-
Sale!
Се викам МАМА
0390,00 денОва е приказна за сите родители, другари, братство без сон. Ова е кратка борба против оној чип за заборавање кој ни го вградила Мајката Природа, затоа што ако се сеќаваме на сето она што го проживеавме со децата, наталитетот драстично би опаднал.
(Од легендарната приказна „Бебе“ која ги запали социјалните мрежи и интернет порталите, и го насмеа целиот регион)„Во училиштата за родители или на индивидуалните советувања, кога и да видам преплашени родителски погледи, пред какви било прашања, посакувам да кажам: ‘Опуштено, тоа е сосем нормално!’ И, токму тука, моќната интервенција за нормализација, од корица до корица, е пресликана во книгата од Јелица Грегановиќ.
Ќе воздивнувате на секоја реченица! Авторката не само што нормализира многу детски и родителски стравови, амбиции, тагa, расправии, туку како бонус нуди неуморна духовитост која сигурнo ќе ги доситни и најмалите сомнежи во тоа дека нормалноста нема граници. Како ни љубовта, фантазијата, довербата – барем не кога се во прашање децата и родителите.
Книгата доверливо и пријателски ве повикува да ги гушнете своите деца или да ѝ се јавите на својата мајка!“
Наташа Ѓурица, психолог -
Sale!
Како помалку да се мисли
0430,00 ден• Блиските ти велат дека поставуваш премногу прашања.
• Во твојата глава секогаш нешто се виори – понекогаш сонуваш за да притиснеш на тастатурата и да го исклучиш умот.
• Имаш впечаток дека си од друга планета.
• Не успеваш да го пронајдеш своето место.
• Се чувствуваш несфатено.Дали некоја од овие реченици те опишува токму тебе? Ако е така, сигурно ќе се препознаеш во профилот на исклучително размислувачка личност. Да се биде исклучително размислувачки е навистина заморно, ама твојот мозок – е токму тој што премногу размислува – тој е вистински скапоцен камен. Неговата суптилност, сложеност и брзината со која делува, навистина се восхитувачки, а по силата тој може да се спореди со моторот на формула.
Ама болидот не е обичен автомобил за трки. Кога го вози некој невешт, може да се покаже кревок и погубен. За да ги искористи своите потенцијали, формулата треба да ја управува многу вешт возач и да има соодветна писта.
Досега твојот палав мозок те водеше по слепи патеки. Ама време е да го преземеш управувачот и тоа веќе уште денес. Благодарение на оваа книга ќе научиш да ги користиш извонредните можности на својот мозок кои што порано ти изгледаа недофатливи! А покрај тоа ќе почувствуваш и олеснување, па ќе се прифатиш себе си и својот фантастичен ум. Најпосле ќе здивнеш. -
Sale!
Битлсите
0890,00 денВо текот на 1967 и 1968 година, Хантер Дејвис поминува 18 месеци со ,,Битлсите” додека тие се на врвот на нивната кариера, претставувајќи го бендот кој обликувал една генерација, создавајќи популарна музика. Како единствен нивен авторизиран биограф, тој имал ексклузивен пристап-бе само Џон, Пол, Џорџ и до Ринго туку и до нивните пријатели, семејството и до соработниците. Дејвис насобрал изобилство од лични, приватни материјали, кои откриваат многу за нив и кои ја сместуваат оваа книга во групата класици-која едноставно мораат да ја прочитаат и другите биографи. Останувајќи близок со бендот во текот на годините, Дејвис има пристап до информации што ги вклучува последователно во поновите изданија. Ова издание е осовременето со нов материјал за солистичките кариери и за животните на ,,Битлсите”, како и со приказни за многу други луѓе кои се појавуваат во книгата. Со додаток на еден новопронајден текст на Џорџ Харисон и со мементо мори за починатите членови, ова издание го раскажува сето она што е досега познато за најголемиот рок-бенд во историјата.
-
Sale!
-
Sale!
Упатство за употреба на креативниот ум
0300,00 денКреативноста е обвиена со толку голема мистика. На старите Грци тоа им било магично тоа им било толку магично, што моментот на инспирација го препишале на музите, наместо на луѓето.
