-
Приказната за зајaчето Питер
0118,00 ден„Приказната за зајaчето Питер“ напишана и илустрирана од Беатрикс Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи.
„Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвременски книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот.
-
Совршена дремка
0500,00 ден„Совршена дремка“ е сликовница со големи шарени илустрации и една забавна приказна за неколку животни од џунглата.
Сè започнува со ветувањето на ракунот дека ќе го разбуди јагуарот од неговата попладневна дремка, за да не се успие. Да ветиш некому дека ќе го разбудиш од спиење е голема одговорност, но тука малку се комплицираат работите. Ќе успее ли ракунот да го одржи ветувањето?
-
Девојчињата можат сè
0280,00 денДевојчињата ги има во сите форми и бои.
Тие нè воодушевуваат и нè радуваат.
Тие постојано нè изненадуваат.
Девојчињата можат сè,
што и да посакаат – веднаш.
А ако си девојче…
…и ти можеш исто – повеќе од еднаш!
Дали сакаш да освоиш врв на некоја планина? Или да возиш пожарникарско возило? Да станеш премиерка на држава? Придружи им се на девојчињата на страниците на оваа книга за да ги видиш неверојатните нешта што тие ги прават секој ден – и откриј што би сакала да правиш ТИ!
Сликовница за сите што имаат сон.
-
-
Кралица/Чудовиште
0250,00 денСимпатична шаренолика сликовница, којашто може да ја читате од два правци!
На едната страна од книгата, ќе ја најдете приказната за едно мало девојче, Варја, која одлучи да стане кралица. Од друга страна, можете да ја прочитате приказната за момчето по име Гал, кое одлучи да стане чудовиште.
Дали двете приказни ќе се сретнат на средина од сликовницата?
-
Приказна за бојата
0250,00 денСонување во облаци. Одење по месечина. Летање. Слободно зачекорете во светот на фантазијата преточена во цртежи што ќе ве релаксираат и мотивираат. „Приказна за бојата“ е оригинална македонска боенка за возрасни и содржи 106 страници, кои ја поттикнуваат креативноста и се одлична можност за будење на уметничкиот дух и за пополнување на слободното време.
-
Мама
0690,00 денМама. Еден од првите зборови на светот. Единствено име, што го носат милијарда жени. Еден збор што искажува љубов, нежност, поврзаност, а некогаш и празнина. Има толку мајки колку што има деца. Сепак, на сите континенти, кога ќе го земат своето бебе в раце, сите мајки си личат.
-
-
Приказната за мачето Том
0118,00 денУбавка Трепетковска, една вистинска госпоѓа мачка, покани гости на чај. Пред да дојдат гостите, таа ги искапе, ги исчешла и ги облече во отмени алишта нејзините три мали мачиња: Ракавичка, Метличка и Мачето Том. Но, г-ѓа Убавка Трепетковска направи една гооолема грешка – ги испрати мачињата да си поиграат надвор во дворот додека да пристигнат гостите. И како што можете да претпоставите, тие западнаа во секакви неволји…
„Приказната за мачето Том“ од Беатрикс Потер е забавна приказна, но и поучно четиво за малите и не секогаш послушни палавковци.
-
Приказната за Бенџамин Зајчевски
0118,00 ден„Приказната за Бенџамин Зајчевски“ е приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин.
Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка!
-
Три шарени јајца и една лоша маца
0180,00 денНајново за најмалите! Картонска сликовница „Три шарени јајца и една лоша маца“. -
Волшебна ноќ во шумата
0180,00 денНајново за најмалите! Картонска сликовница „Волшебна ноќ во шумата“. -
Дружината на борот и други приказни
0290,00 денПет прекрасни, топли, весели и необични приказни за деца:
,,Приказна за Големиот бор, мачката Тигра и другите животни”,
,,Бротчето кое не сакаше море”,
,,Принцеза-приказна со три краја”,
,,Приказна за кралот Мрчало” и
,,Куса принцеза-приказна со дијалог и кула”.
-
Игра со именки
0180,00 денСо оваа шарена сликовница во рима, ќе влезете во игривиот свет на именките.
Преку прекрасните слики и зборовите во боја, ќе научите како да ги препознаете и како да ги употребите.
Именките навистина лесно се учат и лесно се помнат!
Со среќа!
-
Сечи-лепи 2
0250,00 денВо овој комплет ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми.
Со усовршување на вештината за користење ножички, се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.
Забавувајте се и креирајте заедно!
-
СКРИЕНАТА ДОЛИНА
0200,00 денБиби и Боби тргнуваат во нова авантура, верувале или не, во местото наречено скриената долина! А какви се жителите на скриената долина и кое и какво е нивното ново другарче Алфеј, ќе откриете во оваа сказна….