-
Тајниот живот на писателите
1240,00 денМИНАТОТО СЕ ВРАЌА ЗА ДА ЈА ОДИГРА СВОЈАТА ПОСЛЕДНА ИГРА…
Откако напиша три култни романи, Нејтан Фолс во 1999 година објавува дека веќе никогаш нема да се занимава со пишување и се повлекува на прекрасниот, но див медитерански остров Бомон.
Есен 2018 година. Фолс нема дадено ни едно интервју веќе цели 20 години, но неговите романи не престануваат да го привлекуваат вниманието на читателите. Матилда Моне, млада швајцарска новинарка, доаѓа на островот со намера да ја открие тајната на Фолс.
Истиот тој ден на островот е пронајдено телото на една жена и власта решава да воведе блокада на островот. Тогаш меѓу Матилда и Нејтан почнува опасно соочување во кое се среќаваат долго криени вистини и уверливи лаги, но и љубов и страв.
Фасцинантна книжевна сложувалка, која доживува неверојатен пресврт во моментот кога писателот ќе го нареди и нејзиното последно делче. -
Боксерот од Ново маало
0300,00 денАнгел Тотевски, меѓу своите маалци и пошироко попознат како Шуре Катиљ, е прочуен тепач од Ново маало. Прекарот го добива во кланицата каде што работи, оти најбрзо од сите шури јагниња, ама и затоа што е катиљ по душа. Поради проблемите што си ги навлекува со својот терсене карактер, еднаш завршува претепан од милицијата и прибран во затвор. Единствено решение да го скроти својот темперамент е да почне да тренира бокс. Тренирајќи напорно и посветено, Шуре прераснува во боксерска икона на боксерскиот клуб „Вардар“ и гордост на новомаалци.
„Боксерот“ е уште едно емотивно четиво на Владимир Плавевски, во кое преку приказната за маалскиот кабадаија Шуре, ги преживуваме сите премрежиња низ кои поминале луѓето во кобните 1962 и 1963 година во Скопје.
-
Архангел-ослободување на ѕверот
0390,00 денПо завршувањето на најразорната војна во историјата, Третата светска војна, човековата цивилизација одлучува да го реорганизира светот, со помош на напреднатата технологија. Најголемото достигнување на здружениот труд е тест-населбата Архангел 2009, сместена на Антарктикот, најнегостопримливото место на Земјата. На Архангел се вселуваат врвните умови од сите области: психолози, инженери, биолози, економисти, лекари, физичари, филозофи, па дури и уметници. За многу брзо време проблеми како глобално затоплување, загадување, глад, недостаток на вода за пиење, недостаток на живеалишта и слично, драстично се намалуваат или целосно стануваат минато. И додека се чини дека планетата доживува преродба од секаков аспект, човековите слабости, како што се алчноста и потребата за надмоќ, сè уште демнат зад аголот како најголема опасност.
-
Прашај ме повторно, ќе ти речам „да“
0480,00 денФренсис Глисон и Брајан Стенхоуп, двајца полицајци-почетници во њујоршката полиција, живеат еден до друг во соседство надвор од градот. Она што се случува во двете куќи зад затворени врати – осаменоста на сопругата на Френсис, Лена, и нестабилноста на сопругата на Брајан, Ен – поставува сцена за експлозивни настани што следуваат.
Прашај ме повторно, ќе ти речам „Да“ е приказна за долгогодишното пријателство и љубовта помеѓу ќерката на Френсис и Лена, Кејт, и синот на Брајан и Ен, Питер, што никого нема да остави рамнодушен. Брилијантно, емотивно и искупувачки, оваа книга открива како спомените од детството се менуваат од дистанца на зрелоста – негативците не се веќе закана, а невините и не се баш наивни. Љубовната приказна на Кејт и Питер, тестирана од ехото од минатото, е обележана со нежност, дарежливост и милост.
-
Денот кога не се разбудив
0250,00 денОбична сабота. Педесет и кусур годишниот Пол станува од спиење и во кујната гледа непознат човек, кој всушност е ангел испратен да го спроведе до Рајот. Сфаќа дека е мртов и има неколку часа да реши дали ќе оди или ќе остане. Времето го користи за посета на блиските луѓе, меѓу кои и неговата најголема љубов Мери. Чувството е поразително – неговиот живот е комплетно промашување. Дали да се врати да ги поправи работите или да замине засекогаш?
