-
Sale!
На чистите сè им е чисто
1200,00 денСтарец Виталиј
Опишувајќи го духовниот живот на христијаните, отец Виталиј на својот духовен син му напишал: „Бори се и не се отстапувај со духот. На фронтот не може да биде без ранети, така е и со душата.“
„Со каков страв и трепет сме должни да пристапиме кон Телото и Крвта Христови, Синот Божји! Немојте да мислите дека сте постеле една недела и веќе сте достојни за Причест. Подготвката не се состои во тоа да не пропуштиме ниту една служба, лажицата да не ја допреме до маслото, да се воздржуваме од храна, – потребно е внатрешно очистување: да немаме гордост, суета, непокорност, лошите мисли ни за момент да не се задржуваат во душата. Со примањето на Светите Тајни се осветува душата и телото, со нив Бог е присутен и во нас.“
„Моли се, за оние кои те клеветат, тие се твои пријатели, поради нив Господ ќе ти даде венец, а ако ропташ и со тоа самиот клеветиш, се лишуваш од венецот.“ По ова следува, избегнувај љубопитност, донесување судови и сѐ што е непотребно, што те засега. Секој ден подготвувај се себе си за искушение, за тага и секаква навреда, клевета и слично на тоа, знаејќи дека преку тоа доаѓа Божјата милост. Ако го претрпиш сето тоа ќе застанеш во редот на мачениците и без други подвизи ќе го задобиеш Царството Небесно.
Труди се секогаш да изговараш: “Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“. Сметај ги сите за свети, никого не осудувај, трпи страдања кои наидуваат и за жалостите и за радостите благодари му на Бога, принудувај се себе си да правиш добро, не очајувај, исповедај ги гревовите на Бога, смирувај се, сеќавај се на страдањата Христови,сеќавај се на смртта, труди се, извршувај ги послушанијата, и така ќе бидеш со Господа.
Не суди и не осудувај никого, инаку самиот ќе се осудиш. Не труди се да разбереш што другите мислат, работат, сплеткарат и кле ветат, пројди покрај сè: ѓаволот се труди да те расее и одвлече од молитвата. Мисли на Бога, запазувај ги Неговите заповеди, слушај го духовниот отец; од ближните примај го во својата душа само она што е добро, што е согласно со Божјите заповеди.
-
Sale!
На дверите на вечноста
0250,00 денСв. Лаврентиј Черниговски
Житие, пророштва, поуки и чуда на големиот заштитник и покровител на Руската земја, пророкот на Второто Христово доаѓање, духоносниот старец кој многу души изведе од длабочината на адот и ги изведе на патот на покајанието.
„Како да се спасам баќушка?“, го праша една жена старецот. „Постојано пеј: ’Слава на Бога во висините и на земјата мир’. Во душата треба да завла- дее мир. Спасението не е тешко, туку мудро. Во ова време треба да бидеш мудар“, додаде старецот, „ и ќе се спасиш“.
„Светиот старец имаше срце полно со љубов. Зборуваше: ’Како е можно да се даваат епитимии? И така сите страдаат. Треба сите да ги љубиме, да простуваме и да се молиме за сите. Јас на никого не му давав епитимии“.
„Ќе дојде време“, зборуваше преподобниот отец Лаврентиј, „кога ќе се обновуваат и затворените храмови, и тоа не само од надвор туку и одвнатре. Куполите ќе се позлатуваат и на црквите и на камбанариите. А кога сето тоа ќе се заврши, ќе завладее антихристот. Молете се Господ да ни го продолжи времето за да зацврснеме, затоа што нè очекува страшно време. Гледате ли како сè се подготвува на лукав начин? Сите цркви ќе бидат во најголем раскош како никогаш претходно, а во нив нема да смее да се влегува.
„А вие, во реновирањето на нашата црква бидете умерени кога е во прашање нејзината надворешност. Повеќе молете се, одете во црква додека има можност, особено на Литургија на која се принесува Бескрвната Жртва за гревовите на целиот свет. Почесто исповедувајте се и причестуваjте се со Телото и Крвта Христови и Господ ќе ве зајакне.
