-
ЗАВЕТОТ НА КОСКИТЕ
0500,00 денДоволен е само еден збор за да воскреснат духовите од минатото!
Бастанската трилогија продолжува со уште една маестрално раскажана приказна во чие средиште е непоколебливата инспекторка Амаја Саласар.
Една година по апсењето на Јасон Медина поради силување и убиство на паштерката, инспекторката од Регионалната полиција Амаја Саласар има уште една обврска пред да отиде на породилно отсуство – да присуствува на судењето на Медина. Ненадејно судијата објавува дека судењето се прекинува. Тоа предизвикува општа вознемиреност кај присутните, но судијата нема избор. Обвинетиот се самоубил во тоалетот и оставил мистериозна порака за Амаја, писмо со само еден збор: „Тарттало“.
Што крие мистериозната порака што упатува на мрачно суштество од баскиската митологија? За да ја открие вистината, Амаја повторно ќе мора да се соочи со своите стравови од минатото и да се врати во родниот крај, во кој истрагата ќе добие застрашувачки заплет.
-
ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ЗМЕЈ
0500,00 денКако и секоја година, и овој први ноември на поранешниот индустриски магнат Хенрик Вангер за роденден му пристигна необичен подарок – уште еден потсетник на таинствената случка од минатото, што претставува неподносливо време за старецот. Затоа сака да се обиде уште еднаш, пред смртта, да ја разреши мистеријата што го измачува со децении…Микаел Блумквист е еден од водечките шведски економски новинари и косопственик на магазинот Милениум. Познат е како бескомпромисен борец за расветлување на економските малверзации, со беспрекорна кариера и извонредна репутација. Кога ќе го осудат за клевета на еден бизнисмен, ќе се најде на животна и деловна пресвртница. Токму тогаш ја добива неочекуваната понуда од Хенрик Вангер… Бледа и со анорексичен изглед, истетовирана, со речиси избричена глава, со пирс на носот и на веѓата – Лизбет Саландер е најдобриот истражувач во една престижна стокхолмска фирма за обезбедување. Патиштата на познатиот новинар и на оваа мистериозна девојка се вкрстуваат, и не само што ќе се соочат со мистеријата од минатото туку и со аномалиите на современиот општествен поредок, што доведува до изразување на најлошите човечки особини.
Најголемиот шведски феномен од времето на групата АББА. Пипл
Замислете си ги филмовите на Ингмар Бергман вкрстени со романот Кога јагнињата ќе стивнат на Томас Херис. Ју-ес-еј тудеј
-
Список за душа
0420,00 денЛетниот распуст на 17-годишната Аби Тарнер не се одвива според нејзините планови. Таа чувствува нескриена наклоност кон нејзиниот најдобар другар Купер. Исто така, не може да се справи со растечката анксиозност на мајка си. Згора на тоа, ја одбиваат да учествува на уметничка изложба затоа што нејзините слики ,,немаат душа”. Па, кога добива нова шанса да го претстави своето ликовно творештво, се чини дека Аби ќе ја пропушти и таа можност.
Во меѓувреме, на сцената стапува списокот.
Себеси си дава период од еден месец за да направи десет нешта, на пример, да се соочи со страв (бр.3), да ислуша приказна на непознат човек (бр.5) … да се вљуби (бр.8). Аби верува дека ако ги искуси овие нешта – ќе прерасне во уметникот што отсекогаш посакувала да стане. Но, како што наближува крајниот рок, Аби сфаќа дека мисијата не е лесна како што и се чинело и дека, веројатно, не може да ја промени својата уметност ако не е подготвена да се промени себеси.
-
ПСИХОКИБЕРНЕТИКА
0450,00 денЗа првпат објавена во 1960 г., Психокибернетика до ден-денес го држи приматот на бестселер со продадени над триесет милиони примероци во светот. Се смета за авторитетно дело во областа на личниот развој од кое инспирација црпат многу експерти, како Зиг Зиглар, Тони Робинс и Брајан Трејси. Нејзините ефикасни методи ги применуваат генерации врвни спортисти, претприемачи, студенти и обични луѓе, кои откриле дека успехот не само што е возможен туку е и зачудувачки лесно достижен.
Работејќи како врвен пластичен хирург, Молц открил дека на своите пациенти не им го менува само ликот туку и внатрешното Јас. Во оваа книга тој за првпат ја дефинира поврзаноста меѓу умот и телото, воведувајќи го позитивниот став како средство за промена. Психокибернетика ви покажува како да ја подобрите сликата за себе, ви нуди вежби за релаксација и визуализација, ви помага да ги отстраните емоционалните лузни, да направите емотивен лифтинг – и да ги достигнете успехот и среќата што ги посакувате.
