-
Пурпурни срца
0450,00 денКога еден војник со бурно минато и надежна композиторка се согласуваат да стапат во брак поради воените бенефити, ниту еден од нив не очекува многу од другиот по кажувањето „Да“. Тогаш ги снаоѓа трагедија, а границата помеѓу реалното и лажното почнува да се заматува во оваа итра и возбудлива романса, совршена за фановите на Николас Спаркс и Џоџо Мојес.
Кеси Салазар и Лук Мороу се две сосема различни личности. Остроумната Кеси навечер работи во бар во Остин, Тексас за да скрпи крај со крај додека цели кон сонот да стане пејачка/композиторка. Лук тренира во војската, назначен е да замине на должност, и наоѓа утеха во суровата дисциплина во службата. Но, една случајна средба во барот на Кеси го менува текот на нивните животи.
Кеси има мака да ги отплати медицинските сметки откако ѝ дијагностицираа дијабет. Кога наидува на својот стар пријател Френки, кој сега е пријавен во војската, таа му нуди договор: ќе се омажи со него во замена за подобро здравствено осигурување, а тие ќе можат да ги поделат парите што доаѓаат како придобивка од имањето „семејство“. Кога Френки ја одбива, неговиот привлечен, но иритантен пријател Лук се пријавува како доброволец да се ожени со Кеси. Она што таа не го знае е дека и тој има очајни причини поради кои сака да стапи во брак. Во оваа незаборавна љубовна приказна, Кеси и Лук мора да ги тргнат настрана нивните различности со цел нивниот брак да изгледа вистински… освен, ако некаде попат, не се претвори во вистински…
-
Август
0450,00 денСите настани се случуваат во август 1954 година, месец на тешки убиства, политички атентат, беспоштедна борба за власт.
Извонреден приказ на бурната општествена и политичка клима во Рио де Жанеиро во 1950-тите години, период кога бил главен град на Бразил.
Следиме истовремено две приказни. Едната, базирана на историски настани, ги прикажува последните денови од владеењето на претседателот Жетулио Варгас, големиот бразилски лидер на XX век, и заговорот што по повод неуспешниот атентат на новинарот Карлос Ласерда, неговиот политички противник, доведe до самоубиството на Варгас пред да биде соборен од власта.
Другата, крими-приказна, ја следи истрагата за убиството на богат индустријалец што ја води инспекторот Алберто Матос, убиство што е повод за други крвави разврски.
Преку овие две линии се прикажани механизмите на корупцијата во институциите и нивната поврзаност со организираниот криминал, опфаќајќи ги сите политички и економски структури, од круговите блиски до претседателот, сенатори и деловни луѓе, па сè до вработените во полициската станица во која работи Матос, чесен полицаец со несреќен љубовен живот.
Романот „Август“ му донесе светска слава на авторот што во своите дела, со остар и директен стил, ги прикажува човечкото насилство и блуд, свет во кој се мешаат маргиналци, убијци, проститутки, припадници на власта и бедници.
-
Како подобро да се мисли
0430,00 денЕкспертката за човечката природа, Кристел Петитколен, се враќа со продолжението на хитот „Како помалку да се мисли“. По читањето на книгата „Како помалку да се мисли“ сигурно веќе знаеш дека припаѓаш на кругот на личности што постојано анализираат. Свесен си и за тоа дека менталната преоптовареност е твој адут, а фантастичниот ум – алатка за самоусовршување. Само, како оптимално да се искористи тоа што се наоѓа во твојата глава? Книгата „Како подобро да се мисли“ најпосле ќе ги тргне колебањата што те мачат. Авторката ја напиша како реакција на многубројните молби на читателите што бараа совети во врска со нивните секојдневни проблеми.
Ако сакаш да го продлабочиш знаењето за исклучително размислувачките и да дознаеш како да пронајдеш мир на професионален план, во односите со најблиските и во љубовта, задолжително земи ја оваа книга! Покрај неа подобро ќе се разбереш себе си и другите, ќе ја развиеш и ќе ја засакаш својата необична посебност, а исто така ќе научиш како да го организираш опкружувањето за во него да се чувствуваш посигурно…
-
Рудникот
0450,00 денТи не знаеш што има таму. Никој не знае што има таму.
