-
Силјан штркот
0150,00 денВо село Мало Коњари имаше еден чоек многу чесен и кроток, на име Божин.
Тој имаше само еден син на име Силјан; имаше Божин и една ќерка.
Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синои Божиноj само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.
-
-
Кој владее со светот?
0360,00 денВо оваа продорна и темелна анализа на актуелната меѓународна ситуација, Ноам Чомски истражува како, и покрај подемот на Европа и Азија, САД сè уште ги одредуваат глобалните текови. Повикувајќи се на најразновидни примери, од американското инволвирање во Куба до санкциите против Иран, Чомски ни покажува како декларациите за слобода и демократија честопати не се согласуваат со акциите во вистинскиот свет. Покрај ова, обрнува внимание на изборот на Трамп и што тоа зборува за американското општество.
Книгата „Кој владее со светот?“ е жесток напад врз светогледот презентиран од мејнстрим медиумите и како таков е неизоставно четиво за секој што сака да знае повеќе од новинските наслови.
-
Оди, постави стражар
0700,00 денЕдна брилијантно напишана книга за американскиот Југ, за една млада жена која спознава дека нејзиниот татко не е совршен, не е бог.
Јунаците може да паднат, а понекогаш тоа е и неопходно.
„Оди постави стражар“ е книга за паднатите идоли и за одземањето на илузиите. Книга за промената и за тоа колку им е на луѓето тешко да се разделат од своите идентитети и да продолжат понатаму, кон иднината.
А чуварот на секој човек е токму неговата совест.
-
-
Упатство за употреба на креативниот ум
0300,00 денКреативноста е обвиена со толку голема мистика. На старите Грци тоа им било магично тоа им било толку магично, што моментот на инспирација го препишале на музите, наместо на луѓето.
Оваа книга ја открива креативноста како процес. Покажува дека пред да бидете погодени од молњата на креативниот гениј, треба да следите неколку чекори. Ви покажува како да ги подготвите вашите мисли за да дојдете до идеи. Исто така, таа ви нуди и одредени техники како помош при различните пристапи кон проблемите.
Дејв Бирс е поранешен креативен директор во адвертајзинг. Сега го води ,,Адитив” (Additive), бизнис чија цел е да го инспирира и поттикне маркетинг светот. Тој, исто така, е и домаќин на подкастот ,,Фјучр оф адвертајзинг” (Future of Advertising), држи говори на настани ширум светот, работи како ментор во ,,Скул оф комуникeјшн артс” (School of Communication Arts) и го дава својот мозок под наем на компании што сакаат свежи идеи. Подготвува и други книги.
-
ЕДИНАЕСЕТ МИНУТИ
0350,00 денЕдинаесет минути е роман што предизвика бурни реакции во светот. Тоа оттаму, што Пауло Коелјо за првпат пишува книга за сексот: главниот лик е младата Бразилка Марија, која во потрага по среќата станува проститутка. Иако изобилува со еротски сцени, Единаесет минути всушност ја воспева љубовта, вечната потрага по себеси преку средбата со другиот. Некои книги ни помагаат да мечтаеме, други нè потсетуваат на стварноста, а оваа книга на Коелјо порачува: не минувајте само така во животот, танцувајте низ него!
-
Во еден момент
1240,00 денЛиза и Артур можат да се видат само еднаш годишно. Тој целиот живот го поминува барајќи ја… А таа својот чекајќи го… Лиза сонува за тоа да стане актерка. За да ги плати студиите, работи како келнерка во еден бар на Менхетн. Една вечер таму го запознава младиот доктор, Артур Костело и нејзиниот живот се менува од корен. Артур ќе направи се за да ја освои Лиза. Во градот полн со неочекувани пречки, на сите начини ќе се обиде да дојде до неа. Но, Артур не е обичен маж – тој на Лиза и ја открива вистината што го спречува да создава иднина со неа : неверојатна, a пореална и од самиот живот. Во Њујорк каков што се уште не сте го запознале, Артур и Лиза ќе мораат да ги обединат своите сили за да побегнат од стапицата пострашна и од најлошиот непријател: времето.
-
Убиството на теренот за голф
0290,00 денИтен повик за помош го носи Херкул Поаро во Франција. Но тој стигнува предоцна за да го спаси клиентот, чие брутално избодено тело сега лежи со лицето надолу во плиток гроб на теренот за голф. Но зошто мртовецот носи мантил што е преголем за него? И за кого било наменето страсното љубовно писмо што се наоѓа во неговиот џеб? Пред Поаро да може да одговори на овие прашања, случајот се превртува наопаку поради откривањето на второ тело убиено на идентичен начин.
-
Без излез
0270,00 денДодека брза да се врати дома на празниците, Дарби Торн поради снежната бура е принудена да скршне од патот и да запре на едно одморалиште среде планините во Колорадо. Додека ја поминува ноќта со четворица сосема непознати луѓе, сосема случајно здогледува едно девојче заклучено во еден од паркираните автомобили.
Одеднаш свесна дека се наоѓа во голема опасност, Дарби се прашува:
Кое е тоа девојче?
Зошто е киднапирано?
Како да му помогне на беспомошното девојче кога нема сигнал на мобилниот телефон и кога не може да го продолжи патот поради снегот?
Кој од преостанатите патници го киднапирал ова дете?
И, што е најважно, кому, воопшто, може да му верува?
