-
-
-
-
-
-
-
-
Куќната помошничка
3520,00 денМили Каловеј живее во својот автомобил и очајно бара пристојна работа. Затоа, веднаш ја прифаќа понудата за куќна помошничка во богатото семејство Винчестер, занемарувајќи ги ситните проблеми што доаѓаат со позицијата.
Се вселува во таванското сопче на прекрасната куќа, каде што има сопствен кревет и покрив над глава – но зошто вратата се заклучува само однадвор? Зошто Нина Винчестер постојано прави неред и ги меша работите и датумите? Зошто градинарот ја предупредува дека ја демне опасност, но не сака да и каже ништо поконкретно?
За жал, Мили нема скршена пара и нема свој дом, па не може да си дозволи да даде отказ.
Освен тоа, со се поголемата привлечност што ја чувствува кон Ендру, сопругот на Нина, не е сосем сигурна дека сака да го направи тоа.Сепак, наскоро ќе дознае дека ситуацијата во домот на Винчестерови не е воопшто таква каква што изгледа на прв поглед.
-
Книгољупци
0550,00 денЕдно лето. Двајца соперници. И заплет каков што ниеден од нив не очекува…
Сиот живот на Нора Стивенс се врти околу книгите. Како книжевна агентка, може да се пофали дека занесено чита ракописи и склучува одлични договори за нејзините автори, но тешко дека отелотворува модерна книжевна хероина од мало гратче која ужива во зајдисонцето со човекот од нејзините соништа. Таа живее во Големото Јаболко и не е жената која го освојува згодниот фармер, туку онаа која мажот ја напушта заради една шармантна, скромна девојка.
Како хероина ја доживуваат само нејзините клиенти, на кои им е достапна во секое време, и нејзината сакана сестра Либи. Токму по барање на Либи, Нора ќе помине еден август во гратчето Саншајн Фолс во Северна Каролина. Бремената Либи очајно се надева дека малото место ќе ја преобрази нејзината сестра опседната со кариера. Но наместо романтични излети и состаноци со привлечниот лекар или развиениот бармен, Нора постојано налетува на Чарли Ластра, намуртениот книжевен уредник од Њујорк. Тоа би звучело мошне симпатично да не е фактот дека во минатото веќе се среќавале и средбите, најблаго кажано, никогаш не поминувале најдобро…
И двајцата знаат дека не се совршени херои од книгите, но кога непрестајно се принудени на низа случајни средби – кои ниеден добар уредник не би ги одобрил! – тие ќе откријат нешто што ќе им овозможи да ги расветлат приказните кои внимателно ги испишале за себе. -
Магичен час
1550,00 денЕден ден, од длабочините на Националната шума Олимпик излегува шестгодишно девојче и се качува на дрво во гратчето Дождлива Долина. Не зборува, валкана е и прегладнета. Во рацете држи волче, а на зглобовите има траги од врзување. Локалната полиција ја наоѓа и прави сè за да го дознае нејзиниот идентитет, а во меѓувреме смета дека со неа најдобро би било да работи детски психолог.
По скандалот што ѝ ја уништува кариерата, детскиот психолог Џулија Кејтс се враќа во родниот град. Таа решава да го ослободи од незамисливиот страв и осаменоста дивото девојче, кое го нарекува Алиса. Но за да допре до неа, најпрвин мора да го открие нејзиното минато. Принудена е да побара помош од својата отуѓена сестра, полицајка. Никој не знае дали девојчето било оставено во шумата, дали се изгубило или можеби било киднапирано.
Неверојатните факти од животот на Алиса ги тестираат границите на вербата и издржливоста на Џулија додека таа дава сè од себе да создаде дом за Алиса и за себе. Во Магичен час Кристин Хана му вдахнува живот на еден од најсаканите книжевни ликови и раскажува незаборавна приказна за моќта на љубовта, победата на надежта и значењето на домот и семејството.
