-
Сè што оставаме
0390,00 ден„Сè што оставаме“ е продолжение на романот „Сè што чуваме“ и втора книга од трилогијата на најдобро продаваната авторка на „Вол Стрит џурнал“, Кери Лонсдејл.
Два месеца пред неговата венчавка, финансискиот раководител Џејмс Донато го следи неговиот брат Фил кој е вмешан во матни зделки, во Мексико, каде што исчезнува во морето и го прогласуваат за мртов. Шест и пол години подоцна, тој се буди од состојба на дисоцијативна фуга во Оаксака, каде што живее како Карлос Домингез, вдовец и татко на два сина, со неговата балдаза Наталија Хејес, некогашна професионална сурферка, која му помага да се одржи во живот. Но, неговата свршеничка и најголема љубов, Ејми Тирни, продолжува со својот живот. Таа е омажена и има дете.
Разочаран од сознанието, Џејмс и неговите синови се враќаат во Калифорнија. Но, Фил наскоро ќе излезе од затвор и ќе го побара Џејмс, кој посведочил нешто во Мексико што би можело повторно да го врати Фил зад решетки. Под сè поголем притисок на семејството, Џејмс заедно со синовите патува во Куаи, барајќи засолниште кај Наталија. Како што Џејмс почнува да ја открива мистеријата зад неговиот идентитет, опасноста се чини постојано блиску, а Наталија можеби е единствената личност на која може да ù верува.
Раскажан низ двојна перспектива на еден човек, „Сè што оставаме“ е мешавина од неизвесност, мистерија и романса при разоткривањето на загубата, издржливоста и силната потреба по секоја цена да ги заштитиме оние кои ги сакаме.
-
Пандемија: Ковид-19 го тресе светот
0250,00 денНекои го сметаат за „најопасниот филозоф на Западот“. Славој Жижек е современ словенечки професор, критичар, самодеклариран „комунист во смисла на квалификации“, „радикален левичар“ и „христијански материјалист“ кој со еднаква страст зборува и за Хегел и за Бетмен. И покрај тоа што има напишано многу книги, најпознат е по неговите јавни настапи и предавања, чијашто популарност го етаблира како еден од најпознатите мислители на денешнината. Вели дека сите ние сите сме толку длабоко вградени во капитализмот, што не можеме да му побегнеме дури ни на сон.
Како што пандемијата го обиколува светот, Жижек на изненадувачки јасен и лесно читлив начин ни го открива нејзиното подлабоко значење, притоа презентирајќи парадокси што воодушевуваат, а можните последици по светот се претставени толку јасно, што читателот ќе го облее пот. Живееме во време во кое врвен облик на внимание е физичката оддалеченост, а луѓето се зближуваат изолирани во своите домови. Владите кои до вчера систематски кратеа од фондовите за инфраструктура, здравство и образование – преку ноќ наоѓаат илјадници милијарди. Тоалетната хартија станува вредна и барана стока, а до вчера славните пејачи и глумци тонат во безначајност.
Кој е можниот излез? Дури и ако одговорот не ви се допадне – како што нè уверува Жижек – неговата нужност се наметнува. Ова е само генерална проба за огромните промени што следуваат допрва.
110Оваа извонредна мала книга гарантирано ќе ве направи многу поупатени во тековната криза и ќе ви овозможи да ја гледате надвор од површноста и лажливоста на секојдневната медиумска какофонија.
-
Детето на степата
0270,00 денПрвата книга од историската трилогијата која го опишува животот на Скитите. Прекрасна приказна за љубовта, храброста и страдањата на едно момче кое неможе ни да сонува што се ќе му донесе животот во јужноруските Степи..
-
Ќерката на степата
0270,00 денМладата Мања живее со мајка си во едно земјоделско село и сонува да се омажи за Вилуфар, момчето од соседството. Меѓутоа, по нападот на Скитите, номадските воени коњаници и ловци на скалпови, немилосрдни владетели на степската дивина, Мања ќе премине кај Сарматите, народ кај кој жените управуваат со судбината на племето. Во своето племе ќе се врати подоцна како воинка во придружба на волчицата и треба да се одлучи меѓу љубовта од младоста и новиот живот..
-
Господарката на степата
0270,00 денНикој не може да избега од судбината: „Господарката на степата“, третиот роман во сагата за легендарните коњаници на скитските народи.
Таа е гордост на нејзиното племе: Мања е најсилниот борец на Сарматите, која многумина ја сметаат за најдобра кандидатка за наследничка на кралицата. Но, судбината си поигрува со животот на младата жена. Мања не гледа друг излез, освен да го напушти својот народ. Поминуваат години пред да се сретне со пустиникот Артан, кој некогаш бил еден од најстрашните водачи на Скитите – коњаници што ги мразат Сарматите.