Оваа книга ја открива креативноста како процес. Покажува дека пред да бидете погодени од молњата на креативниот гениј, треба да следите неколку чекори. Ви покажува како да ги подготвите вашите мисли за да дојдете до идеи. Исто така, таа ви нуди и одредени техники како помош при различните пристапи кон проблемите.
Дејв Бирс е поранешен креативен директор во адвертајзинг. Сега го води ,,Адитив” (Additive), бизнис чија цел е да го инспирира и поттикне маркетинг светот. Тој, исто така, е и домаќин на подкастот ,,Фјучр оф адвертајзинг” (Future of Advertising), држи говори на настани ширум светот, работи како ментор во ,,Скул оф комуникeјшн артс” (School of Communication Arts) и го дава својот мозок под наем на компании што сакаат свежи идеи. Подготвува и други книги.
-
Sale!
Најдоброто од македонската кујна
01.200,00 денХраната е таа што ги спојува луѓето околу трпезата.
Низ страниците на овој готвач ќе најдете вкусни појадоци за секое семејство, богати десерти што ги одбележуваат сите родендени, празници и слави, јадења за заедничките неделни ручеци, зимници и разни прилози што се неизоставен дел од македонската кујна…
Готвачот „Најдоброто од македонската кујна“ содржи 125 едноставни и вкусни рецепти од македонската традиција што многу лесно ќе се вклопат и во денешниот брз начин на живеење. Во следните страници ви го претставувам старомодното готвење што конечно доби свое модерно освежување.
-
Sale!
Аутизам: Да се биде професионален родител
0500,00 денОва е прва од серијата мали книги Аутизам: Да се биде професионален родител, во која Богдашина го споделува она што го има научено и го учи за аутизмот. Првиот дел од оваа серија (Истражување на сензорниот свет на аутизмот) опфаќа голем број сензорни перцепциски прашања и дава идеи и совети, што ќе ги инспирира и информира оние што живеат или работат со аутистични деца. Книгата е особено наменета за родителите со деца со аутизам и ќе ги насочува низ најситните детали, не само во живеењето туку и во успехот – заедно со нивните деца со аутизам. Книгата содржи 12 поглавја, а секое поглавје опфаќа лична приказна, во која се претставуваат еден или два сензорни проблеми, кои се чести кај аутизмот, информации и истражувања поврзани со темата обработена во првиот дел, како и објаснувања на појавите, практични совети и дополнителни информации. ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ЗАСЛУЖУВААТ ДА БИДАТ СЛУШНАТИ. ТИЕ ИМААТ ПРАВО НА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ, СООДВЕТНО ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАВИЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО. КУПУВАЈЌИ ЈА ОВАА КНИГА ВИЕ ДАВАТЕ СКРОМЕН ПРИДОНЕС КОН ОСТВАРУВАЊЕТО НА ОВАА ЦЕЛ: СРЕДСТВАТА ОД ПРОДАЖБАТА ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО ,,СИНА СВЕТИЛКА“, ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА ЛИЦАТА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ.
-
Sale!
Becoming: Мојата приказна
0650,00 денСè уште има многу нешта што не ги знам за Америка, за животот, за сето она што иднината би можела да го донесе. Но, се познавам себеси. Татко ми Фрејзер ме научи напорно да работам, често да се смеам и да си стојам на зборот. Мајка ми Мириан ми покажа како да размислувам со своја глава и како да го користам ставот што го имам. Тие двајцата заедно, во нашиот збиен стан во чикашкиот Саут Сајд, ми помогнаа да ја согледам вредноста што ја има во нашата приказна, во мојата приказна, во пошироката приказна на нашата земја. Дури и кога таа приказна не е ниту убава ниту совршена. Дури и кога таа приказна е пореална отколку што сакате да биде. Вашата приказна е нешто што го имате, нешто што ќе го имате засекогаш. Таа е нешто што го поседувате.
-
Sale!
Моите изуми
0250,00 денМалку луѓе во историјата дале толкав придонес кон погодностите на современото секојдневие како Никола Тесла. Неговите дела овозможиле електричната енергија да допре до сите катчиња на нашата планета, а нејзината примена да експлодира во безброј области на човековиот живот – процес кој речиси незапирливо продолжува долги години по неговата смрт. Оставштината на Тесла е богата, секогаш актуелна и неисцрпен извор на инспирација.
