-
-
Боенка: Слатки десерти
048,00 денБоенки со налепници
• За развој на моторичките вештини кај децата
• За јакнење на концентрацијата
• За поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност
-
ПРЕКРАСЕН СВЕТУ, КАДЕ СИ
0500,00 денЕмоционална драма што се чита во еден здив
Ретки се длабоките пријателства како она на младата романсиерка Алис и Ејлин, уредничка во книжевно списание во Даблин. Нивните семејни и љубовни врски се полни со подеми и падови, страст и очај, нежност и навреди, целосна близина и недоречености. Нивната преписка покажува длабоко разбирање и на минатите случувања и на современите луѓе – како се чувствуваат, како и за што размислуваат. Тие се растргнати меѓу глобалните и интимните проблеми, градејќи ставови врз основа на сериозни анализи, но честопати и од непроверени информации на Интернет.
Алис и Феликс, Ејлин и Сајмон – две љубовни двојки кои се привлекуваат и одбиваат, се зближуваат и оддалечуваат. Загрижени за своите животи, за времето што ги гази, за случувањата во семејствата и светот… што преживуваат зад затворените врати на своите соби? Наоѓаат ли начин да веруваат дека овој свет – единствениот што го имаме – е навистина прекрасен? Сали Руни со оваа книга создава уметност додека сè друго се распаѓа.
„Филозофска и романтична трагикомедија за начините на кои луѓето се сакаат и се повредуваат меѓусебно.“
Киркус ривју
„Сали Руни создаде свој личен стил. Сончев и остар.“
Вог
-
Бизарните букети
0280,00 денСега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!
Д-р Џејмс Вотсон е исчезнат: Лондон е во шок, а дури и неговиот најдобар пријател и соработник, познатиот детектив Шерлок Холмс, нема ни најмала трага. Случајот, навидум, изгледа беспомошно заглавен. Сепак, еден детаљ го привлекува вниманието на Енола, најмладиот член на семејството Холмс – бизарен букет испратен во домот над-р Вотсон, што само таа забележува, означува смрт. Енола мора што побргу да го пронајде и да го спаси д-р Вотсон, а во исто време да остане скриена од своите постари браќа, кои постојано ја бараат.
„Бизарните букети“ е третата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.
-
Преживеаните девојки
0500,00 денТри девојки, три масовни убиства и… една тајна.
Пред десет години студентката Квинси Карпентер оди на одмор со пет пријателки и се враќа сама: таа е единствената преживеана од масакар како од хорор-филм. Преку ноќ станува дел од клуб во кој никој не сака да припаѓа – група од девојки со слично минато, наречени „Преживеаните девојки“. Покрај Квинси, тука се и Лиза и Саманта. И трите се обидуваат да ги остават кошмарните сеќавања зад себе и, наспроти обидите на медиумите да ги соберат на исто место, не сакаат да се сретнат. Сè додека Лиза, првата „преживеана девојка“, не е пронајдена мртва во нејзината бања, со пресечени вени а Саманта не се појави во домот на Квинси.
До овој момент тие мислеа дека колежот што го преживеаја е најлошто нешто што им се случило во животот.
Првиот роман на Рајли Сејгер е национален и интернационален бестселер, објавен во повеќе од дваесет земји и добитник на наградата ITV за најдобар роман во категоријата трилери.
Книга што се чита одеднаш, што не се испушта од рака од првата до последната страница!
-
Натриум хлорид
0550,00 ден#9 СЕКТОРОТ Q
Во возбудливиот претпоследен трилер од серијалот, тимот тргнува во лов на криминалец кој со години се провлекува незабележано.
На својот шеесетти роденден, една жена си го одзема животот. Кога случајот пристигнува на бирото на Карл Морк, нему не му е јасно каква врска има тоа со одделот за нерешени случаи бидејќи причината за смртта се чини сосем очигледна. Сепак, неговиот шеф, Маркус Јакобсен, е убеден дека тоа е поврзано со нерешен случај што го мачи уште од 1988 година.
На барање на Маркус, Карл и колегите од Секторот Q, Росе, Асад и Гордон, неволно почнуваат да истражуваат. Набрзо откриваат дека претчувството на Маркус се покажува точно: во текот на последните три децении, на секои две години има необични, беспрекорно темпирани смртни случаи со меѓусебна поврзаност што вклучува мистериозни купчиња сол на местото на злосторството. Како што истрагата навлегува подлабоко, се покажува дека овие „несреќни случаи“ се, всушност, дел од пакосна шема на убиства.
Соочени со својот најтежок случај досега, дополнително отежнат од рестрикциите со ковид-19 и предизвиците што им ги носи приватниот живот, колегите од Секторот Q влегуваат во трка со времето за да го пронајдат виновникот пред да се изврши следното убиство, зашто станува сѐпојасно дека убиецот нема намера да сопре.
