-
Sale!
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО (проучување и толкување на евангелскиот текст)
01.300,00 денП О Г О В О Р
EPILOGUEКнигата Евангелие според Марко – проучување и толкување на евангелскиот текст, претставува значајна студија за Светото евангелие. Таа е изградена врз еминентни научни извори од современата библистика, како и светоотечката и православната црковна егзегеза.
Евангелието според Марко е дел од Светата Библија. Понуденава книга претставува разработка на една новозаветна библиска содржина.
Библијата (Светото писмо) е Божји збор искажан со човечки јазик. Во Светото писмо Бог му зборува на народот. Преку содржината на оваа Света книга се запознаваме со Божјото учење, со премудроста Божја и со највозвишените вистини за Бога, за човекот и за светот. Преку неа се откриваат сите вистини. Од Библијата се исчитуваат сите тајни на богопознанието, човекопознанието и космопознанието, во неговата микро и макро димензија. Се откриваат сите духовни сфери и видици. Во неа се содржани одговорите на сите можни прашања, од сите луѓе, во сите времиња. Ако не го пронајдеш одговорот на некое прашање, тоа не значи дека него го нема, туку значи дека ти лошо си читал и неправилно разбираш!
Библијата како Божји збор го просветува нашиот разум и претставува наш сигурен патеводител во животот. Таа е силен духовен инспиратор. Таа е основа на верата и Закон Божји за животот.
Затоа, приодот кон Светата Библија треба да биде како приод кон Божјиот збор и Премудрост, и како влез во огромниот простор на Божјите тајни. Тешко се продира до вечните Божји вистини. Ако ни се потребни помагала за да се испитува материјалното, тогаш, колку ли повеќе е тоа потребно за да се проникне во духовното? Кон тоа ќе го води читателот на библиските содржини и ова наше толкување на Светото евангелие според Марко. Евангелието, пак, е сржта на Библијата. Во неговата содржина директно Бог му зборува на човекот, преку воплотениот Син Божји, Господ Исус Христос, Кој како Богочовек дојде во светот и живееше меѓу луѓето. Во Светото евангелие е запишано Христовото учење како живо „учење од Бога“ (Јован 7,17). Тоа е збор и живот. Како што вели свети апостол Павле: Тоа е „словото на животот“ (Филип. 2,16) и „словото на вистината“ (Ефес. 1,13; сп. Јак. 1,18).
Доаѓањето до тие бескрајни евангелски вистини и неискажливи Божји тајни е тешко за човечкиот разум. Затоа, читањето на библиските содржини треба да биде заедно со толкување. На тој начин читателот ќе мисли со богомислата на светата Христова Црква. Тогаш тој ќе може правилно да го разбира зборот Божји и тоа онака, како што го разбирале боговдахновените свети отци и учители на Црквата. Со таквото напоредно читање на Светото писмо заедно со толкување, правилно се работи на нашето духовно изградување, се просветува умот и се облагодатува срцето. Необидувај се да го разбереш Светото евангелие како што тебе ти се допаѓа или како што тебе ти одговара! Таквото Свето писмо не е збор Божји, туку човечки – твој збор или уште полошо – ѓаволски. Светото евангелие не е твоја вистина. Се обидеш ли да ја направиш поинаква, отколку Божја, тогаш веднаш ѓаволот ти ја подметнува неговата лага како вистина.
Оттаму е и неопходноста од егзегетска литература за нашиот читател на Евангелието. Оттаму е и потребноста од едно вакво издание на библиско-богословската мисла кај нас. Тоа ќе претставува придонес и во теологијата и во верата.
Овој наш прилог кон проучувањето и толкувањето на Евангелието според Марко е и наше црковно и национално книжевно богатство. Во многубројното современо македонско книгоиздателство вистинска реткост е книга со библиска, евангелска содржина. Очекувана е нејзината содржина заради нејзината душекорисност, духовно богатство и книжевна вредност.
И овој мој труд нека сведочи, пред светската јавност, за нашето големо библиско и културно богатство во светската ризница на културата и писменоста.
-
Sale!