Но, и покрај тоа што влијанието на Тесла е толкаво што е речиси невозможно да се исцрпат епитетите, неговата застапеност во јавниот дискурс е изненадувачки мала, особено во Западната културна сфера.
Оваа автобиографија дава увид во фасцинантниот внатрешен свет на еден од најголемите гении, но притоа на разбирлив јазик зборува и за техничката природа на неговите изуми. Правејќи го тоа, Тесла на посреден, но уверлив начин ни ја презентира својата визија за еден подобар, поправичен и помирен свет – свет чија благосостојба не е нус-производ на борбата за профит, туку е резултат на искрената, автентична желба за подобар живот на сите, без очекување награда.
-
Sale!
КОДЕКСОТ НА ХЕРОИТЕ
0280,00 денАко сакате да бидете херој, тоа е лесно. Само вршете си ја должноста!
Уште една инспиративна книга за доблестите на секојдневните херои од популарниот автор на Намести си го креветот! Потсетник дека насекаде околу нас постојат херои слични на оние кои Мекрејвен ги среќавал во својот живот.
Кога бил мал Мекрејвен сонувал да стане супермен, да има супермоќи со кои ќе им помага на луѓето. Но растејќи и патувајќи низ светот, сфатил дека насекаде има такви херои. Обични луѓе со квалитети што им даваат моќ да помагаат и да го направат светот поубаво место за живеење. Луѓе со физичка и морална храброст и длабоко чувство за интегритет, подготвени да се жртвуваат за другите. Секој од нас го носи во себе тој вроден код што постои уште од настанувањето на човечкиот род. Во секој од нас се крие херој.
Кодексот на хероите не е сложувалка или некоја тајна порака. Не е шифра, таен јазик или некаква загатка. Тој е збир од непишани правила за однесување, лекции за доблеста кои стануваат темел на нашиот карактер додека градиме животот вреден за почит.
-
Sale!
Христос, нашиот небесен лекар
0250,00 денЗа болеста и исцелението во Православното предание
Оваа книга е насушно потребна, посебно за денешниот христијанин, бидејќи нашиот пат денеска е патот на страдањето и трпењето на болестите, а според зборовите и пророштвата на светите отци, Бог во ова наше време ги одзел подвизите какви што ги имале нашите претходници, и монасите и христијаните во светот и спасоносниот пат којшто Бог ни го дал денес е кроткото трпење на страдањата, болестите, неволјите и искушенијата.
Значи, во оваа книга ,,Христос нашиот небесен лекар“ , којашто е зборник во којшто има објаснувања, пред сè почнуваме со поуките од светите отци за смислата на страдањата во христијанскиот живот, за христијанскиот однос кон страдањата, а потоа и поуки од светите отци за поднесувањето на болестите. Луѓето денеска најчесто роптаат и се жалат на сè :
-Зошто Господ ме казни, зошто ова ми се случува…,- или честопати ќе дојдат некои и ќе речат:
-Оче што да направам, да ми прочиташ молитва или нешто друго, зашто сè ми оди лошо во животот, ми се случуваат несреќи…, – или како што луѓето кажуваат ,,ме тера баксуз”.
Значи, за христијаните нема несреќни денови, сè треба да примаме како од раката Божја, значи сè она што се случува со нас е апсолутно по волја Божја или по допуштение Божјо.
„И влакната на главата ви се избројани” – вели св.апостол Павле. Ниту едно влакно од главата не можеме да го направиме ниту бело ниту црно и затоа ни е потребна оваа книга пред сè по сведоштвата на оние кои што ја прочитаа, оние кои што боледуваат или страдаат од болест или друго, за голема наша духовна поткрепа и оправдување на нашиот труд, дека во многу им помогнала да се соочат вистински со болестите, со тешкотиите и со искушенијата и да почнат повеќе да Му благодарат на Бога. Бидејќи во книгата светите отци спомнуваат дека подвигот на трпење на болеста со благодарност кон Бога е подвиг кој што тие го ставаат и над пустинскиот живот и над мачеништвото.
