во куќичката на брегот на мочуриштето што го нарекува дом, спријателувајќи се со галебите и откривајќи ги животните лекции во песокот. Но доаѓа време кога почнува да копнее по љубов и прегратка. Кога нејзината дива убавина ќе маѓепса двајца младичи од градот, Каја го отвора срцето за новиот живот ‒ но тогаш се случува незамисливото.

    Девојката од мочуриштето е едновремено неверојатна ода на природата, приказна за растењето и влегувањето во светот на возрасните и мистериозен случај на можно убиство. Авторката нè потсетува дека ние сме обликувани од децата што сме биле порано и дека сите сме подложни на убавите и насилни тајни што ги крие природата.

    „Болно убава!“ Њујорк тајмс

     

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ДОСТОЕВСКИ И МЕКДОНАЛДС

    ДОСТОЕВСКИ И МЕКДОНАЛДС

    0

    Денешните источни и словенски книжевности се изложени на силен налет на глобализацијата, што од точката на гледање на нивните книжевни традиции се доживува како бришење на националниот и локалниот културен идентитет. Таа западна колонизација на словенските семиосфери се одвива и преку редефиниција на поимот „книжевност“ и наметнување на една нова естетика на бестселерот, сфатен како нормативна глобална поетика.

    Тој „светски“ бестселер се сведува на тематски список на пожелни геополитички теми и стереотипи, а својата „естетика“ ја позајмува од геномот на мелодрамата, со нејзината традиционална морална црно-бела поделба на „добри“ и „зли“, спектакуларноста и патетичноста на изразот. Наспроти таа кич и ready made книжевност, словенските литератури имаат свои богати книжевни традиции во кои централните прашања се сврзани со Бога (теодицејата), смислата на животот и човекот, бесмртноста, историјата и митовите во кои се отсликуваат националните архетипови. Најмладите писатели од словенските и „децималните“ книжевности се пред сериозна дилема: дали да останат во „локалната традиција“ или да се свртат кон оваа „лесна“ ама нормативна „книжевност“ на „западниот соцреализам“, која им гарантира светска слава и милионски тиражи?

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Срце од мастило

    Срце од мастило

    0

    Дванаесетгодишната Меги неочекувано дознава за необичната дарба на својот татко Мо – кога чита наглас, тој ги оживува ликовите од книгите. Една дамнешна вечер тој толку вдахновено ѝ читал од Срце од мастило што неколку негативци од книгата влегле во нивниот живот. А потоа Мо открива нешто уште пострашно – во мигот кога ги „исчитал“ злобниот Каприкорн и неговиот помошник, во книгата ја „вчитал“ Мегината мајка!

    Опкружени со своите книги, Меги и татко ѝ не ни сонуваат дека наскоро од корен ќе се променат нивните животи. Каприкорн со години трага по книговезецот Мо сакајќи да ја искористи неговата дарба за остварување на своите мрачни цели. А кога ќе успее да го киднапира, Меги и нејзините реални и измислени пријатели тргнуваат во авантура за каква што дотогаш само читала во своите книги – за да го спаси саканиот татко и да ја затвори последната страница од магичната книга.

    Безвременска приказна за книгите, имагинацијата, животот. Би се осмелиле ли да ја прочитате наглас? Гуд ридс

    Неверојатна приказна попрскана со малку волшебна прашина. Њујорк тајм

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • МОМЧЕТО МОЛЊА

    МОМЧЕТО МОЛЊА

    0

    – Кој си ти?
    – Јас?! Мене ме прашувате
    – Да, тебе.
    – Какво прашање! Па јас сум момчето Молња!
    – Што бараш меѓу кориците на оваа книга?
    – Овде сум за да ви раскажувам.
    – Што ќе ни раскажуваш?
    – За себе, за… Е, многу сте љубопитни!
    – Кажи ни, кажи ни!
    – Прочитајте ја книгава и сè ќе дознаете.
    – Да не е здодевна?
    – Мислам дека не е. Но почнете и сами уверете се.

    Има одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавнаи возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:

    – Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме.

