-
Звукот на тишината
0320,00 денНинбург, септември 1960: Поствоена Германија, разбранувана со младински движења чии водачи се родиле во рушевините на војната, е средината во која младата Клара првпат влегува во средното училиште, кое ќе ѝ го промени животот. Девојка која се крие зад блокот цртежи со јаглен на кејот на реката Зале, која сака да остане незабележана од надворешниот свет, станува дел од необична дружина по име Еквилибриум, со која влегува во светот на политичките движења во Западна Германија. Низ целата приказна владеат мистеријата и сенката што ја обвиваат Клара, борбата со анксиозноста и депресијата кои ја следат откако Зaле ја зеде својата прва жртва, а играта на судбината ја впушта во потрага на исчезнато момче која ќе отвори нов свет исполнет со мистерија, љубов, измами, гнев и заборав. Приказна која плени со својата комплексност, проткаена со драма и романса, обвиена во мистерија со вклучени вистински историски настани – сите состојки потребни да создадат возбуда и тензија која ни еден читател нема да остави рамнодушен.
-
Дамски гамбит
0420,00 денОсумгодишното сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава. Така е сè додека не ја изигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат, размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола.
На 16-годишна возраст, таа веќе се натпреварува на „Отвореното првенство на САД“. Но, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попримамлива.
Роман на којшто е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на „Нетфликс“.
-
Речиси нормално семејство
0500,00 денРечиси нормално семејство е напнат роман за компромисите што ги правиме со самите себеси за да одговориме на очекувањата на нашите сакани.
Осумнаесетгодишната Стела Сандел е обвинета за свирепо убиство на еден повозрасен човек. За една обична тинејџерка од угледно семејство тешко е да се поверува дека го познавала сомнителниот бизнисмен, а уште потешко дека го убила.
Раскажана од перспектива на тројцата главни актери, оваа возбудлива драма ja става на тест издржливоста на едно семејство. Таткото, пастор, верува во невиноста на ќерка му, и покрај сѐ поголемиот број докази против неа. Мајката, адвокатка, верува дека никој не ја кажува вистината. Очајната ќерка верува дека никој не разбира на што сѐ е подготвена за да ги оствари сопствените соништа. А сите тројца сфаќаат дека тоа што ги сплотува не е љубовта: туку лагите.
Роман кој ги става на тест верноста и моралот. Дали сме обврзани да ги браниме членовите на сопственото семејство дури и кога знаеме за нивната вина? Дали сите се такви какви што се претставуваат? И што сме подготвени да ризикуваме за да ги зачуваме нашите животи какви што се?
„…Ремек-дело што не ќе можете да го пуштите од раце.“ – Волстрит џурнал
-
Синџирот
0500,00 денКога една мајка е мета на опасна група луѓе, таа мора да стори злосторство за да ја спаси својата киднапирана ќерка – или да ризикува да ја изгуби засекогаш. Тоа е приказната на овој „интензивен и оригинален“ трилер (Стивен Кинг), кој ги освои наградите „Бери“ и „Макавити“ и беше прогласен за најдобар роман на годината според ITWA.
Тоа е нешто што родителите го прават секое утро: Рејчел Клајн ја остава својата ќерка на автобуската станица и се упатува кон своите обврски. Но, еден повик од непознат број менува сè: тоа е повик од жена што ја информира дека Кајли е киднапирана и единствениот начин Рејчел повторно да ја види е да ги следи точно нејзините упатства, да плати откуп и да најде друго дете за киднапирање. Ова не е обично киднапирање: јавувачот е мајка, чиј син е однесен, и ако Рејчел не стори како што ѝ е речено, момчето ќе умре.
„Вие не сте први. И сигурно нема да бидете последни.“ Рејчел сега е дел од Синџирот, бесконечна и генијална шема што ги претвора жртвите во криминалци. Правилата се едноставни, моралните предизвици невозможни. Најдете ги парите брзо, пронајдете ја својата жртва и потоа извршете ужасен чин за кој сте мислеле дека не сте способни пред само дваесет и четири часа.
Но, она што го знаат умовите што стојат зад Синџирот е дека родителите ќе направат сè за своите деца. Kиднапирањето е само почеток.
-
Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер
0450,00 денПреоптоварена и потценета, на самохраната мајка Ејми Бајлер ù треба пауза. Па кога ќе се појави нејзиниот сопруг што ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк.
Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие.
Таа открива живот исполнет со култура, софистицираност, и со мала поддршка од пријателите – со неколку состаноци на слепо. Кога еден човек ќе предизвика срцето на Ејми забрзано да чука, таа ризикува комплетно да се изгуби во непланираното бегство. Како што летото се движи кон крајот, Ејми сфаќа дека треба да донесе невозможна одлука: да остане во ова возбудлиов ново поглавје од нејзиниот жиовт, или да се врати на животот што го оставила зад себе.