Тука имаме поуки од светиот Теофан Затворник, од преподобниот Макариј Оптински, св. Игнатиј Брјанчанинов, преподобен Амвросиј Оптински, од старецот Ефрем Филотејски, потоа од свештеникот Михаил Туханов за болеста како последица на гревовите, за страдањето од архим. Јован Крестјанкин, од протојереј Димитар Смирнов за подготвеноста за страдање, тука се поуките и проповедите на архим.Рафаел Карелин за гневот Божји, за трпењето на болестите од архим.Кирил Павлов, тука е и една мала книга вметната од протојереј Сергеј Филимонов,
,,Како да му се помогне на болниот“.
Значи, сè она што треба да го знаеме , а што сме го заборавиле, книга која што треба да им помогне и на верните , но и на лекарите како да се соочат со болеста, како на болниот да му помогнат да се соочи , да се исцели од болеста, пред сè со утешни зборови, со вистински однос кон него, од престојот во болница, до искушенијата кои што се случуваат во однос лекувањето, во однос на дијагнозите, операциите, исповед во болницата и сè друго, за духовните болести , за симптомите на духовното заболување. Сè повеќе денес луѓето страдаат од духовни болести. За жал. Како што тука во книгата вели јеромонах Анатолиј Белестов, кој е и монах и лекар, порано во Русија лекарите во болниците точно знаеле кога човекот боледува од некоја духовна болест и никој пат не пристапувале кон лекување додека претходно не барале од него да се исповеда, да се причести, па дури тогаш пристапувале кон телесно лекување. И уште една интересна информација. Тој кажува дека во здравствениот картон или историја на болеста, кои и денес ги има закачени на креветот, порано во Русија на тој картон имало ставка во која се запишувало кога болниот последен пат се причестил. Значи сето тоа е изгубено, сето тоа е пратено во заборав сега. Има потешкотии, некаде успеваме да се потрудиме да има причест. И јас имав искуство неколку пати за причест на болните во државна болница на клиниките. Значи, сепак попушта малку тој однос на државата и на лекарите во однос на верата, во однос на свештеникот, во однос на исповедта , на причестувањето. Така што, се надевам, тоа сè повеќе и повеќе ќе се шири како пракса.”
-
Sale!
Совети за спасение во денешниот свет
1150,00 денСтарец Пајсиј Светогорец
Нашата молитва треба да ја поделиме на три дела: еден дел да задржиме за себе, еден ќе биде наменет за нашите живи браќа, Црквата и за целиот свет, а еден дел за нашите упокоени браќа, кои не смееме да ги заборавиме.
„Човекот може многу едноставно да се спаси“, му рече старецот на еден посетител, кој беше судија. „Доволно е само да го посака тоа и да ја повика божествената помош. Сакајќи да го спаси оној кој ја повикува Неговата помош, Бог без двоумење ќе Го испрати Својот Син или некој Светител, за да спаси макар и еден, единствен човек. Во тоа многу помага љубовта и добрата волја. Љубовта им е сосема туѓа на демоните, и заради тоа поборниците на ѓаволот, во еден миг се уништуваат еден со друг, бидејќи меѓу нив не постои љубов, која би ги соединила.“
„Старче, многу сум расеан во текот на молитвата.“
„Тоа ти се случува, бидејќи ти својот ум не го концентрираш на целта на молитвата, и му дозволуваш да скита таму-ваму. Ако се потрудиш да го собереш умот, да ја изговараш молитвата Христова и смирено да молиш за Божја помош, расеаноста ќе исчезне сама по себе.“
Читајте го Светото Писмо бидејќи тоа е боговдахновено и во себе Го има Светиот Дух. Оној што го чита, го просветлува умот и ја чисти душата. Вие направете сѐ што е во ваши раце, а сѐ друго со доверба предадете го во Божји раце.
Вистинското покајание се состои во тоа, човекот прво на совеста да го почувствува својот грев, да почувствува болка, да посака Бог да му прости и дури потоа да се исповеда. Само во тој случај ќе стигне Божјата утеха. Затоа секогаш препорачувам прво покајание, па потоа исповед. Само исповед, никогаш не препорачувам.
-
Sale!
