-
Sale!
Ирмина
0525,00 денИрмина, млада и амбициозна Германка, доаѓа во Лондон кон средината на 30-тите години на минатиот век. Таму го запознава Хауард, студент на Оксфорд кој потекнува од Карипските Острови. Бидејќи и двајцата се туѓинци во Англија, тие се зближуваат, но нивната врска е ненадејно прекината поради политичката ситуација во Германија под власта на Хитлер. Ирмина мора да се врати дома, политичките тензии ескалираат, Втората светска војна наближува…
Во наградуваниот графички роман „Ирмина“, Барбара Јелин ја прикажува драмата што се создава кога човек мора да избере меѓу личниот интегритет и општествениот статус. Заснован на вистинска приказна, овој роман е еден од ретките прикази на нацизмот преку светогледот и искуствата на Германките од втората половина на XX век.
-
Sale!
Еден од нас е следен
0450,00 денЕден од нас е следен, продолжението на Еден од нас лаже, нѐ враќа во средното училиште Бејвју. По смртта на Сајмон се појавуваат низа апликации за озборување, но овој пат не станува збор за апликација туку за игра.
Учениците добиваат групна порака за играта „Вистина или предизвик“. Тој што ќе избере „вистина“ ризикува да биде откриена неговата најдлабока тајна, а тој што ќе избере „предизвик“ ќе добие задача. Фиби е прва. Ако одлучи да не игра, ќе биде откриена тајна. А нејзината е мрачна. Потоа следува Мејв – но таа знае што да направи и одлучува паметно да постапи. А кога на ред ќе дојде Нокс, ситуацијата е веќе опасна. Предизвиците стануваат смртоносни.
Иако се откриваат пикантни тајни, учениците уживаат во играта и злокобното предупредување секогаш избирајте предизвик, сѐ додека не се појави нова жртва во Бејвју. Сајмон е мртов, но некој е одлучен да продолжи таму каде што тој застана.
Нова година, нови тајни, нови правила. Кој ќе биде следниот?
-
Sale!
Срца од цимет
0400,00 денКолку далеку можеш да ги закопаш своите тајни? И да ја скриеш тагата? Колку долго може да се извлечеш со лагите? И колку долго можеш да живееш со тоа?
Ова е приказна за тројца најдобри пријатели: онаа што беше убиена, онаа што отиде во затвор и оној што ја бара вистината сите овие години…
Кога имаше шеснаесет години, Анџела Вонг – една од најпопуларните девојки во своето училиште – исчезна без трага. Никогаш никој не се посомнева дека нејзината најдобра пријателка е вклучена на кој било начин во убиството. Но не и Кајзер Броди.
Четиринаесет години подоцна, посмртните останки на Анџела Вонг се откриени. Заклучокот е дека и таа е жртва на серискиот убиец што подоцна убил уште најмалку три жени. И кога сите помислија дека мистеријата конечно е разрешена, започнуваат да излегуваат на површина длабоко закопани мрачни тајни. Она што се случило таа судбинска ноќ е покомплексно и пострашно отколку што некој би можел да претпостави. Опсесивното минато се враќа во смртоносната сегашност.
-
Sale!
Ослободување #3 Детската куќа
0400,00 денБрилијантна и неизвесна приказна за мрачната страна на друштвените медиуми. Книгата ќе те натера да се запрашаш дали си објавил нешто за што можеби ќе зажалиш.
Полицијата дознава за злосторството на ист начин како и сите други: преку „Снепчет“. На видеото е прикажана преплашена млада девојка што моли за прошка. Кога е пронајдено нејзиното тело, тоа е обележано со бројот 2.
Детективот Хулдар се приклучува кон истрагата, доведувајќи ја во тимот детската психологинка Фреја за да помогне при испрашувањето на пријателите на убиената тинејџерка. Наскоро ќе дознаат дека Стела била далеку од оној ангел како што сите ја опишуваат, но кој би можел да ја мрази толку многу за да ја убие?
