-
-
Министерство за врвна среќа
0500,00 денПриказната во „Министерство за врвна среќа“ полека и мајсторски се ткае низ сиромашните квартови на Делхи и низ рајските пејзажи на Кашмир. Рој раскажува за ликови кои на прв поглед се чинат маргинални и кои во други приказни веројатно би останале заборавени, но овде полека се претвораат во јунаци. Раскажувајќи за немирот и болката, за среќата и надежта, Рој гради епски портрет на современа Индија, но и грандиозна слика на нашето денешно општество.
Варирајќи од љубовна приказна до историски роман, од семејна сага до политичка сатира, „Министерство за врвна среќа“ е дело какво што се среќава сосем ретко, роман во својот чист и моќен облик. -
Невидливите
0370,00 денНа малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само едно петчлено семејство. За тригодишната Ингрид островот е рајска градина, огромна и зачудувачка како универзум. За нејзиниот татко, Ханс, островот е место каде што целокупното постоење на човекот се сведува на борба против студот и гладот – борба што секогаш одново сите ја губиме.
„Невидливите“ е многуслоен, моќно напишан роман што личи на бура: преку едноставно и ненаметливо раскажување, полека ја собира својата сила, за потоа да ја излее во една точка и да го преврти светот и на ликовите и на читателот. Ова веројатно е најдоброто дело на Рој Јакобсен и секако, еден од најмаркантните современи норвешки романи. -
Цел живот
0260,00 денАндреас Егер речиси целиот свој живот го поминува во едно мало село на Алпите. Само еднаш ќе го напушти својот дом – и тоа за да заврши како воен заробеник во Русија. Убеден дека неговиот живот е сосем обичен, Егер тивко гледа како светот што го познава полека исчезнува околу него. Ќе му биде потребен цел живот за да ја открие вистинската длабочина и убавина на своето постоење.
„Цел живот“ е замислен како роман кој треба да го растресе мисловниот свет на читателот. Раскажувајќи спокојно, едноставно и без патетика, Зеталер вешто, само со неколку слики, прикажува како се менува цел еден свет во мало. Истовремено мрачен и ведар, овој наградуван краток роман совршено ја покажува моќта на книжевноста да ги долови најсуптилните фрагменти од човечкиот живот и од нив да создаде убавина од која застанува здивот. -
Снежно слепило
0330,00 ден„Снежно слепило“ ја раскажува приказната за младиот полицаец Ари Тор, кој уште пред да ја заврши академијата добива работно место во Силгуфјордур – мало рибарско гратче на крајниот север на Исланд. Ари Тор ќе ги напушти студиите, својата девојка и животот во Рејкјавик и ќе замине на север, очекувајќи дека ќе живее во место каде никогаш ништо не се случува. Зимските бури ќе го парализираат Силгуфјордур и ќе го отсечат од остатокот од земјата, а потоа во местото ќе почнат да се случуваат убиства. Ари Тор сфаќа дека мора да се соочи со нешто за што воопшто не е подготвен – сложените полициски случаи и застрашувачките поларни бури.
Напишан во манирот на класичен детективски роман, „Снежно слепило“ е уникатен во доловувањето на ледената атмосфера и сликањето на животот во мало провинциско место, каде приказните на цела низа ликови одеднаш се преплетуваат и се поврзуваат. -
Љубовниците полиглоти
0370,00 денЕлинор има триесет и шест години и се обидува да најде љубовен партнер на Интернет. Макс е средовечен писател кој сонува да има љубовница полиглот, жена што ќе го разбира на сите јазици. Приказните на Макс и Елинор ќе се преплетат на најнеобичен начин кој открива низ што сè сме подготвени да поминеме во нашата потрага по љубов и задоволство.
Напишан како метафизички трилер кој балансира на границите на реалноста, романот „Љубовниците полиглоти“ го води читателот од една до друга загатка сè до последните страници на кои одеднаш се спојуваат сите нишки на приказната. За овој роман Лина Волф во 2016 година го добива најпрестижното шведско признание за книжевност, наградата „Аугуст“. -
Врвки
0250,00 денПо дванаесет години брак, врската на Ванда и Алдо се распаѓа поради неверство. Сепак, зад нивната разделба се кријат многу повеќе мрачни тајни отколку што се чини на прв поглед. Соочувањето со сиот притаен гнев, со насобраните разочарувања и со желбата за независност и слобода целосно ги пресвртува животите на Ванда, Алдо и нивните две деца.
Приказната е мајсторски изградена и преку фрагменти ја раскажува долгата историја на распадот и повторното обединување на едно семејство. Доменико Старноне во „Врвки“ ни подарува моќен приказ на бегството од себеси и на малите одлуки кои целосно и неповратно ни ги менуваат животите. -
Диви гуски
0290,00 денВо детството нештата не се секогаш такви какви што изгледаат на прв или на втор поглед: мајките и татковците понекогаш може да не се многу внимателни родители, бабите и дедовците не се секогаш заштитници кои знаат мудри и убави приказни, гуските не се секогаш вистински птици со пердуви, а ни самите деца не се вистинската верзија на себеси.