Третиот роман на Миодраг Мајиќ е пишуван со намера што е очигледна уште од првата реченица. Исповедта на Богдан Бањац можеби е вистинита, а можеби е плод на трауматизираната фантазија, но во секој случај е веродостојна на неговите сеќавања. Тој е поранешен адвокат што се наоѓа во санаториум и поради тоа неговите навраќања кон минатото можат да бидат земени со резерва од јавноста.
Сепак, читателот лесно станува негов сојузник, дури и кога нема да поверува во сè што кажува. Според приказната на Бањац, тој се наоѓа во средиштето на комплексна мрежа од интереси на крупниот капитал, политиката и на институциите… А рудникот богат со кобалт во селото на неговата баба наликува на премин кон некој друг, страшен свет, кој е пандан на ужасите што се случуваат во овој, нашиот свет.
Потреба за раскажување е последниот обид на Богдан да го реконструира минатото за да ја состави целосната слика за сегашноста и така да дојде до – вистината.
-
Прекрасен труп
0350,00 денРоман во кој е прикажана морничава и канибалистичка иднина на светот.
Поради вирус што ги напаѓа животните, а е смртоносен и за луѓето, сите животни мора да се убијат. Светот се соочува со потребата да го замени пазарот со месо од животинско потекло со човечко. Се создаваат нови закони за одгледување и за преработка на месо, со што се легализира човекојадството и општеството се дели на луѓе што јадат луѓе и луѓе што се за јадење.
Маркос Техо е раководител во кланицата „Криг“ во која се колат луѓе што се посебно одгледани за да служат за исхрана. Тој е привремено разделен од сопругата, се грижи за таткото болен од деменција, и се труди да не мисли како заработува за живот. Еден ден, жена одгледана за исхрана ја сокрива во домашната плевна. И покрај тоа што знае дека каков било личен контакт со неа значи смртна казна, искушенијата ќе го наведат да ги прекрши правилата.
Во такво бездушно и застрашувачко општество, брутално, но и суптилно, алегорично, но реалистично, со моќта на фикцијата, авторката поттикнува чувства и покренува прашања што се актуелни.
Што се случува со односот на другите луѓе кога еден ден може да станат наша храна?
-
Ова е твое
0600,00 денОд сè на светот, најмногу сакам да цртам. Но листот хартија е претесен за мене.
Кога почнува да врне толку силно што ги брише детските цртежи на асфалтот, се појавува еден човек. Се вика Анселмо и е сликар. Тој му предлага на младиот уметник да се засолнат во неговата куќа. Анселмо потекнува од Островот на папагалите и црта слики за восхит. Помеѓу него и младиот уметник се раѓа исклучително пријателство… сè до моментот кога Анселмо треба да се врати на својот остров. Изгледа дека сонот на детенцето ќе се распрсне на стотици делчиња. Но Анселмо ќе стори нешто посебно за иднината на младиот уметник!
Сликовницата е посветена на луѓето што ги ценат децата и нивната креативност.
-
Другарче
0450,00 денНаграда Gouden Griffel за најдобра книга за деца во Холандија за 2021 година.
Тичен е главниот протагонист во оваа оригинална книга и тој мисли дека е сосем нормално да има невидливо пријателче кое ќе биде постојано со него. А неговото име е – Другарче.
„Другарче“е приказна која уште од самиот почеток маѓепсува со фантастичните авантури на Тичен и неговото пријателче. Одат во лов на тролови, се обидуваат да победат чудовишта, да изгаснат пожари… и секогаш се наоѓаат во неволја поради тоа. Особено Тичен, откако ќе му посочат дека Другарче постои само во неговата фантазија.
Бидејќи Другарче не може ниту да го види ниту да го слушне никој освен Тичен, неговите родители, а особено неговата мајка, се загрижени. И иако таткото претставува еден вид хумористичен фактор во приказната, тие заедно носат драстична одлука: Другарче мора да исчезне од животот на нивниот син.
Во својот млад херој, Колвајк вградува неизмерна самодоверба благодарејќи на виртуелното пријателче. Но сега почнува да го демне опасноста од исчезнувањето на Другарче и светот на неверојатните авантури. Сè додека приказната не добие изненадувачки пресврт во кој ќе се покаже дека работите не се баш такви какви што се чинеле…
Книгата е прекрасна животна лекција за млади и за возрасни читатели!