Господ Исус Христос создал една Црква (а не цркви) која нема да ја надвладее ни вратата од адот. Само Православната црква е Света, Соборна и Апостолска. Другите кои себе се нарекуваат цркви, не се цркви, туку демонски какол меѓу пченицата и демонска банда’.
Баќушката заповедал: да се молиме и да постиме. На големите празници и во неделите никако да не се работи, сè нека стои така како што е.
-
Sale!
Православен молитвеник
0200,00 денОче наш, Кој си на небесата,
да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја,
како на небото, така и на земјата;
лебот наш насушен дај ни го денеси
и прости ни ги долговите наши
како и ние што им ги проштеваме на нашите должници;
и не нè воведувај во искушение, но избави нè од лукавиот.
Амин!
-
Sale!
Луѓе Божји и зли духови
0200,00 денПравославно учење за демоните и за духовната борба против нив
Многу луѓе кога ќе чујат нешто за ѓаволот и неговите сплетки, тоа го разбираат како сказна. Но што и да зборуваат и да мислат луѓето за ѓаволот, тој постои во реалноста и тоа е неспорно. Ѓаволот постои, а неговите погубни дејствија се гледаат по целиот свет.
Според мислењето на еден свет старец, најголемата победа на ѓаволот е таа, што успеал да ги убеди луѓето да мислат дека тој не постои.Силно оружје против демоните е праведниот живот и верата во Бога.
Злите духови се плашат од подвижничкиот пост, бдение, молитва, кротост, тишина…
-
Sale!
Кој нè укорува, тој ни подарува
0150,00 денКако да се спасиме – патишта кон очистување на душата
На една монахиња, кога еднаш се жалела дека ја караат, старец Амвросиј Оптински ѝ зборувал: „Кој нè укорува, тој ни подарува; а кој нè пофалува, тој нè краде“.
Преподобен Антониј Велики пишува: „Никој без искушенија не може да влезе во Царството Небесно; ако нема искушенија, никој и не би се спасил“.
Старецот Варсонуфиј Оптински зборувал: „Непрестајните маки кои Бог ги испраќа на човекот, се знак за особено Божјо промислување за човекот“.
Ете затоа, страдањата и несреќите духовно просветлените луѓе ги нарекуваат „Божја посета“. А во спокојниот живот на грешникот тие гледаат Богооставеност, поради која нему му се заканува страшна судбина во задгробниот живот. -
Sale!
Како да живееме во Христа
0150,00 денАрхимандрит Рафаил Карелин
Во книгата ,,Како да живееме во Христа” , архим. Рафаел Карелин ни помага да познаеме што е вера, што е доверба во Бога.
Во оваа книга тој ни зборува за покајанието, за духовниот отец, за молитвата, за постот, за свештенството, за монаштвото, за прелеста, за гревот на блудот, за гревот на празнословието и зборливоста, за фанатизмот, за тоа дека не треба да им веруваме на соновите, за неосудувањето и за љубовта кон Бога и кон луѓето.Значи, теми кои што се секогаш присутни во нашиот духовен живот. И верувам дека на многумина ќе им помогне вистински да го исправат својот начин на размислување, расудување и својот однос кон Бога и кон Православната Црква, меѓутоа и кон другите луѓе околу себе. -
Sale!
Како да достигнеме светост
0150,00 денСв.Јован Кронштатски
Не постои ништо посвето, поголемо, повеличествено, поживотворно и посвечено од светата Литургија.
Литургијата е Света Вечера; Таа е трпеза на Божјата Љубов кон човечкиот род.
-
Sale!
ДУХОВНО-ОТЕЧКИ ПОУКИ
0250,00 денСтарец Ефрем Филотејски
Старец Ефрем, духовен син на старец Јосиф Исихаст, обновител на општежителниот манастир Филотеј на Света Гора Атонска, еден од најголемите живи современи духовници, учител на умно-срдечната молитва и на внатрешниот пат на покајното самоспознание, во оваа книга со совети им дарува светлина на богопознанието на сите кои се жедни за Божјата вистина и правда 2013; стр. 288
-
Sale!