Слава Му на Бога за сè
0250,00 денСв. Јован Златоуст
Избрани беседи, мисли и поукиКога ќе слушнете за постот, не плашете се од него како од страшен војвода: тој не е страшен за нас, туку за лошите духови…
Само едно е штетно – гревот.
Макар и целата вселена да се труди да ти наштети, ако сам не си наштетиш, нема да претрпиш никаква штета. -
Sale!
Св. Јован Шангајски – Чудотворец на последните времиња
0300,00 денЖитие, поуки и чудаСв. Јован Шангајски го имаше дарот да проѕира во иднината, совршувајќи служби за луѓе што се навидум со одлично здравје, а за кои тој знаеше дека им претстои скора смрт. Тој се појави крај постелата на верник пред умирање кој се молеше Владиката да дојде, иако болничкиот персонал одби да го повика.
Тој причести со Светите Христови Тајни една жена што умираше од беснило, а таа веднаш потоа доби напад, устата ѝ се запени и ги поврати Светите Дарови. Знаејќи дека тие не смеат да се фрлат, свети Јован веднаш ги зеде и ги голтна, иако беснилото е многу заразно и смртоносно. Тој рече: „Нема ништо да се случи; ова се Свети Дарови!“ – и ја кажа вистината. -
Sale!
Света Тајна Брак
0150,00 денПоуки на Православната Црква за бракот и семејството
Смислата на бракот е во причинувањето на радост. Се подразбира дека брачниот живот е најсреќен, најпотполн и најбогат. Тоа е совршена Божествена установа. Божествената замисла се состои во тоа бракот да донесува среќа, животот на мажот и
жената да ги прави потполни, за никој од нив да не загуби, туку и двајцата да победат. Ако бракот сепак не е среќен и не го прави животот побогат и потполн, вината не е во брачната врска, вината е во луѓето што се соединиле во неа.Првата лекција која човекот треба да ја научи и исполни е трпението. На почетокот од семејниот живот се откриваат, како доблестите на карактерот, така и недостатоците и специфичноста на навиките, вкусот и темпераментот, за кои другата
половина не ни претпоставувала дека постојат. Понекогаш се чини дека е невозможно да се навикнат еден на друг, дека конфликтите ќе бидат вечни и безнадежни, но трпението и љубовта совладуваат сè, и двата живота се слеваат во еден, поблагороден, посилен, попотполн и побогат, и тој живот ќе се продолжи во мир и спокојство.Родителите треба да бидат такви, какви што сакаат да ги видат своите деца – не на зборови, туку на дела. Тие мора да ги учат своите деца по примерот на својот живот. Родителите не треба да се срамат да си играат и да прават палавштини заедно со децата. Можеби токму тогаш се поблиску до Бог, отколку, како што тие мислат, кога извршуваат некоја важна работа.
И во нашиот неморален свет младата жена може да ја зачува неизвалкана својата душа, блескајќи со света несебична љубов. Срцето на младиот човек треба да ликува ако има убава благородна сестра, која има доверба во него и го смета за свој заштитник, советник и другар. А сестрата треба да се радува ако братот станал силен маж, кој е способен да ја заштити од животните бури.
Помеѓу братот и сестрата треба да владее длабоко, силно и блиско пријателство и тие мора да имаат доверба еден во друг. Меѓу нив и мориња и континенти нека се испречат – нивната љубов секогаш треба да остане верна и силна. Животот е премногу краток за да го трошиме на борба и кавги, особено во светиот круг на семејството…
Света царица-маченица Александра Романова
-
Sale!
Православието и религијата на иднината
0250,00 денЕромонах Серафим Роуз
Православни христијани, чувајте ја Божјата благодат која ја имате!
Треба да знаете дека таа не е работа на обичаи. Таа не се мери само со човечки мерила и не очекувајте да ја разберат оние што можат да го разберат само она што е човечко, или оние што мислат дека благодатта на Светиот Дух може да се стекне надвор од Црквата Христова.Вистинското Православие, според својата природа, мора да изгледа несовремено во ова наше демонизирано време.Тоа изгледа како незначајно малцинство на презрени и „налудничави“, на средина на успешниот религиски „препород“ на мнозинството.