-
ОРУЖЈАТА НА КРИТИЧКИОТ И ЛЕКОТ НА НЕГУВАЧКИОТ РОДИТЕЛ
0400,00 денЈазикот коски нема, но коски крши, вели народната мудрост. А сите сме почувствувале дека некогаш зборовите печат повеќе и од шлаканица. Користејќи ги како моќни алатки, но и како смртоносни оружја, негувачкиот и критичкиот родител можат да го демотивираат, па дури и трајно да го оштетат своето дете, или пак позитивно да го поттикнат неговиот развој, создавајќи на тој начин возрасен човек што ќе го има истото мислење за себе какво што имале и неговите родители. Репертоарот на погрдните (дискаунтирачки) зборови е огромен: вол, свиња, гуска, кокошка, глупак, смотан, трчи-лажи… Свесно или несвесно омаловажувајќи го, родителите засекогаш запечатуваат во детската свест одредени „сценарија“ за неговата личност и судбина. .
Оружјата на критичкиот и лекот на негувачкиот родител е предупредување за моќта на зборот и книга-апел што ни е потребна на сите, зашто секој од нас треба да ја преземе одговорноста за искажаните зборови и за нивното влијание, особено врз децата. .
-
БИДЕТЕ ОПСЕДНАТИ ИЛИ БИДЕТЕ ПРОСЕЧНИ
0450,00 денНЕ ТРЕБА ДА ИЗБИРАТЕ ПОМЕЃУ ОВА И ОНА, ПОМЕЃУ УСПЕХОТ И ДОБРИОТ ЖИВОТ. ТОА Е ЗА ПРОСЕЧНИТЕ ЛУЃЕ ШТО ЈА ИЗГУБИЛЕ КОНТРОЛАТА ВРЗ СВОЈАТА ИДНИНА. ОПСЕДНАТИТЕ ЛУЃЕ БАРААТ СЀ И ДОБИВААТ СЀ.
По огромниот успех на Правилото 10Х, докажаниот бизнис-експерт Грант Кардон одново нѐ советува со потврдени техники од своето сопствено искуство!
Бидете просечни или бидете опседнати е брутално искрена книга. Таа ќе ве извлече од комфорната зона и ќе го скрши оклопот на просечност што општеството цврсто го обвиткал околу вас. Ќе ви помогне да ја ослободите моќта на опсесијата, а потоа ќе ве научи како да се грижите за неа и да ја насочите кон остварување на своите најголеми сoништа.
Без разлика со што се занимавате, оваа книга ќе ви помогне да ги зацврстите и да ги развиете својот бренд и бизнисот до зачудувачки височини, наспроти сите пречки и сета конкуренција. Зашто опсесијата е критичниот дел на успехот – поважна е и од стратегијата, цените на производот, изборот и распоредот на времето; таа ви нуди вистинска слобода и целосна контрола на вашиот живот – на личен, финансиски и на емоционален план.
-
Опра
0750,00 денПознатата авторка на биографии Кити Кејли ни дава недотерана слика од приказните на Опра и од нејзиниот живот, каков што таа го водеше – реалниот и вистински живот, прикажувајќи ја Опра во светло во кое ја немаме видено досега. Кејли, со својата психолошка проникливост и истражувачки дух успеа да напише книга што ќе го изненади и восхити секој читател.
„Резултатот [од истражувањето на Кејли] е беспрекорно анализиран и организиран преглед на несекојдневниот живот на жената што го употреби своето скромно потекло како отскочна штица во самостојната изградба на огромна медиумска империја… Опра e, во секој поглед, една храбра и смела книга“.
—Лос Анџелес тајмс
„Самата тежина на фактот да се биде познат е аналогна на трудот на Кејли: кули од книги и купишта исечоци… стотици интервјуирани личности… Таа ни ги отвора портите од светот на Опра“.
—Вашингтон пост
„Биографијата на Кити Кејли за Опра Винфри е како натпревар меѓу Кинг Конг и Гоѕила – само, во случајов – во светот на славните“.
—Њујоркер
-
Џулијан Асанж: Неавторизирана автобиографија
0420,00 денПри потпишувањето со издавачот за оваа автобиографија, Џулијан напишал: „Се надевам дека оваа книга ќе биде еден од документите што ќе ги поврзува нашите генерации. Во ова особено лично дело ја објаснувам нашата глобална борба за создавање на нов однос меѓу луѓето и нивните влади.” Она што следува е неавторизирана прва верзија – дел мемоари, дел манифест – што ја исполнува неговата замисла. Таа е полна со страст, провокативна и самоуверена, – исто како и нејзиниот автор.