-
Книга за смеата и за заборавот
0360,00 денБогата во поглед на приказните, ликовите и имагинативниот опсег, токму Книгата за смеата и за заборавот е романот што на Милан Кундера му го донесува неговиот прв голем меѓународен успех кон крајот на седумдесеттите години на XX век. А, како што е тоа случај со сите негови дела, и овој роман е многу повеќе од неговите само и единствено историски импликации.
Во седум извонредно интегрирани делови, смеата и заборавот, феноменот на границата и многу други и груби и суптилни аспекти на човековото постоење се разгледуваат зголемени и намалени, се преуредуваат и се нагласуваат, одново се испитуваат, анализираат и искусуваат…
-
Незнаење
0250,00 денВо Незнаење, чиешто дејство се одвива во современа Прага, Милан Кундера ја обработува мошне сложената и секојпат емотивно набиена тема на егзилот и од неа го создава ова книжевно ремек-дело.
Маж и жена се среќаваат случајно додека се враќаат во својата татковина, која ја имаат напуштено дваесет години порано, кога решаваат да заминат во егзил. Дали ќе успеат да ја продолжат нишката на нивната чудна љубовна приказна, прекината речиси веднаш по почнувањето, по што се губи во приливите и одливите на историјата? Вистината е дека по толку долго отсуство, „нивните спомени веќе не се совпаѓаат“.
Кундера успешно „жонглира“ со овие вртоглави концепти на отсуството, сеќавањето, заборавот и незнаењето и ги претвора во материјал за роман, маестрално оркестрирајќи ги и од нив создавајќи ја оваа извонредна полифониска прозна целина.
-
Идентитет
0250,00 денИдентитет е еден од поновите романи на Кундера. Објавен е во 1997 година на француски јазик.
Делото претставува интересна анализа на еден пар, при што се занимава со идентитетот на мажот и жената воопшто, односно со прашањето колку и дали е неговата промена во одредени услови можна.
Секој следен пасус во овој кус роман открива нови стојалишта, аспекти, вистини околу идентитетот.
Дали можеме самите да го смениме својот идентитет? Дали промената на околностите во животот го менува нашиот идентитет на сопрузи, родители, љубовници…
-
Жак и неговиот господар : почест на Дени Дидро во три чина
0200,00 денВо 1971 година Кундера пишува драмски текст во којшто се раскажуваат авантурите на еден благородник и на неговиот слуга Жак. Поднасловот на текстот укажува дека драмата е почест на големиот Дени Дидро, особено на неговото дело Фаталистот Жак.
Оваа драма е многу успешна варијација на основните теми од тој роман и продлабочување на парадоксите на Дидро низ призмата на еден ироничен скептик од XX век.
-
Празникот на безначајноста
0200,00 денДа се фрли светлина врз најсериозните проблеми и, истовремено, да не се изусти ниту една сериозна реченица, да се биде фасциниран од реалноста на современиот свет и, истовремено, да се избегне целиот реализам – тоа е идејата, стожерот, срцевината на Празникот на безначајноста, последниот роман на Милан Кундера.
-
Бавност
0200,00 денОва е „најлесниот“ роман на Милан Кундера, своевиден дивертименто, неговата комична опера. Воедно, Бавност е и првиот негов роман напишан на француски јазик.
Истовремено резигниран и маѓепсан, читателот го следи раскажувачот на Бавност низ една летна ноќ во која две приказни на заведување, одделени меѓу себе со повеќе од двесте години, се преплетуваат и осцилираат помеѓу возвишеното и приземното, комичното. Во основата на оваа навидум слободарска фантазија се крие длабоко промислување на современиот живот, се разгледува и се анализира тајната врска помеѓу бавноста и сеќавањето, се фрла светлина на поврзаноста помеѓу желбата на нашата доба за заборав и начинот на кој му се предаваме на демонот на брзината…
Бавност е и приказна за „танчарите“ опседнати од страста да бидат видени, за кои животот не е ништо повеќе од постојана претстава испразнета од секаква интимност и каква било радост.
-
Златната топка и други раскази
0380,00 денДали се работи за гест на добра волја или, пак, злобна замка што го намамува Руперт Сент Винсент и неговото семејство на еден прекрасен имот? Колкав ли е очајот на Џојс Ламберт, сиромашна млада вдовица, чијшто единствен излез за подобар живот е да се омажи за човек кого го презира? Каква неочекувана околност ја разбранува поранешната лојалност на Теодора Дарел, неверна сопруга која штотуку е подготвена да избега со својот љубовник?
Во оваа збирка раскази, Агата Кристи, иако мајстор на крими-мистериите, нè води од чудни романтични сплетки, натприродни појави и класично убиство до нови инвентивни височини.
Збирката раскази „Златната топка и други раскази“, објавена во 1971 година, ги содржи петнаесетте најдобри раскази од други три збирки („Мистеријата на лорд Листердејл“, „Загарот на смртта“ и „Проблемот на Поленса Беј и други раскази“). Овие раскази изобилуваат со моменти на романса, мистерија и неизвесност и претставуваат вистинско задоволство за сите љубители на оваа куса наративна книжевна форма.
