-
Повеќе од пријателки… Сестри
0250,00 денПет девојки сосема случајно ќе се сретнат на пристаништето во Глувчево. Нивната крајна дестинација е колеџот Глушфорд каде овие девојки ќе станат повеќе од пријателки…сестри. Ова е вистинската приказна за Колет, Памела, Ники, Виолет и Паулина и создавањето на сестринството „Теа“.
-
Срчки
0200,00 ден„Срчки“ е книга поезија на Бранислав Николов, издадена под уметничкото име Пијан Славеј. Николов е перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Дизајнот на корицата е дело на Методи Златанов.
-
Дневникот на едно смотано девојче 3
0280,00 денВо училиштето на Ники се одржува натпревар на таленти и Ники не може да дочека да започне со подготовките за танцување со нејзините БФФ, Клои и Зои, а со нејзините пејачки вештини да го импресионира Брендон, нејзиниот симпатија!
Но тогаш Ники дознава дека и нејзината вечна соперничка, Мекензи, исто така учествува на натпреварот и таа е предодредена да биде во центарот на вниманието.
Може ли смотаница како Ники да го прифати предизвикот на најпопуларната девојка во училиштето и да победи? -
Дневникот на едно смотано девојче 4
0280,00 денНики Максвел не е изненадена што нејзината симпатија, Брендон, волонтира во локалниот центар за спасување животни. Тој е толку сладок – секако дека би сакал да им помогне на преслатките кученца! Кога тој ѝ кажува дека на центарот му се заканува затворање, Ники знае дека не смее да дозволи тоа да се случи. Особено кога ќе ја дознае шокантната тајна на Брендон, знае дека постоењето на центарот за спасување животни е поважно од кога било. Од таа причина, Ники и нејзините пријателки, Клои и Зои, се пријавуваат на натпревар по уметничко лизгање за да соберат пари за центарот, но Мекензи мора да замеша прсти и да се обиде да изгледа дека таа е херојот. Нема шанси Ники да го дозволи тоа. Ќе мора да смисли некои екстра креативни идеи овој пат!
-
ПАТОТ ПО КОЈ ПОРЕТКО СЕ ОДИ
0400,00 денНе постојат едноставни и лесни одговори за луѓето кои тргнале по патот на духовно созревање. Човештвото е среде голем еволуциски скок. Сè зависи од нас. Универзумот е тука да ни го подготви патот меѓутоа ние самите мораме да зачекориме по него. Потребно е во себе да вградиме систем за постигнување на духовно и ментално здравје. Процесот на себепроширување е многу еволутивен. Кога некој успешно ги проширил своите граници веќе поминал во повисоко ниво на постоење.Д-р Скот Пек, еден од најпознатите светски психотерапевти, ја објаснува, меѓудругото, природата на љубовта како чин на самосозревање. Тој ни одговара на прашањата како да препознаеме вистинска љубов, компатибилност, како да разликуваме зависност од љубов, како да станеме свои, како да бидеме почувствителни родители… Патот по кој поретко се оди инспирираше милиони луѓе ширум светот и е најпродавана книга во оваа област на сите времиња.
-
Изгубена надеж
0420,00 денВо „Безнадежно“, Скај не остави ниту една тајна неоткопана, ниту едно чувство несподелено, и ниту еден спомен заборавен, но минатото на Холдер остана мистерија.
Прогонуван од малечкото девојче на кое му дозволи да замине, Холдер сиот свој живот го помина барајќи ја и во обид конечно да се ослободи од разорувачката вина што ја чувствува со години. Но она што не можеше да го предвиди е дека во моментот кога повторно ќе се поврзат, ќе го преплави уште поголем бран каење…
Понекогаш во животот, ако сакаме да продолжиме понатаму, прво мора да копаме длабоко во нашето минато и да направиме промени. Во „Изгубена надеж“, авторката на бестселери Колин Хувер открива што се случува во главата на Холдер во сите безнадежни моменти – и дали ќе го најде мирот што толку очајно му е потребен.