-
И јас сум Сирма
0390,00 денИ јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но… таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми… но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. „Авторката“ не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат. Кога издавачот ми го прати текстот да напишам рецензија, не наидов на ништо што не ми е познато. Имав впечаток дека секоја страница од оваа историска читанка ја има некаде во нашите гени.
-
Водена приказна
0250,00 денСовремена приказна за последиците од граѓанската војна во Грција.
Патрик МекКензи е воен пилот на RHAF кој на осумдесет и пет годишна возраст, веќе испреплетен од канцер, не може да умре поради товарот од напалм истурен врз македонските села во 1948 година.
Нечистата совест го тера на неговото последно патување…селото Русилово (близу Воден) во кое на колена, ќе побара прошка за сите 36 куќи што тој лично ги запали при бомбардирањето.
Ова е приказна за поразот на идеалите на ДАГ и ЕЛАС, за држава во која Македонците и Грците ќе живеат рамноправно.
Граѓанската војна е одамна завршена.
Горчливиот вкус на поразот и тажниот спомен за илјадниците расселени остануваат, оттргнати од заборавит во оваа “Водена приказна”.
-
ТОНИ
0450,00 денРеалноста е секогаш пошокантна од тоа што го пишува во книгите.
Тони е средовечен бивш рокер од Скопје, кој живее со мајка му и работи во државна институција. Во текот на пандемијата, ненамерно, но по своја вина, предизвикува неколку настани кои засекогаш го менуваат неговиот, а и животот на луѓето околу него.
Напишан на жив, остар и современ јазик, во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска, Тони е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално комичен, но и длабоко трагичен, се чита во еден здив. Ова е роман што ќе ве удри од земја и ќе ве натера да ги преиспитате општествените, романтичните и семејните односи од нашето секојдневие.
-
Тајната на Тудорите
0550,00 денВремето на Тудорите беше ера исполнета со опасности, интриги, заговори и, пред сè, шпионажа.
Летото 1553 година: Време на заговори и измами. Брендон Прескот, сирак, израснат под заштита на едно од најмоќните семејства во Англија, Дадлиеви, е изведен пред суд. За да ја избегне казната тој мора да прифати тајна мисија кај брилијантната, но мистериозна сестра на кралот, принцезата Елизабета. Брендон паѓа во мрежата на заштитникот на Елизабета, Вилијам Сесил и е принуден да работи како двоен шпион. Сесил, во замена за услугите, му ветува дека ќе му помогне да ја открие тајната за своето мистериозно минато.
Принцезата Елизабета е спречена да ја открие вистината за исчезнувањето на нејзиниот тешко болен брат, кралот Едвард Шести.
Брендон за да ја докаже својата храброст пред принцезата се втурнува во безмилосна игра на тајни, лаги и убиства.Роман во кој е опишано владеењето на Тудорите, „Тајната на Тудорите“ е првата книга од Хрониките на шпионот на Елизабета I.
-
Убава мала сопруга
0500,00 денНе треба ли мртвиот сопруг да остане мртов?
Лајла Риџфилд живее во идиличен град, но не е сè како што изгледа. Ниту Лајла не е таа што се претставува. Еден студент исчезнал, но и сопругот на Лајла, професорот Арон, исто така е исчезнат. На почетокот овие случаи се водат како ужасни случајности додека не се открие дека студентот е едно од необјаснетите исчезнувања во последните неколку години. Полицијата е очајна да ја пронајде врската, ако воопшто постои. Тие не знаат дека овие исчезнувања се само мал дел од вистината…
Додека гратчето е во метеж, сите се загрижени каде е нивниот сакан професор. Сите освен Лајла, неговата сопруга. Таа дефинитивно е збунета за неговото исчезнување, бидејќи таа беше последната личност што го виде неговото тело, а сега го нема.
Романот „Убава мала сопруга“ ќе ве воодушеви со својата напнатост, неизвесност и целосен пресврт.
-
Во нечии други чевли
0550,00 денПриказна исполнета со сплетки, недоразбирања и грешки,
ова е новиот роман од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“ Џоџо Мојес,
авторката на ЈАС ПРЕД ТЕБЕ и ТИ ПОДАРУВАМ ЅВЕЗДИ.Која сте вие кога сте принудени
да одите во нечии други чевли?Ниша Кантор живее удобен живот во светот на богатите, сè додека нејзиниот сопруг ненајдено не ѝ побара развод. Ниша е решена да продолжи со својот гламурозен живот.
