Филтер по цена
Автори
Жанр
Издавачка куќа
  • Тврдина

    Тврдина

    0

    „Тврдина“ е еден од двата класици на великанот на светскиот роман во дваесеттиот век, Меша Селимовиќ.

    По огромниот успех што го доживува со „Дервишот и смртта“, романот што денес претставува симбол за неговото име, Селимовиќ во 1970 година го објавува „Тврдина“, кој на некој начин претставува роман близнак, огледален роман на „Дервишот и смртта“.

    За ова свое дело Селимовиќ ќе истакне: „Тврдината е еден поширок симбол. Тоа е сè што ги одвојува луѓето: религијата, нациите, државите, убедувањата, предрасудите, сè во што се затвора поединецот и заедницата кон другиот. Во однос на книгата ’Дервишот и смртта‘, каде што е дадена димензија на омраза и страсти, во ’Тврдина‘ сакав да го покажам излезот од таа затвореност во која луѓето живеат одамна, па и денес. Може ли да се излезе од тврдината и од тврдините, можат ли луѓето поинаку да разговараат меѓу себе освен преку пушкарниците? Мојот главен јунак ги има сите услови да биде огорчен и затворен во себе и тој сепак се обидува да најде пат до другите луѓе. За него е неприфатлив каков било друг пат освен патот на љубовта.“

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубов, море и лимончело

    Љубов, море и лимончело

    0

    Сė е возможно кога некого сакаш премногу.
    Елени, триесет и тригодишна девојка од Чикаго, изневерена од своето момче Дон, се наоѓа пред привлечна животна одлука. Наградата, која случајно ја добива преку апликацијата „Инстаграм“,ѝ отвора многу прашања. Дали да остане во својата комфорна зона во дождливото Чикаго или да остави сè зад себе и да се впушти во возбудлива авантура на другиот крај од светот, во сончевото Позитано, и да присуствува на тримесечна обука за готвење со десетици непознати луѓе.
    Популарната италијанска песна „Sarà perché ti amo“, која ја слуша на радиото во автомобилот, и ограбената галерија за уметнички слики каде што работи веќе неколку месеци се двата знака што ѝ помагаат полесно да ја донесе одлуката. Новиот живот во Позитано ќе ѝ биде исполнет со многу комични и возбудливи настани, кои ќе ѝ го променат животот од корен.
    „Љубов, море и лимончело“ е романтичен крими-роман, кој нема да ве остави рамнодушни и ќе ве однесе во светот на Елени исполнет со многу забава, необична љубов, многу интриги и измами и, најверојатно, ќе го прочитате во еден здив.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Писатели и љубовници

    Писатели и љубовници

    0

    Скршена поради ненадејната смрт на нејзината мајка и уништена по последната љубовна  врска, Кејси Пибоди, летото 1997 година, стигнува во Масачусетс без никаков план. Нејзиното поштенско сандаче е преполно со покани за свадби и последни известувања од наплатувачи на долгови. Поранешното чудо од дете за голф, сега работи како келнерка во ресторан на плоштадот Харвард и живее во изнајмена мувлосана соба во која работи на својот роман што го пишува шест години. На 31 година, Кејси сè уште се држи за нешто од кое речиси сите нејзини пријатели се откажале: посветеноста да има креативен живот. Кога во исто време ќе се вљуби во двајца сосем различни мажи, нејзиниот свет се крши на уште поситни парчиња. Кејси се бори да ги исполни нејзините креативни амбиции и да балансира меѓу спротивставените барања на животот и уметноста, на начини што ја туркаат до работ.

    „Писатели и љубовници“ ја следи Кејси – паметна и ранлива протагонистка – во последните денови од младоста, период кога секој сегмент од нејзиниот живот е во криза. Напишан со хумор, срце и интелигенција, карактеристични за стилот на Лили Кинг, овој исклучителен роман го истражува застрашувачкиот и возбудлив скок помеѓу крајот на една фаза од животот и почетокот на друга.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тим – официјалната биографија на Авичи

    Тим – официјалната биографија на Авичи

    0

    Интимна биографија за Тим Берглинг – Авичи, легендарниот диџеј што прерано го напушти овој свет.