Со дебитантскиот роман „Денот кога не се разбудив“ Моџо Килингтон ги предизвикува читателите да се преиспитаат себеси и својот живот, да размислат за вистински важните работи, пред да биде предоцна. „До кај и да бев, доста ми е од седење покрај себе. Ја сфаќате поентата, сега откако умрев, сфатив дека цел живот сум го промашил, ќе се вратам за околу половина час од мртвите, како што е договорот, и ќе го сменам животот. А вие сменете го додека не стигнете до овде, да ви каже нешто дедо.“
-
Заеднички стан
0490,00 денТифи и Леон делат стан
Тифи и Леон делат кревет
Тифи и Леон никогаш не се сретнале…
На Тифи Мур ù треба евтин стан, и тоа итно. Леон Туми работи ноќе и му требаат пари. Нивните пријатели мислат дека се луди, но тоа е совршено решение: Леон живее во станот со еден кревет додека Тифи работи преку ден, а таа го има станот преостанатото време.
Со опсесивни поранешни партнери, со комплицирани клиенти на работа, со погрешно обвинет брат и, секако, фактот дека сè уште не се сретнале, тие откриваат дека ако сакаш совршен дом, треба да го фрлиш правилникот низ прозорец.
-
Мистеријата на трите четвртини
0400,00 денУште една ингениозно заплеткана мистерија што може да ја реши само генијалниот ум на славниот белгиски детектив.
Враќајќи се од ручек Херкул Поаро еден ден пред својот дом затекнува налутена и бесна жена. Инсистира Поаро да ѝ објасни зошто ѝ испратил писмо во кое ја обвинува за убиство на извесен Барнабас Панди, човек за кого таа ниту слушнала ниту го видела претходно.
Но ни Поаро нема чуено за такво лице, а уште помалку обвинил некого за неговото убиство. Видно вознемирен влегува дома, каде што го чека уште еден непознат посетител што исто така тврди дека утрово примил писмо со обвинение од Паоро за убиството на Барнабас Панди.
Зачуден и изненаден, Поаро се прашува уште колку такви писма се испратени во негово име. Кој и зошто ги испратил? И што е уште поважно, кој е Барнабас Панди, дали е навистина мртов и, ако е, дали се работи за убиство? Можно ли е да се одговорат сите овие прашања, а да не се загрози нечиј живот?
Легендарната ѕвезда на Агата Кристи од „Убиство во Ориент експрес“, од најновите случаи во „Убиства со монограм“ и „Затворениот ковчег“, се враќа во уште една ѓаволски замрсена загатка што се одвива во Лондон во триесеттите години на минатиот век.
-
Убиствата во Кингфишер хил
0400,00 денФантастичен сплет од мистерии, дисфункционални семејни односи, морбидност и неизвесност – совршениот рецепт што ќе ве натера да го прочитате романов во еден здив!
Херкул Поаро патува со луксузен пајтон до елитниот имот Кингфишер хил. Тој и неговиот верен придружник, инспектор Кечпул, се најмени од Ричард Девонпорт да го истражат убиството на неговиот брат Френк и да докажат дека неговата свршеница Хелен е неправедно осудена за убиството. Но има еден чуден услов: Поаро не смее да ја открива вистинската причина зошто е таму пред другите членови на семејството Девонпорт.
При патувањето, пајтонот наеднаш застанува зашто една вознемирена жена бара да се симне и инсистира дека, ако остане на своето место, ќе биде убиена. Иако за време на патувањето никој не е повреден, Поаро насетува дека тука се крие уште една мистерија. Неговите стравови набргу се остваруваат: пронајдено е тело на кое е оставена злокобна порака поврзана со седиштето на госпоѓата.
Дали Поаро ќе успее да ја одгатне поврзаноста на случаите? И, ако Хелен е навистина невина, ќе успее ли да го открие вистинскиот убиец на Френк Девонпорт?
-
Вие сте вашите уверувања
0990,00 денНашиот животен пат е поплочен со верувања што се развиваат од најраното детство, па сè до последните часови на нашиот живот. Ограничувачките верувања се честа причина поради која немаме самодоверба, остануваме заробени во комфорната зона и не го живееме животот што го заслужуваме.
Оваа книга ќе ве ослободи. Приказните од срце, советите што им помогнале на илјадници луѓе низ светот и неверојатните откритија на авторот ќе ви покажат, чекор по чекор, како да го живеете својот живот од соништата. Таа ќе ви ги открие верувањата што ве попречуваат и кои без одложување ќе мора да ги промените за да станете самоуверени, храбри и отворени за промени. Ќе се ослободите од чувството на помала вредност, од чувствата на вина, срам и страв.
Вие сте вашите уверувања претставува моќен прирачник за постигнување на зацртаните цели. Таа е лична исповед на авторот Смиљан Мори, кој успеал да се ослободи од вкоренетите верувања што со години му го расипувале квалитетот на животот. Денес тој е неизмерно успешен претприемач, автор, мотивациски говорник и среќен сопруг и татко на две деца. Препуштете им се на неговите зборови и станете најдобрата верзија на самите себе.
Подарете си ја оваа книга – зашто со неа ќе си дарите слобода!