Во меѓувреме ќе открие дека ѝ недостасуваат најомилените чевли.
Сем Кемп очајно се бори да преживее во животот. Таа едвај има време да се грижи за случајно земената торба од фитнес-центарот. Но, кога ја отвора торбата и ги здогледува црвените крокодилски чевли од Кристијан Луботин доживува шок од самодоверба што ја тера да сфати дека нешто мора да промени – а тоа нешто е таа самата.Полн со препознатлив хумор на Џоџо Мојес, брилијантно раскажан, ВО НЕЧИИ ДРУГИ ЧЕВЛИ е роман за тоа како една мала работа одеднаш може да промени сè.
-
Вегетаријанка
0330,00 денВо „Вегетаријанка“, роман награден со Меѓународната книжевна награда „Букер“, низ три приказни ја следиме Јонг-хе, млада жена која, измачувана од еден кошмар, решава да престане да јаде месо. Оваа, навидум мала одлука ќе има огромни последици и целосно ќе го пресврти животот на Јонг-хе, доведувајќи ја во неочекувани конфликти со сите блиски луѓе од кои очекува поддршка. „Вегетаријанка“ е искрен, моќен роман за парадоксалната битка што мора да ја водиме за да бидеме тоа што сакаме да бидеме. Приказната за Јонг-хе е алегорија за трансформациите и преиспитувањата преку кои се откриваме или се губиме себеси, преку кои бараме љубов и добиваме омраза. „Алегорија, телесни преобразби, секојдневна битка за преживување – како да не помислиме на Кафка додека го читаме овој прекрасен, субверзивен роман? ’Метаморфоза‘, ’Уметник во гладување‘ и дневниците на Кафка се само некои од делата чии одеци може да се насетат низ ’Вегетаријанка‘.“
-
Семејството на горниот кат
0490,00 денРоман на Лиса Џул, бестселер автор на „Њујорк тајмс“, приказна за минатото на едно семејство, чии закопани тајни се закануваат да излезат на виделина.
Бидете внимателни кого ќе пуштите во својот живот.
Откако ќе го прослави својот дваесет и петти роденден, Либи Џонс го пронаоѓа долгоочекуваното писмо. Конечно го дознава не само идентитетот на нејзините родители, туку и дека е единствениот наследник на нивната напуштена палата на бреговите на Темза, вредна милиони. Но, она што таа не го знае е дека и други го чекаат тој ден. Пред 25 години, полицијата била повикана на адресата „16 Чејн Вок“. Полицискиот извештај вели дека биле повикани поради плачење на бебе. Кога пристигнале, нашле здраво десетмесечно дете како си лежи во своето креветче во спалната соба. Во кујната се откриени три мртви тела, сите облечени во црно. Другите четири деца, пријавени дека живеат на истата адреса, ги нема.
Романот „Семејството на горниот кат“ ни ја расплетува приказната за две меѓусебно поврзани семејства што живеат во куќа што ги крие најтемните тајни.
„Богат, темен и превртлив роман, неверојатна мешавина на една семејна сага со мрачен расплет, за на крајот да се чувствувате како да сте биле под ладен туш.“ – Рут Вер, бестселер автор на „Њујорк тајмс“
„Роман што ќе ве остави без сон и ќе ве прогонува длабоко во ноќта.“ – Меган Миранда, бестселер автор на „Њујорк тајмс“
-
Семејството сепак останува
0490,00 ден„Семејството сепак останува“ е роман
за извртени бракови, распаднати
семејства и смртоносни опсесии.Едно рано утро на брегот на Темза, јавниот обвинител Семјуел е повикан на место каде што полицијата открила монструозни докази за извршено злосторство. Кога Семјуел ги испраќа доказите на испитување, дознава дека коските се поврзани со случајот на трите мртви лица во Челзи пред триесет години.
Рејчел Ример, добива шокантна вест дека нејзиниот сопруг, Мајкл, е пронајден мртов во подрумот на неговата куќа во Франција. Полиција треба итно да добие одговори поврзани со Мајкл на кои Рејчел не сака да одговори.
Откако побегна од Лондон, Луси Ламб конечно се враќа дома во Челзи, вселувајќи се со своите деца во штотуку купената куќа.Додека сите тие се тркаат да ги откријат
одговорите на овие мистерии, ќе
дознаат дека се поврзани на начин
на кој не би можеле ни да замислат.