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ (проучување и толкување на евангелсиот текст)
01.300,00 денП Р Е Д Г О В О Р
Денес е зголемен интересот за Богопознанието.
Нашиот човек сака да се запознае со Бога, да Го најде и да знае нешто повеќе за Господа Бога, за Светото евангелие и за верата. Неговиот прв чекор кон тоа, обично е читањето на Светата Библија, односно на Светото евангелие. Притоа наидува на тешкотии поради големите тајни и длабочината на мислите во Светото писмо, па не може да ги разбере и сфати сите Божји пораки што се искажани воА во него пак ни се открива Бог и Спасителот наш Исус Христос со Своите дела и зборови кои се наше раководство кон спасението и вечниот живот. Преку него Бог му зборува на човекот. Евангелието.
Светото евангелие ја развива моралната сила кај човекот и го води кон доброто, па затоа велиме дека разумни луѓе се оние, кои ги слушаат и ги исполнуваат зборовите на Светото евангелие. Тие живеат според Евангелието и затоа имаат спокоен живот, чиста совест и душевен мир.Денешниот човек е преокупиран со материјалната грижа од овој свет. Луѓето сè почесто постануваат робови на своите барања и желби и постојано трчаат по остварување на своите потреби кои секојдневно се зголемуваат и прераснуваат во страсти и похоти. Така се задоволува материјалната – телесната димензија на човекот, а испустува душата.
Значи, потребна е и значајна и духовната храна за човекот и тоа попотребна од телесната. Затоа Господ Исус Христос рекол: „Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бога“ (Матеј 4,4).
Согледувајќи ја потребата од духовна храна на нашиот народ, како и потребата од толкување на Светото евангелие, се зафатив со обработка и објаснување на текстот од Евангелието според Матеј. Се трудев да ја објаснам и протолкувам длабочината на евангелскиот текст за да биде поразбирливо, поприфатливо и поубедливо она што Го кажал Бог преку Светото евангелие за спасение на луѓето.
Богатството на Евангелието доаѓа до израз само преку егзегезата (толкувањето).
А за да можеме правилно да го разбереме и толкуваме Светото евангелие, треба секогаш на ум да Го имаме Исуса Христа.
Толкувањето на Евангелието не е интелектуална игра, па затоа и ова дело е втемелено врз толкувањата на светите отци и познати православни егзегети.
Трудот претставува резултат на повеќегодишната професорска дејност и работа на оваа област.
Оваа книга овозможува секој човек да ја разбере смислата, значењето и пораката на Светото евангелие, за да може да ја применува во животот. Евангелието треба да го чита и проучува секој што сака да го постигне своето лично спасение и спасението на другите, а особено секој богослов, теолог и проповедник на словото Божјо. Во таа смисла овој труд ќе им помогне и на свештенослужитепите при подготовката на омипии – проповеди од Светото евангелие.
Мојата, пак, срдечна желба е Словото Божјо изложено во овие страници да не остане само во умот, туку да дојде и во срцето на читателите. Тие во оваа книга ќе најдат објаснување за она што ги интересира и „жива вода“ за којашто жеднеат. Ќе најдат храна за својот бесмртен дух и ќе му дадат закрепнување. Ќе напредуваат во своето богоуподобување и во усовршувањето и обожувањето.
Во книгава ќе сретнете и бројки во заграда. Тие означуваат други текстови кои зборуваат во прилог на изложеното, а се наоѓаат на друго, т.н. паралелно место во Светото писмо. Прво е посочена кратенкатата од текстот на книгата – таа е означена со првата бројка и стихот -што е означен со бројката по запирката (на пр. Јован 3,21, означува: Евангелие според Јован 3-та глава, 21-ви стих). Тоа, пак, со кои кратенки се означуваат насловите на книгите од Светата Библија, може секој да ги најде на првите воведни страници од Светото писмо (Библијата), издание на македонски јазик. од насловот на книгата, потоа глава кој
Светото евангелие е море на премудроста. Тоа е неисцрпливо богатство и секое негово проучување значи само мал придонес кон големината на Божјите зборови. Така го разбирам и овој мој труд и се молам на Господа Исуса Христа и на свети Климента, Охридскиот Чудотворец, ова дело да послужи душеспасително за мнозина.Господи, благослови, умножи, помилуј и спаси!
