-
Таму
0700,00 денТАМУ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Милчо Манчевски, УЛИЦА и ПЕТ КАПКИ СОН. Во овие проекти визуелната текстура на урбаниот живот се манифестира низ композициска и наративна игра, и овој динамичен и експериментален пристап кон создавање слики го обликува ТАМУ. Тргнувајќи од „Жена и зелен ѕид“ и „Црвен ѕид (Бруклин)“, две слики што се читаат речиси како „колор филд“ платна, ТАМУ нè води на патување што е исто толку за чинот на гледање колку и за искусувањето место. Како уметник кој работи и со филм и со фотографија, пристапот на Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и го избегнува конвенционалното. Неговото рано завлегување во концептуалната уметност продолжува да се отсликува во неговите дела во различни медиуми, а наследството на историската авангарда провејува низ многу од сликите поместени во ТАМУ.
-
-
Улица
0500,00 ден„Фотографската камера на Манчевски, едноставна, непосредна и мошне агилна, никогаш не го прикажува она што гледачот би сакал да го види. Не се задржува на она што би очекувале да го гледаме. Не е ни брутална ни нарцисоидна, и поради тоа длабоко се оддалечува како од псевдо-реализмот на поголемиот дел од современото фоторепортерство, така и од апстракциите на оние кои, во своите фотографски елаборации, ја сведуваат реалноста на проста игра на форми. Не се впушта во естетизми ниту во дејствија на ситен социологизам.“, вели директорот на Кинотеката во Болоња, Андреа Морини за Улица
Првата книга фотографии на Милчо Манчевски, Улица, со радост раскажува визуелни приказни низ 111 улични фотографии.
-
Креативна визуелизација
0250,00 денКреативна визуелизација е уметност на користење умствени слики и афирмација за воведување позитивни промени во животот. Успешно се применува во здравјето, образованието, бизнисот, уметноста, спортот – всушност, позитивно влијае на секое поле од животот. Долгогодишен бестселер со продадени над шест милиони примероци во светот, овој прирачник уште со првото издание покрена ново движење во личниот развој.
Овој класичен водич изобилува со медитации, вежби и техники што ќе ви станат дел од секојдневјето и ќе ви овозможат да управувате со сопствениот живот. Со помош на моќта на имагинацијата можете да го создадете она што го сакате во животот, и многу повеќе:
– да ги искорените лошите навики,
– да ја зголемите самодовербата,
– да напредувате во кариерата,
– да ја развиете креативноста,
– да ги подобрите виталноста и здравјето,
– да практикувате длабока релаксација. -
Моќта на јавното говорење
0400,00 денПочетната точка за моќен говор е публиката. Запомнете, не се работи за вас, се работи за нив.
Способноста убедливо да зборувате пред публика е клучна за вашиот успех. Ќе ви донесе почит од другите, ќе ве направи повредни за компанијата и ќе го привлече вниманието на луѓето кои можат да ви помогнат и да ви ги отворат вратите. Притоа, јавното говорење е вештина што може да се научи, а најпознатиот светски говорник Брајан Трејси е идеалниот инструктор.
Знак за вистински професионалец во секое поле е подготвеноста. Колку потемелно ќе се подготвите толку подобри резултати ќе постигнете. Кога ќе научите како да одржувате одлични говори и пред мала група и пред голема публика, ќе станете еден од највлијателните и најубедливи поединци во својата област.
Моќта на јавното говорење ве учи како:
• Да ги зголемите самодовербата и самопочитта
• Да постигнете силна умствена контрола
• Да го освоите и да го задржите вниманието на слушателите
• Да ја импресионирате публиката
• Да стекнете гласовна вештина и моќни техники на врвен говорник • Да научите стратегии со кои ќе ги придобиете слушателите…
Начинот на кој зборувате е важен колку и самиот говор. За да ги остварите најмоќните презентации во животот, следете ги советите на еден од најдобрите светски говорници – Брајан Трејси.
