Филтер по цена
Автори
Жанр
Издавачка куќа
  • Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)

    Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)

    0

    XIX век во Струга, Митра Миладинова и Султана Миладинова, поттикнати од понудената поддршка на рускиот славист Виктор Иванович Григорович, почнуваат дело, кое, како што се развива, станува сè подлабоко и посериозно.

    Неколку жени перачки кои се сретнуваат на реката, првпат почнуваат да зборуваат за тоа каков би бил светот кога би им се дало глас на жените. Покрај реката почнуваат да учат да читаат и да пишуваат, стануваат учителки кои го шират почнатото таинствено дело низ сечиј дом и душа. Стануваат своевидни интелектуалки кои наоѓаат начин преку анонимно објавувани статии во весниците да допрат до светот. Против неправдата која неколку векови ги обвивала сите, почнуваат да зборуваат и да се борат со дело кое му пркоси на времето и на заборавот.

    Живеењето и дејствувањето во сенка излегува на светлина кога се дознава за Тајното женско училиште – Ученољубие.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Море на спокојството

    Море на спокојството

    0

    Меланхолична приказна за уништувањето на познатиот свет, патувањето низ времето и осаменоста.

    Во 1912 г. 18-годишниот Едвин Сент Џон Ендру поради една непримерна изјава е протеран од своето богато семејство. Шетајќи низ шумата на малото место во кое престојува, одеднаш слуша чудни звуци на виолина. Во 1994 г. 12-годишната Винсент Смит снима мистериозно видео во шумата во близина на својот дом. Во 2020 г., по смртта на Винсент, нејзиниот брат композитор го прикажува ова видео на својот концерт. Во 2203 г. Олива Луелин ги остава сопругот и ќерката во домот на втората Месечева колонија, место со бели камења, шилести кули и артифициелна убавина, и оди на Земјата на турнеја со својот роман за пандемијата. Во него има еден чуден пасус: човек свири на виолина во густа шума кога се случува нешто необјасниво. За да открие како овие луѓе се поврзани и зошто ги слушаат истите звуци на виолина, детективот Гаспери Робертс мора да тргне на патување низ времето. Таму согледува можност да направи нешто извонредно, што ќе ја наруши временската рамка на универзумот. Но што ако нивната реалност е само симулација?

    „Обединувајќи научна фантастика и одлична нарација, авторката на овој замислен свет истражува како технологијата може да ни ја контролира судбината ако заборавиме да сочувствуваме.“

    Пипл

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кој сум јас? - Животни од шумата

    Кој сум јас? – Животни од шумата

    0

    Интересни загатки и изненадувања на секоја страница. Одличен начин за дечињата да ги научат животните и нивните главни карактеристики.

    170,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сејди

    Сејди

    0

    Ако си таму некаде, те молам, јави ми се…

    Животот на Сејди не е лесен. Таа мора да се грижи за својата помлада сестра Мети и да ѝ обезбеди нормален живот. Во еден момент целиот нејзин свет ќе исчезне кога полицијата ќе го пронајде безживотното тело на Мети. По неправилната и неуспешна полициска истрага, таа ќе донесе одлука сама да го фати немилосрдниот убиец и ќе се впушти во потрага, следејќи некои ситни и на прв поглед незабележливи траги.

    Бидејќи не би можел да поднесам, уште една девојка да исчезне…

    Кога радио новинарот Вест Макреј ќе ја слушне животната приказна за двете сестри на локалната бензинска пумпа, станува опседнат со случајот на исчезнатите девојки. Започнува сопствена емисија низ која го следи нејзиното патување, обидувајќи се да открие што точно се случило, со надеж дека ќе ја пронајде пред да биде предоцна.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Зборови

    Зборови

    0

    Што сè би направиле за да можете да комуницирате со починатите кои многу ви недостасуваат?
    Стефан се соочува со загубата на својата сопруга на сопствен начин, така што ја игнорира. За него, таа сè уште е присутна, во секој агол, во секој спомен, нејзината арома тлее насекаде…

    Животот му се одвива во рутина, сè додека неврохирургот Филип не му предложи посебна операција со која би можел да го разбуди шестото сетило.
    Тогаш сè што му останува се зборови, нивното значење и мирисот на душите.