-
Sale!
Thrivity Активатор
0600,00 денНАМЕНЕТ ЗА СИТЕ ШТО ВЕРУВААТ ДЕКА МОЖАТ ПОДОБРО!
THRIVITY АКТИВАТОР е интерактивен водич во развојот на вашите потенцијали, кој ја промовира културата на континуирано учење кај поединците, организациите и во општеството.
Авторскиот тим понуди алатка за развој на 70 бихевиорални компетенции, која на едноставен, но софистициран и прагматичен начин ќе ги крене личниот и професионалниот развој на едно ново, повисоко ниво.
THRIVITY АКТИВАТОР инспирира високо ниво на свесност за сопствениот личен развој, мотивира прогресивен лидерски стил кој грижата за луѓето и нивниот напредок ги препознава како клучен фактор за успех.
Наменет е за луѓето кои бараат работа, поединците кои имаат желба за лична и професионална надградба, менаџерите кои се посветени на развој на луѓето, експертите од областа на човечките ресурси и едукаторите кои ќе им ги доближат компетенциите на учениците и студентите, како неопходност за иднината.
Искористи ги знаењето и искуството пренесени во овој прирачник како инспирација да се оствариш себеси како личност и професионалец.
-
Sale!
Како да го излечите својот живот
0400,00 денЛујзa Л. Хеј, авторка на многу бестселери, е светски познат лидер во областа на самопомошта. Нејзината клучна порака гласи: „Ако сме подготвени да ја завршиме менталната работа, речиси сè може да се излекува“.
Во Како да го излечите својот живот таа ни нуди длабок увид во односот меѓу умот и телото. „Животот е навистина многу едноставен. Она што го даваме, тоа ни се враќа“, вели таа. „Она што го мислиме за себе, станува вистина за нас. Верувам дека сите, вклучително и јас, сме одговорни за сè што ни се случува во животот – добро или лошо. Секоја мисла што ја создаваме ја формира нашата иднина. Ние ги создаваме своите искуства со нашиот начин на размислување и со чувствата. Мислите што ги вртиме во главата и зборовите што ги кажуваме ги создаваат нашите искуства.“
Полн со идеи и стратегии кои биле успешни за милиони луѓе низ светот, овој практичен водич за самопомош ќе ви го промени начинот на размислување засекогаш! Истражувајќи го начинот на кој ограничувачките мисли и идеи нè контролираат и не ни дозволуваат да напредуваме, Лујза Хеј нуди моќен клуч за разбирање на физичките болести и непријатности. Инспиративна книга која ги трансформирала животите на милиони луѓе, длабоко менувајќи им ја свеста за влијанието што умот го има врз нашето здравје и благосостојба.
-
Sale!
Како да си ги откриете минатите животи
0210,00 денСте доживеале ли некогаш чувство наречено “веќе видено“ … сте сонувале ли повеќе пати некое конкретно место или време … или, сте почувствувале ли на прв поглед блискост со некого? Сите овие искуства ни нудат траги за постоењето минати животи.
Со „Како да си ги откриете минатите животи’, ќе научите на кој начин сознанијата за минатите животи можат да ви помогнат јасно да ја согледате духовната цел на животот што сега го живеете. Популарниот автор Тед Ендруз ве учи како безбедно и лесно да ги истражувате сеќавањата за минатите животи, со примена на самохипноза, медитација, био-лоцирање, пријатни миризби и на кристали. Откријте како:
*Да ја искористите свеста за минатите животи како средство за сопствен духовен раст
*Да ги препознаете вашите сродни души и нивната улога во вашиот живот
*Да го сфатите вистинското значење на поимот „душа-близначка“
*Да се ослободите од себепоразувачките однесувања и верувања од сопствените минати животи
*Да согледате која е крајната цел на вашиот живот -
Sale!
Остани позитивен со Марко Аурелиј
0280,00 денМожам ли да останам позитивен и спокоен?