Оваа средба менува сè, но дали Мања може да го заборави минатото што ја оптоварува и повторно да стане воин, каков што му е потребен на нејзиниот народ повеќе од кога било досега?Во големата трилогија на Волфганг Јетке, седмиот век пр.н.е. и античките народи, кои требало да заминат во историјата како Амазонките и кентаврите, повторно се будат. Волшебен роман за судирот на матријархатот и на патријархатот, полн со авантури, манири и обичаи, кој фасцинира и прави да се наежите.
-
Малата голема точка
0250,00 ден„На страницата од тетратката за домашни задачи се сретнаа две точки. Не точки од некој сок или од остатоци од чоколадо. Тие повеќе би се нарекле дамки, што ги има по многу тетратки. Разбирливо. Кога се пишува домашна задача, истовремено се пие и се јаде, па – се случува и страницата од тетратката да добие некој свој заслужен дел. Овие се писмени точки, зашто специјално се описменети да служат во редовите на писменото искажување, какво што е во книгите, во писмата, во весниците и слично.“
Во книгата „Малата голема точка“ од Цане Андреевски се случуваат уште многу вакви средби, каде што главни улоги, покрај точките, се и прашалникот, извичникот, запирката, трите точки и другите „членови“ на „интерпункциската елита“.
-
ШТО КАЖУВА СЕКОЕ ТЕЛО
0400,00 денТој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така? Tаа вели дека се согласува. Дали навистина се согласува? Интервјуто помина одлично – или сепак не?
Прочитајте ја оваа книга и развијте ја својата невербална интелигенција. Џо Наваро, поранешен агент на ФБИ и стручњак за невербална комуникација, објаснува како брзо и ефикасно да ги „прочитате“ луѓето: да им ги одгатнете чувствата и мислите, да препознаете кога ве лажат и да ги избегнете скриените замки. Ќе дознаете и како говорот на вашето тело влијае врз мислењето што надредените, семејството, пријателите и другите го имаат за вас. Ќе откриете:
– кои се древните инстинкти за преживување што го поттикнуваат говорот на телото;
– зошто од лицето најтешко се читаат вистинските чувства на личноста;
– што ни откриваат гестовите со палците, стапалата и очните капаци;
– кои се најмоќните гестови што ја откриваат нашата самодоверба;
– како можеме да поттикнеме доверба или авторитет.Џо Наваро, наречен „ловец на шпиони“ и „човечки детектор за лаги“, ни открива многу примери од своето професионално искуство покажувајќи ни како да ги разбираме мислите и намерите на луѓето, да ги откриваме и дешифрираме нивните невербални реакции за да можеме поуспешно да комуницираме со нив. За работа или за задоволство, Што кажува секое тело нуди моќно знаење што го збогатува и унапредува животот.
-
ФАКТОЛОГИЈА
0500,00 денСвесноста за фактите е навика која го намалува стресот и гради ставови засновани врз цврсти аргументи Зошто расте бројот на жители во светот? Колку млади жени се школуваат? Колкумина живеат во сиромаштија? На овие и на многу други едноставни прашања за глобалните трендови луѓето систематски даваат погрешни одговори. Толку погрешни што шимпанзата, кои случајно би ги избрале одговорите, би имале подобри резултати од новинари, нобеловци и банкарски инвеститори.
Ханс Рослинг, професор по меѓународно здравје и човек кој умее да ги натера податоците да пеат, нуди ново, радикално објаснување зошто се случува тоа и ни открива десет инстинкти кои ни го искривуваат светогледот. Според Рослинг и неговите соработници, и покрај сите несовршености, светот е во многу подобра состојба отколку што мислиме. Но кога непрестајно и претерано се грижиме за сѐ наместо да усвоиме светоглед заснован врз факти, знаеме да ја изгубиме способноста да се сосредоточиме на нештата кои ни претставуваат најголема закана.
Инспиративна, просветлувачка и полна со анегдоти и трогателни приказни, Фактологија е значајна, суштинска книга која го менува начинот на кој ги гледаме работите околу нас.
-
Туѓо тело
0180,00 денВиктор е млад и перспективен маж, образуван на престижниот универзитет МИТ во САД, вљубеник во планините и алпинизмот. Има намера да го освои Монт Еверест, но пред неговата желба се испречува еден чуден проблем. Силни главоболки и вртоглавици од необјаснива природа. Лекарските наоди исклучуваат какво било присуство на болест, а сепак Виктор е спречен да функционира нормално. По многубројни прегледи, лекарите откриваат чудно тело во најнедостапниот дел во неговата глава. Туѓо тело од неуништлив материјал. И во тој момент нештата се комплицираат.
