-
Збогум
0220,00 денТрогателна семејна приказна, која низ личните трагедии и победи прикажува поголема слика за последните моменти на големото османлиско царство и за подемот на републиката. Османлиската Империја ги одбројува последните денови, а високиот државен функционер Аџмед Рашат се обидува да го собере и зачува семејството во окупираниот Истамбул. Присилен да оди по тенката линија на судбината, Ахмед е растргнат меѓу лојалноста што му ја должи на султанот и потребата да им помогне на воените единици од Анатолија, предводени од харизматичниот генерал Мустафа Кемал, кои јуначки му даваат отпор на окупаторот. Додека опсадата и оковите на зимата се повеќе го притискаат Истанбул, во куќата на министерот Решат судбината, сепак, продолжува да ги исцрпува своите необични патишта- и покрај сите проблеми ќе процвета невозможна љубов и ќе покаже дека дури и во најнапнатите моменти на историските превирања животот не може да чека… Ајше Кулин раскажува за едно навидум обично семејство во Истанбул во клучен историски момент- низ нивните подеми и падови, надеж и очај, љубов и несреќа, гледаме како полека исчезнува една цела култура, а на нејзино место доаѓа ново време, кое со себе носи поинакви вредности и нови генерации.
-
-
Агата Одли: Тајниот клуч
0350,00 денАгата Одлоу е детективка откако знае за себе – само го чека првиот голем случај за решавање. А нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања.
Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ù овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа…
ПРВА КНИГА ВО ОВАА НОВА ВОЗБУДЛИВА СУПЕРДЕТЕКТИВСКА ЕДИЦИЈА!
-
Што би правел јас без тебе
0240,00 денГабриел во животот има двајца мажИ – првата љубов и таткото. Едниот од нив е угледен полицаец, а вториот е познат крадец. Со игра на судбината, и двајцата исчезнуваат од животот на Габриел. Еден ден, и тоа во исто време, тие ненадејно се враќаат во нејзиниот живот, но, за жал, тие толку се мразат што се подготвени на борба до смрт. Габриел одбива да бира меѓу човекот кого го љуби и таткото, меѓутоа во некои судири смртта е неизбежна, ОСВЕН АКО …
-
Моќта
0480,00 денНамерата на Ронда Бирн е: РАДОСТ ЗА МИЛИОНИ ЛУЃЕ Своето патување во започнува со филмот “Тајната” кој го видоа милиони луѓе ширум светот. Потоа следуваше книгата “Тајната” , светски бестселер досега преведен на 46 јазици. Сега со “Моќта” , Ронда Бирн ја продолжува нејзината револуционерна работа, откривајќи ни ја најголемата сила во нашиот универзум. СУДЕНО ТИ Е ДА ИМАШ НЕВЕРОЈАТЕН ЖИВОТ! Во оваа книга сакам да го покажам патот до неверојатен живот…Има толку многу нешта кои треба да ги откриеш за животот, и сите тие нешта се добри. Всушност, тие се и повеќе од добри. Феноменални се! Животот е многу полесен отколку што мислиш и кога ќе почнеш да разбираш како функционира животот и Моќта што ја имаш во себе, тогаш во целост ќе ја искусиш магијата на животот – и тогаш ќе имаш неверојатен живот! Сега, дозволи да започне магијата на Твојот живот. -извадок од моќта-
-
Исидора Мун оди на одмор
0350,00 денИсидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.
Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.
Кога Исидора освојува неверојатен одмор за целото семејство, подготвена е за сонце, море и песок! Но, ќе треба да се фати за работа кога таа и нејзината другарка, сирената Марина, ќе најдат желче во неволја.
Дали Исидора може да му помогне на желчето да се врати дома?
-
Островце
0600,00 денТатко, ќерка и нивното куче доживуваат бродолом и завршуваат на еден мал остров, поточно – Островце. Но не знаат дека не е така како што изгледа. Тоа ги штити од студот, ветрот, брановите и од другите опасности што демнат. А на него ги доживуваат и убавините на морскиот свет. Како што се менуваат годишните времиња, откриваат неверојатни звуци и мириси, како и дотогаш невидени бои. Уживаат, сè дури не дојде време да се вратат меѓу луѓето. Тогаш девојчето го открива вистинското лице на Островцето.
-
Водопадот на божилакот
0200,00 денШто се случува со скриената долина? Зошто се загрижени еднорозите? Ооо, божилакот кој секогаш стоел над големиот водопад во скриената долина е украден! Биби, Боби и Алфеј поаѓаат на чудно подземно патување – за да ја решат мистеријата на украдениот божилак. А какви изненадувања ги очекуваат и каде ќе стигнат – ќе прочитате во оваа приказна…
-
The Game – за авантуристички расположени момчиња и девојчиња
0500,00 денПриказна за спомените, за менливоста на животот и за разделбите. Љубовно писмо и бавно збогување на еден човек со неговиот внук, на еден татко со неговиот син.
Дедото и Ноа седат на клупа до која цветаат зумбули. И покрај големата разлика во возраста, тие можат да разговараат буквално за сè. За животот, за математиката, за училиштето, за мечките, за најважните и најневажните работи на светот. Дедото се обидува да се сети како се вљубил во бабата на Ноа и како ја изгубил. Сè уште ја памети, но што ќе се случи кога веќе нема да се сеќава ниту на нејзиниот лик?
