Филтер по цена
Автори
Жанр
Издавачка куќа
  • Слобода од познатото

    Слобода од познатото

    0

    За да се гледа не се потребни ни философија ни учител. Никој не мора да ви каже како да гледате. Едноставно гледате.

    Нашиот свет е полн со насилство и страдање и потребна му е промена. Но како таа да се постигне? Кришнамурти нè поттикува активно да (се) истражуваме и да излеземе од стапицата на познатото за да можеме да постигнеме промена во себе, а со тоа и промена во мислењето и однесувањето на целото човештво.

    Што е освестеноста и како да се постигне, во што е суштината на човековата потрага, што е љубовта, зошто се плашиме од смртта, зошто страдаме и зошто нашиот ум е несреќен?… се само дел од поважните теми што ги обработува Кришнамурти покажувајќи како луѓето можат радикално и брзо да се ослободат од тиранијата на очекуваното, без разлика на својата припадност. Големиот учител ни нуди изобилна духовна ризница од која читателот ќе црпи со задоволство и благодат.

    „Кришнамурти ми изврши длабоко влијание и ми помогна да ги надминам самонаметнатите ограничувања на мојата слобода.“

    Дипак Чопра

    „Еден од најголемите мислители на сите времиња.“

    Далај-лама

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мала книга на стапици

    Мала книга на стапици

    0

    „Оваа книга е малечок алат, инструмент кој можете да го користите на ваш начин. Алатот, се разбира, не работи сам по себе. Тој мора да се користи за да биде корисен, и мора да се научи како да се користи. Овој ’драматуршки‘ инструмент нема да напише драми за вас, но може да ви помогне вие да напишете драми. Алатот е едноставен, но тој се користи за создавање сложена магија.“

    320,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Размислувај како Шерлок Холмс

    Размислувај како Шерлок Холмс

    0

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Шерлок Холмс е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за набљудување, логика, концентрација и  селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Шапката на волшебникот

    Шапката на волшебникот

    0

    Еден пролетен ден Муминтрол, Снусмумрик и Сниф тргнуваат во потрага по нешто необично. На еден планински врв наоѓаат висока, црна шапка.

    Наскоро ќе се покаже дека мистичната шапка има волшебна моќ. Сè што се става во неа се преобразува во нешто друго: лушпите од јајца стануваат розови облачиња на кои може да се седи и лета, а куќата на Мумините се претвора во џунгла. Но еден ден се случува нешто страшно. Муминтрол се покрива со шапката додека играат криеница, а кога излегува од неа никој не го препознава. Тој е претворен во чудно суштество со големи уши и долга опашка. Што ќе се случи сега со него?

    Шапката на Волшебникот е третата книга на финско-шведската писателка Туве Јансон од серијата за Мумините. Таа е возбудлива приказна за едно прекрасно и чудно лето кое семејството на Мумините никогаш нема да го заборави.

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Патеката на слоновите

    Патеката на слоновите

    0

    Рут е преубава млада девојка која живее во Лондон. Но, не само што е убава, таа ќе има среќа да се сретне и да се омажи со Џорџ Кери, баснословно богат земјопоседник кој наследил огромни имоти и луксузна куќа на островот Цејлон, далеку од родната Англија. Џорџ е средовечен маж, добродушен и згоден човек и син на Том Кери, познат земјопоседник во британската колонија кој ја има изградено огромната куќа од тиково дрво и ги поседувал огромните плантажи со кафе и чај. Куќата е изградена на долговековната патека на слоновите, кои во топлите и сушни денови поминувале од тука за да најдат свежа вода и храна. Таа патека за нив е од непроценливо значење. Во првите моменти Рут ужива во луксузните подароци од медениот месец во Франција, раскошот на куќата на Цејлон и егзотиката на овој прекрасен остров исполнет со природни убавини. Сепак, она што постојано ѝ недостига на Рут е вниманието на Џорџ, бидејќи тој сè помалку е во куќата. Но, Рут има постојана поддршка од Апухами, стариот слуга на Џорџ и од Вилдинг, привлечниот и вешт управител на плантажата за чај. Вилдинг сè почесто е во друштво на Рут и ја надоместува празнината од Џорџ, додека Апухами на мудар начин се обидува да го заштити својот господар Џорџ… Љубовта секогаш го пронаоѓа својот пат, иако понекогаш може подолго да трае. Исто како и слоновите што секогаш одат по својата патека, иако често таа е подолга од другите патеки и во таа намера никој и ништо не може да ги спречи. По романот е снимен познатиот холивудски филм „Патеката на слоновите“, во кој главната улога ја толкуваше мегапопуларната филмска дива Елизабет Тејлор. Извонредна историска љубовна приказна, филмувана и режирана според романот продаден во преку 50 милиони примероци