-
Љубов меѓу редови (Dreamland Billionaires #1)
0490,00 денРОУАН
Работа ми е да создавам бајки. Забавни паркови. Продукциски компании. Хотели со пет ѕвезди. Сè може да биде мое еден ден, ако го реновирам забавниот парк Дримленд.
Замислата да ја вработам Зара теоретски беше добра… Но ја бакнав.
Работите излегоа од контрола кога ѝ пишав преправајќи се дека сум друг. Кога сфатив дека згрешив, веќе беше предоцна.
За луѓето како мене нема среќен крај. Зашто ни е судено да го уништиме.ЗАРА
Откако ја искритикував најскапата луда железница на Дримленд, требаше да ме отпуштат. Наместо тоа, Роуан Кејн ми ја понуди работата од соништата.
Но проблемот е во тоа што морам да работам за најтешкиот шеф на светот.
Не смеам да мислам на него, но срцето не ме слуша. Време е да го научам милијардерот дека парите не можат да поправат сè. Особено не нас.Прва од трите возбудливи приказни за тројца браќа, внуци на основачот на забавниот парк Дримленд.
-
Бадникова вечер во Фрајдеј Харбор (Фрајдеј Харбор #1)
2390,00 денНА ЕДНО МАЛО ДЕВОЈЧЕНЦЕ МУ Е ПОТРЕБНО СЕМЕЈСТВО
Една лоша дождлива вечер, шестгодишната Холи го изгубила единствениот родител кој го знаела, нејзината сакана мајка. И од таа вечер, Холи никогаш повеќе нема прозборено ни збор.
НА ЕДЕН ЧОВЕК МУ Е ПОТРЕБНА СОПРУГА
Нешто што дефинитивно не му е потребно во животот на Марк е шестгодишно дете. Но набрзо сфаќа дека е подготвен да направи сѐ што може за повторно да го разубави нејзиниот живот. Сестра му му дава совет: Таа нема никој друг, освен тебе. Почни со тоа што ќе ја сакаш. Останатото ќе си дојде само по себе.
ПОНЕКОГАШ Е ПОТРЕБНА МАЛКУ МАГИЈА…
Меги не се осмелува повторно да верува во љубов по загубата на сопругот. Но таа верува во магијата на имагинацијата. Кога ја запознава Холи, препознава девојченце кое очајно има потреба од малку магија.
…ЗА ДА СЕ ОСТВАРАТ СОНИШТАТА
Три осамени личности. Три животи на крстопат. Тројца кои ќе откријат дека Божиќ е она време од годината кога сѐ е можно.
-
ЧЕТИРИЧАСОВНА РАБОТНА НЕДЕЛА
0450,00 ден„Што работиш?“ Тим Ферис има проблем кога треба да одговори на ова прашање. Во зависност од времето кога ќе го прашате, овој контроверзен предавач на Универзитетот „Принстон“ може да ви одговори: „Возам мотор низ Европа“, „Скијам на Андите“, „Нуркам во Панама“, „Играм танго во Буенос Аирес“…
Повеќе од пет години ги проучувал тајните на новите богаташи, брзорастечката супкултура која го отфрла планот „работи денес за да уживаш на старост“ и ги има совладано новите валути на денешницата – времето и подвижноста – создавајќи луксузни животи во кои уживаат во моментот.
Не е важно дали сте преоптоварен работник или претприемач кој не може глава да крене раководејќи го својот бизнис, оваа книга е компасот што ви е потребен за да се снајдете во новиот, револуционерен свет.
Придружете му се на Тим Ферис и откријте како:
– да ги делегирате задачите на виртуелни помошници од странство и да правите што сакате
– обичните работници да патуваат низ светот без да ја напуштат работата
– да ја преполовите работата за 48 часа со принципите на еден заборавен италијански економист
– да го натерате шефот да ја вреднува вашата работа, а не вашето присуство во канцеларијата
– да одите на куси пензионирања во текот на целиот живот, наместо да го чекате крајот на работниот век
– да си ослободите време со селективно незнаење преку режимот со намалување на информации
– извршните директори работат на далечина
– да најдете бесплатно сместување во странство и авионски билети за 50-80% пониска цена
– како да создадете значаен живот откако ќе го намалите обемот на работа и ќе заминете од канцеларијата.