-
Мојот живот во семејството Бин Ладен
0330,00 денСе омажи за братот на Осама Бин Ладин пред точно 40 години. Сега се осмели да ја раскаже својата приказна. Овој интернационален бестселер е шокантен приказ за тоа како е да се биде жена во Саудиска Арабија во денешно време. Кармен Бин Ладин го тргна превезот за да ја открие приказната за семејството Бин Ладен во една од најтаинствените, најмоќните и најрепресивни земји во светот.
-
Јас сум Малала
0500,00 денЈас сум Малала: девојката која што се бореше за образование и беше застрелана од Талибанците
Доаѓам од земја што беше создадена на полноќ. Во моментот кога за малку ќе умрев, само што беше минало пладне.
Кога талибанците ја зазедоа долината Сват, една девојка крена глас. Малала Јусафсај одби да биде замолчена и се бореше за нејзиното право на образование.
На 9 октомври, вторник, 2012 година, кога таа имаше 15 години, за малку ќе платеше со живот за тоа. Беше застрелана во главата, од непосредна близина, враќајќи се од училиште кон дома со автобус и малкумина очекуваа да преживее.
Но, нејзиното чудесно закрепнување ја одведе на едно прекрасно патување, од далечната долина во северен Пакистан до големите сали на Обединетите нации во Њујорк. На шеснаесетгодишна возраст, таа стана глобален симбол за мирен протест и најмладо номинирано лице за Нобеловата награда за мир.
„Јас сум Малала“ е извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште од страна на глобалниот тероризам, за борбата за образование на девојките, за татко кој, и самиот сопственик на училиште, ја поддржувал и ја охрабрувал ќерка си да пишува и да оди на училиште и за смели родители, кои негуваат силна љубов кон својата ќерка во едно општество што повеќе ги
цени синовите.
„Јас сум Малала“ ќе ве натера да верувате во моќта на гласот на една личност за поттикнување промена на светско ниво.
Која е Малала? – праша напаѓачот.
Јас сум Малала и ова е мојата приказна.
НАЈМЛАДИОТ ДОБИТНИК НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР
-
НОРВЕШКА ШУМА
0500,00 денКога ќе ја чуе песната на Битлси Тору Ватанабе се сеќава на својата прва љубов Наоко девојката на неговиот најдобар пријател Кизуки. Истиот миг во мислите се враќа во минатото кога пред речиси дваесет години ги минувал студентските денови во Токио загубен во свет на тегобни пријателства патемен секс страст загуби и копнежи – во времето кога во неговиот живот влегла незауздената млада жена Мидори а тој морал да избира меѓу иднината и минатото.
Норвешка шума е најпознатиот роман на Харуки Мураками култна книга која неодамна беше најголем јапонски бестселер на сите времиња. Само во Јапонија се продадени над четири милиони примероци.Оваа книга е полна со студентски бунтови, слободна љубов и поп-музика од шеесеттите години. Исто така, таа е вистински емотивна и ги опишува врвовите, но и најдлабоките падови на растењето. Индепендент
Трогателна приказна што погодува право во срцето… Мураками е несомнено еден од најдобрите светски романсиери. Глазгов хералд
Мураками го гради своето книжевно ткиво на толку префинет, пајажинест начин, што сè што ќе реши да опише, трепери од безброј симболични можности. Гардијан
-
Убиството на командантот
0650,00 денНЕВЕРОЈАТНА КНИГА ЗА ЉУБОВТА И ОСАМЕНОСТА, ВОЈНАТА И УМЕТНОСТА – УШТЕ ЕДНО РЕМЕК-ДЕЛО НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СОВРЕМЕНИ ПИСАТЕЛИ
По разделбата со сопругата, триесет и нештогодишниот сликар одлучува да оди да живее на планина во куќата на еден познат уметник, татко на негов пријател. Деновите му поминуваат во сликање, готвење, слушање музика на грамофонот и пиење чаша виски навечер. Но еден ден случајно открива чудна слика скриена на таванот и не сакајќи го отвора кругот од мистериозни случувања во кој се вплеткани неговиот мистериозен сосед, едно таинствено ѕвонче, тринаесетгодишно девојче, обидот за атентат на нацистички функционер и страшното подземје. За да го затвори кругот, уметникот мора да тргне на опасно патување за себеоткривање во волшебното подземје какво што само Харуки Мураками може да создаде.