    430,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Размислувај како Леонардо Да Винчи

    Размислувај како Леонардо Да Винчи

    0

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Леонардо да Винчи е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот и полиедричниот генијалец на сите времиња.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Патот на супериорниот маж

    Патот на супериорниот маж

    0

    Смела, предизвикувачка и многу длабока книга.

    Патот на супериорниот маж од Дејвид Деида, светски познат гуру за личен развој и духовна сексуалност, е практичен водич за живеење машки живот со интегритет, автентичност и слобода, во сите области од животот – кариера, хоби, пријателство, интимност, љубов, секс.

    Преведен на над 20 јазици, овој бестселер на Деида е длабок и возбудлив водич за патот на самоуверениот маж кој е подготвен да се усовршува надминувајќи ги пречките и да си поставува нови цели живеејќи во хармонија со себе и со светот. А среќната врска со саканата жена е многу значаен дел од тој пат. Ефикасните, несекојдневни и на многу начини револуционерни совети и телесни практики од Деида се однесуваат на сите аспекти на заедничкиот живот: од решавање на секојдневните прашања до способноста да се дава и да се прима највисоко задоволство во сексот.

    „Патот на супериорниот маж поставува предизвик пред сите мажи да ја исполнат својата вистинска цел и да бидат автентично мажествени. Искористете ја можноста со оваа книга во раката.“

    Тони Робинс

    „Оваа книга ќе навреди и разгневи некои луѓе, ќе инспирира и тестира други, но ќе ги предизвика буквално сите…“

    Кен Вилбер

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Размислувај како Алберт Ајнштајн

    Размислувај како Алберт Ајнштајн

    0

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Алберт Ајнштајн е патување низ раскажување, активности и игри со коишто ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Желбата на ежот

    Желбата на ежот

    0

    Кога сме заедно, ние го имаме најдоброто време на светот. Тогаш сме безвременски.

    Колебливото еже живее осамено во својата куќичка во шумата. Никој не му оди на гости, а тоа никако не може да се реши да ги покани. Долго ја смислува поканата, но дали воопшто треба да ја прати? Што ако му дојдат сите заедно, ќе има ли чај и торта за сите? И дали сите јадат иста торта? А што ако се исплашат од неговите боцки?…

    Ежето со денови ги замислува сите посети на животните од шумата, од морето и пустината. Можеби ќе немаат за што да разговараат? Можеби дабарот, носорогот или мечката ќе му ја растурат куќата? Јастогот може да му ги извади боцките со своите клешти, осата може да го боцне. Слонот ќе му ја скрши масата, а китот ќе му ја поплави куќата. А песната на славејот, пак, многу ќе го растажи…

    За тоа време, желката и полжавот упорно патуваат кон неговата куќичка и си замислуваат како ќе се забавуваат. Дали ќе успеат да стигнат кај ежето пред да заврне првиот снег?

    Чудесна приказна за пријателството, за прифаќањето на разликите и потребата да живееме заедно, во љубов и разбирање.

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лебарки

    Лебарки

    0

    Сѐ додека има болка, ќе има и живот.