-
Затоа што те љубам
0240,00 денТрогателна човечка приказна во која се обединети трите најважни елементи во животот на секој човек: Љубовта на родителите кон децата, што би направиле за некого што го сакаме и неизбежното прашањето за смртта? Волшебна љубовна приказна која ве вовлекува во мистеријата и ве држи во неизвесност се до самиот крај, кој нема така лесно да го заборавите.
-
Заробено срце
0300,00 денЧитателите за романот „Заробено срце“
Љубов на прв поглед! Вистинска магија: желби, очекување, страдање, возбуда, сон или јаве. Сето тоа убаво спакувано во приказна која не може, а да не ги разбранува емоциите кај читателот кој ќе биде дел од секој збор, секоја реченица, секоја страница… Романот го прочитав во еден здив..го препрочитав повеќе пати.Како да сум дел од секој збор, мисла..од секоја реченица, од секоја страница..од почеток до крај.Овој роман е посветен на љубовта..преполн со емоции , солзи, мечти, среќа, тага, радост, нежност, возбуда и повторно љубов…љубовта кон саканиот, љубовта кон семејството и кон пријателите. Овој роман е скапоцен дар за читателите како и сите досегашни. Ви Благодарам за можноста да бидам меѓу првите читатели а уште повеќе што Ве имам за пријател..Вие сте човек со големо срце и сите свои емоции ги претварате во прекрасни романи кои не по-тсетуваат на човечките вредности. Со големо задоволство ги имам прочитано Вашите досегашни книги, а новите ги чекам со нетрпение
Славица Трајановска Величковиќ, лекарКнига од животот во кој во некој сегмент секој ќе се пронајде себе си, тогаш ќе свати дека животот не е сон туку реалност. Лесна и примамлива книга која те „заробува“ да ја прочиташ без одложување.
Анета Велкоска, одд. наставникКнигата нуди еден широк спектар на настани кои се нижат низ времето, на животот кој продолжува по неговиот тек. Некогаш бавно, некогаш побрзо, дури драматично, минува и оди во неповрат, без реприза…Секоја страница е нов предизвик, ново случување, ново исчекување за читатаелот, за на крај да биде како во народната „КРАЈОТ ДЕЛОТО ГО КРАСИ“.
Билјана Наумоска, фармацевт -
Последната кралица
0550,00 денХуана од Кастилија,
последната кралица со чиста шпанска крв што го наследи престолот на својата земја,
со векови е енигматична фигура обвиткана со неверојатна мистериозност.
Дали таа беше вдовица, како што вели легендата, која беше полудена од нејзината загуба,
или историјата погрешно ја проценила жената што била пред своето време?Како трето дете на Изабела I, кралицата на Кастилија и Фернандо, кралот на Арагон, Хуана ќе се роди во услови на безмилосна борба на нејзините родители за обединување на нивното кралство, сведочејќи за падот на Гранада и откритијата на Колумбо. На возраст од шеснаесет години, таа е испратена да се омажи за Филип, надвојводата на Фландрија, како дел од стратегијата на нејзините родители за зајакнување на Шпанија, исто како што нејзината најмлада сестра, Каталина од Арагон, е испратена во Англија да стане прва сопруга на Хенри VIII.
Хуана наоѓа неочекувана љубов и страст со својот убав млад сопруг, единствениот наследник на Хабсбуршката Империја. На почетокот таа била задоволна со своите деца и животот во Фландрија. Но, кога ќе се случи трагедијата и таа ќе го наследи шпанскиот престол, Хуана ќе се најде помеѓу бескрупулозната борба за моќ на нејзиниот сопруг и ветувањето што ѝ го дава на мајка ѝ Изабела I, не изоставувајќи го и мешањето на најголемите европски монарси. Опколена со непријатели од сите страни, нејзината интелигенција и гордост се искористени како оружје против неа, Хуана ветува дека ќе ја обезбеди круната и ќе ја спаси Шпанија од пропаст, дури и по цена тоа да ја чини сè.
-
МИСЛИ И ЗБОГАТИ СЕ
1400,00 денМисли и збогати се е можеби најважната книга за успехот некогаш напишана, и поради неа Наполеон Хил се смета за татко на целата мотивациска литература што се пишува и денес.