Овие се големи прашања што сите си ги поставуваме во одреден момент од животот. Но воопшто не е лесно да се најде соодветен и мудар одговор. Замислете си дека сите овие секојдневни прашања можете да му ги поставите на најголемиот стоички филозоф Марко Аурелиј. Оваа книга ви го овозможува тоа, зашто во неа ќе најдете:
– 79 прашања за животот
– 79 одговори од Марко Аурелиј приспособени на денешниот јазик
– поттикнувачки размисли за да го задржите позитивниот став во животот.
Кога работите течат совршено, оваа книга ќе ви помогне да го задржите духовниот мир. Но кога ќе тргнат наопаку – во семејството, љубовта, социјалните односи, работата – овие пораки ќе ви помогнат да им пристапите од поинаква перспектива и да ја издигнете својата свест. Само со таква свест ќе можете да се самосознаете и да стекнете храброст за надминување на проблемите и страдањето.
-
Sale!
Остани спокоен со Сенека
0280,00 денСе чувствувам изгубено, како да не сум на вистинскиот пат.
Се споредувам со другите и се чувствувам неуспешно.
Толку сум преплавен со мисли што не можам да спијам.
Се пронајдовте ли во некоја од овие реченици? Не грижете се, сите понекогаш се чувствуваме така, и тоа е сосем нормално. Но само малкумина успеваат мудро да се справат со овие прашања на секојдневното постоење. Нивните одговори ги знае еден од најголемите филозофи на светот, Сенека, кој ги запишал во своите писма. Што ако некој ги приспособи на сегашниот живот и ви овозможи да го намалите стресот, да го живеете животот што е можно помирно, попозитивно и поисполнето? Јана Капри и Чаран Дијаз го сторија тоа во оваа книга, во која ќе пронадете:
– 79 прашања за животот
– 79 одговори инспирирани од стоикот Сенека
– психолошки промислувања што ќе ви овозможат да живеете исполнет живот.
Ви посакуваме среќно психолошко-филозофско патување, во текот на кое ќе чувствувате помалку неспокој во друштвото на Сенека. Вклопете се во стоичкиот пристап кон животот и променете го начинот на кој мислите, за да може да го разубавите и да го збогатите својот живот.
-
Sale!
Пропаганда
0300,00 денЕдвард Бернејс: првиот спин-доктор, американскиот Гебелс, таткото на односите со јавноста, внук на Зигмунд Фројд, па дури и инспирација за име на музички бенд.
„Пропаганда“: како да се манипулира со јавното мислење во политиката, судството, маркетингот, медиумите, односите со јавноста, бизнисот, уметноста, образованието?
Оваа книга не премолчува ниту еден аспект на манипулација со јавното мислење, уште повеќе, тоа го смета за сосем легитимна појава што секогаш ќе постои.
Интелигентното малцинство има право да го предводи помалку интелигентното мнозинство кон целите што се во интерес на малцинството, тврди Бернејс. Книгата е пишувана не толку од гледна точка на теоретичар, колку од практичар и професионалец што секојдневно се занимавал со проблеми и со решенија.
Бернејс низ единаесет поглавја опфаќа различни области и опишува вистински ситуации во кои пропагандата се користи како алатка што ќе обезбеди успех и напредок за секого од неговите клиенти.
Ќе ги уочите културата на консумеризам, групната психологија и семејната поврзаност со Фројд, која му помогнала на Бернејс да ги разбере емотивните и потсвесните потреби на просечниот потрошувач.
Капитално дело на основачот на односите со јавноста како професија и на изумителот на спинувањето. Покрај тоа што е задолжителна литература на сите катедри за односи со јавноста, комуникологија, новинарство и политички науки, како еден од најважните учебници од областа на односите со јавноста, од своето прво објавување во 1928 година до денес таа не престанува да ја бранува јавноста и да предизвикува контроверзии и расправи.
-
Sale!
Фурам феминизам
0300,00 денЗошто мама раскрева по дома, а не тато? Зошто го носам презимето на тато, а не на мама? Зошто знаеме повеќе за спортисти и научници отколку за спортистки и научнички? – ова се само некои од илјадници прашања што од името на сите девојчиња ги поставува лик-ИЦА, хероината на оваа книга.
