-
Стела, Сани и фамилијата Фламингоси
0250,00 денШшш!
Некој доаѓа во кампот на Стела и Сани.Кој би можел да биде?
Тоа е мрзливата фамилија Фламингоси! Никој не би рекол дека од членовите на ова ново
друштво може толку многу да се научи.
И сè одеше супер, сè додека не се успа Месечината.
Ќе се сети ли некој да ја разбуди?
-
Размислувај како Шерлок Холмс
0360,00 денНа половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Шерлок Холмс е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња
-
Размислувај како Леонардо Да Винчи
0360,00 денНа половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Леонардо да Винчи е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот и полиедричниот генијалец на сите времиња.
-
Размислувај како Алберт Ајнштајн
0360,00 денНа половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Алберт Ајнштајн е патување низ раскажување, активности и игри со коишто ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.
-
Размислувај како гениј
0360,00 денНа половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размилсувај како гениј помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развива имагинацијата и креативноста
-
Кој сум јас? – Животни од шумата
0170,00 денИнтересни загатки и изненадувања на секоја страница. Одличен начин за дечињата да ги научат животните и нивните главни карактеристики.
-
Исидора Мун и ѕвездата паѓалка
0350,00 денИсидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.
Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.
Исидора учи за вселената на училиште. Една ноќ здогледува ѕвезда паѓалка што паѓа од небото и запознава нова светлечка другарка. Таа се вика Нова и не требалo да падне на Земјата. Што е уште полошо, го загубила своето месечево мачорче Плутон!
Може ли Исидора да ù помогне на Нова да го најде загубеното мачорче пред да се врати дома?
-
Мојата срцевидна книга – Магијата на малата самовила
0130,00 денМали срцевидни книги за најмалите девојчиња!
-
Мојата срцевидна книга – Лола ја сака ѕвездата
0130,00 денМали срцевидни книги за најмалите девојчиња!
-
Мојата срцевидна книга – Магијата на малата сирена
0130,00 денМали срцевидни книги за најмалите девојчиња!
-
Кошница со овошје
0270,00 денКонцептот на оваа сликовница е љубовта кон овошките, љубовта кон баба и најблиските. Барајќи ги бројките меѓу страниците ги вежбаме малите очиња и ја поттикнуваме имагинацијата. Зборуваме за здрави навики и преку прошетка на пазарот ви пренесуваме шаренило од бои и убавини. Андреј ве води низ оваа сликовница, а вие најмали-најмили уживајте!
-
Сирената со очила
0350,00 денАтланта живее во светилник на мал остров на крајот на светот. Кога не разговара со Камила, селската учителка, или не ги слуша џез-плочите на татко си, нејзиниот поглед е упатен кон бескрајниот хоризонт на морето. Меѓутоа, еден ден, на Ветровит Камен пристигнува чуден гостин, кој ќе ја поведе во авантура на која можат да ѝ позавидат дури и славните морнари, предци на девојчето…
Јунаци во романот на Маќаш Дунајчик се мистериозни птици, духови светски патници и вљубени китоловци.
-
Ова е твое
0600,00 денОд сè на светот, најмногу сакам да цртам. Но листот хартија е претесен за мене.
Кога почнува да врне толку силно што ги брише детските цртежи на асфалтот, се појавува еден човек. Се вика Анселмо и е сликар. Тој му предлага на младиот уметник да се засолнат во неговата куќа. Анселмо потекнува од Островот на папагалите и црта слики за восхит. Помеѓу него и младиот уметник се раѓа исклучително пријателство… сè до моментот кога Анселмо треба да се врати на својот остров. Изгледа дека сонот на детенцето ќе се распрсне на стотици делчиња. Но Анселмо ќе стори нешто посебно за иднината на младиот уметник!
Сликовницата е посветена на луѓето што ги ценат децата и нивната креативност.
-
Волшебната топка
0300,00 денУште една книга од можеби најпродаваниот современ турски писател за деца, Фатих Ердоган. Препорачано за деца над 7 години. Дениз посакуваше да стане добар фудбалер, но по малку му недостасуваше талент. Најпрвин, мораше да научи како добро да ја шутира топката. Но, топката никогаш не одеше таму каде што тој ја упатуваше… Откријте што ќе се случи доколку топката е… Волшебна!
-
-
Сестринството Теа во опасност
0250,00 денТеа Стилтон
Таа е многу интересна девојка!
Сигурна и сериозна, работи како специјален репортер за „Глувчеви вести“.
Секогаш е во потрага по интересни вести и е подготвена да оди на авантуристички патувања од кои се враќа
со сензационални статии и фотографии. Таа е брилијантна и секогаш подготвена да им помогне на другите. Теа е одличен пријател на другите глувчиња, но нејзината најистакната особина е женската солидарност!Сестринството Теа брои пет членови, студенти од колеџот Глушфорд на Островот на китовите. Тие се палави, забавни и сакаат да станат вистинити репортери! Меѓу лекциите и пријателствата, љубовта и слатката завидливост, животот на колеџ е навистина возбудлив!