Најновото прозно остварување на писателот Владимир Плавевски, краткиот научно-фантастичен роман „Туѓо тело“, ги растегнува границите на егзактното, пропуштајќи ја мистеријата да ја преземе целосната контрола во нарацијата, овозможувајќи им на читателите комплетно читателско уживање во еден здив.
-
Изброј ги ѕвездите
0350,00 ден„Колку си храбра, малечка Анемари?“
Годината е 1943, а за Анемари Јохансен, животот во Копенхаген е сложена смеса од обичното домашно и училишно секојдневие, недостигот од храна и постојаното присуство на нацистички војници на улиците. Храброста се чини како нејасна доблест, што ја поседуваат витези што убиваат змејови во приказните што ù ги раскажува на помалата сестра, Кирсти.
Додека германските трупи ја почнуваат мисијата за „релоцирање“ на сите Евреи од Данска, семејството Јохансен ја згрижува најдобрата другарка на Анемари, Елен Росен, претставувајќи ја како дел од семејството. Девојчињата живеат како сестри, сè додека не стане јасно дека треба да се стори нешто повеќе за да се спасат Елен, нејзиното семејство и сите Евреи од Данска.
Во оваа приказна за хероизмот на една цела држава, нарацијата за данскиот отпор и нивниот план да го прошверцува целото еврејско население од Данска – речиси седум илјади луѓе – преку море до Шведска е раскажана со гордост и со надеж низ очите на едно мало девојче.
-
Бегај
0450,00 денТвојата ќерка е исчезната.
Зависничка е од дрога и од момче кое ја малтретира. И ти ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена.
Потоа, сосем случајно, ја гледаш како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк.
Но, таа не е девојката која ја паметиш ти. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја.
Не размислуваш ни за момент. Ù приоѓаш, ја молиш да се врати дома.
Таа бега.
И ти ја следиш во мрачниот и опасен свет кој никогаш не си знаел дека постои. Во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено.
Сега твојот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден.
-
Невролошки терапевтски прирачник
0390,00 денМонографијата е наменета за невролози, невропедијатри, епилептолози, посебно за студентите, но и за сите лекари од општа практика, кои се секогаш на првата терапевтска линија.
Остануваме со надеж дека монографијата ќе биде буквар во секојдневата амбулантска практика, како патоказ и потсетник за соодветна и навреме ординирана терапија. -
Кралска измама
0550,00 денКотон Малоун е повторно во акција!
Котон Малоун и неговиот петнаесетгодишен син, Гери, се упатени кон Европа. Поради услуга што му ја должи на својот поранешен шеф во Министерството за правда Малоун се согласува да го придружува тинејџерот-бегалец и да го врати во Англија. Но откако е пречекан со вооружена престрелка во Лондон, во која и бегалецот и Гери исчезнуваат, Малоун сфаќа дека има нагазено на високоризична дипломатска конфронтација – меѓународен инцидент поткрепен со гео-политички превирања и со запрепастувачки тајни од династијата на Тудорите.
– Стив Бери во новата меѓународна авантура успева на наративен и само за него својствен начин да ги замеша современите политички интриги, предавството на Тудорите и возбудувањата во еден возбудлив роман на неизвесност.
-
-
Одмаздата на богомолката
0350,00 денЗА ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ЧОВЕКОВИ СОПАТНИЦИ ВО ЖИВОТОТ: ЉУБОВТА И БОЛКАТА.
За колкумина од оние што ги познавате можете да сте сигурни дека љубовта или болката не го бојадисале нивниот живот, во бои зависно од чувствата што ги одбележале? Ако се замислиме, ќе сфатиме дека всушност на секој возрасен човек љубовта и болката се навистина најчестите сопатници во животот. -
НЕБЕСКА ТИМЈАНОВНА
0350,00 денОва е само една вистина, зашто вистини има стопати по толку, којзнае колкупати по толку. Вистини има колку што има и луѓе. И живи и мртви.
Со овие зборови големиот Петре М. Андреевски ни ја отвора приказната на Небеска Тимјановна, оставајќи ја самата да ни ја раскаже. А како да се раскаже цел еден живот – тегобен и испреплетен со маките на сопствениот народ? Има ли зборови што можат да го опишат тоа што го гледаат очите, тоа што го страда срцето? И колку цврст треба да биде човекот за да ги издржи животните искушенија: стрелањето на непокорниот татко, љубовниот неспокој што мора да се крие од другите, пеколните борби во планините, цицалчето кое мора да се напушти, обвинувањата на довчерашните другари, страдањето во логорите заради идеалите за кои е жртвуван целиот живот?…
И пак да сe најдат сили за да се надмине сè и на крајот сè да се раскаже – за да остане запаметено, за да не се заборави.