-
Да се живее со NAVY SEAL
0380,00 денЏеси Ицлер постигнал многу во животот – има приватна авиокомпанија, косопственик е на „Атланта хокс“, оженет е со најмладата милијардерка во светот, сопственичка на компанијата „Спенкс“, активен ултрамаратонец е, го има искачено најсмртоносниот врв во Америка…
Но неговиот авантуристички дух не мирува. На најдолгиот маратон од 160 километри што ги истрчал за 24 часа, го среќава Дејвид Гогинс (СЕАЛ), поранешен припадник на Navy SEAL, кој последните 30 км ги истрчал со скршени стапала. Восхитен од овој подвиг, Ицлер го кани овој „непознат“ тркач да помине еден месец во неговиот дом, не ни сонувајќи што го очекува, но со надеж дека ќе успее да ги помести сопствените граници на издржливост. СЕАЛ има само еден услов – Ицлер беспоговорно да го слуша. Колку и да изгледа тешко, исцрпувачко или невозможно!
Оваа екстремна авантура резултира не само со мускули и издржливост, туку и со добро пријателство и урнебесно смешна, но и длабоко инспиративна книга! Прифати го предизвикот и мотивирај се – предизвикај го умот за да видиш на што сè е подготвено твоето тело!
„Џеси е човек кој презема ризици и секогаш пробува различни нешта за да се подобри. А освен тоа е и забавен!“
Том Бреди
-
Правилна линија на исхраната
0420,00 денБазирана на најновите достигнувања на невропсихологијата и на биологијата, како и на успешната практика, книгата објаснува зошто тие што очајно сакаат да ослабат, речиси никогаш не успеваат во тоа. Одговорот е едноставен. НАШИОТ МОЗОК ГО БЛОКИРА ГУБЕЊЕТО ТЕЖИНА. Правилната линија на исхраната е едноставен пристап, дизајниран така што да го придвижи овој процес. Авторката ќе ви покаже како да го вклучите својот мозок во режим на работа со кој ќе биде подготвен да го прифати намалувањето килограми, да ве ослободи од постојаната желба за храна и да престане да ги саботира вашите напори да ослабете. Воедно, ова е програма што ќе ви покаже дека само цврстата волја не е доволна за да успеете и ќе ви даде насоки како, сепак, да го направите тоа. Ќе научите каква улога игра вашето ниво на подложност на одредени намирници во процесот на слабеење, од каде доаѓа вашиот незаситен глад и како да се изборите со овие вродени карактеристики на мозокот. Сузан ве води низ фазите на Правилната линија на исхраната од почетното губење тежина, преку одржување на здобиената тежина, па до конечната победа, а нејзиниот динамичен план на исхраната можат да го применуваат сите, почнувајќи од веганите, па преку тие што се хранат без глутен, што држат палео или кето диета, до тие што јадат сè што ќе им се најде на рака.
-
Кој го здипли моето сирење?
0320,00 денКој го здипли моето сирење? е едноставна басна која ни донесува длабоки вистини за промените. Тоа е забавна и поучна приказна за четири суштества кои живеат во „Лавиринтот“ и бараат „Сирење“ од кое живеат и кое ги прави среќни.
Две од нив се глувчиња, Душкало и Брзи. А две се „човечиња“ – суштества со големина на глушец кои со однесувањето и со ликот многу потсетуваат на луѓето. Се викаат Туцко и Муцко. „Сирењето“ е метафора за она што сакате од животот – добра работа, сериозна врска, пари, имот, здравје и душевен мир.
А „Лавиринтот“ е место во кое го барате она што го сакате – организацијата во која работите или семејството и заедницата во која живеете.
Кога ќе стасате до „Ракописот на ѕидот“ и сами ќе откриете како да се справите со промените, па ќе можете да уживате во поголеми успеси со помалку стрес во работата и во приватниот живот.
Оваа приказна е напишана за сите возрасти, ќе ја прочитате за помалку од еден час, но нејзината исклучителна мудрост ќе ви трае цел живот.
„Кој го здипли моето сирење“ е книга што ја користат мажи и жени во многу корпорации, државни институции, војската, во малите претпријатија, болниците, црквите и училиштата вклучувајќи ги и: Apple Computers, Dell Computers, Goodyear, HP, IBM, Kodak, Nestle, Pepsi, Proctor & Gamble, Shell, Time..
-
Излез од лавиринтот
0320,00 денПред дваесет и три години д-р Спенсер Џонсон ни ја подари приказната за две необични човечиња заробени во еден лавиринт. Кој го здипли моето сирење? го освои светот со својата моќна и практична мудрост за надминување на стравот и за неопходноста од промени во животот.
По 26 милиони продадени примероци низ целиот свет, д-р Џонсон конечно им се врати на своите омилени ликови.
Ова восхитувачко продолжение ќе ви помогне да го пронајдете излезот од какви и да е лавиринти со кои може да се соочите во својот живот.