-
Кафка на брегот
0500,00 денКафка на брегот е едно од најамбициозните дела на мајсторот на современата јапонска проза, Харуки Мураками. Овој бисер на метафизичкиот реализам ја следи судбината на два впечатлици лика: жртвата на едиповската фрустрација, тинејџерот – бегалец Кафка Тамура, и остарениот налудничав Наката, кој никогаш не закрепнал од воените трауми и кого Кафка необјасниво го привлекува. И додека патиштата на овие двајца навидум неспоиви ликови се доближуваат, пред нас се отвора фантастичен свет во кој мачките зборуваат, проститутката која работи за еден морничав сводник го цитира Хегел, во шумата се среќаваат војници за кои времето застанало во Втората светска војна, а од небото лее порој од риби.. Се случува и сурово убиство. Која е жртвата? Кој е убиецот? Восхитениот читател ќе ги добие сите одговори – заедно со разјаснувањето на судбината на Кафка и Наката.
Бајковитиот свет на Кафка на брегот е вистински показ на мајсторството на големиот раскажувач Мураками, роман од кој извира раскошниот талент на еден од најголемите светски автори на врвот на својата творечка сила.
„Напнат роман што се чита без здив, но и предизвикувачка метафизичка гимнастика за умот. А под сите тие трескави патешествија набиени со симболика нè влече нешто потсвесно, скоро еднакво силно како сексот и животот: ништотноста, ништото, блажената празника. Мураками е нежен слика на негативните простори.“
Њујоркер
-
За што зборувам кога зборувам за трчањето
0320,00 денБолката е неизбежна. Страдањето е избор.
Во 1982 година, откако ќе го продаде својот џез-клуб за да се посвети на пишувањето, Мураками почнува да трча за да се одржи во добра физичка форма.
По многу години и по голем број истрчани трки и маратони, додека тренира за Њујоршкиот маратон, Мураками одлучува да ни ги раскаже своите искуства и да ни открие какво влијание имало трчањето врз неговиот живот и пишувањето. Резултатот се овие прекрасни мемоари за неговите испреплетени страсти – трчањето и пишувањето – што изобилуваат со спомени, размисли и заклучоци од сопствените увиди, вклучувајќи го и точниот момент кога одлучува да стане писател.
Едновремено смешно и сериозно, разиграно и филозофско, За што зборувам кога зборувам за трчањето е задолжително четиво за обожавателите на овој генијален но повлечен писател, како и за огромниот број спортисти кои наоѓаат слично задоволство во трчањето.
„Читајќи ја оваа книга, оние кои не трчаат веројатно ќе се прашаат: ’Зошто морал да истрча 100 километри кога знаел дека ќе боли?‘ Но оние кои трчаат ќе постават поинакво прашање: ’Зошто јас никогаш не сум го направил тоа?‘“ Гардијан
-
Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак
0500,00 денЦукуру Тазаки има четворица најдобри пријатели. Секој од нив во своето име содржи боја. Сите, освен Цукуру. Нивното пријателство е толку интензивно, искрено и силно што изгледа речиси нескршливо. Сè до еден ден. Ден кога се прекинува грубо и одненадеж. Кога тие му соопштуваат дека не сакаат да го видат, или да зборуваат со него, никогаш повеќе… Оваа случка толку го погодува Цукуру што му го менува неповратно животот. Оттогаш минуваат години, безбојни и испразнети, сè додека не ја сретне Сара, која ќе го поттурне во едно необично, од животно значење, патување. Роман за љубовта, пријателството, болката која трае. Исклучителна приказна за младото момче прогонувано од огромна загуба, за соништата, кошмарите и за патувањата назад во минатото. Вистински пример за мајсторство на јазикот и на психолошкото портретирање на ликовите, нивните битки и премрежија, ова е роман кој хипнотизира. Безбојниот Цукуру Тазаки… не е книга за еден ден, ова е книга која го обојува животот на секој читател, засекогаш!