„Никогаш не е прерано за феминизам. Драги девојчиња, ако размислувате од каде да почнете, ова е одлично место.“ – Наѓа Духачек
„Лекции кои можеби нема да ти помогнат да ги имаш сите петки, ама ќе ти помогнат да го направиш светот поправедно и подобро место за тебе и за твоите пријателки. А првата и најважна лекција гласи: не постои ништо, ама баш ништо што девојчињата не би можеле, не би смееле или би морале да го направат – само затоа што се девојчиња!“ – Тамара Заблоцки
-
Sale!
Били Ајлиш
0350,00 денОТКРИЈ СÈ ШТО САКАШ ДА ЗНАЕШ ЗА ЛОШАТА ДЕВОЈКА НА ПОП-МУЗИКАТА ВО ЕДНА НЕВЕРОЈАТНА КНИГА!
Били Ајлиш го погоди светот на музиката како бура. Од нејзиниот уникатен звук до стилот на девојка со став, Били навистина е една и единствена.
Оваа книга е спакувана со фантастични факти, одлични совети и информации. Откриј сè што те интересира за оваа музичка мегаѕвезда.
-
Sale!
Пепелник во еден хотел во Скопје
0300,00 денВо „Пепелник во еден хотел во Скопје“ Жижек посегнува по утврдените мислења на современата наука, ги сопоставува со најактуелните настани и примери денес, а како резултат на тоа се кристализира едно специфично, остроумно и контроверзно множество ставови. Книгава е збирка во која тој подведува пет свои есеи под парадоксот што го доживеал при еден престој во Скопје, а како таква таа истовремено претставува и неизбежна обиколка околу прашањата за љубовта, сексот, психоанализата, идеологијата, филмот, книжевноста, како и политичкото минато, сегашност и иднина. Како сублимат на неговата мисла, „Пепелник во еден хотел во Скопје“ е неопходно четиво за критичкиот ум, крајпатен знак што води кон „пробивање“ на појавата и стигнување до срцевината на стварното.
-
Sale!
Јади, моли се, вљуби се
0500,00 денПриказна што инспирира и охрабри милиони луѓе низ светот да го пронајдат најдоброто во себе!
Ова е една од највлијателните книги на сите времиња – подеднакво прекрасна, мудра и лична, богата со духовна проникливост, вистинска потрага по смислата на животот. По болниот развод Елизабет Гилберт презема радикален чекор. Сакајќи да си даде време и простор за себепронаоѓање, го остава вообичаениот западен начин на живот и тргнува да истражи три различни аспекти на својата природа во опкружување на три различни култури.
Првата дестинација е магичната Италија – идеална за истражување на гастрономските и друг вид задоволства. Потоа Индија, каде што ја преиспитува својата духовна приврзаност. На крајот, заминува на индонезискиот остров Бали, каде што доаѓа до балансот меѓу телесното уживање и посветеноста на божественото.
Сензуална и авантуристичка духовна одисеја што колку што е интересна, толку е и просветлувачка.
-
Sale!
Младиот Кастро: како се создаваше еден револуционер
0480,00 денОваа книга претставува интимен, ревизионистички портрет на раните години на Фидел Кастро и покажува како еден млад Кубанец ја водел својата земја во револуција и го преобликувал светот.
Книгата ќе ви го промени начинот на размислување за Фидел Кастро. Досега, биографите го третирале животот на Кастро како обвинители, пребарувајќи низ неговото минато во потрага по докази за осудување на оваа личност што не ја сакаат или не ја разбираат. А тоа неретко може да резултира со лошо прикажување на историјата и незадоволителна биографија.
„Младиот Кастро“ ги предизвикува читателите да го остават настрана често карикатуралниот приказ на брадосана, антиамериканска вжештена глава со пура во устата и да откријат како Кастро станува диктаторот, кој изгледа како трн в око на американските претседатели речиси половина век.
-
Sale!
Мала книга за Мерилин
0500,00 денНека блесне твојата внатрешна Мерилин!
