-
ЈАВУВАЧОТ #8
0520,00 денПо напорната недела, Тања Кејтлин со нетрпение очекува да помине безгрижна вечер во својот дом, но кога ќе излезе од тушот, го слуша мобилниот телефон како ѕвони. Нејзината најдобра пријателка Карен Вард ѝ се јавува преку видеоповик. Тања одговара и – кошмарот започнува.
Карен е врзана за столче во нејзината дневна соба, со затворена уста. Ако Тања успее да даде точен одговор на две прашања, нејзината пријателка ќе преживее, но ако одговори погрешно тогаш ќе биде сведок на ужасно и одвратно убиство. Длабокиот, рапав и демонски глас од другата страна на линијата ѝ се заканува на Тања дека ако го прекине повикот или само го сврти погледот настрана, таа ќе биде следната.
Хантер и Гарсија се наоѓаат во вител на злото додека го истражуваат случајот. Трагаат по предатор кој своите жртви ги наоѓа на улица и на социјалните мрежи. Им ги проучува грешките, ги измачува со анонимни пораки и ужива во нивниот страв…Во „Јавувачот“ владее напнатата, бурна атмосфера типична за романите на Крис Картер. Тој одново ни докажува дека освен што е надарен писател е и вешт познавач на човековата психа и криминалната природа. Подгответе се за роман чии страници се вртат со зашеметувачка брзина на филм!
-
ЈАС СУМ СМРТ #7
0520,00 денСедум дена по нејзиното киднапирање, го наоѓаат телото на дваесетгодишна жена во празниот дел на меѓународниот аеродром на Лос Анџелес. Телото е поставено со раширени раце и нозе, во форма на петокрака човечка ѕвезда.
Обдукцијата открива дека таа била измачувана и убиена на најбизарен можен начин. Но изненадувањата не завршуваат тука. Убиецот исто така сака да си игра и им има оставено нешто на полицајците.
Детективот Роберт Хантер, кој ја води специјалната единица за ултра насилни злосторства, повторно е назначен да го води случајот. Но речиси уште пред да почне, се појавува и второ тело.
Соочувајќи се со нови предизвици секој Божји ден, детективот Хантер сфаќа дека брка чудовиште. Предатор чие минато крие ужасна тајна и чија желба да повредува и убива луѓе никогаш не може да биде згасната, бидејќи тој е… СМРТ.
-
Сè што заборавила Алиса
0550,00 денАлиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.
Замислете само колку ќе се изненади кога ќе се освести по падот во вежбалницата (во вежбалница? Па таа мрази да вежба!) и ќе открие дека има триесет и девет години и три деца на кои не се сеќава. Се разведуваат со љубениот сопруг Ник, кој ја мрази, а од сестра ѝ Елизабет, поради некоја причина, необјасниво се отуѓила.
Сега мора да сфати зошто одвај разговараат со сестра ѝ и како се претворила во една од оние преслаби мајки облечени во прескапа облека. Како можело за десет години нештата да тргнат толку наопаку? Зошто не се препознава самата себе – и што е уште полошо, зошто оваа нова Алиса ни најмалку не ѝ се допаѓа?
Алиса мора да се сети на сè што заборавила, одново да ја изгради сликата од изминатите десет години и да дознае дали работите можат да бидат како порано. А пред сè, мора да дознае дали заборавот е благослов или проклетство и дали е навистина можно човек да почне одново.
-
-30%
ЗАЈАЧЕТО СЛУШАШЕ
0Original price was: 400,00 ден.280,00 денCurrent price is: 280,00 ден.Кога се случува нешто тажно, Тејлор не знае кому да се обрати. Сите животни се сигурни дека имаат решение за проблемот. Кокошката сака да помогне со разговор, но на Тејлор не му е до зборување. Мечката смета дека Тејлор треба да се разлути, но нему ни тоа не му се чини правилно. Едно по едно, сите се обидуваат да му кажат на Тејлор како да постапи, но ниедно од нив не му нуди утеха. И тогаш доаѓа зајачето. Зајачето не прави ништо, само слуша… а тоа е токму она што му е потребно на Тејлор.
Трогателна и безвременска сликовница за емпатијата и љубезноста, која лекува тага, голема и мала. Њујорк Тајмс бестселер и совршен подарок за секоја пригода, за секое дете и секој родител.
-
13 работи што психички…
0450,00 денКои модели на размислување и однесување ни помагаат достоинствено да се соочиме со искушенијата и да ги надминеме? Ејми Морин си го поставува ова прашање не само како психотерапевт туку и како личност која претрпела неколку тешки загуби. Додека се соочува со уште една лична трагедија, размислува за природата на психичката моќ и ги набројува тринаесетте работи што нè спречуваат да ја развиеме.
Во оваа книга, авторката ги опишува лошите навики што нè спречуваат да го постигнеме својот целосен потенцијал и ни предлага начини за развивање на психичката сила насочени кон контрола на мислите, емоциите и однесувањето. Благодарение на проверените совети и интересните приказни на нејзините пациенти, ќе можете да стекнете навики на психички силни луѓе. Повеќе нема да се сожалувате, премногу да се навраќате кон минатото, да се плашите од промени или неуспех, или да се трудите да им угодувате на другите. Со новооткриената самодоверба и одлучност, ќе го пронајдете својот пат до среќата и успехот.
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-