Господи, Ти си мојот живот
0250,00 денСтарец Сава Псково-Печерски
Тешко е да ги прелажеш луѓето, кои со особено сетило ги препознаваат вистинските пастири и од сѐ срце се стремат кон оние, кои со сето свое срце се насочени кон Бога. Ова е чудесна книга за животот и поуките на еден од најревносните духовни старци во времето на најстрашната голгота за рускиот народ. Отец Сава бил сакан поради Христовата љубов којашто живеела во него, поради самопрегорното служење на ближните 2013; стр. 336;
-
Sale!
Господи, очисти ги моите гревови
0150,00 денПрактичен прирачник за Светата Тајна Покајание и Исповед
Зборник – Поуки за покајанието од Светите Отци, Архимандрит Јован Крестјанкин, Схиигумен Сава Псково-Печерски, Старец Филотеј Зервакос, Игумен Никон Воробјов, Св. Лука Војно-Јасенецки, Архимандрит Рафаил Карелин
-
Sale!
РАЗГОВОРИ СО БОГА (книга четврта)
0350,00 денНовото продолжение на серијалот Разговори со Бога – Разбуди го човештвото е еден неверојатен повик кон секој читател да придонесе кон освестувањето на човештвото. Тоа ни носи вчудовидувачки откровенија кои ги прошируваат гледиштата за нашата лична и колективна иднина, како и за нашето место во вселената.
Овој нов разговор со Бога нè соочува со две прашања: Дали некои високоразвиени суштества од друга димензија ѝ нудат помош на човечката раса? Дали здружувајќи се за да ѝ помогнат на планетава во овој критичен период, луѓето добиваат шанса да ја унапредат својата еволуција?
Очекуваниот одговор на двете прашања е позитивен. Доколку човечката раса усвои барем неколку од уникатните начини на кои високоразвиените суштества реагираат на животот, ќе добие можност да го постави текот на светската историја на бескрајно подобар пат.
Оваа книга е прекрасен дар за сите кои тргнале во потрага по вистината, со искрено срце и отворен ум.
-
Sale!
21 ЛЕКЦИЈА ЗА 21 ВЕК
0500,00 денШто точно се случува сега? Кои се најголемите предизвици и избори што стојат пред човештвото? Зошто демократијата е во криза? Што можеме да направиме за епидемијата од лажни вести? Која цивилизација доминира со светот? Што треба да ги учиме нашите деца?
Во дваесет и едно поглавје, секое длабоко и провокативно, се презентираат комплексните современи предизвици на јасен и достапен начин, предизвикувајќи го читателот да ги земе предвид вредностите, значењето и личниот ангажман во овој свет полн со неизвесност. Некои делови од книгата се посветени на технологијата и на нејзиниот развој, некои на религијата, некои на уметноста, на човечката мудрост. На секој проблем му е посветено по едно поглавје: илузиите и работата, слободата и еднаквоста, заедницата, цивилизацијата, национализмот, религијата, имиграцијата, тероризмот, војната, секуларноста, незнаењето, правдата, образованието, медитацијата.
Харари нѐ подготвува за иднина која многу ќе се разликува од сегашноста и ни укажува на прашањата што треба да си ги поставиме за да преживееме. Како што објаснува самиот, книгата претставува збир на одбрани лекции кои не завршуваат со едноставни одговори, туку имаат цел да поттикнат понатамошни размислувања.
-
Sale!
НАМЕСТИ СИ ГО КРЕВЕТОТ
0250,00 денАко сакате да си го промените животот кон подобро, почнете со тоа што наутро ќе си го наместите креветот! Вака адмирал Вилијам Х. Мекрејвен ги советува студентите од Универзитетот во Тексас на првиот ден од студиите. Црпејќи инспирација од универзитетскиот слоган „Она што започнува овде ќе го смени светот“, тој ги споделува со нив своите десет начела научени за време на обуката во Американската воена морнарица, кои му помогнале да ги надмине предизвиците не само во долгата кариера како маринец туку и во животот.
Во оваа своја мала но вдахновена книга тој објаснува како секој може да ги искористи овие основни и едноставни лекции за да се промени себеси – а можеби и светот. Пренесувајќи ни ги своите суштинските начела, Мекрејвен раскажува потресни и инспиритивни приказни од својот живот и од животите на луѓето што ги запознал за време на воената обука и служба, кои понекогаш морале одлучно, сочувствено, чесно и смело да донесат тешки одлуки.