    „Ликовите кои се групирани околу (главниот лик) Стефан помагаат во неговото градење и трансформација, но и тие се трансформираат, мал универзум во кој овој познат свет се преклопува со еден суптилен невидлив, а присутен свет . Не би сакала да го наречам паранормален, зашто тој е многу повеќе од тоа, книжевен свет и со тоа белег на времето, белег прикажан на автентичен начин.“

    Мерсиха Исмајлоска

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сите лета потоа

    Сите лета потоа

    0

    Шест лета за вљубување – еден миг за разделба. И еден викенд за исправка.

    Персефони Фрејзер наместо да ги минува летата на езерскиот брег од своето детство, живее во стан во големиот град, излегува со пријателките и ги држи сите на безбедна оддалеченост од сопственото срце.

    Но тоа се менува по еден телефонски повик кој ја тера да поита назад во Берис Беј и во орбитата на Сем Флорек – човекот без кого мислеше дека не ќе може да живее.

    Перси и Сем биле неразделни шест лета: замаени попладниња крај вода, топли летни ноќи работејќи во ресторан во период исполнет со книги – тој со учебници по медицина, таа пишувајќи кратки хорор-приказни. Нивното пријателство прераснало во нешто повеќе, нешто од кое застанува здивот, за потоа експлозивно да заврши.

    Кога Перси се враќа кај езерото за да присуствува на погребот на мајката на Сем, нивната меѓусебна поврзаност е толку очигледна. Сè додека Перси не успее да се соочи со одлуките што ги донела, двајцата нема да дознаат дали меѓусебната љубов ќе им биде поголема од грешките во минатото.

    Шест години и еден викенд: широк, сеопфатен поглед кон љубовта, кон луѓето и кон одлуките што нè обележуваат засекогаш.

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Намасте

    Намасте

    0

    Намасте – мојата душа ја поздравува твојата душа, совршеното во мене го препознава совршеното во тебе.

    Пред неколку години малкумина знаеја што е икигаи. Со 2,5 милиони продадени примероци од истоимената книга, Гарсија и Миралјес нè запознаа со значењето на тој таинствен збор поврзан со јапонската долговечност. Сега нè носат на ново инспиративно патување, овој пат во Индија, духовната ризница на човештвото.

    Традиционалниот хиндуистички поздрав Намасте нè потсетува на божествената искра што секој од нас ја носи во себе. Откривајќи ни го значењето на овој возвишен поздрав, авторите ни нудат пат за обновување на врската со божественото, пат кон хармонија и среќа, за да можеме да создадеме сегашност каква што заслужуваме и иднина за која мечтаеме, за себе и за светот.

    Кажете си Намасте себеси и на својот живот. Доживејте ја исцелувачката моќ на мантрата ОМ, откријте како да го прекинете страдањето, да се ослободите од своето его, од вознемиреноста и стравот, да го разбудите својот творечки потенцијал и целиот живот да го поминете исполнети со здравје и енергија.

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • Грофот Магнус и други приказни за духови

    Грофот Магнус и други приказни за духови

    0

    Монтегју Роудс Џејмс (1862 – 1936) е еден од најпознатите автори на хорор-приказни во светот и „татко“ на модерната приказна за духови на англиски јазик. Медиевист по професија и долгогодишен професор на Кембриџ, тој е најмногу запаметен по неговите приказни за духови кои се читаат до ден-денес.

    Стари цркви и палати; пронајдени стари ракописи, дневници и приказни; студените предели на Скандинавија и мирните пејзажи на Англија; духови и демони од непознато потекло и со мистериозни намери. Такви се морбидната атмосфера и тивкиот ужас што провејуваат низ овие приказни во кои вешто ни се обзнанува хоророт скриен зад обичното секојдневие.

    Оваа збирка ги содржи неговите најпознати раскази, некои од нив веќе класици на жанрот: „Бројот 13“, „Грофот Магнус“, „Опседнатата куќичка за кукли“ итн. Таа претставува основно четиво за секој вистински љубител на хоророт и на духовите, но и на мајсторски напишаната кратка проза.