    Во еден сомнителен мотел во Бангкок е најдено телото на норвешкиот амбасадор во Тајланд, прободено со ритуален нож. Дали бил жртва на грабеж или се работи за убиство од политички причини? Обидувајќи се да избегне скандал, Осло го праќа мамурниот инспектор Хари Хуле на специјална задача. Набргу тој талка по бангкокшките улички помеѓу опиумските дувла, храмовите, рекламите за туристи, малолетниците што се проституираат и го-го баровите.

    Сите кријат нешто и истрагата тапка во место. Кога Хари ќе дојде до една сомнителна снимка, работите уште повеќе се комплицираат. Можните сведоци ненадејно исчезнуваат и трагите не водат никаде. Но неуспехот во расветлување на убиството не е единствената казна што може да ги најде непретпазливите. Зад мрачните ѕидови на градот владее подземен свет на високи финансии, меѓународна шпионажа и педофилија.

    Има ли некој комушто Хуле може да му верува во непознатиот град?

    „Несбе цврсто управува со сложеното дејство и драмскиот развој на ликовите, но особената привлечност на овој роман е што Хари Хуле совршено се вклопува во живописната реалност на Бангкок и Тајланд, иако Несбе го префрлил во крајно ненорвешко опкружување.“

    – Индипендент

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Кралството

    Кралството

    0

    Кога сѐ ќе изгубиш, веќе немаш од што да се плашиш.

     

    Во едно мало норвешко село автомеханичарот Рој Опгард води осаменички живот сè додека не се случи она што никој не го очекува – враќањето на неговиот помлад брат. Карл доаѓа богат, со диплома во џебот, со мистериозната сопруга Шенон и со голем план за осиромашеното родно место – бизнис што сите го прифаќаат како можност за спас. И токму кога се чини дека минатото е заборавено, почнуваат да испливуваат мрачните тајни од нивното детство. Сѐ уште не се заборавени мистериозните несреќи во кои загинуваат нивните родители и селскиот полицаец, а сега нивниот број се зголемува…

    Додека напнатоста расте и обрачот околу нив се стега, Рој се преиспитува до каде може да оди за да го заштити својот алчен брат. Дали по секоја цена да му остане верен на семејството или да им се препушти на страсните чувства кон Шенон?

    „Кралството“ е моќен роман за мрачните семејни тајни каков што може да напише само врвниот криминалистички автор на норвешката и светската литература, Ју Несбе.

     

    „Целата книжевна моќ на најпознатиот скандинавски писател на црниот роман е концентрирана во мрачната, насилна приказна за двајца браќа. Несбе со епски замав ја разурнува илузијата за едно семејство и за една мала, среќна планинска заедница.“

    Киркус ривјус

    600,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Брачниот портрет

    Брачниот портрет

    0

    Од авторката на бестселерот на „Њујорк тајмс“ – романот „Хамнет“ – книга за волшебната млада војвотка Лукреција де Медичи.

    Зима, 1561 година. Лукреција, војвотката на Ферара, е однесена на неочекувана посета на селската вила на нејзиниот сопруг Алфонсо. Додека вечераат во леденостудената сала, таа сфаќа дека Алфонсо има злобен план: да ја убие.

    Лукреција имa 16 години и водела изолиран живот затворена во големата палата во Фиренца, чувана од војниците на татко ù и дамите на мајка ù. Меѓутоа, овде, во оваа оддалечена вила, таа е на милост и немилост на нејзиниот сè понепредвидлив сопруг.

    Што ќе направи Лукреција со ова ненадејно сознание? Кои се нејзините шанси против Алфонсо, владетел на провинција и обучен војник? Како да го обезбеди својот опстанок?

    „Брачен портрет“ е живописно потсетување на убавината и бруталноста на ренесансна Италија и на млада жена чија близина до моќта ја става во смртна опасност.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дај си петка!

    Дај си петка!

    0

    Во својата книга Правилото „Пет секунди“, наслов што се претвори во светски феномен, Мел Робинс научи милиони луѓе низ светот на тајната кон мотивираноста наречена „пет секунди“. А сега, се враќа со уште едно, многу едноставно и проверено функционално средство што можете да го искористите за да преземете контрола врз својот живот, наречено „Дај си петка!“.