-
Понуда од џентлмен (Бриџертон #3)
0450,00 денЌе ја прифати ли неговата понуда пред часовникот да отчука полноќ?
Софи Бекет е незаконска ќерка на грофот Пенвуд и негова штитеничка. Но животот ѝ станува неподнослив кога татко ѝ ќе се ожени, а по неговата смрт новата господарка ќе ја претвори во своја слугинка. Деновите на девојката се исполнети со мачна работа, но една неверојатна ноќ засекогаш ќе ѝ ја смени судбината.
Софи никогаш не си замислувала дека ќе успее да се прикраде на прочуениот бал под маски – ниту дека таму ќе го сретне својот „принц“! Но додека танцува во цврстата прегратка на шармантниот Бенедикт Бриџертон, се чувствува како принцеза. За жал, знае дека штом часовникот ќе отчука полноќ, магијата ќе заврши.
Која беше таинствената жена?
И по две години од таа волшебна ноќ, Бенедикт не може да ја заборави прекрасната дама која му ги затвори очите за сите други девојки – освен можеби за заводливата убавица облечена како слугинка која од некаде му е зачудувачки позната. Иако се заколна дека ќе ја пронајде таинствената жена од балот и ќе се ожени со неа, со секој изминат ден прекрасната слугинка завладува со неговото срце. Но ако ѝ го подари своето, дали ќе ја жртвува единствената шанса да доживее љубов како од бајките?
-
Грешката (Off-Campus #2)
0450,00 денТој е вистински играч и тоа не само во хокејската арена…
Студентот од трета година, Џон Логан, може да ја добие секоја девојка што ќе ја посака. За оваа хокејска ѕвезда, животот е низа забави и врски за една вечер, но зад неговите неодоливи насмевки и ноншалантен шарм се крие сè поголемиот очај поради ќор-сокакот во кој ќе се најде по дипломирањето. Возбудливата вечер што ќе ја помине со бруцошката Грејс Ајверс е токму она што му е потребно за да му ги одврати мислите од проблемите. Но кога со една непромислена грешка ќе ја оттурне од себе, Логан планира да ја помине последната година на колеџ докажувајќи ѝ дека вреди да му даде втора шанса.Но сега ќе мора да ја смени тактиката…
Иако првата година не помина како што си замислуваше, Грејс се враќа на Универзитетот „Брајар“ постара и помудра. Освен тоа, наполно го има преболено арогантниот хокеар кому за малку ќе му ја предадеше својата невиност. Таа не е кутра, ниту пак е повлечената девојка каква што беше кога првпат се сплеткаа. Ако Логан очекува таа да клечи и да го моли како и сите други негови „другарки“, тогаш гадно се излажал. Сака да му се врати? Ќе мора убаво да се помачи. Овој пат, таа ќе седи зад воланот… и планира да го излуди. -
Надвор од контрола (амок)
1590,00 денСебастијан Фицек, германскиот крал на трилерот, загосподарува со етерот со својот нов потресен и застрашувачки трилер.
„Добро утро, Берлин. Точно е 7:35 часот наутро, а вие го слушате вашиот најголем кошмар.“
Ира Самин, реномиран криминален психолог, планира денес да умре. Не може повеќе да ја поднесе болката по смртта на нејзината ќерка. И има испланирано сè до најситниот детаљ. Ќе умре како што таа сака, со пијалак в рака, за да му наздрави на заборавот.
Но судбината има други планови. Еден психопат упаѓа во најпознатата радиостаница и ги држи вработените како заложници. Планира на секој час да избира нечиј број од именикот и да телефонира. Доколку личноста одговори на повикот изговарајќи го точниот слоган, киднаперот ќе пушта по еден заложник – во спротивно, ќе го убие. Тогаш полицијата ја замолува Ира да преговара со него.
Мажот има само едно барање: ќе престане со својата изопачена игра кога ќе му ја донесат свршеницата. Но таа е мртва со месеци…