    349,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ПАЛАТАТА СО МАГНОЛИИ

    ПАЛАТАТА СО МАГНОЛИИ

    0

    Њујорк 1919 година. Откако ја губи мајка си, животот на 21 годишната Лилијан Картер целосно се распаѓа. Во изминатите шест години, под името Анџелика, Лилијан беше една од најбараните модели на уметниците во Њујорк, чии статуи ги красат најпознатите зданија, од хотелот Плаза до Бруклинскиот мост. Но, на повидок е скандал кој Лилијан сака да го избегне наоѓајќи засолниште во резиденцијата на семејството Фрик, како лична асистенка на темпераментната Хелен. Животот на Лилијан премногу се испреплетува со животот на семејството, па така таа ќе биде вовлечена во една несакана афера, кражба на еден од најпознатите дијаманти и убиството на индустријалецот и покровител на уметноста Хенри Клеј Фрик.

    Њујорк 1966 година. Англичанката Вероника Вебер ја користи својата единствена шанса да направи кариера како супер модел во Њујорк и со тоа да ги заработи парите што ѝ се потребни за да го издржува семејството. Таа доживува фиаско на нејзиното прво снимање за „Вог“ и останува заклучена во Музејот на уметноста на Петтата авенија, поранешната резиденција на семејството Фрик. Сакајќи да ја убие досадата, Вероника тргнува по замислена потрага, но наидува на скриени пораки кои што можат да ѝ ги решат финансиските проблеми, но исто така можност конечно да се открие вистината зад мистериите и децениското убиство во семејството Фрик.

    „Палатата со магнолии“ е роман за тајните, предавствата и убиството
    во едно од најпознатите семејства од Златното доба на Њујорк, семејството Фрик.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Шерлок Холмс: Поморската спогодба

    Шерлок Холмс: Поморската спогодба

    0

    Вотсон, би можел ли да го доведеш твојот пријател Шерлок Холмс да се види со мене? Моето работно место во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ се чинеше безбедно додека не се случи оваа ужасна катастрофа. Се плашам дека мојата кариера е УНИШТЕНА!

    Војната станува вистинска закана откако ќе биде украден таен документ од Министерството за надворешни работи. Но, зошто крадецот чекал десет недели за да го продаде? Холмс и Вотсон се втурнати во светот на меѓународната дипломатија само за да откријат дека опасноста може да дојде од неочекувана страна.

    199,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубовта не гори во пожар

    Љубовта не гори во пожар

    0

    Кеси Ханвел работи како пожарникарка во Тексас и ја обожава својата работа, тимот и станицата. Таа не е за „украс“. Влетува во пожари, спасува луѓе со реанимација, извлекува деца од автобус што паднал во клисура. За тоа, се разбира, ќе биде одликувана. Спроти доделувањето на одликувањето ја стигнуваат две сенки од минатото. Две зла. Кеси мора да го остави својот живот на страна и да се соочи со сопствената вонредна состојба. Се одлучува за „помалото зло“ и се согласува да оди во Бостон, кај мајката што ја напуштила кога ѝ била најпотребна.

    Старата пожарникарска станица во гратчето Лилијан, многу се разликува од пожарникарската станица во Тексас. Не само што нема доволно средства и опрема, туку и жена пожарникар е непосакуван, модерен додаток. Особено ако е жена херој, стручна и способна како Кеси. Нејзиното присуство го прифаќа единствено симпатичниот млад пожарникар почетник. Ама таа не смее да мисли на него. Најважно правило за пожарникарките е „никогаш не забавувај се со друг пожарникар“.

    Кеси се колеба. Дали да ја ризикува единствената работа што ја сака и до која дошла со тешка мака?! Се чини дека нејзиниот живот го зафати силен пламен и таа мора да одлучи што ќе спасува: семејството, кариерата, љубовта…

    „Кетрин Сентер ги истражува границите на надежта и љубовта. Сторијата за една семејна трагедија се претвора во длабоко искрен водич за исполнет живот.“

    – Паблишерс викли

    „Сеопфатно и духовито истражување на љубовта и простувањето, од самиoт почеток разбирливо и забавно, трогателно искрено и иронично.“

    – Киркус ривјус

    „Емотивна приказна за самооткривањето и простувањето.“

    – Фреш фикшн

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Планината си ти

    Планината си ти

    0

    За да го искачиме врвот не треба да ја совладаме планината, туку себеси.