Потоа, исчезнува уште еден тинејџер, нови видеа се испратени по друштвените мрежи и се појавува тело со бројот 3. Вистината е далеку од едноставна. Фреја и Хулдар се согласуваат за најмалку две нешта: убиецот сè уште не завршил. И, дали некаде постои неоткриено тело обележано со бројот 1?
-
Sale!
Патувам сама
0450,00 ден#1 Миа Кригер и Холгер Мунк
„Патувам сама“ постигна извонреден интернационален успех кај читателите низ светот, а беше избран и за најдобар во бестселер-листата на германскиот весник Der Spiegel.
Истражителката Миа Кригер ја напушта полицијата и градскиот метеж го заменува со осамен и тивок живот на еден норвешки остров. Наскоро таму доаѓа нејзиниот стар колега, Холгер Мунк, да ја наговори да се врати на работа. Потребна му е нејзината помош за новиот вознемирувачки случај. Во шумата е најдено безживотното тело на шестгодишно девојче, обесено со училиштен ранец на грбот. Околу вратот има закачено порака: „Патувам сама“.
Сè укажува на тоа дека убиецот ќе продолжи да убива, а истрагата на Миа нè води до постар случај кога од породилното одделение исчезнува новороденче…
Комплексен, софистициран и застрашувачки трилер, кој нема да престане да ве шокира и изненадува до последната страница.
-
Sale!
Пристаништето Нова надеж
0450,00 денКатерин и Зои се сестри, но карактерно многу различни. Кетрин е смирена и одговорна, а Зои страсна и бунтовна. Никој нема да се изненади кога Зои ќе остане бремена, ќе го напушти училиштето и ќе стане зависник од дрога.
Една ноќ Катерин добива повика од ќерката на Зои, Вилоу, која е преплашена и` соопштува на својата тетка дека мајка и` ја оставила на автобуската станица и исчезнала. Катерин, која не може да има деца, со задоволство прифаќа да ја подигне Вилоу како своја ќерка.
Пет години подоцна…
Една серија на неочекувани настани ќе го шокираат семејството и трите генерации на жени. -
Sale!
Неопходни лаги
0390,00 денРоманот „Неопходни лаги” ќе Ви го украде срцето.
Книгата, која е напишана за храброста која е потребна да бидеш оној кој што треба, дури и тогаш кога општеството ти налага поинаку, е полн со откритија – како и за читачот, така и за двете храбри протагонисти. Да Ве предупредам – романот ќе Ви го украде времето потребно за други обврски – кога ќе започнете да го читате, ништо друго нема да Ви биде поважно од тоа да стигнете до крајот, од кој срцето ќе Ви затрепери.
-
Sale!
Преправај се и танцувај
0420,00 ден„Преправај се и танцувај“ е приказна за вистината на едно семејството, нивните лаги и неверојатна комбинација на двете.
Моли Арнет е многу добра во чување тајни, но…Таа и нејзиниот сопруг се надеваат дека наскоро ќе посвојат бебе. Но, постапката ја застрашува. Моли е загрижена дека вистината што таа ја чувала скриена за нејзиното детство ќе се открие и ќе ја уништи не само нејзината шанса за посвојување туку и нејзиниот брак.Додека се обидува да најде начин да се смири со своето минато и да ја прифати иднината исполнета со ветувања, открива дека таа дури и не ја знае вистината за тоа што всушност се случило во нејиното семејство.
-
Sale!
Украдениот брак
0450,00 денЕдна грешка, една судбоносна вечер, и животот на Тес де Мело ќе се смени засекогаш…
1944 година – бремена, сама и преполна со вина, дваесет и тригодишната Тес де Мело не можејќи да живее во лага, одеднаш ќе се откаже од нејзината идна кариера како медицинска сестра и ќе стави крај на свршувачката со љубовта на нејзиниот живот. Таа ќе отиде да побара помош од таткото на нејзиното дете и ќе се согласи да се омажи со него, преселувајќи се во еден мал и рурален град, Хикори, во Северна Каролина. Новиот сопруг на Тес, Хенри Крафт, е човек со многу тајни. Тој често не спие дома, крие пари од неговата сопруга, и не покажува никакви чувства кон неа. Тес брзо ќе сфати дека е во замка и во брак без љубов од кој нема излез.