Преку необичен и автентичен светоглед, во романот „Диви гуски“ се раскажува приказна за едно детство кое е среќно како и сите други, а сепак и несреќно на свој начин. А приказната би можела да биде и сосем поинаква – доколку едни се сакале многу повеќе, а други се сакале малку помалку; доколку некои простории останале заклучени, а други отворени; доколку некои зборувале помалку, а други молчеле; доколку некои преживеале, а други умреле навреме… -
Писма до Милена
0620,00 денЗа писмата на Кафка често се вели дека може да се читаат како љубовен епистоларен роман во кој главниот лик е Милена Јесенска. Преку љубовната врска со Милена се прават бројни обиди да се протолкува делото на Кафка, особено темата на прељубата во романот „Замок“, како и дополнително да се осветли биографијата на славниот писател. Меѓутоа, писмата на Кафка укажуваат и на Милена Јесенска како личност –исклучителен интелектуалец и мошне успешна преведувачка заслужна, меѓу другото, за популаризирањето на неговото дело. Писмата ни откриваат прекрасен портрет на една исклучителна, самостојна и либерална жена, каков што ретко може да се сретне и во уметничката и во документарната литература од почетокот на XX век. Во таа смисла, „Писмата до Милена“ се неизбежен дел од опусот на Кафка, еднакво значаен како неговата проза и неговите дневници.
-
Дали финансиите се навистина (такво) страшило?!
0600,00 денВАЖНО Е ДА ЗНАЕМЕ ПРАВИЛНО ДА УПРАВУВАМЕ СО ПАРИТЕ, А ИРОНИЧНО Е ШТО ЗА ТОА НЕ НÈ УЧАТ НИ ОД ДОМА НИ НА УЧИЛИШТЕ.
Парите не се сѐ и не е сѐ во парите, но без нив не можеме да функционираме. Не можеме да го подобриме својот живот и животот на своето семејство, не можеме да им помогнеме на другите. Додека немаштијата го понижува човекот, го парализира и му го одзема достоинството, парите се средство со кое можеме да направиме многу работи за себе, за своите блиски, за нашата планета. Тие се една од најважните работи во животот, иако за многумина сѐ уште будат непријатни чувства, страв, отпор. Што нѐ спречува да заработуваме пари? И зошто некогаш ги трошиме толку неразумно?
Ако сте веќе уморни од вртењето во маѓепсаниот круг на вечен недостиг, ако сакате да си создадете златна резерва наместо одвај да врзувате крај со крај, ја имате вистинската книга в раце. Време е да се погрижите парите да работат за вас.
Станете господари на својата судбина и на своите финансии!
-
Пачинко
0600,00 денМожеше да има неколку победници и многу губитници. А сепак продолжувавме да играме затоа што имавме надеж дека ние би можеле да бидеме среќниците.
Ремек-дело за припадноста, интегритетот, лојалноста и амбицијата. „Пачинко“ е роман за дискриминацијата и за егзилот, за надежта да се преживее и да се напредува пред рамнодушната историја.
Приказната почнува во времето на окупацијата на Кореја од Јапонија, во сиромашното семејство на еден рибар. Неговата ќерка, тинејџерката Сунча, се вљубува во еден богат странец на брегот, близу нејзиниот дом. Тој ѝ го ветува светот, но кога таа открива дека е бремена и дека нејзиниот љубен е женет, одбива да биде откупена. Наместо тоа, ја прифаќа брачната понуда од еден љубезен човек кој патува кон Јапонија. Нејзината одлука го означува почетокот на една драматична сага за луѓе кои не можат да се вратат во родниот крај во кој беснее војна, кои се принудени да живеат во место каде што не се прифатени.
Оваа повеќеслојна и трагична приказна нè носи од напуштените улици до ходниците на најпознатите универзитети во Јапонија. Таа е доказ дека една семејна приказна може да ја раскаже историјата на цел народ. „Живописна и извонредна, книгата Пачинко е богатo признание за луѓето чија историја се чини дека се брише.“ Гардијан
„Проблемите со кои се соочуваат имигрантите вознемируваат, но приказната е онаа која плени.“ Пипл
„Моќна приказна за издржливоста и сочувството.“ Барак Обама
-
Ахиловата песна
0500,00 денГрција во старо време на богови и јунаци.
Поради едно случајно убиство, осамениот принц Патрокле е прогонет на дворот на кралот Пелеј и неговиот син Ахил. Така им се вкрстуваат патиштата и меѓу нив се раѓа нераскинливо пријателство. Додека растат и се воспитуваат во различни вештини, нивното другарство се продлабочува – и покрај противењето на Ахиловата мајка, суровата морска божица Тетида. Но веста за грабнувањето на убавата Елена го прекинува идиличниот живот и го обновува пророштвото дека само Ахил може да ја реши војната за нејзино враќање. Раскинат помеѓу љубовта и стравот, Патрокле тргнува со Ахил кон Троја, не знаејќи дека тие години ќе стават на проба сѐ што им е важно.