-
Вернон Субутекс 1
0350,00 денНапишан од провокативната француска писателка и режисерка Виржини Депант, „Вернон Субутекс 1“ е маестрален портрет на современото француско општество. Вернон Субутекс, диџеј и продавач на грамoфонски плочи, добро познат во Париз, соочен со брзите промени кои се одвиваат во светот и со својата неиницијативност и мрзеливост, губи сè што има и од некогашна легенда, станува бездомник. Тоа само ја зацврстува неговата желба за живеење „од ден за ден“, со сите непредвидливости што тоа ги носи. Во обид да најде место за преноќевање, Вернон ги посетува своите некогашни пријатели, откривајќи за нив многу повеќе отколку што сака да дознае.
„Вернон Субутекс“ е камелеонски роман-колаж во кој приказната тече низ гласот на цела галерија чудесни ликови. Со овој роман, Депант го достигнува своето заслужено место во самиот врв на француската книжевност.
-
Сула
0350,00 денСула и Нел се неразделни другарки, а нивното пријателство, сепак, постојано е искушувано од трагедии и предавства кои не може да се простат. Така, и двете се соочуваат со прашањето дали најдобрите пријатели, всушност, стануваат најдобри непријатели.
Сула е брилијантно напишан роман што само преку неколку епизоди од животот на главните ликови успева да изгради трогателен портрет на една заедница и на длабоките превирања во душите на двете млади жени.
Сула е роман за љубовта, пријателството, неверството, за тајните што не смеат да се споделат дури ни со најблиските. Прекрасно дело на Тони Морисон, добитничка на Нобеловата награда за литература.
-
Кревка рамнотежа
0550,00 денВо еден неименуван град крај морето, власта воведува вонредна состојба. И така, хаосот се вселува во секојдневниот живот на луѓето: многумина остануваат бездомници, некои се апсени, некои се принудени на присилна работа, сите се исплашени и осамени…
„Кревка рамнотежа“ раскажува за четворица ликови кои кога се заедно не можат да ја поднесат блискоста, но кога се далеку едни од други не можат да преживеат.
Среде политичките превирања во Индија, реалноста станува толку неверојатна, што дури и она што е измислено изгледа вистинито. Така, овој чудесен роман час може се чита како магичен реализам, час како историски портрет на распадот на една земја.
-
Детството на Исус
0420,00 денПетгодишниот Давид одеднаш останува сосем сам во туѓа земја, меѓу непознати луѓе чиј јазик не го разбира, среде мистериозен град кој можеби се наоѓа, а можеби и не се наоѓа на овој свет. Единствениот кој решава да му помогне на детето е еден непознат човек по име Симон, чијашто добрина и човечност на секој чекор му се враќаат со грубост и понижување.
„Детството на Исус“ е филозофска алегорија и вешто изведен книжевен трик на нобеловецот Џ. М. Куци. Инспириран од филозофските дијалози, еден прастар, редок, речиси заборавен жанр, Куци гради сложен текст преполн со симболи, алузии, навестувања и интелектуални игри. Детството на Исус е роман-загатка, кој претставува предизвик за читателот затоа што речиси на секоја страница се трансформира, варирајќи од интелектуален трилер, преку авантуристички роман и естетска расправа, до библиски инспирирана парабола и трогателна семејна сага. -
Подземната железница
0390,00 денПриказната во „Подземната железница“ почнува на плантажите за памук во Џорџија, од каде младите робови Кора и Цезар решаваат да побегнат, ризикувајќи си ги животите поради сонот да живеат слободно. Соочени со стравот, гладот, ловците на робови и безмилосниот свет на белците, единствената надеж за нив е митската Подземната железница – неверојатна конструкција која, всушност, е отелотворение на соништата за слобода.
Напишан во манирот на големите авантуристички романи од XVII век, „Подземната железница“ е блескаво дело во кое историографските факти се преплетуваат со чудесните авантури на главниот лик, допирајќи до рабовите на фантастичното. Играјќи со структурата и тенката граница меѓу фактите и фикцијата, Колсон Вајтхед внимателно и вешто го гради ова искрено, длабоко и брутално ремек-дело на современата американска литература. -
Пластично трособје
0280,00 денЕдна чешка сексуална работничка решава со читателот на овој роман да ги сподели своите размислувања за професијата што ја работи, за стареењето, за влијанието на новите технологии врз сексот и за суштината на материјализмот. Својот светоглед го пренесува преку скици за сценарио за документарна телевизиска серија, за која искрено и наивно сонува дека еден ден ќе биде снимена.
Исполнувајќи го површното секојдневие на својата протагонистка со фетишизам, насилство, хумор и чуден, ама неочекувано успешен, спој од вулгарен и поетски јазик, Петра Хулова на само стотина страници успева да создаде свет во мало преку текот на свеста на својот лик. „Пластично трособје“ е една од најнаградуваните современи чешки книги: последно во низата признанија е наградата на Англискиот ПЕН центар за најдобар превод во 2017 година.
-