-
Плацебото сте вие
0580,00 ден„Плацебото сте вие” е прирачник со упатства како да направиме чуда со своето тело, здравјето и соживотот. Оваа книга е единствениот рецепт за здравје што некогаш ќе ви затреба“.
Д-р Кристијана Нортруп„Џо Диспенца е врвен учител што има способност да ја објасни науката на многу едноставен начин така што сите можат да ги разберат нејзините поими“.
Дон Мигуел Руиз
Дали е возможно некој да се излекува само со моќта на мислите – без лекови или операција? Вистината е дека тоа се случува многу почесто отколку што би очекувале. Во книгата Плацебото сте вие, доктор Џо Диспенца споделува многу документирани случаи за луѓе што излекувале кардиолошко заболување, депресија, артритис, па дури и тремор кај Паркинсонова болест, верувајќи во плацебо. Слично на тоа се потврдените приказни за луѓе што се разболеле или некои дури и починале откако им била поставена погрешна фатална дијагноза.
Доктор Џо, исто така, го поставува прашањето: „Дали е возможно да се научи принципот на плацебо-ефектот и дали може да се произведат истите внатрешни промени во здравјето и, конечно, во животот на човекот, не потпирајќи се на некоја надворешна супстанција?“ Тој изнесува научни докази (вклучително и снимки на скениран мозок) за извонредни излекувања, потврдени на неговите работилници, каде што учесниците го учеле неговиот модел на лична трансформација, врз основа на практична примена на плацебо-ефектот. Книгата завршува со медитација за промена на уверувањата и на перцепциите што нѐ ограничуваат – а тоа е првиот чекор кон исцелување.
Плацебото сте вие ги комбинира најновите истражувања во невронауката, биологијата, физиологијата, хипнозата, условувањето од начинот на однесување и квантната физика, за да го демистификува функционирањето на плацебото… и покажува како нешто што е навидум невозможно, може да стане возможно. -
Волкот
0450,00 денВо четвртата книга од серијалот преведен на триесет и три јазици, Самуел Бјорк како потврен крими-мајстор нè враќа во минатото и на првиот случај на двајцата познати инспектори.
Тела на две убиени единаесетгодишни момчиња се пронајдени на поле среде Шведска. Помеѓу нив – бел зајак. Во дневникот на една од жртвите стои загадочна исповед: „Утре излегува месечината. Се плашам од Волкот.“ Случајот останува неразјаснет. Осум години подоцна, уште две деца се убиени на сличен начин во близина на Осло, а помеѓу нив – мртва лисица.
На Холгер Мунк, шеф во новата единица во одделението за убиства, му треба помош во решавањето на случајот. Добива препорака за младата кадетка Миа Кригер, која на испитите на академијата постигнува невообичаено високи оценки.
Мунк и Миа заедно копаат по темните, гнасни случаи, што стануваат многу поинтригантни отколку што можат да замислат, а масло на огнот долева веста за исчезнувањето на уште две дечиња…
„Феноменален и возбудлив роман од најдобрата скандинавска традиција.“ Nordic magazine
-
Кога лажев за последен пат
0500,00 денЕдна мистерија и една вистина закопани под многу лаги се темел на овој брилијантен психотрилер што ќе се поигрува со вашиот ум во текот на целата приказна.
Од летниот камп „Најтингејл“ исчезнуваат три девојчиња што никогаш не се пронајдени. Приказната предизвикува огромен медиумски публицитет, а кампот е затворен…
По петнаесет години, четвртото девојче од друштвото, Ема, веќе позната сликарка од њујоршката сцена, се враќа во повторно отворениот камп за да држи часови по сликање. Ема го гледа ова и како можност да ја реши мистеријата за цимерките, но и да се оттргне од сенките на минатото.
Напнатоста буквално извира од секоја страница, а како што постапно се откриваат важните детали, читателот останува без здив во обидот да дојде до вистината за исчезнувањето на трите девојчиња.
Спектакуларниот крај остава без зборови и во целост прави пресврт на сѐ што дотогаш сте помислиле.
-
Mindset: нова психологија на успехот
0650,00 денПо неколкудецениски истражувања, светски познатата психологинка Керол С. Двек од Универзитетот „Стенфорд“ истапува со едноставно, но воодушевувачко сознание за моќта на менталните ставови, што таа ги нарекува mindset. Во ова брилијантно дело, Двек ни покажува како начинот на кој се поставуваме кон своите дарби и вештини може драматично да влијае врз успехот што го имаме во учењето, работата, спортот, уметноста и во речиси секое друго поле. Личностите со статични светогледи потешко ќе напредуваат од оние кои веруваат дека способностите може да се развиваат. Спознавањето на својот ментален став објаснува како успешните родители, наставници, менаџери и спортисти ја применуваат таа идеја за да постигнат исклучителни резултати.