Среќата и успехот се навика; истото важи и за неуспехот и сожалувањето. Но вие можете да ги смените негативните навики со неверојатната моќ на психокибернетиката!
-
ПАТОТ КОН ВЕЛИЧЕСТВЕНОСТА – книга 2
0400,00 денВо ова продолжение на светскиот бестселер Патот кон величественоста, Робин Шарма нè запознава со филозофијата на животот и ни ги пренесува своите техниките со чија помош станал еден од најценетите советници за прашањата на лидерството и на личниот успех. Во овој неверојатно инспиративен водич ќе пронајдете 101 едноставна, но моќна лекција која ќе ви помогне го подобрите секој аспект од својот живот и со тоа да достигнете светска класа во работата и во животот, да научите како да остварите вчудовидувачки успех, да ги пронајдете неопходната инспирација, страст и елан, да станете исклучителни, да откриете како да бидете среќни и подобро да се забавувате, храбро и вешто да ги надминете тешките времиња и да ги поедноставите професионалниот и личниот живот.На страниците на оваа книга ќе најдете и невообичаени совети што ќе ви влеат енергија и елан. На пример: „Бидете толку добри што нема да можат да ве игнорираат“, „За да добиете – барајте“, „Живејте возбудлив живот“…„Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што на луѓето навистина им го менуваат животот“. Ричард Карлсон
-
Уметноста на едноставното живеење: 100 секојдневни вежби од јапонски зен-монах
0350,00 денПреку јасни, практични и лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење.
Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта…
Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо.
Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.
-
ВО ВОРТЕКСОТ НА ОСТВАРЕНИТЕ ЖЕЛБИ
2650,00 денБЕСТСЕЛЕР ОД АНА БУЧЕВИЌ, НАЈЗНАЧАЈНАТА БАЛКАНСКА АВТОРКА НА МОДЕРНА ПСИХОЛОГИЈА И МОТИВАЦИСКИ ГОВОРНИК БРОЈ 1!
Креирајте ја сопствената стварност со помош на Законот на привлекувањето и станете сведок на чудата во својот живот
Знаеме ли кои сме, всушност? И што е животот? Кога ќе се потсетиме на еден закон на кој заборавиле да нè научат во училиште, сè добива сосема друга смисла. Тоа е Законот на привлекувањето, кој е тука и дејствува. СЕКОГАШ. Прашање е само дали сме свесни за тоа.
Сите сме креатори на сопствениот живот, само некој го креира свесно, а некој несвесно. Сите имаме добиено дарба со која ќе знаеме дали сме на добриот пат или малку сме скршнале од него. Таа дарба се нашите емоции. Тие се наш водич и показател на нашите мисли, кои се креативни. Емоциите ни зборуваат какви ни се мислите и што ќе привлечеме во својот живот.
Постојат алатки и методи што ги користиме и тогаш животот добива сосема друга смисла зашто почнуваат да се случуваат ЧУДА! Чудата се основа на животот! И, ако во вашиот живот не се случуваат чуда, некаде грешите… Можете да привлечете пари, здравје, љубов, изобилство и среќа…
Можете да бидете и да имате сè што ќе посакате затоа што и сте дошле на овој свет за да искусите кои сте навистина! КРЕАТОРИ НА СОПСТВЕНАТА СТВАРНОСТ! -
БИДИ И ИМАЈ
0650,00 денСо промена на вибрациите до финансиска слобода!
Ова не е обична книга за парите, ова е необична книга за парите.
Ова е духовна книга за парите бидејќи парите се дел од духовноста.
Само нè убедувале дека не се. Нè убедувале дека не смееме да ги сакаме или да ги имаме. Оваа книга може да ви помогне да сфатите дека не е така. Дека сме дојдени како духовни битија во материјалниот свет за да можеме да го живееме балансот меѓу духовното и материјалното. Но дека прво поентата е да БИДЕШ за да можеш да ја живееш сета убавина и да ИМАШ.
ИМАЈ ќе биде ваша награда за БИДИ. Ова е книга што ќе ги освести вашите негативни програми за парите, која ќе ви помогне да ги промените вашите убедувања што не ви служат, која ќе ве воведе во методите со кои ќе ја менувате својата вибрација кон парите и која ќе стане ваш сопатник во практиката на патот до остварување финансиска слобода. Вреди да бидете возбудени бидејќи, штом ќе поверувате во она што ќе го прочитате овде и ќе станете доследни во практичната примена на наученото, финансиското изобилство и слобода ќе станат дел од вашата реалност.