    Но насловот нека не ве залажува. Во оваа книга не се зборува за тоа дека на сите личности во својот живот треба да им „Давате петка!“. Вие тоа и онака веќе го правите. Им кликате на омилените спортски тимови. Им честитате на пријателите. Ги поддржувате своите сакани додека тежнеат кон она што го посакуваат во своите животи.

    Замислете со иста таква љубов и охрабрување да се опсипувате себеси. Или, уште подобро, замислете тоа да ви стане секојдневна навика.

    Никој нема да може да ве сопре.

     

    Во оваа книга, Мел ве учи како да почнете да правите „да пукне“ на најважната личност во својот живот, онаа што ви го возвраќа погледот во огледалото: САМИТЕ СЕБЕСИ.

    Ако се борите со себесомневања (а, кој и не се бори?)…

    Ако веќе ви се смачило од тој здодевен и упорен критичар во вашата глава (аман веќе, нека го избрка некој!)…

    Ако сте крајно успешни, но единствено се концентрирате врз тоа што не чини (не сте единствените)…

    Ако ви е веќе преку глава да гледате како сите други напредуваат, а вие туку си седите на каучот дома со кучето (немојте сега и кучево да го вмешувате во ова)…

    …Мел книгава ви ја посветува вам.

    Навиката „Дај си петка!“ е едноставна, а длабока алатка, која ќе ви ги промени ставот, начинот на размислување и однесувањето. И затоа, подгответе се да се смеете и да учите додека преземате чекори со кои веднаш ќе си ги засилите самодовербата, среќата и постигнатите резултати.

    Време е за „Дај си петка!“, време е да си ги пружите уважувањето и поддршката што ги заслужувате.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Размислувај како гениј

    Размислувај како гениј

    0

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размилсувај како гениј помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развива имагинацијата и креативноста

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • 7 тајни на успехот

    7 тајни на успехот

    0

    Кенан Црнкиќ е автор на балкански бестселери за успехот и среќата.
    Неговата прва книга „7 тајни на успехот“, како едноставен и практичен водич до успехот, предизвика своевидна сензација, ги собори сите рекорди на продажба, во рок од само 10 дена од издавањето се искачи на првото место. Во првата година го доживеа своето неверојатно десетто јубилејно издание, како и превод на повеќе странски јазици. Книгата со симболичен наслов „Внимавај кој волк го храниш“ е вториот наслов од овој популарен автор. Оваа книга, која зборува за среќата – како да се пронајде, постигне и трајно задржи во нашиот живот, ги надмина сите очекувања и ја освои титулата култна книга и ултимативен балкански бестселер. Авторот е доктор по економски науки и професор на многубројни универзитети во земјата и во странство. Во теоретска смисла, се образувал на престижни универзитети и бизнис-училишта, а специјалистичките студии успешно ги завршил на познатата школа за бизнис, на Харвард во Соединетите Американски Држави. Во практична смисла д-р Црнкиќ успешно раководел мултимилионски корпорации и фондации во приватно, но и во државно сопствеништво. Стана препознатлив по својата стручност па извршува голем број функции во управни, советодавни и стручни комисии, а моментно е и потпретседател на Европскиот комитет за претприемаштво. Неговите книги се преведени на повеќе странски јазици, како и на Брајево писмо.

    480,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Невидливиот живот на Ади Лару

    Невидливиот живот на Ади Лару

    0

    Франција, 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат ù ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока; секого кого ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети.
    Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети…

    „Невидливиот живот на Ади Лару“ е историско-фантастичен роман, горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и уметничката инспирација. Со фаустовски заплет и промислувања за моралот и смислата на животот, овој роман ги надминува границите на жанрот фантастика и со надвременската убавина на класиците гарантира задоволство при читањето на секој што ќе посегне по него.

    560,00 ден
    Додај во кошничка