Кога во Хикори, одеднаш, ќе се појави вирусот полио,граѓаните ќе изградат болница. Тес знае дека е потребна, и покрај желбите на Хенри таа ќе работи таму. Таа ќе се пронајде во работата и ќе чувствува дека прави нешто значајно. А, сепак, однесувањето на Хенри ќе стане алармантно. Тес се бори да ги спаси животите на своите пациенти и се обидува да ја дознае вистината за нејзиниот сопруг и што се крие зад неговото однесување.
Таа се обидува да ја најде љубовта на нејзиниот живот и дали ѝ е судено да биде со него? -
Sale!
Ловци на фазани
0450,00 денВо 1987 година, во викендичка во северна Данска, сурово се убиени брат и сестра. Полицијата се сомнева дека убиецот е дел од една приватна гимназија во која учат децата на најбогатите семејства во земјата. Учениците од ова елитно друштво се познати по организирање насилни оргии. Сепак, истрагата е попречена од високи полициски инстанции.
Дваесетина години подоцна случајот повторно е на масата на полицискиот инспектор Карл Морк, брилијантниот детектив што раководи со Секторот Q – одделението за нерешени случаи. За него станува јасно дека не е сè така како што изгледа на прв поглед.
Тој ќе дојде до Кими, жената што живее на улица и краде за да преживее и која мајсторски го усовршила криењето од полицијата. Но не ја бараат само претставниците на законот бидејќи таа чува тајни поради кои и моќници од високите општествени кругови би можеле да ја бараат нејзината глава.
Tајната што Кими ја крие може да смени сè.
-
Sale!
Дневникот на Бриџит Џонс
0300,00 денДали Дневникот на Бриџит Џонс е сензационална урбана сатира за модерните меѓучовечки односи?
Ироничен осврт за пропаѓањето на едно традиционално семејство?
Или, пак, едноставно конфузни чкртаници на една изнервирана триесет и нештогодишна девојка?
„Брилијантен потсетник за животот кога сте биле млада и немажена девојка во еден период од животот… Секоја жена која имала љубовни врски, работа и, секако, мајка, ќе ја чита оваа книга со громогласно смеење“ – Тајмс
-
Sale!
Бриџит Џонс: На работ на разумот
0300,00 ден7.15. Урааа! Годините на самотија се веќе зад мене. Цели четири недели и пет дена сум во функционална врска со возрасен маж, со што докажав дека не е вистина дека сум баксуз во љубовта како што се плашев претходно.
Вака почнува На раб на разумот, урнебесниот излет на Бриџит, во не толку секси реалноста на љубовните врски, во купот будалести теории од книгите за самопомош и во кариерата на телевизија. Онаму каде што завршува Дневникот на Бриџит Џонс, нашата омилена сингл-девојка конечно ја пронаоѓа вечната љубов, Марк. Но, набрзо открива дека нејзиниот човек не е толку идеален како што изгледа. Освен тоа што никогаш
не сака да оди на пазарење по самопослуги, Марк, по сè изгледа е заинтересиран и за отровната „медуза“ Ребека, со колкови како на младенче на жирафа и наклоност да ги презема туѓите дечковци.
„Фантастичниот успех на Бриџит Џонс не е само резултат на брилијантната духовитост на авторката и нејзината способност да ги прибележи комичните моменти во сите појави во современото општество туку и на тоа што таа успева да покаже што значи да се биде – ах, леле – жена… Филдинг своите опсервации вешто ги зачинува со хумор, ставајќи ги на хартија сите оние мисли што и нам ни паѓаат на памет, но досега не сме изговориле на глас.“ - Сали Емерсон, Дејли мејл
-
Sale!
Бриџит Џонс: Луда по него
0300,00 денШТО ДА ПРАВИШ кога другарка ти организира забава за својот шеесетти роденден на истиот ден кога твојот дечко полни триесет години?
ДАЛИ Е ПОГРЕШНО да лажеш за годините кога се забавуваш со некого на интернет?