    Диџејот и продуцент Тим Берглинг, во цел свет познат под уметничкото име Авичи, експлодира на музичката сцена како огномет наспроти ноќно небо. Беше музички визионер, кој со своето чувство за мелодија успеа да го дефинира периодот кога шведската и европската хаус-музика го освојуваа светот.

    Но Тим Берглинг исто така бил и интровертен и кревок млад човек, принуден пребрзо да порасне. По цела серија инциденти, кои резултираат со болнички престој, тој ја прекинува турнејата летото во 2016 година. Едвај две години подоцна, си го одзема животот.

    „Тим – официјалната биографија на Авичи“ е дело на наградуваниот новинар Монс Мосесон, кој добива специјален пристап до белешките на Тим, а прави интервјуа и со неговото семејство, како и со неговите пријатели и колегите од музичкиот бизнис. Биографијата искрено ги претставува Тим и неговата животна потрага, не срамејќи се од тешкотиите со кои се соочувал.

    600,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Градината на олеандрите

    Градината на олеандрите

    0

    Во градината на една куќа во Карбонара, во Апулија, цвета олеандер. Го насадува Агостино, кога се преселува таму со неговата сопруга Анита, позната како „Марџала“.

    Жена со ретка и мистична убавина, Марџала има моќ да ги смири болките кај новороденчињата, претставува скапоцена помош при раѓање и, доколку е потребно, е во состојба да отстранува клетви. Има три ќерки: Розета, Корнелија и Дијаманте, која е најмладата. Првата е убава и дива како и таа. Втората има коса со боја на мед и истите светли, продорни очи на нејзиниот татко. Од друга страна, Дијаманте е полничка, со виткана и нескротлива коса и е своеглава.

    Со постојано остар и прониклив поглед, речиси никогаш не препуштајќи се на нежност, со текот на годините Марџала станува сведок на смртта на нејзиниот сопруг, на почеток на војна и на растењето и созревањето на нејзините ќерки, со нивните несреќни љубови, горливи страсти, горчливи разочарувања.

    Смирувачкото присуство на Марџала, обвиткано со нејзината непробојна тишина, е постојано тука да ги надгледува, дури и спроти најнепредвидливата судбина…

    Семејна сага за испреплетените судбини на четири храбри и уникатни жени. Мирисот на волшебната земја, Апулија

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Најсвирепиот месец

    Најсвирепиот месец

    0

    #3 АРМАНД ГАМАШ

    Велигден во Три Пајнс е време на црковни служби, потрага по јајца и сеанси за воскреснување на мртвите.

    Група пријатели одат во старата куќа на Хадли, ужасот на ридот, за конечно да се ослободат од злите духови што го измачуваат селото со децении. Но, наместо да се ослободат од духот, тие создаваат нов. Еден од пријателите умира од страв. Или сепак се работи за убиство? Тогаш се појавува главниот инспектор Арманд Гамаш со својот тим од полицијата во Квебек. Додека ги разоткриваат слоевите нечистотија што ја покриле опседнатата куќа, сфаќаат дека злото не е само таму. Еден од навидум љубезните селани е воден од исто такво зло.

    Велигден во Три Пајнс е време на повторно раѓање, особено кога природата се буди. Но тогаш се буди и нешто друго, нешто неубаво. И веќе е јасно дека за да се случи повторно раѓање, прво мора да има смрт.

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Хари Потер и Редот на фениксот

    Хари Потер и Редот на фениксот

    0

    Хари Потер е исфрлен од Хогвортс! Бранејќи го својот братучед Дадли од дементорите, тој е принуден да употреби магија за време на летниот распуст, постапка што доведува до негово сослушување од министерот за магија лично. Во меѓувреме, лордот Волдеморт е сè помоќен, а голем дел од волшебничкиот свет – вклучувајќи го и Министерството за магија – е во одрекување: се води подмолна хајка против сведоштвата на Хари и Дамблдор. Но, за среќа, постојат луѓе кои ќе му се спротивстават на Мрачниот господар. Познатиот Ред на фениксот, основан од Дамблдор како противтежа на страшните смртојади, дејствува и се бори зад кулисите. На повидок е нова волшебничка војна и секој мора да ја одбере страната на која ќе се бори.