    Просветлувачка книга полна со моќни сознанија што нè поттикнува да ги искачиме сопствените планини ослободувајќи се од самосаботажата. Зошто и како се самосаботираме и како да престанеме да го правиме тоа за да си го подобриме животот?

    Ние инстинктивно промената ја сфаќаме како можна закана. Затоа не е ни чудно што самите си градиме сопствени кафези и доброволно остануваме во нив, иако вратата не е заклучена. Но светлината ја наоѓаме дури тогаш кога сме подготвени да ја прифатиме темнината. Со извлекување клучен увид од нашите штетни навики, со градење емоционална интелигенција и подобро разбирање на нашите мозоци и тела, можеме да се ослободиме од минатите искуства и да дејствуваме со нашиот нависок потенцијал.

    Планината си ти е повик за будење што влева надеж за надминување на сите пречки што ни стојат на патот кон себеостварувањето. Заборавете ги правилата за она на што ве учеле и свесно изберете нови уверувања за да создадете живот што длабоко го посакувате и го заслужувате.

    „Врвен водич за сите кои се доволно храбри да се соочат со себе и да си ја повратат моќта.“

    Џена Блек, меѓународен животен тренер

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Шерлок Холмс: Знакот на четворката

    Шерлок Холмс: Знакот на четворката

    0

    Биди до третиот столб одлево пред театарот Лицеум ВЕЧЕРВА во деветнаесет часот. Ти си жена на која ѝ имаат згрешено и ќе ја добиеш ПРАВДАТА. Немој да повикуваш полиција. Ако повикаш, сè ќе биде залудно.

    Кога го замолија Холмс да ја погледне мистериозната порака што ѝ пристигна на Мери Морстен, ниту тој, ниту, пак, Вотсон очекуваа дека ќе бидат вовлечени во предавничка пајажина стара неколку децении. Набрзо ќе почнат и опасни експедиции под сјајот на месечевата светлина за да го разоткријат значењето на знакот на четворката и да го решат одамна закопаниот криминал.

    269,00 ден
    Додај во кошничка
  • Шерлок Холмс: Синиот гранат

    Шерлок Холмс: Синиот гранат

    0

    Вчера од кутијата со накит на грофицата Моркар бил УКРАДЕН скапоцен дијамант, познат како Син Гранат. Грофицата нуди награда од ИЛЈАДА фунти за оној што ќе ѝ помогне да го врати скапоцениот камен…

    Додека полицијата се обидува да го најде украдениот дијамант, Холмс се труди да го најде сопственикот на една божиќна вечера. Но, откако детективот случајно ќе наиде на дијамантот, Холмс и Вотсон влегуваат во трка со времето за да спасат невин живот.

    199,00 ден
    Додај во кошничка
  • Шерлок Холмс:  Студија во скарлетна боја

    Шерлок Холмс: Студија во скарлетна боја

    0

    Тело за кое се смета дека е лицето И. Џ. ДРЕБЕР е откриено сношти во празна куќа во Лондон. Нема очигледна причина за СМРТТА. Неговата адреса е Кливленд, Охајо. Секоја информација е добредојдена.

    По мистериозното убиство, полицијата е збунета, па најпознатиот детектив аматер на светот е замолен да помогне во истрагата. Заедно со д-р Вотсон, Шерлок Холмс тргнува во потрага за откривање на една одмазда, која оди подлабоко од сите можни претпоставки.

    249,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Шерлок Холмс: Вампирот од Сасекс

    Шерлок Холмс: Вампирот од Сасекс

    0

    Господине – нашиот клиент, господинот Роберт Фергусон, ни се обрати во врска со ВАМПИРИ. Со оглед на тоа што сме инженерска фирма, за жал темата не е некоја на којашто можеме да дадеме стручно мислење. Можеби вие ќе можете да бидете од поголема ПОМОШ.

    Холмс и Вотсон се соочуваат со најчудниот случај дотогаш. Еден вознемирен сопруг доаѓа кај нив да побара помош, очајно сакајќи да го разбере чудното однесување на неговата жена. Таа е фатена на дело како ја цица крвта на сопственото бебе! А сепак, вампирите се измислени, тие не постојат… нели?

    199,00 ден
    Додај во кошничка