Раскажана со неверојатен оптимизам, Намести си го креветот нуди едноставни мудрости, практични совети и охрабрување што нѐ инспирираат да работиме и да оствариме повеќе во својот живот, дури и во неговите најмрачни моменти.
-
Sale!
МУДАР РОДИТЕЛ – СРЕЌНО БЕБЕ
0600,00 денебињата се чудо! Не е важно колку деца имате, искуството со секое е ново, различно, посебно, и како родител никогаш не престанувате да се грижите што е најдобро за вашето дете.
Мудар родител – среќно бебе е модерна библија за родителите на дваесет и првиот век. Во седум лесни чекори, психологинката и семеен терапевт Хедвиг Монтгомери ги води родителите низ првите 24 месеци од детскиот живот. Бидејќи првите две години од животот се навистина чудесни. Неверојатно е да се воспитува дете од првите денови, од немоќно бебе што само лежи или лази до дете што чекори покрај вас и говори. Во еден момент тоа не може ништо, а веќе во следниот може сè. Тие две години се како цела вечност, еден посебен универзум. И затоа е потребен овој придружник!
Како да имате среќно дете? Како да стекнете доверба? Како да го подготвите детето за тешките нешта што следуваат? Колку навистина смеете да бидете нервозни? Која е најчестата грешка што ја прават родителите?
Мудар родител– среќно бебе е поучна и едноставна книга, која ќе ве научи како да станете родител каков што посакувате да бидете.
-
Sale!
ПСИХОКИБЕРНЕТИКА
0450,00 денЗа првпат објавена во 1960 г., Психокибернетика до ден-денес го држи приматот на бестселер со продадени над триесет милиони примероци во светот. Се смета за авторитетно дело во областа на личниот развој од кое инспирација црпат многу експерти, како Зиг Зиглар, Тони Робинс и Брајан Трејси. Нејзините ефикасни методи ги применуваат генерации врвни спортисти, претприемачи, студенти и обични луѓе, кои откриле дека успехот не само што е возможен туку е и зачудувачки лесно достижен.
Работејќи како врвен пластичен хирург, Молц открил дека на своите пациенти не им го менува само ликот туку и внатрешното Јас. Во оваа книга тој за првпат ја дефинира поврзаноста меѓу умот и телото, воведувајќи го позитивниот став како средство за промена. Психокибернетика ви покажува како да ја подобрите сликата за себе, ви нуди вежби за релаксација и визуализација, ви помага да ги отстраните емоционалните лузни, да направите емотивен лифтинг – и да ги достигнете успехот и среќата што ги посакувате.
Среќата и успехот се навика; истото важи и за неуспехот и сожалувањето. Но вие можете да ги смените негативните навики со неверојатната моќ на психокибернетиката!
-
Sale!
ПАТОТ КОН ВЕЛИЧЕСТВЕНОСТА – книга 2
0400,00 денВо ова продолжение на светскиот бестселер Патот кон величественоста, Робин Шарма нè запознава со филозофијата на животот и ни ги пренесува своите техниките со чија помош станал еден од најценетите советници за прашањата на лидерството и на личниот успех. Во овој неверојатно инспиративен водич ќе пронајдете 101 едноставна, но моќна лекција која ќе ви помогне го подобрите секој аспект од својот живот и со тоа да достигнете светска класа во работата и во животот, да научите како да остварите вчудовидувачки успех, да ги пронајдете неопходната инспирација, страст и елан, да станете исклучителни, да откриете како да бидете среќни и подобро да се забавувате, храбро и вешто да ги надминете тешките времиња и да ги поедноставите професионалниот и личниот живот.На страниците на оваа книга ќе најдете и невообичаени совети што ќе ви влеат енергија и елан. На пример: „Бидете толку добри што нема да можат да ве игнорираат“, „За да добиете – барајте“, „Живејте возбудлив живот“…„Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што на луѓето навистина им го менуваат животот“. Ричард Карлсон