Двек воведува феномен што го нарекува начин на размислување за лажен развој и ги насочува луѓето кон усвојување на подлабок начин на размислување за вистински развој. Таа, исто така, го проширува концептот надвор од поединецот, применувајќи го во групи и во организации.
Со правилни вештини на размислување, можете да ги мотивирате оние што ги водите, ги учите или ги сакате – за да го трансформираат својот и вашиот живот.
-
Бушава азбука
1720,00 денПоминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ.
Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција.
Конечно, во 2022 година, го доживуваме резиданието на оваа вредна книга, од која сега можат да читаат денешните мали „бушави глави“ и растат денешните, нови генерации, негувајќи го македонското културно наследство.
-
Жените од замокот Лафајет
0650,00 денПовеќето замоци биле заштитувани од мажи. Овој замок е од жени.
Приказна за прекрасниот замок Лафајет, од средиштето на Франција, раскажана низ различните историски периоди и животите на хероините на замокот.
Адриjaнa Лафајет, основачка на замокот, која во време на Француската револуција морала да се откаже од благородничката титула и од сопругот, за го задржи наследството што ќе стане инспирација на многу генерации во иднина.
Беатрис Ченлер, храбрата њујоршка визионерка, која за време на Првата светска војна ќе биде сведок на уништувањето на Франција, преземајќи го најголемиот предизвик во животот: да ја убеди Америка да се бори за она што е правилно.
Марта Симон, учителка и уметница, сирак, која целиот свој живот го поминува во замокот, гледајќи ја нацистичката тортура во Втората светска војна, одлучува да ги заштити децата што живеат во замокот а кои припаѓаат на еврејската заедница.
Сложено исткаен и моќно раскажан, „Жените од замокот Лафајет“ е роман за должноста и надежта, за љубовта и храброста, за силата што ја наследуваме од оние што биле пред нас.
-
-
Книга на изгубените имиња
0500,00 денНајпродавана книга според Њујорк тајмс
инспирирана од вистински настани за животот
на фалсификаторите на документи во време на
Втората светска војна.
Ева Трауб Абрамс, библиотекарка од Флорида, која е речиси пред пензија, едно утро, редејќи книги на полиците, погледот и запира на една фотографија во едно
списание кое лежи отворено на нејзиното биро. Таа се
замрзнува, тоа е слика на книга што не ја видела повеќе
од шеесет и пет години – книга која е позната под името
„Книгата на изгубени имиња“.
1942 година, Ева е принудена да избега од Париз
по апсењето на нејзиниот татко, полски Евреин. Наоѓајќи засолниште во едно мало планинско гратче во
слободната зона, таа започнува да фалсификува лични
документи за еврејските деца што бегаат во неутрална
Швајцарија. Но, бришењето на луѓето има цена, и заедно со мистериозниот, убав фалсификатор по име Реми, Ева одлучува дека мора да најде начин да ги зачува
вистинските имиња на децата кои се премногу мали за
да се сетат кои се тие навистина. Записите што ги чуваат во „Книгата на изгубени имиња“ ќе станат уште поважни кога ќелијата на отпорот за која работат ќе биде
предадена и Реми ќе исчезне… -
Ангели и демони
1600,00 денПрофесорот Роберт Ленгдон, прочуениот симболог од Харвард, е повикан од директорот на светски познатата, швајцарска истражувачка установа ЦЕРН за да анализира криптичен симбол втиснат на градите на еден убиен физичар. Она што го открива е незамисливо, смртоносна одмазда против Католичката црква од страна на вековната подземна организација – Илуминатите. Во очајна трка да го спаси Ватикан, Ленгдон ги здружува силите со прекрасната и мистериозна научничка Виторија Ветра. Заедно тие тргнуваат во избезумен лов низ запечатени крипти, опасни катакомби, напуштени катедрали и во длабочините на најтаинствениот трезор на земјата… одамна заборавеното дувло на Илуминатите.
-
Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1
0999,00 денКнигата „Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1“ е наменета за сите кои имаат желба да го изучуваат германскиот јазик, почетно ниво, независно од возраста.
Книгата е поделена во шест дела:
– Теоретски дел и аудиоматеријал, лесно достапен преку QR код што ве води директно на веб-страницата http://www.germanskisoljubov.mk(Теоретскиот дел на книгата има појаснувања на македонски јазик, што дополнително го олеснува изучувањето на германскиот јазик)
– Преглед на вокабулар – табеларен преглед на вокабуларот, кој се среќава низ целиот теоретски дел;
– Вежбанка – дел со вежби кон теоретскиот дел;
– Краток преглед на граматиката од теоретскиот дел;
– Преглед на вокабуларот за самопроверка – Ова го научив;
– Преглед на решенијата од вежбанката.Успешно учење на германскиот јазик!