-
И не остана ниту еден
0380,00 денОсум луѓе, кои меѓу себе не се познаваат и немаат никаква врска еден со друг, се поканети да дојдат како гости на Војничкиот остров од страна на извесни г. и г-ѓа Овен. По пристигнувањето таму, дознаваат дека домаќините се отсутни, но тука се г. и г-ѓа Роџерс како нивна послуга. Отсечени од копното и во неповолни временски услови, што секако придонесува за една морничава атмосфера, секоја од овие личности ќе биде обвинета за сторено злосторство преку гласот на грамофонската плоча во текот на првата заедничка вечера. Дополнително, во секоја соба каде што се сместени гостите, како украс стои врамената детска песничка „Десет мали војници“ во која тие еден по еден исчезнуваат низ низа несреќни случаи. Што ќе се случува со гостите на островот кога стиховите од песничката ќе станат злокобна најава и за нивната сопствена смрт? Секоја страница од романот е исполнета со неизвесност, возбуда и брилијантен расплет.
Романот „И на крајот не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, се смета за ремек-дело на Агата Кристи. Воедно, таа изјавува дека ова е романот со кој и таа самата е најзадоволна како бил напишан. Инаку, оригиналниот наслов на ова дело е „Десет мали црнци“, кој на американскиот пазар фигурирал како „Десет мали Индијанци“, но во поново време за наслов на книгата е прифатен последниот стих од детската песничка.
-
Во 16.50 од станицата Падингтон
0380,00 денГоспоѓа Елспет Мекгиликади се враќа од пазарување во пресрет на божиќните празници со попладневниот воз од Падингтон. Удобно сместена на своето место во возот, задоволна со сè што купила, во еден миг станува сведок на грозоморно убиство. На несекојдневен начин, таа успева да забележи сцена во која гледа маж како ги стега рацете околу вратот на една жена, лице в лице со него, а тој безмилосно ја дави. Убиството што г-ѓа Мекгиликади го посведочува, всушност се одвива во друг воз што во тој момент бавно се разминува со нејзиниот воз. Но, мистеријата почнува кога нема да се пронајде мртвото тело на убиената жена и никој нема да поверува во приказната. Никој освен г-ѓицата Џејн Марпл, која нема да одолее на предизвикот да го реши овој необичен случај.
Романот „Во 16.50 часот од станицата Падингтон“, објавен во 1957 година, а исто така и повеќепати филмуван, е едно од попознатите дела на Агата Кристи со Џејн Марпл во детективска улога. Приказната се развива со необичен тек, а читателите од почетокот, па сè до крајот се во неизвесност за тоа како ќе се случи расплетот.
-
Мртво тело во библиотеката
0380,00 денЕдно рано утро полковникот Бантри и неговата сопруга Доли ги буди вознемирувачкиот глас на куќната помошничка, која им соопштува дека долу во нивната библиотеката има мртво тело. Иако не верувајќи, тие навистина наоѓаат мртво тело на една млада, силно нашминкана девојка облечена во вечерен фустан. Никој не знае која е таа и како воопшто се нашла токму во домот на Бантриеви. Тогаш, Доли ја повикува нејзината пријателка и аматер-детектив, госпоѓицата Марпл, за да помогне во откривањето на идентитетот на девојката и расветлувањето на ова убиство. Освен за овој случај, оваа кротка, но мошне прониклива старица, ќе успее да ù помогне на полицијата и при расветлувањето на уште еден случај на убиство, директно поврзано со првото убиство.
Романот „Мртво тело во библиотеката“, објавен во 1942 година, е необична приказна со многубројни меѓусебно испреплетени и живописни ликови, а како што велат и книжевните критики: „Не треба многу време за да се прочита ова дело, но двата случаи на убиство изобилуваат со толку мистерија околу нив, што нема да сакате да ја оставите книгата додека не се открие убиецот со помош на остроумноста и интуицијата на Џејн Марпл“.
-
Завеса : Последниот случај на Поаро
0380,00 денХеркул Поаро и капетанот Хејстингс повторно се наоѓаат во Стајлс корт, местото на нивната прва средба, каде што заедно го решаваат и својот прв случај на убиство, но овој пат средбата значи заокружување на нивната кариера во борбата против злосторствата и воедно нивно последно видување.
Иако остарен, неподвижен, со артритис и болки, навидум се чини дека Поаро внатрешно е потполно здрав, односно дека неговиот величествен ум сè уште совршено функционира. Но, откако ќе посочи дека во пансионот каде што престојуваат со Хејстингс има петкратен убиец, а сите гости се мирољубиви ликови, се поставува прашањето дали тој можеби веќе ја губи вештината за дедукција? Во секој случај, Поаро смета дека треба да се спречи ново убиство пред да се спушти завесата за крај.
Романот „Завеса: Последниот случај на Поаро“ е објавен во 1975 година, но е напишан многу порано, за време на Втората светска војна. Агата Кристи овој роман го пишува како подарок за нејзината ќерка и го чува во банкарски сеф повеќе од 30 години. Од литературен аспект, ова се смета за едно од нејзините најдобри дела, како еден мошне возбудлив, прониклив и вешто смислен заплет со драматичен крај.