Напнатоста расте со секоја нова страница во највозбудливиот трилер што ќе го прочитате оваа година. -
Сребрениот куфер
0480,00 денВо 1939 година, кога Канада е пред влегување во Втората светска војна, седумнаесетгодишната Корнелија се справува со смртта на мајка си. Како што надоаѓа нова трагедија што ù дава уште повеќе причини за да ја негира верата на своите родители, се појавува неочекуван посетител кој ќе го смени текот на нејзиниот живот. Сама, со тешко бреме и уште поголема тајна, таа носи одлука што ќе ја прогонува низ целиот живот. Настаните од овој бурен период единствено ќе му ги довери на својот дневник, кој ќе ù биде замена за пријател и за молитва. Многу децении подоцна, внуката на Корнелија, Бенита, минува низ лична криза, доживувајќи неколку загуби во само една недела, вклучувајќи ја и смртта на саканата баба. Емоционалниот и финансиски стрес што следува си го зема данокот од нејзиниот сопруг Кен, кој е невработен. На работ на развод, таа го открива дневникот на Корнелија. Со помош на дневникот, Бенита ќе појде на неочекувано патување што ќе ù донесе радост, исцелување и верба.
-
Солунска 28
0480,00 денД-р Неле Карајлиќ со својата дебитантска книга „Фајронт во Сараево“ најави дека е писател на кој сериозно треба да се смета. Тоа го потврди со својот прв вистински роман „Солунска 28“.
Приказната за едно семејство почнува на почетокот на 20 век кога Живота, кој бега од Прахова, и Босилка, која бега од Австро-Унгарија, се среќаваат во Белград, решаваат да почнат заеднички живот и да основаат семејство. И до ден-денес, и покрај војните, бомбардирањата, пожарите, болестите, промената на режими, национализацијата, приватизацијата и другите потреси, куќата на Живота во Солунската улица го има истиот тој број 28.
Спојувајќи ги најдобрите состојки на јужноамериканскиот магиски реализам и сараевскиот нов надреализам, д-р Карајлиќ ни раскажува за историјата на една куќа во дорќолската улица и нè води во просторот од другата страна на огледалото, на тромеѓата на животот, смртта и вечноста.
-
Аутизам: Да се биде професионален родител
0500,00 денОва е прва од серијата мали книги Аутизам: Да се биде професионален родител, во која Богдашина го споделува она што го има научено и го учи за аутизмот. Првиот дел од оваа серија (Истражување на сензорниот свет на аутизмот) опфаќа голем број сензорни перцепциски прашања и дава идеи и совети, што ќе ги инспирира и информира оние што живеат или работат со аутистични деца. Книгата е особено наменета за родителите со деца со аутизам и ќе ги насочува низ најситните детали, не само во живеењето туку и во успехот – заедно со нивните деца со аутизам. Книгата содржи 12 поглавја, а секое поглавје опфаќа лична приказна, во која се претставуваат еден или два сензорни проблеми, кои се чести кај аутизмот, информации и истражувања поврзани со темата обработена во првиот дел, како и објаснувања на појавите, практични совети и дополнителни информации. ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ЗАСЛУЖУВААТ ДА БИДАТ СЛУШНАТИ. ТИЕ ИМААТ ПРАВО НА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ, СООДВЕТНО ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАВИЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО. КУПУВАЈЌИ ЈА ОВАА КНИГА ВИЕ ДАВАТЕ СКРОМЕН ПРИДОНЕС КОН ОСТВАРУВАЊЕТО НА ОВАА ЦЕЛ: СРЕДСТВАТА ОД ПРОДАЖБАТА ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО ,,СИНА СВЕТИЛКА“, ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА ЛИЦАТА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ.
-
Проектот Роузи
0390,00 денМожеби вистинската љубов навистина може да промени еден маж…
Љубовта не е егзактна наука. Но пробајте да му го кажете тоа на Дон Тилман! Кога
овој триесет и девет годишен генетичар ќе се одлучи да ја пронајде својата совршена
партнерка, неговиот предизвик се претвора во проектот Сопруга. Навидум доволен е само еден прашалник од шеснаесет страници за да се елиминираат сите погрешни кандидатки. Но Роузи е совршената „погрешна” кандидатка. Како и успева да внесе хаос во беспрекорно уредениот живот на Дон?
Проектот Роузи е современа бајка раскажана заводливо и шармантно, привлечно и сомногу хумор. Обидете се, заедно со Дон, да проверите дали животот почнува да се случува само тогаш кога ние ќе му дозволиме.
-
Паника
0380,00 денМедицинската сестра Вера се наближува кон четириесеттата година од животот и почнува да ја фаќа паника дека најубавото во животот веќе ѝ поминало.
Нејзиниот маж е досаден, ќерка ѝ не ја слуша, работата ѝ е сведена на рутина… нема возбудувања на видик. Згора на сè, еден гатач ѝ открива дека постои маж кој размислува за неа, но не се осудува да ѝ пријде.
Вера почнува да верува дека само љубовта е излез од неподносливата ситуација и одлучува да скршне од патеката на брачниот живот. Но, на патот на сопственото будење, таа мора да совлада и некои компликации…
Во својот роман „Паника“, популарната словенечка писателка, актерка и ТВ-водителка, Деса Мук, пренесува современа приказна за потрагата по среќа, при што смеата и солзите неочекувано брзо си ги заменуваат местата.
-
Шарени страници
0250,00 денОвој комплет се состои од повеќе разновидни содржини, кои на вашето дете ќе му овозможат да ја зголеми својата концентрација, да ги подобри своите логички вештини и да ја развие својата креативност.
Замислени како активности кои се прават во тишина, овие шарени страници се практични при патување, на одмор, или во кој било миг од денот кога детето сака мирна и индивидуална игра.