А слободата е најголемиот подарок што можете да си го подарите себеси.
-
Сестрите Романови
0550,00 денПриказна за историска вистина, за изгубените животи на ќерките на царот Николаj и Александра.
17 јули 1918 година. Четирите девојки се симнале по дваесет и трите скалила во подрумот на една куќа во Екатеринбург. Најстарата имала дваесет и две години, најмладата седумнаесет. Заедно со родителите и со тринаесетгодишниот брат, сите четири се бездушно убиени. Виновни се за тоа што биле ќерки на последниот цар и царица на сите Руси.
Во книгата „Сестрите Романови“ познатата авторка на биографии, Хелен Рапапорт, им нуди на читателите досега најавтентична приказна за големите кнегињи Олга, Татјана,
Марија и Анастасија. Црпејќи материјал од нивните необјавени писма, дневници, документи од приватни архиви, насликала впечатлив портрет на нивниот живот во последните денови од династијата Романови. За првпат нивните животи се прикажани од детството, па сè до младешките вљубувања, прикажани се нивните сништа, надежи и напорниот
соживот со нивната болна мајка и братот хемофиличар, потоа и траумите што им ги носи Револуцијата.„Хелен Рапапорт насликала привлечен портрет на проколнатите големи кнегињи.“ – Пипл магазин
„Едноставно неверојатно… Вака треба да се пишуваат историските книги.“ – Алисон Вир -
ЖЕНАТА СО ЦРВЕНИОТ БЕЛЕЖНИК
0300,00 денЕдна ноќ, во една пуста улица во Париз, додека Лора се обидува да ја отклучи влезната врата на зградата во која живее, некој ја напаѓа и ѝ ја краде чантата. Утредента ја наоѓа Лоран, оставена врз една канта за ѓубре близу неговата книжарница.
Во чантата нема никакви лични документи, само вообичаени женски дреболии, но и неколку предмети кои откриваат многу за карактерот на својата сопственичка: позлатена запалка, црно пенкало „монблан“, клучеви на плочка со изгравирани хиероглифи, стара шнола за коса со платнен цвет, два зара, четири стари фотографии… и еден црвен бележник испишан со нејзиниот елегантен ракопис. Читајќи ги тајните мисли, стравови и желби на непознатата жена, Лоран почнува да се вљубува во неа. И додека таа лежи во болница со повреда на главата и изгубено памтење, тој се претвора во вистински детектив за да ја открие мистериозната сопственичка на чантата со слезова боја..
-
МОЌТА НА АФИРМАЦИИТЕ
0280,00 денВие имате моќ да го промените својот живот! Зашто во себе веќе ги носите алатките потребни за тоа. Тие алатки се вашите мисли и убедувања. Со нивна помош ќе го победите стравот и ќе ја зголемите самодовербата; ќе се ослободите од стресот и ќе станете поздрави; ќе постигнете деловен успех и ќе стекнете пари и благосостојба; ќе се исполните со благотворна љубов кон себе и кон другите, ќе уживате во пријателството и интимноста!
Само размислувајте позитивно – ете колку е едноставно! И што е уште поважно, тоа е изводливо. Кога ќе почнете да ги применувате афирмациите, ќе бидете сведоци на мали чуда во своето постоење. Сѐ што сте подготвени да отстраните од својот живот, ќе исчезне само по себе. Сѐ што посакувате, ќе почне да се појавува навидум од никаде. Ќе бидете наградени така како што никогаш не сте можеле да замислите!
-
ЖИВОТ
0280,00 денЖивот, осврт кон вашиот животен пат е длабоко медитативна, инспиративна и над сè возбудлива книга полна со оптимизам. Таа ќе ви помогне да препознаете и да решите многу значајни прашања со кои се среќавате на својот животен пат. Како и секогаш, Лујза Хеј се занимава со најважните теми – детството и растењето, себеприфањето, врските, работата, здравјето, духовноста, стареењето, смртта… Искрено човечки и со едноставни зборови, таа ви помага на најдобар начин да се соочите со проблемите, стравовите и предизвиците низ кои секојдневно поминувате, и ви нуди ефикасни решенија за нивно надминување.