Како што само тој умее, Бакман ни дава трогателен приказ на борбата на дедото да ги сочува своите најдраги спомени среде океанот на универзумот. Оваа книга е искрено толкување на стравот и љубовта, но и потсетник дека најголемото богатство се секојдневните мали ситни радости. И оние со кои ги споделуваме.
-
Исидора Мун настапува на шоу
0290,00 денИсидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.
Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.
Се наближува вампирскиот бал и Исидора со нетрпение го чека! Има само еден проблем: треба да се натпреварува на шоу на таленти со другите вампирски деца.
Талентите на Исидора не се многу вампирски, што ако публиката ù се смее? Шоуто мора да продолжи, но дали Исидора ќе биде доволно храбра за да настапи?
-
A потоа
0240,00 денКако осумгодишно момче, Нејтан, кој во еден момент е мртов, помина низ светлинскиот туннел. Скокнувајќи во езерото за да спаси едно девојченце, тој се удави. Престанок на работата на срцето, клиничка смрт.. А ПОТОА, ПОВТОРНО ЖИВОТ! Незаборавна приказна за љубовта.. Напнато патување во непознатите сфери што се очекува со кнедла во грлото.
-
Секое утро патот до дома е сè подолг и подолг
0250,00 денПриказна за спомените, за менливоста на животот и за разделбите. Љубовно писмо и бавно збогување на еден човек со неговиот внук, на еден татко со неговиот син.
Дедото и Ноа седат на клупа до која цветаат зумбули. И покрај големата разлика во возраста, тие можат да разговараат буквално за сè. За животот, за математиката, за училиштето, за мечките, за најважните и најневажните работи на светот. Дедото се обидува да се сети како се вљубил во бабата на Ноа и како ја изгубил. Сè уште ја памети, но што ќе се случи кога веќе нема да се сеќава ниту на нејзиниот лик?
Како што само тој умее, Бакман ни дава трогателен приказ на борбата на дедото да ги сочува своите најдраги спомени среде океанот на универзумот. Оваа книга е искрено толкување на стравот и љубовта, но и потсетник дека најголемото богатство се секојдневните мали ситни радости. И оние со кои ги споделуваме.
-
Сè што син ми треба да знае за светот
0300,00 денПред себе имаме длабоко проникливо обраќање од првите борбени редови на едно од најзастрашувачките животни искуства на секој маж: татковството.
Бакман ни дава интимен увид во односот меѓу татковците и синовите. Проникнувајќи длабоко во сопственото искуство и обраќајќи се директно на своето дете, Бакман ги разгледува перспективата и алатките што ќе му бидат потребни на неговиот син за да се снајде во светот.
Делумно мемоари, а делумно љубовни писма, оваа книга претставува прирачник за големите, но и малите животни лекции, подеднакво важни како и првите. Од тоа како да се излезе накрај со љубовта до тоа како да се монтира парче мебел од ИКЕА. И нешто уште поважно – зошто таткото понекогаш ќе му ја стега дланката малку поцврсто од обично.
Ова е Бакман каков што досега не сте го виделе – интимен, ранлив и храбар. Оваа книга, пред сè, претставува омаж на љубовта меѓу родителот и детето.
-
Животот е роман
0240,00 денЗа него, сè веќе беше напишано. За неа, сè допрва требаше да се напише.
„Еден априлски ден, мојата тригодишна ќеркичка Кери исчезна додека си игравме миженка во нашиот стан во Бруклин“.
Така почнува приказната на Флора Конвеј, славната
писателка позната по тоа дека се крие од очите на
јавноста. Нема објаснување за исчезнувањето на Кери:
вратата и прозорците во станот се затворени, камерите
поставени во старата зграда во Њујорк немаат
забележано некој да провалил. Полициската истрага
не дава никакви резултати.
Во исто време, на другата страна на Атлантски Океан,
еден писател со скршено срце се крие меѓу ѕидовите на
една стара, трошна куќа.
Само тој го држи в раце решението на оваа мистерија.
А Флора ќе го пронајде.Бестселер на кој му нема рамен.
Во три чина, преполн со драматични пресврти,
новиот роман на Гијом Мисо е величествена
приказна за моќта на книгата и за желбата за
живот на неговите ликови. -
-
Мојот лавиринт
0120,00 ден„МОЈОТ ЛАВИРИНТ“ – ПОВЕЌЕ ОД ИГРА Оваа книга со загатки, со јасни упатства за децата има повеќе задачи и цели за стимулирање на развојот кај децата, меѓу кои е развојот на графомоториката. Со вежбање и увежбување на моториката на раката координирајќи ги движењата со помош на молив и боички се овозможува развој на вештината за пишување кај децата, на начин кој не дозволува излегување на линијата надвор од рамката, а со боењето се негуваат естетски аспекти од развојот . „Мојот лавиринт“ помага за развој на планирањето кај детето, затоа што најпрво со поглед, па со прст го бара излезот, а потоа со молив доаѓа до решението. Решавајќи ги загатките детето ја развива способноста за решавање на проблеми и тоа се оди од просто кон посложено, како што се поставени и лавиринтите во оваа книга. Со решавање на загатките, се развива мислењето и концентрацијата кај детето, се зајакнува самодовербата после секоја решена задача. Секој лавиринт е повеќе од игра. Со решавање на загатката детето поминува квалитетно време во добра забава.