-
ПЧЕЛКИ НА РОЛЕРКИ
0190,00 денЗбирка поезија за деца со илустрации и со хумористични и интересни стихови.
-
Кој се плаши од Црвенкапа?
0400,00 денЕдно паметно волче мисли дека пораснало и дека веќе може само да излезе на прошетка низ шумата. Сепак, неговата мајка не се согласува со него и има неколку прашања што би сакала најпрвин да му ги постави на своето волче. Тоа одговара на сите прашања на начин што ја изненадува мајка си. Покрај тоа, многу е креативно …
„Кој се плаши од Црвенкапа?“ е навистина посебна книга со својот шеговит јазик, перспективата на приказната и извонредните илустрации.
Во 2009 година ја доби наградата за најдобра сликовница во Турција.
-
-
КАДЕ Е ЦРНОТО МАЧЕ?
0200,00 денО не! Каде е црното маче? Заталка бркајќи една пеперутка и… никој не знае што случи со него. Филимена е загрижена, но Биби и Боби се секогаш тука да ѝ помогнат.
-
ТИ НОСАМ ПУСТИНСКИ ПЕСОК
0300,00 денТаа е неговата најнај другарка, тој нејзиниот најнај другар. Се викаат Стела и Сани, а меѓу себе Јасти и Тијас. Родени се на ист ден, во иста година, во ист час. Исти им се и имињата. Sвездени.Живеат во исто маало, учат во исто одделение, исти нешта ги интересираат. Изгледа дека ништо не би можело да ги раздели, па сепак…
Кога ќе се најдат илјадници километри далеку еден од друг, продолжуват да се дружат преку мејлови. Но колку можат тие да им ги надоместат живите средби, гушкањата, заедничката смеа, солзите, воздишките?… Ќе се смени ли нешто меѓу нив? Дали ќе успеат да ја одржат блискоста?
На прагот се од тинејџерската доба со неброени прашања без одговори. И премногу си недостигаат. Ех, само кога повторно би се виделе!
Ти носам пустински песок, прв роман за деца и млади од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси, Понекогаш доаѓа среќа, Луна и Вилино.
-
Имаш пчела на носот
0300,00 денСТЕЛА: Обвинета сум за хакирање на целата документација во гимназијата. Сите оценки се избришани. Нема шанси да докажам дека не бев јас. Вљубена сум во еден, а тој во онаа што ја избриша документацијата, и нема шанси да ме засака. Како да излезам од ова?
САНИ: Ме претепаа пред зградата на Наде, само затоа што ја сакам. Ми ја скршија и гитарата, а не е моја. Ме обвинија дека ѕиркам на физичко во женската соблекувална. А јас само сакав да ја сретнам Наде. Како се најдов во сето ова?
Исти души, исти гајлиња. Ова е роман во кој самите треба да го допишете крајот.
Прв роман за младинци од авторот на романите Вештица, Ќерката на математичарот и Папокот на светот.
-
-
1 ОБЛАК БЕЛ И 12…(СТЕЛА И САНИ)
0200,00 денНа небото има еден облак бел. Колку капки дожд може да паднат од него? Колку чадори се доволни за да не наврнат зградите? Колку капи носат кртовите кои спијат? А колку очиња се будни?
Отвори ја сликовницата и започни необично броење со Сани и Стела.
За три, два, еден…сега!
-
-
-
Биби и Боби на Европско првенство во фудбал
0300,00 денСликовница за историјата на фудбалот во светот и во Македонија, за најголемите наши фудбалски успеси, сказна за најмалите, алманах со нашите херои и постер од македонската фудбалска репрезентација -
ЗГРАДАТА НА САНИ И СТЕЛА
0200,00 денТреп-треп! Што сè трепка во ноќта? Уличната светилка, ѕвездите и соновите. Да тргнеме во ноќна авантура со Стела и Сани за да научиме заедно да ги препознаваме звуцитe и предметите, да ги осознаваме просторот и појавите во природата, сето она што нè опкружува надвор и што трепери внатре во нас!
-
БОНТОН ЗА ДЕЦА (ПРАВИЛА ЗА ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ)
0350,00 денСо оваа книга ќе научиме бонтон, односно правила за добро однесување.
-
А ЗОШТО?
0200,00 денЗошто Сани и Стела сакаат да дојде ноќта?
Зашто се собирачи на ѕвезди! А зошто? „А зошто?“ е бескрајна игра на прашања. Колку повеќе „А зошто?“, толку повеќе одговори. Да ги одговориме и да ги запишеме сите љубопитни прашања! А зошто? Затоа што со секое „А зошто?“ стануваме собирачи на знаења.
-
-
Лепчето што расте
0350,00 денОд сон сите дечиња
мирис сладок ги буди –
баба златни печива
на масата им нуди.
Ѓевречиња, кифлички,
меки кроасани,
пеат низ кујната
од сите страни!