    Момчето Молња, роман за деца и за родители, од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005), Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008), Дрско црвен кармин…

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • УМЕТНОСТА НА ЉУБОВТА

    УМЕТНОСТА НА ЉУБОВТА

    0

    Љубовта е активна сила на човекот; сила што ги пробива ѕидовите што го раздвојуваат човекот од неговите ближни, која го соединува со другите. Љубовта му помага да го премавне чувството на осаменост и одвоеност, а сепак му допушта да биде свој, да си го зачува интегритетот. Во љубовта се случува парадоксот две личности да станат едно, а сепак да останат двајца. Љубовта е активност, а не пасивен афект – таа е „останување“, а не „заљубување“. На најобопштен начин, активниот карактер на љубовта може да се изрази со тврдењето дека љубовта е првенствено давање,а не примање.

    Љубовта е единствениот здрав и задоволителен одговор на проблемот на човечкото постоење. Во чинот на љубовта, во давањето себеси, во чинот на проникнувањето во другата личност се пронаоѓам себеси, се откривам себеси, нè откривам нас двајцата, го откривам човекот.

     

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ДЕНИЦИЈА

    ДЕНИЦИЈА

    0

    Дениција е без сомнение една од најубавите македонски поетски збирки, а песната Кога ја љубев Дениција најубава творба напишана од великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски. Ова е шестото издание на оваа збирка. Првпат е објавена во 1968 година и истата година има добиено два награди – Браќа Миладиновци и 11 октомври, која во тоа време се доделуваше за едногодишна продукција.

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • ПИРЕЈ

    ПИРЕЈ

    0

    Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.

    Романот Пиреј е култна книга во македонската книжевност. Уште со неговата прва објава во 1980 година, критичарите во своите оценки го нарекоа роман-меѓник во македонската белетристика. И набргу стана една од најчитаните книги, безмалку прифатена како еден вид македонска библија во која, секој на свој начин, ја препознава колективната голгота од нашето историско паметење. Со својата едноставна раскажувачка рецепција и широкиот радиус на богато јазичко зрачење, со многуслојните содржини од човечки судбини и настани, Пиреј речиси веднаш и подеднакво им стана близок на сите. Незгаснатиот интерес на читателската публика за овој роман е показ за неговото неогранично време на траење.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • ВРЕМЕ

    ВРЕМЕ

    0

    Ридигер Зафрански, еден од највлијателните германски интелектуалци, во својата најнова книга го истражува времето како феномен кој денес го дефинира современиот човек. Зафрански почнува од денешната состојба во светот на модерните медиуми, во кој брзината на размена на информации, на мислење и на доживување целосно го изместува поимот време. Тргнувајќи од оваа точка, Зафрански прави спој меѓу егзактните науки (физиката и хемијата) и филозофијата на времето. Неговите размисли допираат до темите на политиката, економијата, уметноста, социологијата, сето тоа поврзувајќи го со теориите на Ајнштајн и Хокинг.

    „Време“ е специфично напишана книга, која разработува тешка тема, но на разбирлив и заводлив начин. Авторот успешно зборува за некои од клучните научни и филозофски концепции, а притоа не завлегува во академизам, туку го држи вниманието на читателот како да се работи за авантуристички роман.

    „Ова е една од книгите што се читаат со молив во раката. На крајот ќе ви останат малку реченици кои не сте ги подвлекле.“ Ди велт

    280,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ТЕТРАТКА ЗА ПОЧЕТНО ПИШУВАЊЕ - „ПИШУВАЈ СО БИБИ!“

    ТЕТРАТКА ЗА ПОЧЕТНО ПИШУВАЊЕ – „ПИШУВАЈ СО БИБИ!“

    0

    Тетратка за почетно пишување е со мотото „Пишувај со Биби!“. Во тетратката можат да се пишуваат печатни и ракописни букви.

    50,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Приказни за девојчиња

    Приказни за девојчиња

    0

    Прекрасна колекција на приказни, каде што мудроста и добрината секогаш победува. Фантастично илустрирана и лесно читлива, оваа книга ќе го поттикне развивањето на добрите особини кај вашето дете. Учете на забавен начин и уживајте во читањето!

    320,00 ден
    Прочитај повеќе