-
Јужно од границата, западно од сонцето
0380,00 денПриказна за пријателството и љубовта, за илузиите и сенките од минатото, зачинета со многу надреални елементи на границата помеѓу јавето и сонот, стварноста и привидот. Во средина во која не се целосно прифатени, Хајиме и Шимамото уште како деца заедно му се спротивставуваат на светот. Иако животниот пат ги разделува во младоста, повторно ќе ги спои по многу години, кога веќе имаат сосем различни животи. Ќе успее ли да победи љубовта? Додека на грамофонот се врти плочата Јужно од границата, западно од сонцето, Хајиме во мислите се навраќа на безгрижните детски денови поминати со Шимамото, преплавен од каење поради пропуштените можности.
Типично во стилот на голем книжевен мајстор, Мураками раскажува како со неколку погрешни одлуки човек може да го уништи животот – и сопствениот и на саканото човечко битие. А кога тоа ќе се случи, раната никогаш не зацелува.
Проникливо и длабоко размислување за човечката ранливост, за моќта на опсесијата, за загатките на еротската мистерија.
Њујорк тајмс
-
Записи
0210,00 денЗаписи од различни краишта на светот. Ораторски говори, поезија, научни трудови и патопис за селото Матка, врамени во четири поглавја. Записи за далечините, записи за Македонија, записи за едно постоење.
-
Да ги оживееме срцата за Бога
0300,00 денАрхимандрит Јован Крестјанкин
Во народот се вели:
„Ако гром не удри, човек нема да се прекрсти“.
Така е и со тебе. Ти во своите писма зборот „Бог“ го пишуваш со мала буква, а во своето срце и во својот живот Му оставаш сосема малку место. Да, денес парите свршуваат многу работи, но нема сила која е посилна од Божјата сила. Зарем не можеш да се покаеш за твојот минат непромислен живот, зарем не можеш да ја измолиш Божјата милост за себе и за своите деца? Дали тоа бил од Бога благословен брак?
Моли се, научи да се молиш. Јас не можам тоа да го направам за тебе. Бог ги слуша само оние кои Му се обраќаат со сето срце, а токму тоа и тебе ти го посакувам.
Извадок од новата книга „Писма за духовно раководење на современиот човек“
-
Психосоматика
0380,00 денКнигата ги осветлува двете страни на паричката наречена човек. Од едната страна се чувствата, субјективни и тешки за дефинирање, но многу проучувани, кои претставуваат огромен дел од човековото искуство. Од другата страна е физичкото функционирање и здравјето, што традиционално и погрешно се разгледува одделно од емоционалниот живот. Двете приказни неизбежно конвергираат за да го доловат човекот, во кој на неверојатен начин се испреплетени психичкото и физичкото.
И, иако терминот психосоматика некои луѓе можеби си го поврзуваат со замислена болест, овде ќе покажеме дека чувствата и мислите можат да нè разболат или да нè излекуваат на мноштво начини, што дефинитивно не се само „во нашата глава“.
-
Разбудете го џинот во себе
0790,00 денРазбудете се и преземете ја контролата врз својот живот!
Веќе 30 години Разбудете го џинот во себе го задржува приматот на една од најзначајните книги за мотивација и самопомош што биле некогаш напишани. Милиони луѓе се будат со помислата дека нема да прифатат ништо помалку од неверојатен живот. И сето тоа благодарејќи на ефикасните совети и најквалитетните техники за самоусовршување кои ќе ви овозможат да станете личност каква што секогаш сте сонувале да бидете.
Ентони Робинс, реномираниот експерт за психолошкиот процес на промените, ни ги открива најефикасните стратегии и техники за справување со емоциите, со промените на нашето тело, со врските, финансиите и воопшто со сето она што го сочинува нашиот живот. Ни нуди програма која чекор по чекор нè учи на основните лекции како да завладееме со сопствената судбина, кои ќе ни помогнат да ја откриеме вистинската цел во животот, да ја преземеме контролата и да завладееме со силите кои ни ја обликуваат судбината.
„Тони Робинс е еден од највлијателните луѓе на оваа генерација. Разбудете го џинот во себе е фасцинантно претставување на најновите наоди и согледувања низ цел еден спектар прашања, вклучувајќи ја и сè поголемата свесност дека вистинскиот успех се состои, пред сè, во трајните вредности и во помагањето на другите.“ Стивен Р. КОВИ