ДАЛИ Е КОРЕКТНО да одиш на фенирање кога едно од децата има вошки?
ДАЛИ ДАЛАЈ ЛАМА твитува сам или неговите помошници го прават тоа во негово име?
ДАЛИ ТЕХНОЛОГИЈАТА е петтиот елемент денес? Или дрвото?
ДАЛИ ДА ЛЕГНЕШ СО НЕКОГО по два состанока и шест недели разменување СМС-пораки е исто како да стапиш во брак по два состанока и шест месеци пишување писма во времето на Џејн Остин?
Размислувајќи за овие и за други современи дилеми, Бриџит Џонс се соочува со предизвиците на самохрана мајка, твитување, СМС-пораки и повторно откривање на својата сексуалност во она што НЕКОИ луѓе грубо и старомодно го нарекуваат „средна доба“.
Долгоочекуваното враќање на обожаваниот лик, Бриџит Џонс: Луда по него е актуелен, нежен, трогателен, смешен, мудар и бескрајно духовит роман.
-
Sale!
Бебето на Бриџит Џонс
0300,00 денБриџит Џонс, нашиот омилен лик и светски феномен, е повторно со нас, но овој пат како трудница во романот „Бебето на Бриџит Џонс.“
Бриџит Џонс се наоѓа пред нејзината најважна животна улога. Во години е кога сите отстрана и велат дека биолошкиот часовник отчукува и мора да роди дете.
По низа смешни ситуации својствени само на неа, таа останува бремена – но не баш како што си замислувала цел живот. Во текот на бременоста се соочува со безброј сплетки, неверојатни моменти и хаос при прегледите на ултразвук и вежбите за подготовка за породување, но никогаш не ја напушта желбата за печени компири со ренданo сирење. А сепак, клучното и најнепријатно прашање што станува белег целата бременост е – кој е таткото?
Бриџит не би била Бриџит ако не нè насмее до солзи со сето она што и се случува, сета романтика, радост и очај, каде што секогаш на крајот нештата завршуваат на убав начин што предизвикува пријатни и позитивни чувства.
-
Sale!
Совршената дадилка
0300,00 денКога Мирјам одлучува да почне да работи наместо да остане домаќинка, таа и нејзиниот сопруг бараат совршена дадилка за своите деца. Никогаш не сонувале дека ќе ја најдат Луиз: тивка, љубезна, посветена жена, која умее да пее приспивни песни, го чисти нивниот стан во Париз, останува доцна без приговор и приредува прекрасни забави за децата. Но, како што парот и дадилката стануваат сѐ позависни еден од друг, љубомората, незадоволството и сомнежите се зголемуваат. Потоа, еден ден, две деца се убиени од eдна „совршена дадилка“! Градејќи напнатост со секоја страница, овој роман е возбудливо и храбро набљудувано истражување на моќта, класата, расата, семејството, мајчинството и лудилото! Во 2016 година романот ја добива наградата „Гонкур“ и набргу станува бестселер со над 450 000 продадени примероци!
-
Sale!
Со затворени очи
0350,00 денМакедонско издание на светскиот мегахит „Bird Box“! Во светот на иднината луѓето не смеат да гледаат за да преживеат! Има нешто, нешто страшно што не смее да се види! Со само еден директен поглед на дневната светлина, следува болна смрт! Никој не знае што е тоа или од каде доаѓа. Пет години откако сето ова започнува, остануваат само неколку преживеани, меѓу кои и Малори и двете деца со неа. Живеејќи во напуштена куќа близу реката, таа сонува да побегне на безбедно место. Кога момчето и девојчето ќе наполнат четири години, време е да заминат таму, но патувањето ќе биде застрашувачко: повеќе од триесет километри по течението на реката во чамец и со врзани очи! Еден погрешен потег и ќе ги проголта смртта. Човек, животно или чудовиште? Овој психолошки трилер ќе ве прогонува долго откако ќе го прочитате. Во 2018 година беше филмуван со Сандра Булок, Треванте Роудс и Џон Малкович во главните улоги!