Хил посветува цели 25 години со намера да ја открие тајната за стекнување на богатство и да одговори на прашањето Што е она што те прави победник? Резултат на истражувањето на карактеристиките и особеностите на преку 40 милијардери, Хил развива 13 принципи во форма на филозофија за личен развој и успех. Книгата се темели на тврдењето дека секоја индивидуа која има желба, верба и истрајност, може да стигне до зацртаната цел без разлика колку недостижно и да изгледа. Ако можеме да научиме да мислиме како милијардер, тогаш може и да почнеме да се однесуваме така, и на крајот да станеме еден од нив.
Нарекувајќи ја „најдобрата формула за успехот“, оваа книга е досега продадена во повеќе од 70 милиони примероци. Следејќи ги овие правила и совети, успехот во бизнисот но и во секоја друга сфера од животот станува извесен. Не го оставајте успехот за утре, прочитајте уште денес!
Во текот на изминатите дваесет и пет години уживам во среќа и благосостојба повеќе отколку што заслужува секој човек, но ме полазуваат морници кога ќе си помислам каде би бил денес и што би правел да не дојдев во допир со филозофијата на Наполеон Хил. Тоа ми го смени животот. Ог Мандино, Најголемиот трговец на светот
-
-
Спаси ме
0240,00 денВолшебна приказна исполнета со магија, неизвесност и љубов Жилиет и Сем не требаше да се сретнат. А не, пак, да се вљубат еден во друг… Една зимска вечер во срцето на Бродвеј, убавата Французинката Жилиет го запознава Сем, млад педијатар од Њујорк. Плашејќи се да не го разочара, таа му преќутува дека се занимава а, Сем кажува дека е женет иако неговата жена од неодамна е почината. И покрај меѓусебните лаги, тие ќе се заљубат и ќе поминат страствен, незаборавен викенд. Сепак, Жилиет мора да се врати во Париз, а Сем ја испраќа на аеродромот со цел да ја спречи да замине. Во тој пресуден момент, кога судбината може да се менува тој не умее да ги најде вистинските зборови да ја задржи покрај себе. Штом авионот полета, експлозија одекна на небото. Сем е очаен затоа што уште еднаш ја губи саканата жена. Но, тој не знае дека нивната приказна не е завршена …
-
Снежана и седумте џуџиња
0315,00 денЕдна од најпознатите приказни во ново издание. Преку звучниот модул, вашето дете може да го слушне текстот од секоја страница и самостојно да ужива во приказната.
-
Некој ми го знае името
0300,00 денУште како мала, Амината ја киднапираа и ја качија на бродот со робови. Таа мора да ги слуша наредбите за да го сочува својот живот. А и што им преостанува на црнците качени на овој ужасен брод. Среде океан далеку од својот дом. Откако пристигнаа на копното, Амината ја продадоа на друг газда. Се раздели од момчето од соседното село со кое ги делеа нечовечните мигови на бродот. Ама и не е така важно. Она што сега е значајно е успешно да му служи на белиот Американец што сега ја поседува. Сепак Амината е непоколеблива и постојано ја следи желбата еден ден да се врати дома. Во Африка. Моментот кога повторно го сретнува Чакура, момчето од бродот, засекогаш ќе и го промени животот. Сега веќе пораснати, заедно ќе се борат да го променат светот. За време на нејзиното долго страдање, таа прави сè што може да се ослободи себеси и останатите од ропство. Притоа ги учи да читаат и тие да ги поучуваат другите, и да се спријателуваат со секој што може да им помогне, без разлика на бојата на кожата. Инспиративна приказна за една силна жена, што ги доживува едни од најтешките услови за живот низ историјата. Вознемирувачки и длабок роман, напишан по вистинска приказна по кој е снимена познатата телевизиска серија, што под наслов „Книгата на црнците“ се прикажуваше на Нетфликс.
-
КАРТОНСКА СЛИКОВНИЦА: ЗЕЛЕНЧУК
0290,00 денВесела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.
-
КАРТОНСКА СЛИКОВНИЦА: ОВОШЈЕ
0290,00 денВесела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.