    „Хари Потер и Редот на фениксот“ е петтиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.

    1.150,00 ден
    Додај во кошничка
  • Се што чуваме

    Се што чуваме

    0

    Ејми Тирни го има вистинскиот рецепт за совршен живот: да се омажи за нејзината прва љубов од детските денови, да основаат семејство и да го откупи ресторанот на родителите. Но, кога нејзиниот свршеник, Џејмс Донато, ненадејно исчезнува во бродска несреќа, нејзината визија за светла иднина заедно со него исчезнува во морето. Наместо да чекорат кон олтарот на нивниот свечен ден, Ејми се наоѓа на неговиот погреб – настан што ја остава крајно вознемирена.

    Во обидот да си го обнови сопствениот живот, Ејми сè подлабоко се впушта во разоткривање на случката со исчезнувањето на Џејмс. Открива море од тајни што ја тера да се сомнева во сè што граделе заедно. Токму под површината се наоѓа вистината што може да ја ослободи Ејми… или да ја уништи засекогаш.

    „Сè што чуваме“ е дебитантски роман на Кери Лонсдејл и прв од трилогијата „Сè“. Во него се обработуваат темите на очајот од загубата, еуфоријата од новото вљубување и нештата што го забрзуваат пулсот при налетот на вистината за драгите личности и на што сè се подготвени тие за да нè заштитат.

    330,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Кога мама заборави да ме сака

    Кога мама заборави да ме сака

    0
    „Зборувате со некого и наеднаш застанувате, не знаете што кажувавте пред само пет секунди. Тоа се случува сè почесто, почнувате да ги заборавате зборовите, имињата на луѓето, а потоа и нив, вашите најблиски. Секој ден губите по некоја коцка од вашиот живот, сè околу вас се распаѓа како кула од карти. Потоа почнува да ви ги снемува работите, некој ви ги краде парите, ви ја крие облеката, а се сомневате и дека сакаат да ве отрујат… но никој не ви верува. А и вие не верувате никому.
    Кога Алцхајмер ќе ви влезе дома, тој не само што ги краде меморијата, сеќавањата на заболениот, туку го става во окови целото семејство. Некои работи се толку тажни што нема место за ништо друго. А кога мајка ви ќе ве заборави… тоа е една од тие работи!
    Мајка ви, жива е? – ме праша еден ден.
    Да, МАМО, жива е!
    Не забележа ништо чудно во мојот одговор“.
    199,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Тажни мисли

    Тажни мисли

    0

    „Пазарот е преплавен со книги за тоа како да се постигне добро ментално здравје, почнувајќи од медитација, преку максимална концентрација, до лекување со медикаменти. Но, мозокот не се развил за потребите на нашата добросостојба, туку заради наше преживување и размножување. Стресните состојби, паничните напади, опсесивно-компулсивните нарушувања, дури и АДХД и дијагнозите во спектарот на аутизмот, сите тие носат еволуциски поволности. Психијатарот Андерш Хансен го сфатил ова, и сега ни ги испорачува своите размисли во неговата генијална и одлично составена книга. Апсолутно задолжително четиво!“
    –Хуго Лагеркранц, почесен професор по педијатрија, институт „Каролинска“

     

    „Андерш Хансен е нашиот најистакнат и најугледен јавен едукатор. Со неговиот кристалнојасен, максимално непосреден стил, кој во ниеден миг не отстапува исплашен од тешки прашања, Хансен пишува за еволуцијата, за мозокот и за тоа зошто многумина од нас се чувствуваат толку неубаво. Според мене, брилијантно. И, многу поучно“.
    Давид Лагеркранц

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Се што даваме

    Се што даваме

    0

    Преполн тензија, мистерија и романса, последниот роман од трилогијата на Кери Лонсдејл, „Сè што даваме“, носи моќна завршница на возбудливиот серијал за љубовта, лагите и тајните што ги чуваат семејствата.

    Наградуваниот фотограф Ијан Колинс прави само една грешка во животот, што ја чини слобода неговата мајка и уништено семејство, оставајќи го сам да се грижи за себе. Со години тој е разделен од татко му, а на мајка му ù се губи секаква трага. Сè додека тој сам не тргне во потрага по неа.