Потресна и волшебна верзија на Тројанската војна, болна приказна за љубовта, но и за непомирливата борба меѓу боговите и кралевите, спокојот и честа, бесмртната слава и човечкото срце. „
Фантастично живописна и уверлива верзија на една од најлегендарните љубовни приказни.“ Ема Донахју
„Мадлин Милер со голема имагинација и стручност ги оживува впечатливите случувања во стара Грција. Освојува сосем нова територија прераскажувајќи ја една од најстарите приказни на светот – за мажите во љубовта и војната, но и за извонредните жени.“ -Паблишерс викли
„Роман што се чита поради неговите квалитети, но ако притоа ги инспирира читателите да им се вратат на Хомер и неговите наследници, треба да му се припише и таа заслуга.“ Вашингтон индипендент ривју оф букс
-
Исповед
0600,00 денНесудениот свештеник Феликс Ардевол ги користи своите врски во Ватикан за да стигне до вреден нацистички плен, виолината Сториони од 1764 година. Многу години подоцна неговиот син Адрија се сеќава на темниот стан преполн со антиквитети во кој како дете, со фигуричките на шерифот Карсон и индијанскиот поглавица Црн Орел, се криеше зад фотелјата обидувајќи се да ги сфати тајните на таткото. И по педесет години, го мачи вина затоа што ја знаеше комбинацијата за отворање на сефот и виолината му ја позајми на својот пријател Бернат и така предизвика фатална забуна. Меѓутоа скапоцениот инструмент не беше несреќа само за таткото и синот Ардевол – овој инструмент имаше многу возбудлива историја, а луѓето на кои им минал низ рацете, од барокниот композитор Жан Мари Леклер до виолинистката, Еврејката, Берта, на различни начини станале заложници на судбината на виолината.
Романот Исповед е фасцинантно дело на славниот современ каталонски писател Жауме Кабре. Преведено е на повеќе од 20 јазици и има добиено повеќе каталонски и меѓународни награди. Испреплетувајќи разновидни интригантни стории во роман што посакувате да го прочитате во еден здив, Кабре се докажал како брилијантен раскажувач и го зацврсти своето место во врвот на современата европска книжевност.
„Роман над романите“
Мартин Шулц
„Кабре извонредно прикажува различни епохи и ликови, мајсторски преминувајќи од една во друга, дури и среде реченицата.“
Гардијан
„Исповед е раскошен, величествен, амбициозен, залудувачки, брилијантен предизвик во кој мора да бидете стрпливи. Сфаќам дека критичарите не смеат да покажуваат премногу восхит, ама оваа книга е блиску до совршенството“.”
www.texasbooklover.com -
Ова не е крај – Тоше
01.050,00 денКнига посветена на најголемата македонска музичка ѕвезда на сите времиња – Тоше Проески.
„Ова не е крај“ е приказна во која се раскажани сегменти од неговиот живот низ сведоштвата на неговите најблиски, од неговото раѓање и блескавата кариера. Во книгата има фотографии од Тоше од неговиот приватен албум, од детството, од првите чекори на снегот, но и од првите настапи, концерти, фотосесии.
Читателите ќе имаaт можност да дознаат за почетоците на кариерата на македонската легенда, за првите настапи и првата отпеана песна. Како се одвиваше неговиот професионален музички пат, спомени споделуваат македонските автори, изведувачи и продуценти, претставници на медиумите, како и познати имиња од светот на класичната музика и од спортот. За кариерата на Тоше во Србија свои искуства споделуваат неколку музички соработници и изведувачи и неколку познати српски новинари. Како Тоше ја освои Хрватска и Балканот ќе откријат повеќе значајни личности од тамошниот музички пазар. Светски автори ќе го споделат искуството за соработката со нашата легенда при снимањето на албумот „The Hardest Thing”.
Да имам огромна моќ, па макар и за кратко, ќе направам да исчезне омразата и злото, а луѓето меѓусебно ќе си делат само љубов.
– Тоше Проески -
Макбет
0600,00 денСместен во врнежлив индустриски град од 70-тите години, Макбет ја следи приказната за борбата на полицијата против трговијата со дрога, но и против корупцијата во сопствените редови. По смртта на поткупениот шеф на полицијата се раѓа нова надеж кај граѓаните, но се разгорува и нова борба за превласт, во која нема место за чесните луѓе кои се борат за доброто на градот. Пазарот со дрога го контролираат двајца наркобосови – водачот на моторџиската банда Свено, и непредвидливиот Хеката, кој сака да го искористи младиот Макбет за да оствари монопол. Но Лејди, сопственичка на казино и љубовница на Макбет, кове амбициозни и смртоносни планови…
Макбет е приказна за љубовта и каењето, политичката амбиција и алчноста, за најмрачните агли на човековата природа. Роман што се чита во еден здив, можеби најдобриот што излегол од перото на Несбе!
Несбe ги проткајува митските елементи на трагедијата со острите нишки на ужасот и реалноста. Неговиот Макбет на неверојатно оригинален начин ни ја пренесува безвременоста на Шекспировото дело и мракот на криминалистичкиот жанр.