Водич за живот и оддавање почит на стилот, гламурот и моќта да забавува на најголемата холивудска икона, „Мала книга за Мерилин“ нуди инспиративни лекции од Монро за денешните жени. Внатре ќе најдете:
· Упатства за тоа како да изгледате како ѕвезда
· Совети за стил и каде да најдете парчиња облека во стилот на Мерилин
· Идеи за декорирање од нејзиниот дом
· Секојдневна инспирација од животот на Мерилин
Сеќавања на обожаватели, прекрасни фотографии и многу повеќе!
-
Sale!
Без оправдувања
0400,00 денЗа да бидете успешни не е потребно да сте родени под среќна ѕвезда, да бидете богати, да имате идеални познанства и врски или специјални таленти. Единствено што ви е потребно е само- дисциплината. За жал, повеќето луѓе или се движат по линија на помал отпор и/или сакаат моментално задоволство – не земајќи ги предвид долгорочните последици од сегашните акции.
Без оправдувања! покажува како да успеете на три главни полиња во вашиот живот:
1. Вашите лични цели
2. Вашите работни и финансиски цели.
3. Вашата севкупна среќаНаместо да им завидувате на другите и да копнеете по животот што го имаат избраните „среќници“, престанете да наоѓате изговори и прочитајте ја оваа книга!Брајан Трејси е најпознатиот светски гуру за мотивација и продажба. Тој е претседател на Брајан Трејси интернешенал, компанија специјализирана за обука и развој на поединци и организации. Мисијата на Брајан Трејси е да ви помогне да ги достигнете личните и професионални цели побрзо и полесно одошто сте замислувале. Неговите говори и семинари за лидерство, продажба, мотивација, цели, стратегии и креативност ги слушале повеќе од 5 милиони луѓе и 10.000 компании во преку 50 земји ширум светот.
-
Sale!
Храбри наместо совршени
0350,00 денВо книгата инспирирана од нејзиното популарно излагање на TED talk, Решма Саџани ги охрабрува жените и девојките да ги прифатат несовршеноста и храброста.
Замислете си дека живеете без страв дека не сте доволно добри. Дека не ви е гајле како изгледа вашиот живот на „Инстаграм“ или што мислат комплетните туѓинци за вас. Замислете си дека лесно се ослободувате од чувството на вина и сте престанале да се раскинувате себеси поради ситни грешки. Што доколку, при соочувањето со секоја одлука, сте го избрале похрабриот пат?
Повеќето од нас се чувствуваат скршени од товарот на нашите сопствени очекувања. Се исцрпуваме себеси, обидувајќи се да ги задоволиме сите, цело време. Си го нарушуваме сонот, размислувајќи да не сме навредиле некого, кои можности да ги пропуштиме затоа што ќе нè извадат од нашата зона на комфорот и како по секоја цена да избегнеме одбивање.
Постои причина зошто се однесуваме на овој начин, вели Решма. Како девојчиња, нè учеа да играме на безбедна карта. Родителите и наставниците нè фалеа затоа што сме тивки и учтиви, нè предупредуваа да бидеме внимателни за да не бидеме повредени и нè насочуваа на активности на кои можеме да блеснеме.
Проблемот е дека совршеното девојче расте во жена која се плаши да потфрли. Време е да престанеме да дозволуваме нашите стравови да ги потопат нашите соништа и да го стеснат нашиот свет, заедно со нашата шанса за среќа.
Со избирањето храброст наместо совршенство можеме да најдеме сила да го зацврстиме нашиот глас, да го оставиме зад себе она што нè прави несреќни и да тргнеме по работите што вистински и страсно ги сакаме. Совршенството можеби нè поставува на патеки на кои се чувствуваме безбедно, но храброста нè води до оној пат што автентично треба да го следиме.
Во „Храбри наместо совршени“, Решма споделува моќни согледувања и искуства со кои ќе ни помогне да ја надминеме нашата обука за совршено девојче и да ја направиме храброста наша доживотна навика. Со тоа што ќе станеме храбри наместо совршени сите можеме да станеме креатори на нашиот најхрабар и најсреќен живот.