Без оглед на тоа со какви пречки се соочувате на својот животен пат, Лујза Хеј постојано ве потсетува дека величествениот, восхитувачки, на моменти застрашувачки или комичен феномен што ќе го искусите од мигот на раѓањето до мигот на заминувањето од оваа наша прекрасна планета, е всушност ЖИВОТОТ. Уживајте во неговото чудо!
-
ПАРФЕМ
0350,00 денВо Франција, во 18 век, под тезгата на еден смрдлив пазар, светлината на денот ја здогледува едно необично дете, Жан-Батист Гренуиј. Роден без никаков телесен мирис, но надарен со прекумерно истанчен нос, Гренуиј се издига од калта на Париз до најсовршените сфери на духот, до царството на опојот. Опседнат со идејата да создаде совршен парфем од нејпрефинетите девојчински мириси, што ќе го направи целосно човечен, Гренуиј се претвора во ладнокрвен убиец…
Во историјата на создавањето на еден парфем Зискинд вложува многу подлабока смисла. Стремежот кон апсолутното, причините и последиците на творечката генијалност… Тешко може да се одолее на оваа ужасна и истовремено прекрасна приказна за еден монструм кој го има најпрефинетиот нос на светот.
Парфем е есенција на вистинската литература. Напишан во блескав класичен манир, ритмичен, живописен, ироничен, поинаков од масовната литературна продукција, овој литературен трилер со години е на самиот врв на европската интелектуална проза.
-
СРЦЕТО Е ТУПАНИЦА
0300,00 денЕден ден учениците добиваат необична задача – секој од нив да подготви проект за еден орган на телото применувајќи ги знаењата од повеќе школски предмети. Одеднаш, сите се будат од апатијата. Пишуваат имејлови до градската болница, ги проучуваат симптомите на болестите, преслушуваат музика, прелистуваат книги… Во потрага по информации, Алине, новото девојче во одделението кое не разговара со никого, сè почесто се среќава со Оливер во болницата, каде што на кардиологија лежи татко му, со синдром на скршено срце по разводот. Алине го избира токму срцето – големо колку тупаница, но толку моќно што ја движи целата наша машинерија.
Оливер, пак, го избира окото, камерата на нашето тело, органот кој го снима филмот на нашите животи. И признавајќи си дека се вљубил во Алине, сфаќа колку голема вистина има во она што го кажува Малиот принц, во нејзината омилена книга: „Човек може вистински да гледа само со срцето. Најважното е невидливо за окото“. Роман за првата љубов, детски чиста и малку срамежлива, и за храброста што таа ја дава за победа над стравот од другите, за надминување на мачните семејни ситуации и осаменоста на младиот човек во овој отуѓен свет.
-
Океј сме
0350,00 денМарин не прозборела со никој од нејзиното минато од моментот кога го остави зад себе. Никој не ја знае вистината за тоа што се случило во последните недели. Дури ни нејзината најдобра другарка Мабел. Но, и илјадници километри подалеку од брегот на Калифорнија, на колеџот во Њујорк, Марин сè уште го чувствува влечењето на животот и трагедијата што се обидува да ги преброди.
Сега, месеци подоцна, сама во празен студентски дом во текот на зимскиот распуст, Марин чека. Мабел ѝ доаѓа во посета, а таа ќе биде принудена да се соочи со сè што премолчила и конечно да ѝ се спротивстави на осаменоста што се вдомила во нејзиното срце.
-
Без сон: шест смртоносни раскази
0300,00 денКултната ,,кралица на кирми-приказните”, П.Д. Џејмс, е вистинска господарка на својот занает, преплетувајќи мотиви од златната доба на крими-расказите со сериозни психолошки анализи и притоа создавајќи возбудливи и тензични приказни.
Не е секогаш толку важно кој е убиецот. Понекогаш, мистеријата е во прашаето зошто или како е направено убиството. А, што се случува со оние што минуваат незабележано, оние што успеале да го испланираат и да го изведат совршеното убиство?
Оние што откриваат, но молќат за тоа, оние што препознаваат, но не соопштуваат? Во шесте раскази преставени во оваа книга ќе пронајдете токму вакви мотиви. Тоа се раскази во кои низ спомени, низ мисли и низ соништа, се доближуваме до мотивите, причините и последиците на убиствата.
П.Д. Џејмс мајсторски ја создава оваа кратка наративна форма, со внимателно осмислени приказни, трпеливо изведени мотиви, убедливи сценарија и прецизни дејства со пресврт што навистина ќе ве остави без сон.