    Денес, се чини Ијан има сè што отсекогаш посакувал – национална слава како фотограф, својата сакана сопруга Ејми и нивната обожавана ќерка Кети. А сепак, како да му недостигаат само две нешта: да се појави во „Нешнел џиографик“ и да ја пронајде мајка му. Кога познатото списание му понудува проект од неговите соништа, во истиот ден се појавува поранешниот свршеник на Ејми – Џејмс, кој му пренесува важна порака и остава белег на неговиот брак. Ијан мора да направи избор: да ја зграпчи посакуваната работна задача или да се поврзе со мистериозната жена која можеби го има клучот од разрешницата на неговото неспокојно минато. Но, влоговите се преголеми, затоа што Ијан може да го загуби она што му е највредно: неговото семејство.

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Џебен сет за боење - Животни

    Џебен сет за боење – Животни

    0

    Одличен сет со 2 боенки и 12 боички!

    170,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто

    Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто

    0

    Омилената ѕвезда од „Пријатели“ нè носи зад сцената на хит-серијата и на неговата борба со порокот во овие искрени, забавни и разоткривачки мемоари што испраќаат моќна порака за надеж и упорност.

    „Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме викаат Мети. И требаше да сум мртов.“

    Вака започнува приказната на познатиот актер, која води од детските амбиции за слава сè до зависноста и закрепнувањето од неа. Тој нè запознава со: петгодишниот Метју, кој патувал од Монтреал до Лос Анџелес, врвејќи ја траекторијата помеѓу неговите разделени родители; со четиринаесетгодишниот Метју, кој веќе бил познат во цела Канада; и со дваесет и четиригодишниот Метју, кој ја зграбил посакуваната улога како водечки член на актерската екипа од пилот-серијата која првично била наречена „Пријатели како нас“.

    Во извонредната приказна што само тој може да ја раскаже, Метју Пери го открива растуреното семејство во кое израснал, желбата да биде препознаен, и празнината што не можела да се пополни дури и кога неговите најголеми соништа биле остварени. Исто така, тој детално ги опишува мирот што го нашол во трезвеноста и чувството додека траела сеприсутноста на „Пријатели“, споделувајќи приказни за колегите од серијата, но и за други ѕвезди што ги запознал по тој пат. Искрен, самосвесен, и со хуморот како заштитен знак, Пери сликовито ја прикажува својата доживотна битка со пороците и како тие се родиле и покрај тоа што навидум имал сè.

    „Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто“ сe незаборавни мемоари кои се и интимни и ни ги отвораат очите, како подадена рака за секој што води некоја битка. Непоколебливо искрена, трогателна и бурно смешна, ова е книгата што фановите долго ја очекуваа.

    700,00 ден
    Додај во кошничка
  • Аутопсија на љубовта

    Аутопсија на љубовта

    0

    Аутопсија на љубовта е длабоко интимна поезија, еден вид на внатрешна исповед на авторот. Тој се соголува себеси, интензивно, чувствува љубов, копнеж, страв, безнадежност, апсурд… Токму тој бодлеровски призвук, емозионално жестоките слики со силно изразени контрасти се најсилната страна на поезијата на Моџо.

    Помеѓу стиховите во кои се испреплетуваат тагата, болката и разочарувањето, како противтежа авторот ја спротиставува љубовта како нешто што ќе го спаси светот.

    На границата помеѓу животот и смртта, сонот и јавето, постоењето и непостоењето, ангелите и демоните, е таа, неговата љубена, по која тој посега, а патиштата никако да им се вкрстат. Како расипан часовник чиишто стрелки се застанати далеку една од друга, проколнати да не се сретнат никогаш.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Избрани дела од Чарлс Дикенс

    Избрани дела од Чарлс Дикенс

    0

    Три романи од еден од најпознатите автори на сите времиња собрани во едно луксузно издание.

    -ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА

    -ПРИКАЗНА ЗА ДВА ГРАДА

    -БОЖИКНА ПЕСНА ВО ПРОЗА

    1.190,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мојата срцевидна книга - Магијата на малата самовила

    Мојата срцевидна книга – Магијата на малата самовила

    0

    Мали срцевидни книги за најмалите девојчиња!

    130,00 ден
    Додај во кошничка